Утрешниот ден му припаѓа на Бога…
Колку е важно да се гледа во иднината? Да веруваш и да се надеваш на најдоброто кое сеуште не дошло, но доаѓа. Да не дозволиш минатото да те проголта, туку да кажеш: „Со Божја помош се ќе врви добро“. Ништо не завршило вчера, се почнува одново утре...“. Така живеел познатиот пророк на Црквата, свети Симеон Богоприемец, гледајќи во иднината Божја. Очекувајќи ја утрешнината која сè уште не дошла.
Христијанската црква од почетокот на своето појавување постоела како есхатолошка заедница. Нејзините членови усрдно го живееле очекувањето на Божјето Царство. Ја извршувале Светата Евхаристија, предвкус на Божјата слава. Подоцна, кога за време на свети Константин Велики христијанството станала официјална религија на империјата, есхатолошката вера во членовите на Црквата ослабнала. Привилегиите, прекинот на прогонствата и многу други нешта довеле до религиозност и секуларизација, односно до служење на повеќе религиозни потреби, а не на црковното осуштествување. Но, живото искуство дека идентитетот на Црквата е извлечен од есхатонот, а не од историјата, никогаш не исчезна од сржта на божествената служба и особено на светата Литургија. Со други зборови, свеста дека мисијата на Црквата во светот е да го манифестира и иконизира Царството Божјо, кое е веќе тука, но сè уште не.
Св. Симеон Богоприемец бил една таква есхатолошка личност, пророк кој гледал кон иднината без да се изгуби во минатото. Повеќето луѓе мислат дека „секоја година (ни) станува полошо“, и на тој начин го идеализираат минатото или се валкаат во вина. Вината за работите што ги направиле или не ги направиле. Но, Црквата ни кажува дека ние не сме нашето минато, туку нашата иднина. Ние сме она што ќе станеме, а не она што сме биле или сме.
Пророкот Симеон дал еден завет пред Бога. Што посакал? Она што еден современ верник ретко го посакува - да го види Месијата, Божјиот Син, а потоа да умре. Заветите на луѓето во најголем дел се однесуваат на материјалните работи, решавањето на проблемите и решавањето на прашањата. Св. Симеон меѓутоа, го моли Бога да не умре додека не го види и го држи Христос во своите раце.
Таква нека биде нашата секојдневна молитва, Бог да не дозволи да отстапиме од овој живот ако не Го познаеме Христа; ако не се покаеме и ако не го вкусиме опитно и живо Неговото благо присуство. Зашто очигледно едно е да се зборува за Бог, а друго е да се вкуси заедницата со Него. Пророкот Симеон, кога го сретнал Христа и Го зел во раце, Му рекол на Бога: „Сега го отпушташ својот слуга со мир, Владико...“.
Тој веќе можел да се упокои бидејќи го запознал Животот.
Автор: о. Харалампиј Пападопулос / sveticarboris.net
Подготвил С.Стефковски
4,02,2024