логоFacebookTwitterYouTubeeMail


shuma1a.jpg

 Кај многумина владее мислењето дека Православието (православното христијанство) е една од многуте религии која за своја главна грижа ја има подготовката на членовите на Црквата за животот по смртта, односно, да обезбеди за секој православен христијанин сигурно место во рајот. Истите се на мислење дека православните догмати даваат некоја посебна заштита, затоа што се, нели, православни, и ако некој не верува во православните догмати, тоа е сигурно една од причините истиот да заврши во пеколот, ако тамо не го испратат личните гревови.
 Сите православни христијани кои веруваат дека православието е такво, тогаш тие православието во потполност го поистоветуваат со идниот живот. Тие не прават многу нешта во овој живот, туку чекаат да умрат за да  можат да влезат во рајот, затоа што додека биле живи, нели, биле православни христијани! Некоја друга група (тип на верници) православни христијани доаѓаат во Црква, не затоа што имаат вера во другиот живот, туку воглавном затоа што истите се интересираат само за овдешниот живот. Тие, нели, се интересираат само за тоа на кој начин православието ќе им помогне добро да си поживеат во овој живот. Таквите православни христијани се молат на Бога, ги повикуваат свештениците да се молат за нив, вршат осветувања итн. . . и тоа се со цел Бог да им помогне добро да си поминат во овој живот, да не бидат болни, успешно да ги растат своите деца, на ќерките да им обезбедат добар мираз,  синовите да си најдат добри девојки, со добри мирази, и со нив да се оженат, бизнисот да им врви успешно, трговијата исто така, па и берзата или индустријата . . . Гледаме дека овој тип на христијани не се разликува многу од верниците на другите религии, кои, искрено речено, го прават истото.
 Од погоре изложеното секој гледа дека православието има две обележја заеднички со останатите религии: прво, да ги подготвува верните за животот после смртта, за да можат да одат во рајот, онака како што секој си го замислува, и второ, да се грижи христијаните да не дожувуваат страдања, невољи, катастрофи, болести, војни, итн. . . односно во овој живот Бог да ги задоволи сите нивни потреби и желби. Затоа, особено за овие вторите, религијата има голема улога во овој живот, и тоа најмногу во нивниот секојдневен живот.
 Подлабоко погледнато, од сите овие христијани за кои говоревме: колкумина од нив се интересираат дали Бог постои или не постои? Кој од нив го бара Бога? Од нив дури и не се поставува прашањето дали Бог постои или не, затоа што е многу подобро да постои, за да можеме да го повикаме и да му побараме да ги задоволи нашите потреби, за нашите нешта добро да врват и да имаме среќа во овој живот.
 Гледаме дека човекот има силна желба да постои Бог, да верува дека Бог постои, затоа што на човекот му е неопходно да постои Бог, за да има некого во кого ќе добие безбедност, како што и претходно говоревме. И, иаку да постои Бог е неопходност за човекот - Бог постои! Човекот да нема потреба за Бога и да може сам да се обезбеди во животот и да може да живее на некој друг (свој) начин, тогаш никој не би знаел колку би биле оние кои би верувале во Бога. Ова во голема мерка денес се случува во Грција (како и во другите традиционални христијански земји - прем. прев.). Се случува многу луѓе кои порано не биле заинтересирани за религиозното, на крај да станат религиозни, затоа што им се случило нешто што ги уплашило. И поради тоа тие повеќе не можат да живеат ако не призиваат некој Бог да им помогне, при што истото најчесто е предизвикано од празноверие. Поради овие причини, самата човекова природа му помага на човекот да биде религиозен. Ова не важи само за православните христијани, важи и за верниците од другите религии. Природата на човекот е насекаде иста. Така да човекот, по падот, како последица на духовното затемнување, запаѓа во празноверие. Прашањето кое сега следи гласи вака: каде престанува празноверието, а каде започнува вистинската вера?
 За оваа тема оците на Црквата имаат јасен став и учење. Човекот кој го следи, или поточно кажано, кој мисли дека го следи Христовото учење и кој едноставно секоја недела оди во црква, кој точно во одредени интервали се причестува, кој повикува свештеник дома да му освети вода итн . . . без во сето тоа да се задлабочи, останува на словото на законот, а не во духот на законот, и следствено на тоа, каква корист тој има од православието? А оној другиот, кој се моли само за идниот живот, за себе и за другите, и совршено не се интересира за овој живот, каква пак тој корист има од православието.  Првата тенденција ја застапуваат парохиските свештеници и тие кои околу нив се собираат во духот кој погоре го опишавме, а втората тенденција ја преставуваат старците по манастирите, обично некој архимандрит кој е во пензија и чека да замине од овој свет, со неколку монаси кои се околу него (авторот намерно оди во крајност за да ја долови карикатуралноста и апсурдноста кога се отстапува од православното преданието - прим.прев.). И во двата случаја овие луѓе не се собрани поради очистување и просветување, следствено на светоотечкото гледиште, така да тоа што го прават е погрешно во однос на она кон што тежнеат. Ако истите се насочени кон очистување и просветување и ако ја применуваат православната светоотечка аскетска метода за да ја здобијат молитвата на умот, тогаш сето она што погоре е спомнато се поставува на вистински темел. Погоре спомнатите тенденции се движат во правец на две неспоиви крајности затоа што нивните тежненија немаат заедничка оска. Заедничката оска која е одредена од православното предание и која ја утврдува неговата поврзанот, една и единствена оска за сите теми со кои се занимава и кои секогаш ги поставува на вистинска основа кога за нив промислува, е всушност оваа оска: очистување - просветување - обожување.
 Оците не се занимаваат со тоа што ќе биде со човекот исклучиво по неговата смрт, туку првенствено ги интересира тоа што ќе се случува со човекот во овој живот. По смртта нема можност за исцеление на умот, исцелението треба да започне во овој живот, затоа што во “адот нема покајание”.
 Православната теологија не е надсветска, ниту сосем свртена кон иднината, ниту е само есхатолошка, туку може да се каже дека таа е чисто овосветска. Затоа што православието првенствено се интересира за човекот од овој свет, во овој живот, а не по смртта. Зошто се потребни очистувањето и просветувањето? За човекот да влезе во рајот и да го одбегне пеколот? Дали навистина служат за тоа? Од што се состои очистувањето и просветувањето и зашто тие се бараат од православните. За некој да ја пронајде вистинската причина и да одговори на ова прашање потребено му е да го има главниот клуч, кој е сочинет од следново: сите луѓе на земјата, според православната теолошка мисла, имаат ист крај. Без разлика дали тој е православен христијанин, или будист, или хиндуист, или муслиман, или агностик, или атеист, или било кој, нели, човек на земјата, предодредено му е да ја види славата Божја. И ќе ја види славата Божја на општочовековиот крај, за време на второто доаѓање Христово. Сите луѓе ќе ја видат славата Божја, и следствено на тоа, сите ќе имаат  ист крај. Сите, значи, ќе ја видат славата Божја, но сепак со една голема разлика: тие кои се спасени ќе ја видат славата Божја како светлина слатка и незаодна, а тие кои се осудени, таа иста слава ќе ја видат како оган кој се изгорува, како пламен кој ги пече. Ова, дека сите ќе ја видат славата Божја, е вистинит и непроменлив факт. Тоа, дека сите ќе го видат Бога, односно, славата Негова, светлината Негова - тоа ќе се случи, без разлика дали ние го посакуваме тоа или не, и делувањето на оваа светлина ќе биде различна, на еден начин за едни, на друг начин за други.
 Според ова, делото на Црквата и свештенството, не се состои во тоа да ни помогнат да ја видиме таа слава, затоа што тоа, во секој случај ќе се случи. Делото на Црквата се однесува на тоа како секој човек ќе го види Бога, а не на тоа дали ќе го види Бога. Односно,  делото на Црквата се состои во тоа таа да им го проповеда (сведочи) на луѓето постоењето на вистинскиот Бог и вистината дека Тој Бог ќе им се открие како светлина, или како оган што се гори, и тоа дека сите луѓе за време на второто доаѓање Христово ќе го видат Бога, и да ги подготви своите членови Бога да не го видат како пламен, туку како светлина. Оваа подготовка на членовите на Црквата, како и на сите луѓе што сакаат да го видат Бога како светлина, е суштината на исцелителната метода, која треба да се започне и која треба да даде свој плод во овој живот. Исцелението треба да се врши и изврши во текот на овој живот, затоа што по смртта телесна нема покајание. Оваа исцелителна метода е самата суштина и главна содржина на православното предание, односно, таа е првенствена грижа на Православната Црква. Потребно е да се помине низ следните три нивоа од духовното воздигнување: преку очистувањето од страстите, просветувањето со благодатта на Духот Свети и обожувањето, повторно преку благодатта на Духот Свети. Се случува и ова; ако некој не стигне, макар до нивото на просветување, во текот на овој живот, не може да го види Бога како светлина ниту во овој, ниту во другиот живот. Така да станува јасно дека оците на Црквата се грижеле за тоа каков е човекот денес , во овој момент. А оној, за кого е наменето и потребно исцелението, е секој човек  , за секој кој е одговорен пред Бога ова дело да го започне денес, во овој живот, затоа што во овој живот единствено тоа и го може. Не по смртта. И истиот тој човек е тој кој ќе одлучи дали ќе сака да оди по овој пат на исцеление или не. Христос кажа: ЈАС СУМ ПАТОТ (Јован. 14,6). Пат кој води некаде, каде? Не само кон другиот живот. Христос е патот кон Неговиот Отец и нашиот Отец. Христос првин на човекот му се открива во овој живот и му го покажува патот до Отецот. А тој Пат е самиот Христос. Ако човекот, во овој живот не го види Христа, макар со сетилата на умот, нема да го види ни Отецот, ниту светлината Божја, ни во идниот живот.
    
   Изворник:
     Протопрезвитер Јован Романидис,
Светоотачко богословље, Београд, 2005
Превод: ѓакон Ивица Тодоров

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2257
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1530
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1927
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…