логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

26ти декември   2020 лето Господово

Man.slepce.sv.Jovan3.jpg

Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа: ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.


Патот на христијанинот
Арх. Рафаил Карелин

За смртта (1)
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Браќа и сестри! Го слушнавте денес Евангелието за тоа како Христос го воскреснал синот на наинската вдовица (Лука 7, 11-16). Кога Господ со учениците се доближувал до градот, во пресрет му доаѓала погребна поворка; на носилка носеле труп на некое дете - во Палестина покојните не ги погребувале во затворени ковчези, телото на покојникот се завиткувало во бела материја, како младенче во пелена, зашто самата смрт е раѓање за друг живот. Момчето го носеле на гробишта - од градот на живите го носеле во градот на мртвите. Околу секој град, околу секое село расте незабележливо друг град - гробиштата, “сопатник” на тој град. Секојдневно се раѓаат во тој мртов град младенчиња, за тоа ни зборуваат влажните парчиња раскопана земја на новите гробови. Само што тие младенчиња не се нарекуваат новородени, туку новопретставени. Прво на гробот блиските и пријателите на починатиот доаѓаат често, но со време, од година во година, с# поретко и поретко и, на крајот, никој не го нарушува молчењето на гробот.


Гробиштата се замолчени, но колку тие всушност му кажуваат на човечкото срце! Градската врева доаѓа доттука како далечен бран или свиреж на есенски ветер, а на гробиштата е некоја особена тишина, како тука да застанало времето. Таа тишина личи на тишината на храмот. Секој гроб скрива своја тајна, на некои - натпис, на други само полуизбришани букви, кај другите само каменот останал како надгробен спомен. Никој не знае што однел човекот со себе, што го исполнувало неговото срце во часот на смртта: љубов или омраза, благодарност кон луѓето или горчлива разочараност. Како умрел? Окружен со своите пријатели и роднини или отфрлен, заборавен од сите и сам? Смртта, како птица грабливка, напаѓа на својата жртва, ги забива во неа своите канџи, ја оттргнува од живите; онака како што орел стреловито се спушта на јато птици, го фаќа и го носи својот плен в гнездо, непознато каде. Ако прочитаме некои од натписите на гробните плочи, ќе видиме дека под нив лежат не само старци, подгрбавени од години, туку и деца, и младенчиња. Смртта е беспоштедна и неумолива.


Нема на земјата место каде што можеме да се сокриеме од смртта - ниту во високите планини, ниту во длабоко подземје. Таа секаде проникнува, секаде ќе го најде секого од нас. Нема богатства со кои можеме да се откупиме од неа, земните скривалишта за смртта се - прав. Таа го сака само - човекот, својата жртва, храна за своите страшни заби. Стомакот на смртта никогаш не се наситува, нема дно, како самиот пекол. Оној кој се родил е веќе осуден на смрт.
Така, кога големиот мудрец Сократ го осудиле на смртна казна, тој, слушајќи го тоа, рекол: “Ме осудивте на смрт според човечки суд, но вие самите уште одамна сте осудени на смрт од природата, така што ние сме во истата положба - смртници сме, и вие и јас, само една е разликата, дека јас ќе заминам прв, а вие подоцна, по мене”. Животот на човекот личи на пат на туѓинец. Животот на човекот е - како еден ден: утрото е - неговото детство, пладнето - младоста, вечерта - староста, а ноќта - тоа е смртта. Патот на смртта се завршува со црната разјапена уста на гробот. Едно по друго на земјата се појавуваат поколенија луѓе и исчезнуваат, како еднодневни ноќни пеперутки - пеперутката лета од цвет на цвет цел ден, вечерта почнува да кружи околу извор на светлина, кружи - а наутро веќе ја нема. Животот е као огромна река која собира во себе потоци, извори, капки дожд, и потоа исчезнува во длабочината на морето. Насекаде ја гледаме смртта, сета природа е под власта на смртта, затоа и природата е трагична. Полето кое напролет изгледа како смарагден килим со прекрасни украси, под врелите зраци на сонцето се претвора во пустина. Најпрекрасните цветови се претвораат во валкана прашина.
Живееме како во два света, тесно испреплетени меѓу себе: тоа е светот на животот и светот на смртта. Додека сме тука, на земјата, - смртта за нас е во иднината, но таа непрекинато ни се доближува. Кога ќе ја преминеме таа линија - меѓу животот и смртта, земниот живот за нас ќе биде веќе минато - минато што с# повеќе се оддалечува од нас, како што брегот се оддалечува и бега од оние што стојат на бродот што испливал од него. Таму, во вечноста, сиот наш земен живот ќе ни се чини само миг, сон што брзо поминал. Окружни сме со слики од смртта, и во исто време, колку и да е тоа чудно, колку и да е загадочно, не мислиме на неа, како да не веруваме дека смртта ќе дојде и кај нас. Гледаме како умираат другите, и во исто време ни се чини дека ќе останеме тука навек. Во длабочината на срцето не веруваме дека и нам ќе ни дојде време да умреме.
Браќа и сестри, токму затоа што човекот ја брка од себе мислата за смртта, тој и застанува немоќен и неподготвен пред неа! Колку и да ни е тешко да си претставиме дека нашето срце ќе замре - срцето кое горело од страсти, вриело од злоба, љубомора, омраза, - толку малку во него имало чувство на љубов! Дека нашата уста навек ќе се затвори, истата уста која кажувала клетви и лаги, - и толку ретко молитва! Дека нашите раце, кои биле готови да го заграбат сиот свет, ќе паднат беспомошно како наполнети со олово. Тешко ни е да претставиме што ќе биде со нас во гробот кога нашето тело ќе потече и ќе поцри, кога нашиот мозок, како сукрвица, ќе се излие низ ушите и ноздрите, кога на крајот ќе виснат очите во очните дупки, кога устата ќе се разголи во некаква страшна насмевка, кога телото ќе ни биде полно со црвје... Браќа и сестри! Во последните минути пред смртта - колку сака човек да му се врати животот! Пламен,  мачен копнеж! Како сака макар мал дел од животот повторно да проживее, макар ден, макар час - само да не замине во вечноста осквернет со гревови! Но смртта е жестока, неумолива. Кога би се сеќавале на смртта, секој ден од својот живот би го ценеле како дар Божји; кога би се сеќавале на смртта, секој час би го користеле за своето спасение. Но демонот н# лаже, тој ни го краде сеќавањето на смртта.  
Живеел некогаш во Палестина, на планината Хорив, еден монах по име Исихиј. Животот го поминал во безгрижност и грев. Кога умрел, дошле браќата да го погребаат, но одеднаш мртовецот оживел! Тој се подигнал и седнал на одарот. “Што стана со тебе, што виде на оној свет?!” - го прашувале браќата. Но тој не им одговарал, а само горко плачел и молел: “Браќа, оставете ме сам, не зборувајте со мене”. После тоа Исихиј се затворил во пештера и многу години поминал во големи подвизи и труд. Кога повторно се доближил кон крајот на својот живот, повторно монасите дошле кај него. Знаејќи за тоа како чудесно се изменил, знаејќи за неговиот свет живот, почнале да го прашуваат: “Браќа, сеќавајте се на смртта! Кој насадил во својата душа сеќавање на смртта, тој нема да згреши”. 
Често се плашиме од мислите за смртта, но само на почетокот се тие тешки. Сеќавањето на смртта го чисти нашето срце, го оттргнува од страстите, и затоа ние чувствуваме обновување на нашите мисли и чувства што произлегуваат од неа. Светите подвижници го сакале сеќавањето на смртта. Еден преподобен отец, Филотеј, велел: “Сеќавањето на смртта - тоа е мојата духовна невеста, јас сум неразделен од неа”. 
Слушнавте во Евангелието дека Господ го воскреснал синот на вдовицата и &  го вратил на мајката. Тоа умрено дете е - образот на нашата душа. Човекот воскреснува во покајание. Господ ја зема покајаната душа и &  ја дава на мајката која горко плаче. Таа мајка е - Црквата! Во Апокалипсата се зборува за жена која носела во утробата младенче и викала од болки и маки при раѓањето; толкувачите, Светите Отци, објаснија дека жената е - Црквата, а детето - секоја христијанска душа, болката, пак, мачната болка - тоа е болката за нашите гревови, поголема отколку неутешната болка на мајката за смртта на синот. 
Окружени сме со луѓе кои исто така немаат сеќавање на смртта, ја заборавиле, затоа што светот го гори во своие забави она скапоцено време што ни е дадено за подготовка во вечноста. Светите Отци велеле: “Времето е поскапоцено од с#!” Времето никој не може да го врати назад. Луѓето немаат сеќавање за смртта, затоа толку лесно се оддаваат на пороци, затоа се злобат еден на друг, се мачат самите себеси и ближниот, понекогаш се гризат како пси околу коска, заборавајќи дека еднаш нивната уста ќе се насити со земјата од гробот. Оној кој се сеќава на смртта, знае: сето она што нема да го земе со себе во вечноста, не му припаѓа нему. Еден подвижник велел: “Јас - тоа е мојот дух, мое е - моето тело, а с# друго е - туѓо. Единственото богатство што можам да го земам во вечноста, - тоа е благодатта на Духот Свет”.
Често му завидуваме на оној кој умира лесно, на кого смртта напаѓа како од заседа. Тој се претвора во труп уште пред да успее да разбере дека умира. Но, браќа и сестри, колку и да ни се страшни претсмртните болести и маки, сепак треба да сакаме да го знаеме часот на својата смрт за да се подготвиме по христијански, со исповед и причестување со Светите Тајни. Постои дури и црковна молитва за Господ да н# избави од неочекувана, ненадејна смрт. Онаа болест, оние маки кои често ги искусува човек пред смртта - тоа е огнот на очистување на душата, и човек, наоѓајќи се во вечноста, повеќе ќе му благодари на Бога за тие страдања, отколку за најпријатните чувства доживеани во текот на целиот живот. Понекогаш н# збунуваат мисли дека вистински добрите луѓе боледуваат, страдаат, гонети се и притиснати од с#, често умираат рано, а некои луѓе, порочни и грешни, доживуваат длабока старост, како болестите и несреќите да не се однесуваат на нив. Браќа и сестри, оној кој прави добро тој и страда, тој  е - “најсреќниот несреќник”, затоа што го чека голема награда од Бога. Свети Јован Златоуст вели: “Ако правиш добро, а на земјата добиваш како одговор неблагодарност и зло, знај дека е голема твојата награда, венецот твој ќе биде сугуб”(односно двапати ќе се зголеми).  
А оние луѓе кои грешат и се користат со земните богатства неказнето, - тие се заборавени и отфрлени од Бога; тоа е најнесреќната судбина - веќе тука, на земјата, тие се живи трупови. Еден е судот човечки, а друг судот Божји. Некој прозорливец видел како умирал еден знаменит затворник и како умирал еден бедник. Затворникот го сметале за свет, луѓето мислеле дека градот опстанува само заради неговите молитви. Кога се пронесла веста дека тој умира, огромна толпа народ се собрала крај ѕидовите на манастирот со запалени свеќи и кандила. Сите плачеле и се молеле Господ да му го продолжи животот на затворникот, и како што мислеле тие - нивниот спасител. Но светиот видел како затворникот го опкружила толпа демони, и го слушнал гласот од небото: “Овој човек не ми даде место во душата - тој не е Мој”. Тоа бил гласот на Господ. Демоните, нафрлајќи се, му ја пронижале душата на затворникот со трозабец и му ја истргнале од градите. И истиот монах-прозорливец видел како умирал бедниот, презрен и заборавен од светот. Тој умирал крај оградата, облечен во партали. Господ му рекол на двајцата архангели, Михаил и Гавриил, да му ја донесат душата на бедниот, но заповедал да не му ја истргнат насилно. И се доближил Архангел Михаил до бедниот и рекол: “Се завршува твојот земен живот”. Но бедниот се плашел да умре, се плашел за своите гревови. Тогаш архангелот му се обратил на Бога и рекол: “Господи, заповеда да не му се одземе душата насилно”. И рекол Господ: “Испрати му го пророкот и псалмопевец Давид, тој нека му испее небесна песна”, - и кога сиромавиот ги слушнал тие слатки звуци, неговата душа се оттргнала од телото, архангелите ја зеле и му ја однесле на Бога.
Браќа и сестри! Нашиот живот е - запечатена книга. Овде, на земјата, ние можеме да прочитаме само неколку од првите страници, останатите ќе ги видиме и ќе ги прочитаме само во вечноста. Господ го воскреснал синот на вдовицата - тоа е образ на идното воскресение на мртвите. Господ владее со животот и смртта. На денот на заедничкото воскресение Тој ќе ги воскресне и ќе ги спаси душите на вистински покајаните христијани и ќе ги врачи на нивната Мајка - Небесната Црква веќе за навек. Амин.  


За смртта (2)
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Браќа и сестри! Денес ја слушнавте евангелската приказна за воскреснувањето на синот на Наинската вдовица (Лука 7, 11-16). Кога ја гледаме смртта или размислуваме за неа, чувствуваме дека се допираме до голема тајна. На што личи нашиот земен живот? На огромна, широка река. Стоејќи на брегот, гледаме како нејзините струи постојано кружат, разбивајќи се од камењата, како да се живи суштества, гледаме како се дигаат брановите, лизнуваат надолу и исчезнуваат од пред очи. Така, поколение по поколение одат по патиштата на оваа земја. Сите никнале од бездната на небитието, заминуваат во мракот на гробот, во земја на тајни. Никој од древните мудреци не можел да ја разгатне тајната на смртта. Што е нашиот земен живот? Тој личи на зрак кој за миг ќе светне, а потоа ќе угасне, или на цвет, кој денес ги радува очите со своите бои и украси, а утре се претвора во грст прашина. Или, животот личи на затрчани по небото облаци. Понекогаш облаците добиваат форми на прекрасни замоци, но налетот на ветер ги кине на парченца, и тие заличуваат на парчиња искината облека, или пак се претвораат во магла. Нашиот земен живот е како меурче од сапуница кое на сонцето свети во сите бои на виножитото, но ако се допре до земјата, веднаш се претвора во жална водена дамка. Таков е нашиот живот, ако нема бесмртност. Ако нема бесмртност, ако гробот ги изедначува сите, тогаш зошто луѓето се борат со страстите, прават добро, ако исто им биде и на грешникот и на светиот? Ако еден покрај друг лежат пес и лав, ако с# што изгледа најпрекрасно на овој живот, по смртта се претвора во смрдеа и гнилеж? 
Еден индиски цар, на кого му претскажале дека неговиот син ќе биде аскет и ќе се откаже од царството, и од самиот свет, го опкружил со севозможен раскош и богатства, му тргнал од пред очи с# што би можело да го потсети на страданија. Кога принцот пораснал, одлучил да излезе надвор од дворецот и да го разгледа своето царство. И видел како близу градската порта лежи еден човек, сиот тресејќи се од страшна треска. Тој ја прашал својата свита: “Што е ова?” Му одговориле: “Болест го мачи човекот”. “А можам ли јас така да се разболам?” - повторно прашал тој. И слушнал одговор: “Болеста влегува и во колибите на бедниците, и во царските дворци”.
Принцот замислен се вратил дома. По некое време повторно излегол со својата свита и му се случило да види старец, многу стар: сиот обелен, со лице прекриено со брчки, свиткан; се потпирал на стапче, одвај одел влечејќи ги нозете. Прашал принцот: “Какво е ова суштество?” Му одговориле: “Човек од осумдесет години!” Принцот прашал: “Ако стигнам до осумдесет години и јас ќе бидам таков?” “Да, ако не умреш!” - “А што е тоа смрт?” - прашал принцот. “Не можеш сега тоа да го разбереш. Треба да ја видиш!”- одговориле блиските околу него. Тој со уште поголема жал се вратил во дворецот. Поминало време, и третпат тој излегол за да го разгледа своето царство. И видел: на носилка носат човек. Човекот не се движел. “Разбудете го!” - рекол принцот. Му одговориле: “Човекот е мртов. Не може да се разбуди. Ниту гледа, ниту слуша, ништо не чувствува”. Принцот прашал: “А што ќе прават со него?” - “Ќе го закопаат в земја!” - “А потоа?” - “Подобро да не видиш, што ќе биде потоа. Илјадници црвја ќе ползат по него - како што непријател го опкружува градот. Ќе се впијат во неговото тело, ќе го јадат, додека не остане само прав”. 
Принцот прашал: “И јас ќе умрам?” Му одговориле:
“Да, и ти ќе умреш!” - “А не може човек да се откупи од смртта? Колку само злато и сакпоцености имам!” Му одговориле: “Смртта не зема злато, туку само луѓе!” - “А не може човек да се сокрие од смртта? Колку замоци и тврдини има татко ми!” - “Смртта минува низ ѕидови силни како карпи. Таа ги отвора вратите на тврдините и подземните места!” Принцот рекол: “Ќе ја молам да не ме земе мене”. Му одговориле: “Смртта е неумолива. Таа го одзема детето од градите на мајката, го разделува младоженецот од невестата, гледа рамнодушно како мали деца ползат крај гробот на мајка-доилка. смртта нема срце!” Тогаш принцот рекол: “Значи, не сум јас цар, тука царува смртта. А јас сум само нејзин несреќен роб и заложник!” - и се вратил во својот дворец. После тоа тајно заминал в пустина и станал аскет.
Браќа и сестри! Во денешното Евангелие се зборува за воскреснувањето на синот на Наинската вдовица (Лука 7, 11-16). Воскреснувањето на синот - тоа е првообраз на нашето заедничко Воскресение од мртвите. Евангелското учење - тоа е светлина на надежта, која ги озарува црните бездни на смртта. Но, токму учењето на Црквата за нашето телесно воскресение се сретнува со многу недоумици и дури потсмев од страна на неверните луѓе.
Еднаш, во древни времиња, некој филозоф прашал еден христијанин: “Да претпоставиме дека човекот потонал. Него го изеле риби. Потоа рибите биле фатени од рибарите, и се нашле на маса. Нив ги изеле други луѓе. Испаѓа дека на денот на Воскресението ќе има цел спор за тоа на кого му припаѓа телото: на оној кој потонал, или на оној кој ја изел рибата?!” Паганите не разбирале што е тело. Тие тоа го мешале со поимот “човечко месо”. А тело е - нешто сосема друго. Тоа се состои од многу елементарни честици, кои постојано се обновуваат; умираат едни клетки, се раѓаат други. Самото наше тело е како река. Во реката водата непрестајно се менува, но реката останува една и иста, - така и човечкото тело. Во душата на човекот е вложен одреден “план”, според кој и се извршува сиот развиток на неговото тело - од самиот момент на раѓање до смртта. При Воскресението од мртвите ќе воскресне телесно оној план, што се наоѓа во душата. Навистина, некои ќе речат: “Душата е бесмртна, зошто е потребно уште и воскресение на телото?”
Прво, човекот - не е само душа; човечката личност ја составува душа соединета со тело. Потоа, само тука, на земјата, како резултат на гревопадот, нашето тело &  се противи на нашата душа, а таму телото ќе има други својства, таму тоа ќе биде помала сестра на духот. Потоа, браќа и сестри, овде ние ги љубиме нашите ближни, и затоа на тој свет треба да ги видиме такви какви што биле на земјата, инаку ќе дојде до несклад во нашата љубов, расцеп на земната и небесната Црква. Потоа, Господ се облекол во човечко тело заради нашето искупување, и во лицето на Христос човечкото тело е вознесено на височина што не можеме ни да си ја претставиме, прославено со голема слава. Но некој, можеби, ќе рече: “Едни луѓе умираат како младенци, други - како сосема стари, а трети - во утробата на мајката, со уште неоформено тело. Што ќе биде тоа? Зарем така и ќе воскреснат, едни како старци а други како несовршени малденци? Тогаш најдобро од с# е да се умре во младоста!” О, браќа и сестри! Веднаш сакам да ви го објаснам тоа. Да претпоставиме дека некој архитект гради храм. За тоа тој претходно црта план-цртеж на храмот. Потоа пристапува кон остварување на цртежот. Камења, тули - тоа е материјал. Така и нашите телесни клетки - се материјал, но с# уште не се самото тело. И така, браќа и сестри, претпоставете дека храмот не е завршен, или дека бил изграден, но со време почнал да се урива.
Сепак, потоа тој храм ќе биде обновен. Како ќе биде обновен: полуразурнат и недограден? Не, тој ќе биде обновен според цртежот на архитектот. Така и ние, ќе воскреснеме, пишуваат Отците, на триесетитригодишна возраст, то ест во рацветот на душевните и телесните сили. Други ќе речат: “А што ќе биде со оние кои на земјата се појавиле нецелосни, накази? Зарем и тие така ќе заминат во вечен живот?” Не, и тие имаат свој идеален план, тоа било само некаква физичка случајност, дозволена со посебно допуштение Божјо, тие да се родат како накази. Тие ќе воскреснат со прекрасни тела. Значи, не залудно во едно дело се зборува за тоа дека Воскресението на мртвите - тоа не е само пролетта на нашиот дух туку и пролет на нашите тела. Браќа и сестри, за христијаните смртта како да има две лица. Едно од нив е ужасно - страдањето пред смртта, минувањето на митарствата, согледувањето на нашите гревови - страшни , гнојни рани, бездната на адот, што ни се отвора под нозете. Но другото, светлото лице на смртта е - Воскресението, кога смртта е - само сон; човек заспива и се буди во некој друг свет, во друг живот. Тоа е делот на оние кои ги зачувале заповедите Божји, чиј живот бил подвиг во името на Христос. За нив смртта е - успокоение од трудот и радост. За нив смртта - почетокот на вечниот живот - ќе биде вистински живот! Амин.

Korica.hritijaninot.jpg

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

 


 Друго:

Korica.S.Rouz.jpg

 Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

Друго:

 

 

26ти декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2009-03-25 18:22:44



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3121
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7591
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная