логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 svjovan2020 3

„Ангелот кој стои пред Господа, радувајќи се, му благовести на твојот татко, додека тој како свештеник служеше во храмот, дека ќе бидеш Претеча и Пријател на Господа, рамен на ангелите, себлажени“ (песна од канонот на Утрена на Собор на св. славен пророк, Претеча и Крстител Јован).


svjovan2020 4

svjovan2020 6


 svjovan2020 7

На 20.01.2020 година, денот на празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот „Св. Јован Богослов“ - Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 svjovan2020 10

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Ние знаеме дека свети Јован Крстител е син на првосвештеникот Захариј, а негова мајка е Елисавета. Двајцата родители на свети Јован потекнуваат од благороднички родови. Свети Јован бил испросен со силни молитви од престарените родители и уште како младенец останал без родителска грижа. За него е пророкувано дека ќе биде голем пред Господа и дека уште од мајчината утроба ќе се исполни со Светиот Дух. Исто така за него се вели дека ќе оди со духот и силата на пророкот Илија пред Оној Кој ќе дојде да ги спаси луѓето. Споредувањето со пророкот Илија ни зборува за тоа каков извонреден пратеник Божји бил синот на Захариј и Елисавета. Како што рекол ангелот Божји, тој не пиел вино, ниту жесток пијалак. Во пустината живеел во потполна беда и смирение пред Бога. Облеката му била од камилски влакна, појасот од кожа, а храна му биле скакулци и див мед.


Од Ерусалим и од Јудеја и од целата јорданска околија луѓето доаѓале да ја слушнат проповедта на овој пратеник Божји, да ги исповедаат своите гревови и да примат покајно крштение од Јована, кој започнал да проповеда откако наполнил триесет години според јудејскиот закон. Проповедта на овој Божји пратеник била смела и силна. И навистина, во духот на бестрашниот пророк Илија, проповедал и свети Јован, изобличувајќи ги гревовите на народот. Колкава смелост треба да се има за да се каже јасно и гласно на своите современици: „Породи змиини, кој ви рече да бегате од гневот што доаѓа. Направете плодови достојни за покајание и немојте да говорите во себе: Наш татко е Авраам" (Мт. 3, 7-9).


Јован е гласот на оној кој вика во пустината. (Мт. 11, 7-14) Тој глас доаѓа и до нас. Ние треба да го подготвиме патот на Господа, да ги израмниме сите Негови патеки по кои Он треба да помине за да нѐ посети. Патот Господов е познат. Тој е голем и светол. По него оделе и одат избрани поколенија во продолжение на повеќе од дваесет века и ќе одат до крајот на светот и векот. Тие оделе и се осветувале со спасителната вистина и се издигнале до божествените вистини. Тоа се светиите и Божјите угодници, пред кои благочестивите христијански срца шепотат смирени молитви.


Патот Господов води и до нашите срца. Но, треба да ги подготвиме и поправиме за да мине по него Спасителот. Тој пат не е рамен, бидејќи гревот го разнишува. Не е рамен зашто заради нашата слабост и духовна оскуда, на него трупаме многу лутања, многу соблазни и тие стојат на него како препрека за доаѓање на Господа. Господ треба да помине по овој пат за да се всели во нашите срца. Гласот на оној кој вика во пустината е упатен и кон нас и ние треба да го израмниме патот Господов. Она што Крстителот го кажал на своите современици ни го кажува и нам: „Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама. Оти веќе и секирата стои кај коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар плод, се сече и фрла во оган" (Лк. 3, 8-9).


И ние како старозаветните луѓе да не се лажеме дека сме чеда на Исуса. Навистина Исус е наш Спасител. Затоа и дојде на Земјата. Но, и ние не треба да се спротивставуваме туку да му приготвиме пат преку вера и благочестив живот за да дојде и да се всели во нас и да нѐ спаси.


Да си поставиме прашање: дали можеме да го исправиме нашиот пат за да постане Христов пат? Ако почувствуваме дека тоа не можеме да го направиме со сопствени сили, тогаш да застанеме со смирени срца пред свети Јован Крстител и да ги слушнеме зборовите: „Еве Го Јагнето Божјо Кое ги зема гревовите на светот врз Себе." (Јн. 1, 29) Кога ќе ги слушнеме овие зборови да појдеме по Него. Он ќе ги земе нашите гревови и ќе ни помогне да ги израмниме патиштата на сопствениот живот, па така ќе постанат Негови патишта. Нека Божјата милост и благодат нѐ осенат сите нас, за да бидеме со отворени срца за гласот на оној кој вика во пустината: „Пригответе го патот Господов". Амин.

svjovan2020 11

svjovan2020 12

svjovan2020 13

svjovan2020 14


Собор на свети Јован Крстител
Манастир „Свети Јован Богослов" Канео
20.01.2020 год.

http://www.dke.org.mk/index.php/3239-2020-01-20-10-43-56

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »