логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Promocija.Kaskadi.jpg


ПЕДАГОГИЈАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА

(Мт. 4, 23 - 5,12)

Централно место во спасоносната наука на нашиот Господ и Спасител Исус Христос ја имаат т.н. блаженства. Тоа се кратки поучни изреки кои упатуваат на основните добродетели што треба да ја красат душата на секој христијанин. Во своите евангелски проповеди Спасителот употребува приказни, алегории, споредби и алузии, најчесто зборувајќи му на народот со мошне разбирлив јазик, во форма, слична на народните мудрости, - присушта на јудејската традиција. Она што им е заедничко секако е практичната примена во поправањето и преобразувањето на духовниот живот на верниците. За разлика од нив, блаженствата ја содржат таа специфика, што упатуваат на есхатолошката, т.е. вечносната состојба на човекот. Тие на некој начин не потсетуваат на идниот живот и неговата суштина, но истовремено ни ја откриваат блажената состојба во која нашите прародители, Адам и Ева, живееја во рајската градина, пред адот, со други зборови ни ја откриваат промислата Божја за човекот и неговото духовно поведение. Во таа смисла, блаженствата се мост меѓу нашето историско постоење и подготвеноста за идните благочестија во Царството Небесно. Мост меѓу сегашните страдања и идната сладост. Меѓу сегашниот труд и идната радост во вечниот празник на незалезниот Осми ден од вечноста.

Самото историско милје во кое Господ ја произнесува богомудрата поука на блаженствата и самото восхитува со взаемодејствието на поуката и делата на Спасителот. Евангелистот Матеј вака ни ја пренесува историската слика:

"... одеше Исус по цела Галилеја и, кога поучуваше по синагогите, Го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и немоќ кај народот. Па се разнесе Глас за Него по цела Сирија и Ги доведуваа при Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, и бесни, и месечари, и фатени - а Он Ги лекуваше. И по Него одеше многу народ од Галилеја и од Десетtoградието, од Ерусалим и од Јудеја, отаде Јордан. Кога Го виде народот, Он се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него. И кога ја отвори устата Своја, Ги поучуваше и Говореше..."

Непрестано чинејќи се во се, Господ Исус Христос не потсетува дека и во нашиот секојдневен, со труд и маки исполнет живот, треба да ја запазиме рамнотежата меѓу верата и делата. Делата да ја закрепнуваат верата со своето ревнување, а верата да ги осмислува нашите дела со беспрекорната предаденост на саможртвената љубов која ја научивме од Самиот наш Спасител. Конечно, и блаженствата ја имаат истата дидактичка структура. Според содејствието на верата и делата во овој живот, ги стекнуваме блажените дарови на идниот.

Блаженствата не се само ветувања на Оној, Кој има власт над сегашноста и иднината, над животот и смртта. Нелажно ветување на Бога кон својот народ. Тие се поскоро напатствија и смерници во животот на секој оној, кој себеси се нарекува ученик Христов - христијанин. Затоа е толку важно, би рекол, спасоносно, со блаженствата како со духовно кормило кое ни го предаде Самиот Спасител, да живееме во секој миг од нашиот живот, итајќи кон вечното спасение.

Дури и повеќе од тоа. Во блаженствата, во еден кондензиран облик, се сместени најважните поенти на есхатологијата која ни ја откри Спасителот. Ако се задлабочиме во едноставните и мошне јасни дефиниции на вечноблажената состојба на праведниците која е заклучок на секое блаженство, во нив ќе можеме да исчитаме исклучителни податоци за идното Царство. Царството на оние што го носат со трпение и цврста вера својот крст, зашто Господ навистина, како Цар и Домаќин, како Лозар и Добар Пастир, ни вети дека заминува при својот Отец за да го подготви за нас, за верните, Небесното Царство. На тој начин Спасителот ни ја открива тајната на божествениот Домострој. Сета промисла, сета мудрост, сиот труд, воплотувањето, страдањето, крстот, смртта, воскресението и вознесението го имаат за цел љубовното единство меѓу Бога и човекот. Бог не создаде за благодатно да соцарствуваме, како духовни наследници, со Него во Царството на Отецот Небесен. А нашето наследство ќе биде утехата со која ќе се исполнат нашите срца заради исполнувањето на секоја црта и јота од законот Божји. Тоа е крајната инстанца на духовниот подвиг, на беспрекорното послушание, на незалезната надеж и самопрегорот на оние што чекорат на патот кон спасението. Тоа е патот на којшто Му се уподобуваме на Спасителот како исполнение на Неговата евангелска мисија: "...Јас Те прославив на Земјата; го извришв делото, што си Ми Го дал да Го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе, уште светот пред да настане. Го јавив името Твое на луѓето, што си Ми Ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми Ги даде, и Го запазија Твоето слово".

Една исклучителна есхатолошка содржина ни се открива во блаженството во кое Господ вели дека кротките ќе ја наследат земјата. Таа за човечката логика на нашево време, навидум, делува во потполност противречна. Ако дури и површно погледнеме на нашава историја и сето она што во неа се случува ќе забележиме дека таа им припаѓа на силните и гневните, на оние што повторно и повторно Го распнуваат Спасителот, заборавајќи на секоја кротост и смирение. Тогаш за кои наследници на кротоста и за која земја на наследство зборува Господ Исус Христос? На едно место во Евангелието Тој вели: Моето Царство не е од овој век. Значи, овој век треба да заврши, како што сведочи и свети Јован Богослов во Откровението: "...И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. Тогаш јас, Јован, Го видов светиот Град Ерусалим, нов, како слегува од Бога, од небото, стокмен како невеста, променета за својот жених"; - та тогаш, кога време нема да има повеќе, во вечноста на Царството Божјо, во преобразената логика на власта, навистина, кротките и благонамерните ќе бидат жители на наследството на Спасителот.

Кога Господ вели дека ќе се наситат гладните и жедните за правда, тогаш Тој упатува на постојаната потрага на душата човечка по вечната и апсолутна правда на Божествениот Судија. Луѓето често забораваат дека единствениот вистински Судија е Господ, па размислувајќи според човечките расудувања ја земаат улогата на судии и законодавци во божествените и човечките нешта. Но Бог вели: Не суди за да не бидеш и самиот осуден; Со каква мерка ќе мериш со таква и ќе ти се мери. Оние, иак, кои исправено стојат пред Судот Божји, во текот на целиот свој живот, живеејќи во покајание, очекувајќи го царството на правдата, жаднеејќи да заврши векот на човечката правдина и да се исполни времето на Законот Божји, тие ќе бидат наследници и на Судот, според зборовите на Спасителот: "Не знаете ли дека светите ќе го судат светот? Ако, пак, вие Го судите светот, не сте ли достојни да судите за помали работи? Не знаете ли дека ангели ќе судиме? Треба особено да му обрнеме внимание на самиот крај од последното прашање кога Господ вели: ќе судиме, ставајќи не во контекст на божествениот Суд и божествената Правда. Восхитувачко е достоинството што Господ го подготвил за нас, поставувајќи ја човечката природа на престолот Божји со Своето вознесение! Она што нам ни доликува е да се уподобиме на секоја добродетел која Тој ни ја открива. Да бидеме милостиви бидејќи е Тој милостив, та преку таа сличност да бидеме помилувани.

Чистотата на срцето е блажена состојба во која човекот јасно ги разбира божествените нешта. На извесен начин таа значи стекнување на мудроста Божја преку благодатните дарови на личното преображение. Таа се стекнува со подвигот на постојаното бдеење над себеси, со пост и со молива, преку кои, пак, се изгони родот на секоја духовна нечистотија што не оддалечува од Бога. Чистотата на срцето не обдарува со есхатолошки поглед на светот и вечноста. Со други зборови, таа ни овозможува духовно созерцание, какво што имаат ангелите. Благодатната прозорливост со која се овенчани големите подвижници на верата, преподобните старци и старици, се имено сведоштво за блажената сосотојба на срцето, во која тие пребиваат.

"Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; - вели Господ, - Јас ви го давам не како што Го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои". Како што таткото го остава наследството на своите синови, утврдувајќи го нивното достоинство, така Господ им го остава наследството на мирот на оние што Самиот ги нарекува синови Божји, на тој начин запечатувајќи го синовството. Бог се воплоти за да се сроди со нас, станувајќи Син Човечки и нас да не повика во благодатно восиновување. Тоа е дар на духовна храброст. Дар на особена слобода пред Бога. Затоа Господ вели: да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои. Изгонувајќи го стравот од нашите срца, духовната колебливост и малодушност, преку енергијата на Светиот Дух, Спасителот не подготвува за невидливата борба во која Нему Му стануваме не само сојузници туку и сродници. Тој и Самот ни открива дека ќе бидеме прогонети заради правда, дека ќе не срамат и прогонат и ќе говорат против нас секакви лоши зборови лажно - заради Спасителот, Кого ниту Го познаа, ниту Го послушаа. "Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве Гонат; - вели Господ, - ако Моите зборови ги запазеа, и вашите ќе ги запазат". Сето тоа ќе биде заради нашето богоподобие, заради нашата блажена сродност со Бога. Тоа треба постојано да не охрабрува. Затоа Господ и ја завршува оваа своја исклучителна поука со зборовите: "Радувајте се и веселете се, зашто Голема е вашата награда на небесата". Амин!

Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ


Во среда, со почеток во 20:30 ч. во Културно Информативниот Центар во Скопје беше промовиран зборникот со егзегетски беседи под наслов Каскади, на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско-Канадски Методиј Златанов, во издание на издавачкиот центар “Три”.

Беседите во овој зборник, најнова публикација на отец Методиј, по својата суштина го продолжуваат континуираниот историски потход на македонскиот беседнички жанр од самите почетоци на словенската писменост и од времето на светите Климент и Наум, Охридските Чудотворци. 

Но, беседничкото слово на отец Методиј не робува на строгата византиската омилитска форма. Тоа не извира само од сувопарната, апстрактна и учена еклисиологија, ниту е претенциозно маниристичко, туку е оросено од сопствениот долгогодишен духовен подвиг и пастирски опит. Беседите се синергија на врвното интелектуално наѕидување и молитвениот трепет на срцето. Во својата структура, тие се многу блиски до прагматичната реторика на свети Јован Златоуст, бидејќи со вистински одбрани зборови ги опфаќаат вечните вистини на Евангелието и секојдневните проблеми на современиот христијанин.

Книгата претставува запис на поучителните беседнички слова изречени за време на неделните и празничните богослужби пред верниот христијански народ во преполниот храм Св. Ѓорѓи во Кривидол во Скопје. Во форма на толкување на евангелските четива кои се читаат за време на Божествената Литургија, беседите се извор на исклучителна духовна инспирација и патеводител во редовното исчитување на библиската литература.
Промотери на зборникот Каскади беа  монахиња Синклитикија и Дарко Петровски.


Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Promocija.Kaskadi.jpg

Посети: {moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная