логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 image

image

image

Започнаа да се прават заштитно-конзерваторските работи за ревитализација на стариот конак и црквата Пресвета Богородица од 14 век кои се во рамки на манастискиот комплекс Свети Атанасиј во тетовски Лешок. Во првата фаза од ревитализацијата на конакот се работи на отстранување на стариот и дотраен градежен материјал, а во втората фаза доградба со нови материјали. Денеска увид во работите извршија Митрополитот тетовско гостиварски г. Јосиф заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.   -Лешочкиот манастир има огромно безвременско значење за православното македонско население во Полог и пошироко. Поради тоа изминатите месеци беше во фокусот на нашите напори после децении да започнат посериозни заштитни работи врз ова културно наследство. Инстутуционалната поддршка за подигање на овој духовен центар ќе продолжи и во 2020 година. По завршувањето на отпочнатата фаза ќе следи фаза на темелно конструктивно зајакнување на стариот конак, а на црквата Пресвета Богородица е поставен заштитен времен кров, а ќе се продолжи во следната фаза со решавање на влагата и санација на кровната конструкција и ѕидовите. Комисијата за односи со верските заедници е задоволна од кооперативноста меѓу институциите и МПЦ-ОА, изјави Сотировски. Во црквата Пресвета Богородица во иднина ќе се работи и на реставрација на фрескоживописот. Работите се изведуваат во рамки на на реализација на годишната програма на Националниот Конзерваторски Центар. А.С"

 image

image

 image

image

Јануари 2020 лето Господово


Преземено од: :https://tetovoinfo.mk/%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B1%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BE%D1%87%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

« »