логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.S.Sarovski3.jpg

БОЖЕСТВЕНОТО РАКОВОДСТВО ВО
ЉУБОВТА
(Мт. 10, 37 - 11,1)
Постојаното исчитување на библиските книги е исклучително важно за духовниот живот на човекот од многу причини. Секојдневното
благодатно учество во библиската историја на Стариот и Новиот Завет му овозможува на човекот, во својот личен живот, да го прифати и
исползува етосот на секогаш обновувачкото  благочестие на нашиот живот со Бога. Што е подеднакво важно, секојдневното читање на
Светото Писмо ни го раскрива контекстот и значењето на многу места од писменото свештено предание кое, можеби, при првата средба ни
делува неразбирливо или противречно. Но, да не заборавиме, парадоксот е едно од најсилните средства на библиската методологија, односно теологија. Многу често, дури и навидумбезначајните информации и описи, набројувања и кажувања, при првото читање можат лесно да ја побудат нашата мисла кон неправилен заклучок. Тоа е показател дека Светото Писмо треба да се чита со внимание, истрајност и смирение, учејќи се на оној кенозис (самоиспразнување, т.е. снисходење), - не само во учењето, т.е. читањето, туку и во целиот наш духовен подвиг, - што Господ ни го посведочи со Својот живот.

Особено место во Христовата наука има Неговата педагогија на љубовта. Кога Спасителот и зборува за љубовта, како незаменлив двигател кон спасението, т.е. кон вечното благодатно единство со Бога: и во своите поуки и параболи, но и преку устата на старозаветните Божји угодници, на светите пророци, на судиите, потоа на апостолите, дури и во едноставните кажувања и гестови на библиските праведници од народот (да се потсетиме само на смирението на жената Хананејка, на љубовта со која четворицата пријатели го раскопаа покривот и го спуштија својот ближен пред нозете на Учителот, и.т.н.), - Тој ја допира кардиналната оска на нашето богоподобие. Но, имено на патот на овие највозвишени Божји вистини, што знаат да нé инспирираат и да ни го загреат срцето за подвиг, наидуваме и на најтврдата духовна храна со која Бог, како добар Домостроител, изобилно нé храни.

Откако Господ Исус Христос ги повика Своите ученици и им даде власт над нечистите духови, да ги изгонуваат и да лекуваат секаква болест и немоќ во народот, Тој им даде напатствија за нивната идна апостостолска мисија. Во овие поуки Спасителот ни се обраќа и нам, упатувајќи нé на неисцрпните длабочини на теологијата на љубовта: Кој милува татко или мајка повеќе одМене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува (Мт. 10, 37-38).

Навистина е тешко за човек, кој за прв пат се среќава со овие зборови да остане рамнодушен и да не се збуни. Тие делуваат навидумсоблазнително. Зарем Бог сака да мразиме? И тоа да ги мразиме нашите најблиски? Нашите родители!? Па, зарем во Декалогот не стои дека треба да ги љубиме и почитуваме родителите? Каков е овој парадокс? Зарем Бог нé учи да се мразиме себеси? Ние знаеме и веруваме дека христијанството не проповеда мизантропија. Христијанството се противи на било каков фанатизам. А еве и на друго место, во Евангелието според Матеј, Господ вели: Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене (Мт. 16, 24).Kаква љубов е тоа да се откажеме од себе? Бог е ни даде живот, за да го отфрлиме и да се одречеме од своето постоење?

И евангелистот Лука ни приопштува слични зборови на Учителот: Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, Тој не може да биде Мој ученик (Лк.14,26). Од друга страна, пак, како контратеза на овие зборови, пак ќе речеме навидум тешки за носење, на мисла ни доаѓаат зборовите на свети Јован Богослов: Ако некој рече: Го љубам Бога, а го мрази својот брат, лажливец е: оти, кој не го љуби својот брат, кого го видел, како може да Го љуби Бога, Кого не Го видел (1 Јн. 4, 20)?

Противречност или нерзбирање, прашањето е сега (?)

.Некакви тектонски поместување во темелот на нашата душа ни велат да останеме на нозе. Премудроста Божја е совршена. Бог не е
љубоморен тиранин, кој ја конципира Својата теологија како хипер-егоизам. Тој претрпе за нас срамно страдание, бичување и исмевање. За нас се распна на крст. за нас умре и воскресна. Како ваквото божествено истоштение кореспондира со наводен љубовен нарцизам во кој ни се заповеда се да мразиме, а само Бога да Го љубиме?

Првата и најголема заповед вели: Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; и втората,
слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси. Втората заповед е слична, но не истоветна, на првата. Таа вели: љуби го ближнот како себеси, а не како Бога. Со други зборови, Бог сака да се научиме да љубиме не според примерот на човечката љубов, туку по примерот на Божјата љубов. Ако резонираме по човечки, тогаш треба да се запрашаме, како е можно Бог Отец, во својата совршена љубов, да ја благоволи жртвата на Својот Единороден Син; Неговото воплотување, страдание и смрт? Како е можно? Но, за нас луѓето, таа логика на љубовта е секогаш неиспитана до крај димензија. Кон неа Господ нé раководи, како Добар Пастир, преку растрезнувачките зборови од евангелската поука. Љубовта е многу повеќе од треперење во стомакот. Многу повеќе и од суптилните фрази на Шекспировите сонети.


Сведоци сме, често, како луѓето градат неличносен, идолопоклонички (квази-љубовен) однос кон други луѓе. Или кон други суштества,
кон материјални предмети или кон идеи. Кога се надеваат на силните на денот, хипнотизирани од минливата власт, сила и слава. Чудо, тајна и авторитет - како што вели Достоевски. Кога родителската љубов ја претвораат во ропска проекција на своите неостварени идеали врз
своите деца. Кога почитта кон родителите, обично он едниот родител, и реакцијата на иперболизираниот авторитет го претвораат
детето во паразит или неспособен за индивидуален спех во животот. Кога телесната привлечност, ли некој друг вид користољубие на страстите, ревовните движења во човекот ги претвораат во огубни навики, во втора природа. Тогаш и ритериумот за љубовта умира во нив како и амата љубов. Духовната состојба на отпаднатостод Бога, која ја наследивме како последица од прародителскиот грев имено ја препознаваме преку нарушениот опит и свест за тоа што е љубов.
Љубовата кон ближните, кон родителите, кон семејството е во најелементарна смисла нагонска. Таа се раѓа со нашето зачнување, а се
реализира преку секојдневните кореспонденции на сетилни искуства и енергии. И преку атавизмите. Таа е љубов на создадената твар.
Нашите блиски се дел од нашиот емпириски свет, а за љубовта кон Бога ни е потребна цврста вера.
Од друг аспект, љубовта кон ближните нé обврзува. Тие ја имаат истата создадена, односно ограничена природа како и ние. Оттаму и љубовта која ја споделуваме меѓу себе е или посесивна, или барем очекува возвраќање; мотивирана е од страв, срам или користољубие, или е разгорена од страстите. Затоа и Платон во Гозба, дијалогот за љубовта, разликува два типа на љубов: преобразена (или небесна) наречена агапе и непреобразена (или телесна) наречена ерос.


Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; - со
други зборови: Ако не се научиме вистински да љубиме, не според нашата природа, туку онака, како што Бог ги љуби: и нашите родители, и
нашите браќа и сестри, како што нé љуби и нас самите, и секое создание, - ако не се научиме да љубиме со божествена љубов, не сме достојни да се наречеме Негови ученици, не сме достојни за Него. Ако не се одречеме од себеси, од својот егоизам, до краен кенозис, до крајно смирение, како што и Тој, Синот Божји, се одрече од Себе со воплотувањето, ако не го земеме својот крст и не се очистиме од своите гревови, како што и Тој го понесе Својот Крст до Голгота и се распна за нашите гревови, тогаш не сме достојни за Него и Неговата љубов не вродила плод на спасение во нас.
Љубовта, со која Бог нé љуби, со која Тој нé учи да љубиме, е совршена. Таа со ништо не е предизвикана, ниту условена. Таа е долготрпелива, полна со добрина, не завидува, не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не го бара своето, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистината се радува, сé извинува, во сé верува, на сé се надева, сé претрпува (1 Кор. 13, 4-7). Амин!

 

 (Продолжува)

Друго:

 

 Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная