логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот
Божји пророк Авакум
2 декември / 15 декември

7.Vselenski.sobor
Глас 4
Угодниче Божји, пророче свети Авакуме,
преку тебе во тело како без тело,
 пренесана беше видливо помошта,
за оној кој на Бога угодува.
Mоли се јасновидче нашето време,
да се исполни со покајание и молитви,
кон Оној пред кого ти предстоиш.

 

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Гаврил
2 декември / 15 декември

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

Глас 4
Преподобниот маченик Гаврил
денес го прославуваме и благодарност
кон Бога вознесуваме Кој го возвелича
девственикот, подвижникот и маченикот
со троен венец награден,
примајќи го во Неговите раце
молитвите на исповедникот ги услишува
и нас нѐ милува заради оној кој
вистината ја посака, а лагата ја отфрли.


7.Vselenski.sobor 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 



Тропар на светата
Христова маченичка
Миропија
2 декември / 15 декември

7.Vselenski.sobor
Премудроста те дарува,
безплатно лекарство да подаваш,
на оние кои со вера примаат од Бога утехи,
о Миропијо, саду на Лекарот бесмртен,
благодатта те преисполни,
правејќи те застапник,
и за оние кои патот свој не го исправиле,
затоа еве пред Христа приоѓаме,
и на твоите молитви, за наше спасение се надеваме.

7.Vselenski.sobor

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Кирил Филеот
2 декември / 15 декември

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

Глас 8
Свети оче наш Кириле, ризницо на Божјата благодат,
поклонение и благодарност на Господа воздаваме
Кој тебе врлинскиот те откри пред нас за поука на ревнителите,
преумување на грешните, утеха на ожалостените.
Радувај се и за нас моли се преподобни учителе
кој бестрастие достигнувајќи небесата ги наследи.

 7.Vselenski.sobor

 

Извор МПЦ-ОА     
Манастир св Јован Претеча Слепче


Православен календар за 15/12/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Светиот пророк Авакум

Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики.

Светата маченичка Миропија

Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко ѝ со мајка ѝ се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го осветли небесна светлина и ѝ се јави мнозинство ангели со Св. Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ ѝ рече Св. Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 256
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 744
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »