логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Архимадрит Рафаил (Керелин)


cvet.voplavo.jpgШто е тоа нов впечаток? Зошто информацијата којашто се повторува престанува да го задоволува човекот, поради што тој постојано бара нова? Затоа што нов впечаток предизвикува чувство на интересирање, коешто помага човекот да го сконцентрира вниманието на даден предмет или настан. Тоа взаемодејство на човекот со објектот на познанието вклучува во себе емоционални доживувања коишто предизвикуваат чувство на одредено задоволство; при повторување на едни и исти впечатоци, творечкото восприемање ослабнува – тоа како да го завршило своето дело – и тогаш остануваат механизмите на паметењето: запаметување и потсетување. Смисловното дешифрирање на символите исто така ослабнува: семантиката како да се сокрива под лушпата на фонетско-графичката структура на зборот. Како што човекот својата работа ја пренесува на машина, така и творечко-емоционалното паметење ја префрла работата врз зборот на механичкото паметење, во коешто постои нешто зачмаено и умртвено. Секако, ние сме далеку од примитивниот биологизам, но сепак може да се направи одредена паралела, макар и како споредба меѓу процесите во човековото тело и во душата. На човекот му е потребно чувство на глад за да почувствува задоволство од храната, и за неговиот организам да ја прими храната како градивен материјал за телото. Човек со полн желудник го губи природниот апетит спрема храната; а постојано прејадување не дозволува правилна преработка и апсорпција на храната, и таа се акумулира како баластна маснотија. Здрав организам мора да чувствува макар и најмал глад; преситувањето е веќе ненормална состојба. Птиците на своите младенчиња им даваат строго одредено количество храна; ако птицата им дава на малите онолку колку што тие сакаат, тие можат да се разболат и да умрат. Често ѕверовите во заробеништо умирале од тоа што луѓето им давале прекумерни количества храна.  

Духовна храна е – информацијата којашто човекот ја прима; а тука нема никакви ограничувања, не се запазуваат никакви норми, макар што силите и  способностите на душата се далеку од безграничи. Затоа душата станува неспособна правилно да ги усвојува информациите, емоционално и семантички да го восприема словото; тоа станува предмет на механичко паметење, а за творечко паметење таквото неусвоено слово се претвора во згура, во јаловина.

Кај нас поимот здравје не секогаш се користи правилно. Човекот се здебелил, и за него велат дека се поправил; всушност, тој не се поправил, туку само го оптоварил својот организам со излишна тежина. Згоеност е вид болест, при која е нарушена правилна размена на материите, при која страдаат сите внатрешни органи и при која човечкиот живот се скратува за неколку години. И наместо да кажеме: човекот со излишна храна и со мрзливост го упропастил своето здравје, велиме: „Се поправил!“  

Истото се случува и со умот човечки, во кој е пренагласено механичкото паметење. Во Англија, во минатиот век, еден човек, кој имал чудесен дар – да памети огромно количество имформации – ја демонстрирал на сцена својата меморија. Тој ја научил напамет Енциклопедија Британика и можел да ги кажува сите статиии поместени во неа како во мислите да превртува лист по лист. Но, истовремено, кај тој човек било очигледно затапувањето на умствените способности: тој се губел кога требало да оцени некоја непосредна ситуација, или да стапи во контакт со непознат човек. Во такви прилики тој се губел и не можел да води ни најпрост разговор. Психологот Лурје опишува сличен случај. Тој набљудувал еден новинар кој имал феноменално паметење – знаел напамет стотици телефонски броеви и можел, откако ќе прочита весник, да го повтори текстот од збор до збор. Истовремено, тој не можел да се издигне над соопштенијата за улични настани и само се надевал дека во иднина неговиот талент ќе дојде до израз.
Александар Блок опишува една своја средба со момче кај кое љубовта спрема стихови пртеминала во своевидна манија. Во својата меморија тој имал складирано огромен број стихови, но кога на Блок му прочитал неколку свои стихови, тој во нив не видел никаква дарба, туку само препеви на туѓи стихови. Масата на информации како да ги задушила неговите сопствени творечки сили. Тој можел само да се храни со сокови од туѓи корења, како имела којашто се впива во стеблото, но самиот не можел ништо да создаде.

Човек кој насобрал надворешни знаења и којшто не ги преработил, кај нас често се нарекува учен и умен човек. А, всушност, тој ништо не научил и воопшто не станал поумен. Уште повеќе грешат оние коишто, минувајќи часови и часови пред телевизорот, велат: „Ние треба да знаеме што се случува во светот, инаку ќе останеме незнајковци“. Но, тие „телевизиомани“, всушност, не знаат ништо вредно, тие живеат во театар којшто станал нивен дом, тие ја губат способноста за критичко восприемање на добиените информации и, воопшто, ја губат способноста да мислат творечки; на емоционален план, кај нив се губи чувството на љубов и на состадање. Нив им е сервирана рафинирана храна, којашто во поголемо количество го труе организмот; од нив се истиснати човечките чувства. Тие, како да оглувеле, престанале да ги слушаат суптилните звуци на флејтата, и единствено се сепнуваат кога ќе слушнат силен звук на тапан, односно – слики на концентрирани страсти, секс и убиства. И истите  тие луѓе велат: „Ние треба да гледаме телевизија, за да бидеме културни луѓе“. 

Кај св. Дионисиј Ареопагит, како и кај другите свети отци, обраќањето кон Бога е прикажано како пат: во почетокот од надворешното кон себе, а потоа од себе кон Бога. Без отрезнување од стратите и од надворешните впечатоци, без враќањето кон себе, кон своето срце, без спознавањето на самиот себе како личност, без осмислување на својот внатрешен живот, невозможна е етапата на духовниот пат – обраќањето кон Бога со молитва. Светите отци во Синајската теофанија виделе почеток на влегувањето на пророкот Мојсеј во мрак, како образ на одрекување од световните знаења и поимања, како сведошто на тоа дека со своите сили човек не може да Го познае Бога. Таа темнина е – смирение на душата и отфрлање на надворешните знаења. Единствено по таа темнина следува Светлината на Богојавлението и познанието на повисоките, вечни вистини. Темнината го опфаќала свештениот врв на Синај, ноќта претходела на Таворското Преображение – тоа е визуелен образ на оние зборови коишто апостол Петар Му ги рекол на Христос: „...ете, ние оставивме сè, и тргнавме по Тебе“. За да се исполни сад со скапоцено миро, прво треба да се излее сè што се наоѓа во садот. За да ја свртиш, во молитва, својата душа кон Бога, треба да ги скрот страстите, да ги расееш облаците помисли, да го очистиш својот ум не само од гревовното, туку и од непотребното. За да се биде христијанин, треба да се ослободи место во душата за Светиот Дух. Кога домаќин кани на трпеза лице коешто особено го почитува и го сака, тој остава слободно место на масата, и на тоа место никој друг не смее да седне. Ние Го повикуваме Господа, го каниме да дојде при нас, но не оставаме слободно место за Него во душата – таа целата е окупирана и исполнета со земни нешта. Нашата молба: „...дојди и всели се во нас“ се покажува како лажна.

Ние тука говориме за строга контрола над добиените информации не како одобрување на незнаењето, туку како за хиерархија на вредности. Над сè треба да бидат потребите на духот, потоа на душата, а на крај на телото. Кај нас обично таа пирамида е превртена наопаку. Кај луѓе презаситени од животот, погледот е замаглен и изнемоштен; тие како сè да истражиле, но не нашле ништо. Наспроти нив, кај оние коишто водат духовен живот, останува нешто детско и непосредно; за тоа говорат оние коишто имале контакт со нив. Детското – тоа е умеењето да му се восхитуваш на светот, да го воспримеаш секојдневното, она што нè опкружува, како нешто ново. Ако човекот го ограничи потокот на информации, тој како да го продолжува тоа живо чувство на своето детство. Животот на христијаните сè повеќе е скуден, празен и површен. Тие престануваат емотивно да ги доживуваат настаните, заклучени се во ритмот на црковниот живот, ја губат радоста на празниците и покајничкото страдање преку постите. Тие ја исполнуваат својата душа со слики на земни нешта, и со тоа го обоиле својот живот во сива боја.  

Човекот не ја добива силата од тоа колку ќе изеде, туку од тоа што организмот ќе усвои до изеденото – останатото се претвора во јаловина којашто се натрупува во телото на човекот. Информацијата сама по себе не го прави човекот познавач на нештата или мудрец. Всушност, човечкото знаење е – информација преработена преку смисловната и емоционалната маморија. Излишната и неосмислена информација го задушува. Кога скулпторот Фидиј го запрашале како ги создава своите дела, тој одговорил: „Земам парче мермер и од него отстранувам сè што е непотребно“. Затоа преку свесниот филтер на познанието можеме да го стекнеме вистинското знаење; ограничувајќи ја активноста на душата, којашто се претвора во механичко паметење и налеп на страсти – да го откриеме светот на духовното познание, како принципи на вечен живот.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети:{moshits} 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная