логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Man.Iver.jpgСвета Гора се наоѓа во југоисточниот дел на етничка Македонија, на територијата на еден од трите завршни полуострови на Халкидик, познат и под името Атос. Полуостровот зафаќа површина од 389 км2, долг е околу 60 и широк - од 7 до 16 км. Во својот јужен дел светогорскиот полуостров завршува со врвот Атос, кој со својата височина од 2033 м. над морското ниво, доминира над целата територија.
Со оглед на тоа што територијата на Света Гора е претежно шумовита, со стрмни карпести површини, пештери и длабоки долини, таа е исклучително погодна за аскетски монашки живот. Ваквите географски погодности, како и изолираноста од останатата копнена територија на Македонија, овозможиле на полуостровот мошне рано да се населат одделни монаси и монашки групи со строга аскетска ориентација. Населувањето на Света Гора особено се засилило по освојувањето на Египет, Палестина и Сирија од страна на Арабите во VI-VII в., кога од овие христијански територии биле протерани голем број монаси, кои нашле засолниште во разни манастири на територијата на Византија, вклучувајќи ја тука и Света Гора.
Втор бран на населување на Света Гора се случил за време на доминацијата на иконоборската ерес во Византиската империја (VIII-IX в.), кога почитателите на иконите биле прогонувани од страна на императорите иконоборци и официјалните црковни власти. Меѓу овие прогонувани црковни лица, секако, имало и многу монаси, кои останале верни на вековната православна традиција, и кои побарале спас во непристапните предели на светогорскиот полуостров.
Почетоците на светогорското монаштво фактички го поставуваат во IX в. светите Петар Атонски, Ефтимиј Нови и Јован Колов. Од истиот век е и ирвото официјално сведоштво за постоење на организиран монашки живот во Света Гора. Ова сведоштво ни го дава историчарот Генесиј, кој соопштува дека на црковниот собор што во 843 год. бил свикан во Цариград за време на управувањето на царицата Теодора, а во врска со обновувањето на иконопочитувањето, присуствувале и монаси од Света Гора.1 Постоењето на организиран монашки живот во Света Гора во IX в. се потврдува и од една царска повелба на византискиот владетел Лав VI од 893 год.2
Се разбира, дека во Света Гора живееле одделни монаси пустиножители и пред IX в., меѓутоа, спомнатите тројца истакнати светогорски монаси придонеле за брзиот развој на монаштвото, при што стануваат родоначалници на различни тенденции во монашкиот живот на Света Гора: Петар Атонски на еремитскиот (пешерски односно спилеотски), Ефтимиј Нови на скитскиот (лавриотски), а Јован Колов на општожитијниот монашки начин на живеење. Исклучително влијание врз обликувањето и развојот на монашкиот живот во Света Гора има и св. Атанасиј Атонски (X в.), основачот на првиот официјален светогорски манастир - Великата Лавра (963 год.), во југоисточниот дел на полуостровот.
Почнувајќи од втората половина на X в. во Света Гора се изградени повеќе манастири, скитови, монашки ќелии и други згради (пиргови, стопански објекти, пристаништа и сл.). Во различните временски периоди, притоа, бројот на манастирите и другите монашки живеалишта е различен. Така, според сведочењето на Мономаховиот типик од 1048 год., во тоа време на Света Гора имало околу 180 манастири. Некои од тие манастири во подоцнежниот период престанале да постојат, но затоа пак биле изградени нови. Во 1169 год., на пример, се изградени манастирите „Св. Пантелејмон" (Стари Русик) и Кутлумуш, во 1198 год. е основан српскиот манастир Хилендар, додека една група манастири се формирани дури во текот на XIV в. - Пантократор, Симоно-Петар, Григоријат, Дионисијат и „Св. Павле". Денес на Света Гора има 20 манастири, 12 скита и околу 600 монашки ќелии, при што според светогорскиот статут бројот на ман-астирите и скитовите повеќе не може да се менува.

Man.Pantokrator.jpg
Манастирите можеме да ги делиме на групи во зависност од нивната хиерархиска поставеност, но и во зависност од нивната географска положба. Според статутот од 1924 год. хиерархискиот редослед на светогорските манастири е следниов: Велика Лавра, Ватопед, Ивер, Хилендар, Дионисијат, Кутлумуш, Пантократор, Ксиропотам, Зограф, Дохијар, Каракал, Филотеј, Симоно-Петар, Свети Павле, Ставроникита, Ксенофонт, Григоријат, Есфиглен, Свети Пантелејмон и Констамонит. Од гледна точка на географската положба, манастирите можеме да ги поделиме на две групи: 1. Манастири што се наоѓаат на северозападното крајбрежје или гравитираат кон него и 2. Манастири што се наоѓаат на југоисточниот брег од полуостровот или гравитираат кон него. Кон првата група спаѓаат манастирите Хилендар, Есфигмен, Ватопед, Пантократор, Ставроникита, Кутлумуш, Ивер, Филотеј, Каракал и Великата Лавра, а кон втората група
- Зограф, Констамонит, Дохијар, Ксенофонт, Св. Пантелејмон,
Ксиропотам, Симоно-Петар, Григоријат, Дионисијат и Свети Павле.
Во почетокот сите манастири биле општежителни (киновиски), но во текот на XIV в. со развојот на исихазмот, се појавува нов начин на монашко живеење, со кој му се дава предност на пустинскиот, осамениот начин на монашко живеење (идиоритмија). Иако цариградските патријарси биле против ваквиот монашки начин на живеење, сепак, тој на Света Гора се проширил, така што кон крајот на XVII в. сите светогорски манастири станале идиоритмички (неопштежителни). Подоцна ќе се појави обратен процес - постепено поминување од идиоритмија кон киновиски начин на живеење, при што имало како општежителни, така и неопштежителни манастири. Денес сите светогорски манастири се општежителни и се управуваат од егумен, додека при идиоритмијата манастирите се управувале од Собор на старци, кој избирал извршен орган од два епитропа за период од една година. Кај нив власта на егуменот е скоро симболична.
Што се однесува до манастирските скитови, денес на Света Гора има 12 скитови, коишто се наоѓаат под административна управа на некој од дванаесетте светогорски манастири. Под административна управа на Великата Лавра се наоѓаат три скита: „Свети Јован Крстител", „Света Ана" и „Капсокаливија" („Света Троица"); под управа на манастирот „Свети Павле" има два скита - Новиот скит „Св. Богородица" и скитот „Св. Димитриј-Лаку", а два скита припаѓаат и кон манастирот Ватопед - „Свети Димитриј" и „Свети Андреј". Неколку други манастири имаат во своја надлежност по еден скитскитот „Св. Богородица - Ксилург" му припаѓа на рускиот манастир „Св. Пантелејмон", скитот „Св. Илија" - на манастирот Пантократор, скитот „Св. Јован Претеча" - на Ивер, скитот „Св. Пантелејмон" - на Кутлумуш и скитот „Св. Благовештение" - на Ксенофонт.
Во текот на својата многувековна историја Света Гора територијално припаѓала кон различни држави, при што најдолг период била во рамките на Византија и на Отоманската империја. Особено често владетелите на Света Гора се менувале во XIII в. По распадот на византиската држава во почетокот на XIII в., Света Гора влегува во границите на Солунското кралство (1204-1222), а потоа била и под власта на Епирското и на Цариградското царство (од 1261 год.). Во тој период кратко време Света Гора била под власта на бугарскиот цар Иван Асен II, додека во текот на XIV в. неколку децении била и во рамките на средновековната српска држава (1345-1371). По продорот на Турците на Балканот, а особено по Маричката битка од 1371 год., се создаваат услови за турска окупација на Света Гора. Првата окупација на Света Гора од страна на Турците трае од 1385 до 1404 год., додека конечното присоединување на полуостровот кон турската држава се случува по паѓањето на Солун во 1430 год. Од оваа година па се до 1912 год. Света Гора и светогорската монашка заедница се наоѓаат во рамките на Турската империја. Во есента на 1912 год. Света Гора е окупирана од грчката војска, а на Лондонската конференција во 1913 год. е потврдена и загарантирана автономноста и неутралноста на монашката република. Конечниот статус на Светогорскиот полуостров е дефиниран со Мировниот договор од Лозана во 1923 год., со кој Света Гора е дефинирана како теократска република под државниот суверенитет на Грција, со гаранција на неповредливоста на негрчките манастири.3
Во тој долг период од историјата на Света Гора, светогорските манастири често биле разурнувани и одново градени. Во тие незгоди, секако, многу страдала и монашката заедница, како и уметничките дела, старите книги и архивската документација. Таквите разурнувања биле особено катастрофални во времето на Крстоносните војни (1204-1261), при нападите на каталонските гусари од почетокот на XIV в. (1307-1309)4 и за време на Грчкото востание (1821-1829), кога многу светогорски монаси отворено   застанале на страната на востаниците. Ваквата ситуација довела до окупација на Света Гора од страна на отоманската власт, при што во светогорските манастири цели десет години биле стационирани околу илјада турски војници, кои ги тероризирале монасите и ги ограбувале манастирите.5 Имено затоа, на Лондонската меѓународна конференција во 1830 год., кога е признаена независноста на Грција, прокламирана е и меѓународна заштита на Света Гора. Слично решение е донесено и на Берлинскиот конгрес од 1878 год., кога Света Гора е ставена под контрола на специјална меѓународна комисија.
Уште од најстаро време животот во Света Гора се уредува со специјални типици, во коишто се собрани законски прописи од разни сфери на монашкото живеење. Првиот таков типик е освоен на монашки собор, одржан во Света Гора во 972 год. Типикот е пишуван врз пергамент од јарешка кожа и е потврден со специјален хрисовул од византискиот цар Јован Цимисхиј, поради што во науката е познат под имињата Трагос (трауос; - јарец) и Цимисхиев типик. Овој пергаментен документ се чува во архивата на светогорскиот протат во Кареја. Подоцна овој прв светогорски типик е дополнуван и менуван во зависност од потребите на светогорската монашка заедница. Така, од 1048 год. на сила е нов светогорски типик, потврден од византискиот император Константин IX Мономах. Во основата на Мономаховиот типик лежи претходниот типик на Јован Цимисхиј, но во него се внесени и извесни дополнувања, со кои се регулираат надлежностите на протот, се забранува хиротонија на стари лица, голобради и евнуси, вршење на трговска дејност во Карејската лавра и сл. Слични промени и дополнувања се правени и во подоцнежните светогорски типици: типикот донесен од страна на цариградскиот патријарх Антониј во 1294 год., типикот на византискиот император Манојло II Палеолог од 1406 год., типикот на цариградскиот патријарх Еремија II од 1574 год., типикот на цариградскиот патријарх Гаврил IV од 1781 год. и типикот на цариградскиот патријарх Григориј V од 1810 год. Според прописите на последниот (Григориев) типик Света Гора била управувана се до 1924 год., кога е донесен нов статут на Света Гора, кој е во функција до денешни денови. Според овој статут Света Гора се прогласува за автономна територија во рамките на грчката држава. Грчкиот државен суверенитет над Света Гора се изразува преку специјален политички гувернер, со седиште во главниот град на монашката република Кареја и назначуван од страна на грчкото министерство за надворешни работи. Инаку, канонски и духовно Света Гора припаѓа под јурисдикција на Вселенската патријаршија во Цариград.
Во светогорскиот главен град Кареја се сместени управните органи на светогорската монашка заедница: свештениот собор во чијашто надлежност е законодавната власт, свештената општина - надлежна за управната власт, и свештената епистасија, којашто ја реализира извршната власт. Свештениот собор има 20 членови - по еден претставник (егумен или проигумен) од секој манастир. Се состанува двапати годишно во Кареја и донесува канонски одлуки во согласност со статутот. Во исклучително важни случаи се состанува двоен собор - по два претставника од секој манастир. Свештената општина, исто така, има дваесет членови - по еден претставник од секој манстир, има едногодишен мандат, одржува седница двапати неделно и нејзините решенија се задолжителни за сите манастири. Со свештената општина претседателствува претставникот на Великата Лавра, при што на седниците присуствува и протоепистатот, но без право на глас. Свештената епистасија, којашто е извршен орган на свештената општина, има четири члена. Во неа периодично членуваат сите манастири, во согласност со системот од пет групи по четири манастири:
1. Велика Лавра, Дохијар, Ксенофонт, Есфигмен
2. Ватопед, Кутлумуш, Каракал, Ставроникита
3. Ивер, Пантократор, Филотеј, Симонопетар
4. Хилендар, Ксиропотам, Св. Павле, Григоријат
5. Дионисијат, Зограф, Св. Пантелејмон, Констамонит
Секоја од овие четири групи ја презема епистасијата (извршниот орган) за една година, со тоа што претставниците на првите манастири од групите ја носат титулата „протоепистат" и раководат со седниците на епистасијата. Свештената епистасија ги извршува одлуките на свештената општина, управува со финансиите, издава визи за престој на туристи на Света Гора и сл.
На Света Гора на сила е Јулијанскиот календар и византиското време, според кое новото деноноќие започнува со заоѓањето на сонцето. Само Иверскиот манастир го почитува халдејското пресметување на времето, според кое денот почнува со изгревот на сонцето. Државните служби на Света Гора се раководат според световниот календар т.е. според Григоријанскиот календар, а новиот ден за нив започнува по полноќ.
Официјално во Света Гора нe се употребува месо. Основна храна за монашката заедница се лебот, зејтинот, виното, маслинките, зеленчукот и рибата. Монасите, обично јадат двапати дневно - наутро и навечер, со исклучок на понеделник, среда и петок и за време на посниот период, кога утринскиот оброк се заменува со чај и леб.


1 Атанасије Ангелопулос, Монашка заједница Свете Горе, Манастир Хиландар, 1997, 28.
2 Г. Θεοηαρίσου, Еὐντομος ίστορία тоὐ  Аγίου Оρους;, Θεσαλονίκη 1958, 8.
3 Денес свои манастири на Света Гора имаат Русите („Св. Пантелејмон"),
Бугарите (Зограф) и Србите (Хилендар), додека Романците имаат свој скит - скитот
„Св. Јован Крстител", кој административно припаѓа кон Великата Лавра. Во минатото Иверскиот манастир бил грузиски, а свој манастир имале и монаси од Италија
- Амалфискиот, наречен така, бидејќи бил населен од монаси по потекло од местото Амалфи кај Неапол.
4  Атанасије Аигелопулос, Цит. д. 40.
5 Владимир Јовановић, Хиландар између Србије и Бугарске на преласку XIX у XX век. Трећа казивања о Светој Гори. Београд, 1999, 145-146.


Извор:

sveta.gora.atanasov.jpg

Посети: {moshits} 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7707
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная