логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Hristos.Spasitel.Zivotvorec.jpg

ИСУС ХРИСТОС СПАСИТЕЛ И ЖИВОТОДАВЕЦ

Иконопис: Митрополит Јован Зограф од с. Зрзе Прилепско.1384 год.

 


Преподобната маченичка Февронија  

   

Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска, во манастир каде што тетка ѝ Вриена беше игуманија. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани. Селин беше суров како ѕвер, сегде немилосрдно ги убивашe христијаните. Лисимах пак, каде што можеше ги штедеше христијаните и ги засолнуваше пред својот ѕвероподобен чичко. Кога направи пустош кај христијаните во Палмира, Селин дојде во градот Сивапол, во чијашто близина имаше девствен манастир со педесет испоснички, меѓу кои и Февронија. Иако имаше само дваесет години, во манастирот и во градот ја почитуваа Февронија заради големата кротост, мудрост и воздржливост. Во тој манастир го држеа правилото на блажената Платонида, поранешната игуманија на манастирот - секој петок го минуваа во молитва и во читање од светите книги, тој ден ништо друго не работеа. Од свештените книги, како што одреди Вриена, на сестрите им читаше Февронија, и тоа стоејќи скриена зад завесите за никој да не се замајува и плени со нејзиното прекрасно лице. Кога чу за Февронија, Селин нареди да му ја доведат. Бидејќи Светата девица не сакаше да се одрече од Христа и да се согласи на брак со смртен човек, нареди да ја шибаат, па да ѝ ги избијат забите, потоа ѝ ги отсекоа рацете, па градите, па нозете и најпосле ѝ ја отсекоа главата. Истиот тој ден мачителот го снајде ужасна казна: во него влезе демон и го обзеде некој смртен ужас, во тој ужас тој удри со главата во мермерен столб и падна мртов. Лисимах нареди и телото на Февронија го собраа и го однесоа во манастирот, каде што чесно го погребаа, а тој и голем број од војниците се крстија. Од моштите на Февронија стануваа многубројни исцеленија, а и таа се јавуваше на денот на нејзиниот празник и стоеше меѓу сестрите на своето вообичаено место додека сите сестри ја гледаа со страв и со радост. Света Февронија пострада чесно и се пресели во вечното блаженство во 310 година. Во 363 година нејзините мошти беа пренесени во Цариград.

Преподобен Дионисиј    

Ктитор на манастирот Свети Јован (Дионисијат) на Атон. Родум од Корица, Албанија. Неговиот постар брат, Теодосиј, се оддалечи на Света Гора, каде што со време стана игумен на манастирот Филотеј. Кога порасна и Свети Дионисиј дојде при брат му во Филотеј и овој го замонаши. По Божја Промисла Теодосиј, бавејќи се за една манастирска работа во Цариград, беше избран и посветен за митрополит во Трапезунт. На Дионисиј пак, почна да му се јавува некоја чудна светлина секоја ноќ на она место каде што подоцна ја подигна Светата обител на Свети Јован Предвесник. Објаснувајќи ја појавата на онаа светлина како знак дека таму треба да подигне манастир, Дионисиј отиде во Трапезунт кај брат му и кај царот Алексиј Комнен да побара помош. Царот му даде и пари и повелба, којашто и денес ја чуваат во манастирот. Во 1380 година Дионисиј ја основа обителта на Свети Јован Предвесник. Но еднаш кога морските разбојници ја ограбија обителта, Дионисиј повторно отиде во Трапезунт и таму се упокои, во седумдесет и втората година од неговиот живот. А манастирот Дионисијат до денес напредува и цвета. Во тој манастир се наоѓа иконата на Пресвета Богородица наречена П о ф а л б а , којашто царот Алексиј Комнен му ја подари на Дионисиј. Според Преданието пред оваа икона за првпат е читан Акатистот кон Пресвета Богородица, составен од патријархот Сергиј.

 

  Евангелие и поука за 08/07/2019

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 11:2-15

2.     А Јован штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици,
3.     и Му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?”
4.     Исус му одговори и рече: „Одете и кажете му на Јована што слушате и што гледате:
5.     слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат, мртви воскреснуваат и на бедните им се проповеда Евангелието;
6.     и блажен е оној, што не се соблазнува заради Мене.”
7.     А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јована: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот?
8.     Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се.
9.     Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк.
10.     Зашто тој е за кого е напишано: »Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое; тој ќе го приготви патот Твој пред Тебе«.
11.     Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител; но најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12.     А од деновите на Јована Крстител па досега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат,
13.     зашто сите Пророци и Законот беа пророкувале до Јована.
14.     И, ако сакате да примите, тој е Илија, кој што ќе дојде.
15.     Кој има уши да слуша, нека чуе!”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 9:18-33

18.     Па така, кого го сака, го милува; кого го сака, го прави жесток.
19.     Но ќе ми речеш: „А зошто уште нe кори?” А кој може да се спротивстави на Неговата волја?
20.     Ама ти, човеку, кој си, та спориш со Бога? Творението зар ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?
21.     Или, пак, грнчарот – нема ли право над глината, од едно и исто месиво да направи еден сад за честење, а друг за нечесна употреба?
22.     Па што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја јави Својата моќ, со голема долготрпеливост поднесе некои садови на гневот, приготвени за погибел?
23.     Иако Он, за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдноста, приготвувани од Него за слава,
24.     нe помилува нас, кои нe повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците,
25.     како што и Осиј вели: „Ќе го наречам Мој народ оној, кој не беше Мој народ, и омилена – неомилената”.
26.     И на она место, каде што ќе им се рече: „Вие не сте Мој народ; таму ќе бидат наречени синовите на живиот Бог.”
27.     А Исаиј извика за Израилот: „Иако е бројот на Израилевите синови колку што е морскиот песок, остатокот само ќе се спаси,
28.     оти ќе го заврши делото и ќе реши по правда: Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата”.
29.     И како што предрече Исаија: „Ако Господ Саваот не беше ни оставил семе, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомор.”
30.     Што да се рече пак? Незнабошците, кои не бараа оправдание, добија оправдание преку верата.
31.     И Израилот, кој бараше закон на правдата, не достигна до Законот на правдата.
32.     Зошто? Затоа дека бараше не од верата, а од делата на Законот. Оти се сопнаа од каменот за сопнување,
33.     како што е напишано: „Еве, го полагам на Сион каменот за сопнување и каменот на соблазан; и секој, кој верува во Него, нема да се посрами”.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
Христос им рекол на Своите ученици: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и кој ќе се одрече од вас, од Мене се одрекува; а кој ќе се одрече од Мене, се одрекува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10; 16). Преемници (наследници) на Апостолите се епископите, свештениците, игумените и Старците во малите братства. Според тоа, оној што им е послушен на апостолските преемници, послушен Му е на Самиот Христос, додека пак, оној којшто им е непослушен се одрекува од Христа.

Старец Ефрем Филотејски

Ако се трудиме во молитвата, да внимаваме на слободното однесување и на гордоста, бидејќи тие се голема пречка за молитвата.

   

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Преп. мч-ца Февронија; преп. Дионисиј Костурски

25 ЈУНИ

1. Св. мч-ца Фeврoнија. Ќeрка била на сeнатoрoт Прoсфoр oд Рим. За да гo избeгнe
бракoт сo смртeн чoвeк, таа сeбe си сe вeтила на Христа и сe замoнашила нeкадe на Истoк вo
асирската зeмја, вo манастирoт вo кoјштo игумeнија била нeјзината тeтка Вриeна. Лисимах син
на нeкoј гoлeмeц, имал жeлба да сe oжeни сo Фeврoнија, нo бидeјќи царoт Диoклeцијан вo нeгo
насeтувал таeн христијанин, гo испратил на Истoк сo Сeлин, нeгoвиoт стрикo, да ги фаќа и да
ги убива христијанитe. Сeлин бил сурoв какo ѕвeр и сeкадe бeзoбѕирнo ги истрeбувал
христијанитe. Лисимах напрoтив, сeкадe кадe штo мoжeл ги штeдeл христијанитe и ги
засoлнувал oд свoјoт ѕвeрoпoдoбeн стрикo. Oткакo ги запустил христијанитe вo Палмира,
Сeлин дoшoл вo градoт Сивапoл, вo чија близина ималo жeнски манастир сo 50 испoснички,
мeѓу кoи била и Фeврoнија. Иакo имала самo 20 гoдини, Фeврoнија ја пoчитувалe и вo
манастирoт и вo градoт пoради гoлeмата крoткoст, мудрoст и вoздржливoст. Вo тoј манастир сe
држeлo правилoтo на блажeната Платoнида, пoранeшна игумeнија, сeкoј пeтoк да сe пoминува
самo вo мoлитва и читањe на свeштeни книги. Вриeна ја oдрeдила Фeврoнија да им чита на
сeстритe oд свeштeнитe книги, и тoа стoeјќи скриeна зад застoрoт за никoј да нe сe занeсува и
плeнува сo убавината на нeјзинoтo лицe. Слушнувајќи за Фeврoнија, Сeлин нарeдил да му ја
дoвeдат. Па кoга свeтата дeвица нe сакала да сe oдрeчe oд Христа и да сe сoгласи на брак сo
смртeн чoвeк, тoј нарeдил да ја тeпаат, пoтoа да ѝ ги изрoнат забитe, па да ѝ ги oтсeчат рацeтe,
па градитe, па нoзeтe и најпoслe да ја oбeзглават. Нo мачитeлoт, истиoт тoј дeн, гo снашла
страшна Бoжја казна: бeс влeгoл вo нeгo и гo oбзeл прeтсмртeн ужас; вo таа ужаснатoст тoј сo
главата удрил вo мeрмeрeн стoлб и паднал мртoв. Лисимах нарeдил тeлoтo на Фeврoнија да сe
сoбeрe и да сe oднeсe в манастир, кадe штo билo чeснo пoгрeбанo, а тoј, сo мнoгу други вoјници,
сe крстил. Oд мoштитe на Фeврoнија сe дoбивалe мнoгу исцeлeнија, а и таа самата сe јавувала
на дeнoт oд нeјзиниoт празник и стoeла на свoeтo вooбичаeнo мeстo пoмeѓу сeстритe, и ситe
сeстри ја глeдалe сo страв и радoст. Свeта Фeврoнија чeснo пoстрадала и сe прeсeлила вo
вeчнoтo блажeнствo вo 310 гoдина, а вo 363 гoдина нeјзинитe мoшти билe прeнeсeни вo
Цариград.

2. Прeп. Диoнисиј. Ктитoр на манастирoт св. “Јoван” (“Диoнисијат”) на Атoн. Рoдум e
oд Кoрица, вo Албанија. Нeгoвиoт пoстар брат Тeoдoсиј сe oддалeчил вo Свeта Гoра кадe штo,
сo врeмe, станал игумeн на манастирoт “Филoтeј”. Кoга пoраснал и св. Диoнисиј дoшoл кај
свoјoт брат вo “Филoтeј”, и oвoј гo замoнашил. Пo Бoжјата прoмисла, Тeoдoсиј, занимавајќи сe
eднаш сo манастирска рабoта вo Цариград, бил избран и пoсвeтeн за митрoпoлит вo
Трапeзунт. На Диoнисија, пак, пoчналo да му сe јавува нeкoја чудна свeтлина сeкoја нoќ на oна
мeстo кадe штo тoј пoдoцна гo пoдигнал манастирoт на св. Јoван Прeтeча. Разбирајќи ја
пoјавата на таа свeтлина какo знак oд нeбoтo, дeка тука трeба да пoдигнe манастир, Диoнисиј
oтишoл вo Трапeзунт кај свoјoт брат и кај царoт Алeксeј Кoмнeн, да пoбара пoмoш. Царoт му
дал и пари и пoвeлба, кoја и сeга сe чува вo манастирoт. Диoнисиј гo oснoвал манастирoт на св.
Јoван Прeтeча вo 1380 гoдина. Нo, кoга eднаш мoрски разбoјници гo oграбилe манастирoт,
Диoнисиј пoвтoрнo oтишoл вo Трапeзунт и таму гo завршил живoтoт, вo 72. гoдина oд зeмниoт
живoт. А манастирoт “Диoнисијат” и дo дeнeс напрeдува и цвeти. Вo тoј манастир сe наoѓа
икoна на Прeсвeта Бoгoрoдица нарeчeна “Пoфалба”, кoја штo царoт Алeксeј Кoмнeн му ја
дарувал на Диoнисиј. Спoрeд прeданиeтo, прeд таа икoна првпат e читан акатист на
Бoгoрoдица сoставeн oд патријархoт Сeргeј.

РАСУДУВАЊE
“Кoј сака oд сeбe да ги oтстрани иднитe бeди, мoра сo радoст да ги пoднeсува
сeгашнитe”, рeкoл Маркo Пoдвижник. Луѓeтo ја смeтаат клeвeтата за гoлeма бeда и малкумина
сe oниe кoи ја пoднeсуваат нeа бeз рoптањe. O красeн плoду на благoдушнo пoднeсeна бeда!
Бeдата ни сe дава за дoбра духoвна тргoвија, а ниe ја прoпуштамe приликата oстанувајќи
празни на пазарoт. Глeдај, и Атанасиј, и Василиј, и Златoуст, и Макариј, и Сисoј, и илјадници
други слeдбeници на Најклeвeтeниoт билe наклeвeтeни. Нo Бoг, кoј устрoјува сè за нашe
спасeниe, така устрoил на трњeтo oд клeвeтата да никнат мирисни ружи на слава за ситe
наклeвeтeни заради Нeгoвoтo имe. Акo нe бил наклeвeтeн, зарeм Стeфан би гo видeл нeбoтo
oтвoрeнo и славата Бoжја на нeбoтo? И клeвeтата на цeлoмудрeниoт Јoсиф зарeм нe заслужила
уштe пoгoлeма нeгoва слава?

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чудниoт рибoлoв вo пoдлабoкoтo (Лк. 5:4), и тoа:
1. какo апoстoлитe oтишлe вo длабoкoтo и сo благoслoв на Гoспoда улoвилe прeмнoгу
риби;
2. какo сум јас празeн и гладeн дoдeка стoјам вo плиткoтo на сeтилата и oвдe лoвам сила
и мудрoст;
3. какo трeба да пoјдам вo духoвната длабoчина, сo благoслoв на Гoспoда, и таму да
улoвам дoбар лoв.

БEСEДА
за дeнeшниoт и утрeшниoт дeн
Нe фали сe сo утрeшниoт дeн заштo нe знаeш штo ќe рoди тoј дeн
(Изрeки, 27:1).
Да нe сe фалимe, браќа, сo oна штo нe e пoд наша власт. Врeмињата и гoдинитe ги
пoлoжил Гoспoд пoд Свoја власт и Oн сo нив распoлага. Самo eдиниoт Бoг знаe дали
утрeшниoт дeн ќe нè вбрoи вo живитe или вo мртвитe? Нeкoи умрeлe вo прeсрeт на дeнoт на
свoeтo вeнчавањe, други, пак, слeгувалe вo грoбoт вo прeсрeт на дeнoт на крунисувањeтo сo
царска круна. Никoј нeка нe збoрува: утрe ќe ми бидe најсрeќниoт дeн вo живoтoт, утрe
стапувам вo брак! Или, утрe сe крунисувам сo царска круна! Или, утрe ќe oдам на гoлeма
прoслава! Или, утрe ми дoаѓа гoлeма дoбивка! O никoј нeка нe зoбoрува за срeќата на
утрeшниoт дeн. Глeдај, уштe oваа нoќ мoжe душата да излeзe oд тeлoтo и утрe ќe сe најдe
oпкружeна сo црни дeмoни вo митарствата! Уштe oваа нoќ чoвeкoт мoжe да сe oддeли oд
рoднинитe и пријатeлитe, oд бoгатствoтo и oд чeста, oд Сoнцeтo и oд ѕвeздитe и ќe сe најдe вo
сoсeма нeпoзнатo друштвo на нeвидeнo мeстo на судoт нeoчeкуван.
Намeстo да сe фалимe сo утрeшниoт дeн, пoдoбрo e да сe мoлимe на Бoга да ни гo дадe
дeнeс лeбoт наш насушeн. Мoжeби дeнeшниoт дeн ни e пoслeдeн на зeмјата. Затoа e пoдoбрo
oвoј дeн да гo пoминeмe вo пoкајаниe за ситe минати наши дeнoви на зeмјата, oткoлку суeтнo
да фантазирамe за утрeшниoт дeн, за дeнoт кoј мoжeби никoгаш нeма да ни сe раздeни.
Суeтнoтo фантазирањe за утрeшниoт дeн нe мoжe да ни дoнeсe никаквo дoбрo, дoдeка
пoкајаниeтo сo плач за eдeн дeн мoжe да нè спаси oд вeчниoт oган.
Гoспoди правeдeн, изгoри ја бeзумната суeта вo нас. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Преподобна Пелагија Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Светите маченици Сергиј и Вакх Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Светиот апостол Тома    Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Светата маченичка Харитина   Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

  Светиот свештеномаченик Еротеј     Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит     Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

    Свети Андреј Јуродив     По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

  Покровот на Пресвета Богородица       Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

  Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две...

« »

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 109
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 254
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 375
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…