логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”

 “Свети Нифонт”

  Korica.sv.SerafimS.jpg


Раскажувањето на Старицата на Дивеевскиот манастир МАТРЈОНА и сведоштвото на саровскиот монах
ПЕТАР


 Стапувајќи во Дивеевскиот манастир, по благослов на отец Серафим, го минував послушанието во тоа да им приготвувам на сестрите храна.
 Еднаш, поради слабото здравје и по ѓавол-ско искушение, толку многу се вознемирив и паднав во униние, што одлучив сосема да си одам од ма-настир, тивко, без благослов: до толкава степен ми се покажа тешко и неиздржливо тоа послушание. Без сомнение, отец Серафим го провидел моето искушение, затоа што ненедејно испратил да ми кажат да одам кај него.
 Исполнувајќи ја неговата заповед, заминав кај него, на третиот ден од Петровиот празник, по завршувањето на трпезата, и сиот пат проплакав.
 Пристигнувајќи во неговата саровска ќе-лија, ја кажав вообичаената молитва, Старецот велејќи ,,амин”, ме сретна како отец кој го љуби своето чедо и, земајќи ме за обете раце, ме воведе во својата ќелија. Потоа рече: ,,А јас, радост моја, цел ден те очекував”.
 Јас сета во солзи му одговорив: ,,Баќушка, знаеш какво ми е послушанието, не можев порано; само што им подготвив трпеза на сестрите, истиот час тргнав кај тебе и цел пат го проплакав”.
 Тогаш отец Серафим ми ги избриша сол-зите со своето шамивче, велејќи: ,,Матушка, твоите солзи не залудно капат на подот”, и потоа, водејќи ме кон иконата на Царицата Небесна Умиление, рече: ,,Целивај, матушка, Царицата Небесна ќе те утеши”.
 Ја целивав иконата и почувствував толкава радост на душата, што сосема живнав. После тоа отец Серафим ми рече: ,,Ајде, матушка, сега оди во гостоприемницата, а утре дојди во оддалечената пустинка кај мене”. Но јас му одговорив: ,,Баќушка, се плашам да одам сама во оддалечената пустинка.
 А отец Серафим на тоа одговори: ,,Ти, матушка, оди до пустинката, а по пат кажувај на глас ,,Господи помилуј”, - и самиот при тоа отпеа неколку ,,Господи помилуј”, - а на утринска не оди; штом ќе станеш, направи педесет поклони и
тргни”.
 Исполнив сe како што благослови отец Серафим; станав, направив педесет поклони и тргнав, и по цел пат гласно кажував ,,Господи помилуј”. Од тоа не само што не чувствував никаков страв, туку чувствував во срцето голема радост, по молитвите на отец Серафим.
 Приближувајќи се до оддалечената пустинка, одеднаш видов дека отец Серафим седи близу до својата ќелија, на бунарот, а покрај него стои една ужасно голема мечка. Премрев од страв и викнав на цел глас: ,,Баќушка, умрев!” – и паднав.
 Отец Серафим, кога ме слушна, ја удри мечката и и  мавна со раката.
 Тогаш мечката, како разумна, истиот час замина таму каде што и  покажа отец Серафим, во густежот на шумата. А јас, здогледувајќи го сето тоа, треперев од ужас, и дури кога отец Серафим ми се доближи утешувајќи ме со зборовите: ,,Не се ужаснувај и не се плаши”, јас продолжив да викам: ,,Леле, умрев!”
 На тоа Старецот ми одговори: ,,Не, матуш-ка, не умираш, смртта е далеку од тебе, а ова е радосно”.
 И потоа ме поведе кај истиот бунар, на кој пред малку седеше и на кој, откако се помоли, ме седна и мене и самиот седнувајќи.
 Не успеавме да седнеме, кога одеднаш мечката излезе од густежот на шумата и кога се приближи до отец Серафим, легна крај неговите нозе.
 Јас, пак, наоѓајќи се во близината на таков страшен ѕвер, прво ужасно се уолашив и сета треперев; но потоа, гледајќи дека отец Серафим му се обраќа без никаков страв, како на кротка овчичка, и дури дека ја храни од своите раце со леб, кој го носеше со себе во торбичката, јас малку-помалку почнав со вера да живнувам. Особено чудно тогаш ми се покажа лицето на великиот мој отец: тоа беше светло како на ангел и радосно. 
 На крај, кога сосема се успокоив, а Старецот го потроши речиси сиот леб, па ми го подаде пре-останатото парче, ми заповеда јас самата да ја нахранам мечката.
 Но јас одговорив: ,,Се плашам, баќушка, ќе ми ја скине раката”, а всушност се радував, мислејќи, ако ми ја скине раката, нема да бидам во состојба да готвам.
 Отец Серафим, пак, погледнувајќи на мене, се насмевна и рече: ,,Не, матушка, верувај, таа нема да ти ја скине раката”.
 Тогаш го зедов лебот што ми го подаде и ја нахранив мечката со такво утешение, што поскав уште да ја хранам; ѕверот беше кроток и кон мене, грешната, по молитвите на отец Серафим.
 Гледајќи ме така спокојна, отец Серафим ми рече: ,,Се сеќаваш ли, матушка, кај преподобниот Герасим на Јордан лав служеше, а на кутриот Серафим мечка му служи. Ете, и ѕверовите н# слушаат. А ти, матушка, паѓаш во униние, а зошто? Ете, и ножици да земам, навистина ќе го истрижам. Во Бога те молам, матушка, никогаш не паѓај во
униние, не се обесхрабрувај, никогаш и за ништо, туку секогаш подражувај го смирението на преподобна Исидора. Таа во манастирот беше последна од сите, но кај Бога беше прва, и не и  беше одвратно никакво послушание.
 Тогаш јас во својата простота реков: ,,Баќушка! А што ако сестрите ја видат мечката, ќе умрат од страв!”
 Но тој одговори: ,,Не, матушка, сестрите нема да ја видат”.
 - А ако некој ја заколе?  - прашав јас, - ми е жал за неа.
 Старецот одговори: ,,Не, нема да ја заколат, освен тебе, никој нема да ја види”.
 Јас поразмислив како да им раскажам на сестрите за тоа страшно чудо?
 А отец Серафим на моите мисли одговори: ,,Не, матушка, пред да се исполанат единаесет години од мојата смрт, никому не кажувај за ова; а после, волјата Божја ќе открие кому треба да се каже”.
 На истата оваа монахинка отец Серафим, на една недела пред својата смрт, и  кажал: ,,Сега ме гледаш во плот, а набрзо ќе ме видиш во киур, и вашата тага ќе биде сеопшта. Но силата Божја во немоќта се извршува”.
 По некое време таа старица, заради некоја потреба, дошла во ќелијата, во која со сликање се занимавал, по благослов на отец Серафим, селанецот Ефим Василев, познат по својата вера и љубов кон Старецот, и здогледувајќи како тој го слика отец Серафим, одеднаш му рекла: ,,По се изгледа тука му прилега на отец Серафим да го насликаш со мечка”.
 Ефим Василев ја прашал зошто мисли така? И таа нему прв му го раскажала чудесниот настан.
 Тогаш се беа исполниле токму единаесет години од смртта на великиот Старец.
 Иако и многу други го имале видено отец Серафим со мечка, но бидејќи тие лица ни се непознати не може да се пренесе нивното сведоштво, освен едно, што го раскажа монахот Петар.
 Тој монах, приврзан со љубов кон отец Серафим, заминал еднаш во оддалечената пустина на Старецот за да ги побара неговите душеспасителни поуки, и одеднаш, приближувајќи се кон неа, видел како отец Серафим седи крај бунарот и храни една мечка што стои пред него со сухарики, кои ги вадел од својата торба.
 Потресен од таа прекрасна и страшна глетка, Петар застанал зад едно големо дрво и почнал молитвено да го моли старецот да го избави од
стравот. Истиот час видел како мечката заминува од кај Старецот по патот кон шумата од спротивната страна. Тогаш тој се осмелил да се приближи кон отец Серафим. Старецот го сретнал со радосен дух и му рекол дека ако се удостоил да го види близу него шумскиот ѕвер, да молчи до неговото успение.
 Монахот Петар не престанувал да се чуди на чистота на душата и верата на праведниот старец, кому и бесловесните ѕверови му се повинувале, од кои ние се плашиме само што ќе ги здогледаме.  

 

Избор од најновите книги на манастирот на св. Атанасиј Велики , с. Журче:

Извадок од кигата: „Свети Серафим Саровски“

 

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Ви препорачуваме: Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная