(Обновено)
Оче, денес еден старец со тешкотија се обидуваше да се искачи по скалите кон храмот и никој не му помогна, иако имаше многу луѓе…
– „Еден свештеник, кога го виде, си замина…и еден левит…си отиде“ (Лука 10, 31). Во право се, никогаш не слушнале во Евангелието за добриот самарјанин! Што да кажам? Се сакаме себеси, а не другите. Љубовта кон себе ја уништува љубовта кон ближниот, затоа постапуваме така. Но, оној што се љуби себеси, не живее според духот на Евагелието. Ако така Христос мислеше за Себеси, тогаш би седел на небото, не би слегувал на земјата, не би страдал и не би се распнувал заради нашето спасение.
Денес речиси кај сите луѓе има себељубие, и нема дух на жртвување. Сега господари менталитетот: „само мене да не ми е лошо“. Знате колку е тешко да се гледа кон ближните! Неодамна, во болница, бев сведок на една таква ситуација: требаше да дигнат еден болен што лежеше, за да го преместат во друга соба; медицинскиот брат не се помрдна од местото, иако тоа беше негова работа. „Не можам, ме боли половината“ – рече тој рамнодушно!
Ете, гледаш – бесчовечен човек! А бремената сестра, заедно со другата, го зедоа и го пренесоа. Тие не мислеа за себе си. Бремената сосема заборави за тоа дека е во бремена состојба и се нафати да помогне! Знаете ли, колку се радувам гледајќи човек, кој и самиот се наоѓа во тешка состојба, но се жртвува за другите! Многу се радувам! Срцето ми ликува. Чувствувам приврзаност кон таквиот човек, зашто тој е блиску до Бога.
Старец Паисиј Светогорец
Избор од фејсбук страната на: Никита Филотејски
19.08.2016