логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 vodici2020 1
„Проповедникот вика: Кој виде да се очиостува Сонце Кое е пресветло по природа, да Те измијам со водите Тебе, Кој си светлина на славата и слика на вечниот Отец? И јас, кој сум сено, да се допрам до огнот на Твоето Божество, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила“ (песна од канонот на Утрена на Свето Богојавление на Господ Исус Христос).

 vodici2020 3

vodici2020 5

На 19.01.2020 година, денот кога го празнуваме Светото Богојавление на Господ Исус Христос, кога нашиот Спасител дојде во реката Јордан да се крсти, а ангелските сили стоеја на небесата и се чудеа на Божјото снисходење, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. На Литургијата присуствуваше и Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Константин Ѓорѓиески. По водосветот, сиот верен народ, предводен од Митрополитот Тимотеј и свештенството. со свечена литија се упати кон брегот на Охридското Езеро, каде беа осветени водите, а беше фрлен и светиот Крст. Оваа година Бог благоволи Крстот да дојде во рацете на Петар Рупески. Потоа Митрополитот Тимотеј се упати кон Струга, на водите на реката Црн Дрим, каде беше извршен чинот на Голем Водосвет и беше фрлен светиот Крст, а во Струга најсреќен во фаќањето на светиот Крст беше Дарко Паскоски. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

 vodici2020 7

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Драги браќа и сестри,

Денеска го прославуваме крштението на нашиот Спасител Господ Исус Христос во реката Јордан од раката на претечата и крстител Господов Јован. Господ немал потреба да се крсти, но му рекол на Јован да Го крсти и така да се исполни секоја правда. (Мт. 3, 15) Со тоа самиот Господ Исус Христос ни укажал за неопходноста од крштението. Еднаш преку ноќ зборувал со Никодим – еден од фарисеите кој поверувал во Господа Христа и му разјаснил: „Ако човек не се роди преку вода и дух, тој не може да влезе во царството Божјо". (Јн. 3, 5) Ако човек верува во Бога и сака да влезе во царството Божјо, тогаш е задолжително да ја прими светата тајна Крштение. Тоа е еден од неопходните услови за влегување на еден човек во духовно општење во Црквата и преку тоа може да има надеж да достигне до царството Божјо. „Кој поверува и се крсти ќе се спаси, а кој не поверува и не се крсти ќе биде осуден." (Јн. 4, 36) Секој кој поверува и сака да се спаси, односно секој христијанин, е должен да ја прими светата тајна Крштение, а исто така да ги крсти и своите рожби.

Што се случува во светата тајна Крштение? Во неа настапува смрт на стариот огревовен човек. Затоа ако човек се крсти и во стари години, но со вера и покајание, тогаш му се простуваат сите направени гревови во текот на неговиот претходен живот. Човекот од крштелниот купел излегува како ангел Божји. Примајќи ја светата тајна Крштение, човекот се препородува преку Светиот Дух и се облекува од Самиот Господ, затоа што Господ влегува внатре во неговото срце. Но, ако човек после Крштението продолжи да живее нехристијански како незнабожец и јазичник, тогаш Го натажува Господа со своите гревови. Ако не се кае за своите престапи, не ја очистува својата душа од гревови, тогаш тој се покажува како равен на некрстениот. Затоа ние може да слушнеме приговори од неверници кои ни велат: Вие верници и крстени се покажувате полоши од нас. Така и Словото Божјо вели: Од вас Христијани се хули името Божјо, бидејќи вие живеете полошо од незнабошците. Господ дал слобода на луѓето и тие имаат можност да изберат да одат или да не одат кон Бога, или пак, да одат кон ѓаволот. Трет пат нема, среден пат не постои. Затоа ние христијаните сме должни да одиме кон Бога, да се стремиме кон Него, да веруваме во Него, да ги примаме светите тајни, да ги исполнуваме Божјите заповеди. Ако сето тоа не го исполнуваме и сознателно и не ги оплакуваме гревовите и не бараме простување од милостивиот Бог, тогаш Тој нема да ги очисти нашите души. Оној кој сознателно греши и ги оправдува своите гревови и не се кае за нив, тој се противи на Господа, постанува непријател Божји и оди во рацете на нечестивиот.

vodici2020 9


На денешен ден на посебен начин ние добиваме Божји дар, осветување на водата со повикување на Светата Троица. Водата не ја менува својата природа, туку се исполнува со Божја енергија, Божја сила и преку овој прекрасен чин, ни соопштува и нѐ уверува во тоа дека Бог со Неговата благодат може да присуствува во сите нас, како и во сета Негова твар. На трите големи Господови празници – Богојавление, Рождество Христово и Велигден, во древната Црква секогаш се крштевале огласените, кои претходно биле подготвувани и умствено и духовно за примање на светата тајна Крштение. Токму затоа и денес на светата Литургија пееме: „Елици во Христа крестистесја, во Христа облекостесја". Тоа е истата песна која ја пееме на светата тајна Крштение. Овие убави зборови: „Вие кои во Христа се кстивте, во Хриоста се облековте" (Гал. 3, 27), од една страна се молитва со прозба кон Бога на секој крстен човек да му биде дадена сила да се облече во Христа, односно да го прими тоа што му е потребно, да ги прими мислите Божји за нас, Неговата волја, Неговата сила и Неговата благодат. Од друга страна овие зборови ни укажуваат на некое уверување дека тие кои во Христа се крстија во Христа и се облекоа. Овие зборови звучат како повик кон сите нас што сме крстени да се облечеме во Христа. Но, дали ние навистина се облекуваме во Христа, во Неговите мисли и чувства и дали ги отвораме нашите срца за да ја примиме Ниговата благодат?

Нека празникот Богојавление ги обнови во нас силите да ја сочуваме верноста на Спасителот со Кого се соединивме, Кого Го примивме во нашите срца преку тајната Крштение и Кому сме должни да Му бидеме верни до свршетокот на нашиот живот. Амин.

 vodici2020 10

Свето Богојавление - Водици

Храм „Пресвета Богородица - Каменско" Охрид

19.01.2020 год.

vodici2020 13

vodici2020 15

vodici2020 16

vodici2020 18

vodici2020 19

vodici2020 23

vodici2020 24

 vodici2020 26

 vodici2020 29

 Повеќе: http://www.dke.org.mk/index.php/3238-2020-01-19-11-33-33

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Митрополит Струмички Наум: СУШТИНСКО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Не можат меѓу себе да се разберат оној што, бранејќи го својот национален идентитет – ги губи и истиот и својот христијански идентитет, со оној што бранејќи го својот христијански...

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф:

 На патот кон вечното блаженство секогаш има безброј пречки и искушенија. И ова што ни се случува во денешницата е едно искушение, кое со вера, со надеж и со љубов...

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

« »