логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Тропар, глас 4.

Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придобил неизбројното мноштво Мизијско. Затоа,  со твоите молитви, избави не од искушенијата.

sv.Naumohridski.jpg

Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Нашиот преподобен и голем отец Наум, согласно воспитувањето на благородните родители, откажувајќи се од благородството и богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Философ и Методиј. Станувајќи им придружник на овие прекрасни мажи и благовесници на Вистината, се предаде во нивни раце. Нив ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи се во нивното училиште од делата на свети Григориј Богослов, свети Јустин Философ, свети Григориј Неокесариски, свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст, свети Григориј Ниски, Блажен Августин, свети Јован Дамаскин, и подготвувајќи се за големото апостолско дело што го очекуваше. Дејноста на свети Наум е тесно поврзана со мисионерската дејност на светите Методиј и Кирил. Околу 863 година тој замина со нив во земјите на Централна Европа. Патувајќи со нив по селата на новоформираното Кралство на Моравија – на територијата на среден Дунав, меѓу Чешка, Баварија и Словачка – овој вистински Христов апостол беше подложен на многу искушенија: беше биен, исмејуван, хулен, претрпувајќи долги и бескрајни тегоби и тешкотии, затвори, насилства и студ, и протерувања од непријателите Христови и на Верата. Но, Господ го поткрепи нивното богоудно дело и за кратко време работата на овие свети Отци доживеа голем успех, во голема мера и затоа што тие го знаеја локалниот јазик. И за да привлечат мнозина да Го познаат Христос, и за да ги просветлат со светлината на благочестивата вера и со пишаното слово, се спротивставија на тријазичната ерес според која словенскиот јазик не беше достоен за на него да се шири Словото Божјо, туку оваа чест беше припишувана само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот. Раководени од зборовите на Спасителот: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15), тие го преведоа Светото Писмо – Стариот и Новиот Завет како и Литургијата на свети Јован Златоуст од грчки на словенско-македонски јазик, создавајќи ја за оваа цел глаголицата, предавајќи го јасно словенскиот збор со букви и со изразни зборови какви што пронајдоа. На овој начин ѝ дадоа на својата мисија цврста основа во писмо и книги. Пред да го објават тоа корисно и Божјо дело меѓу тамошните народи, светите Методиј, Кирил, Климент, блажениот Наум и другите со нив свети ученици-апостоли, заедно решија да го претстават пред Вселенската Црква, за да добие сила и потврда. Ги зедоа книгите, и исполнети со Божјиот Дух, околу 869 г. стигнаа во старата престолнина на Ромеите – Рим. Тогаш беше архиереј големиот Адријан II (867-72). Тој, откако разбра за доаѓањето на Светите, ги пресретна оддалеку со целиот свештенички собор и торжествено ги прослави, како што се практикувало во такви случаи за светители. А свети Наум, иако беше помлад од сопатниците, им беше еднаков на своите сотрудници во апостолската ревност и во чудотворната сила, како и во ученоста и во познавањето на многу јазици. Таму, кога влегуваа во градот, Господ, Кој ги прославува оние што Го слават, покажа преку Своите служители натприродни чуда. Така многу слепи прогледаа, мнозина свиени се исправија, глуви и неми проговорија и прослушаа, хроми проодија и други се очистија од нечистите духови и се исцелија од разновидни болести. Од тие чуда и од други Божји откровенија, кога архиерејот виде и сфати дека се од Бога дела, ги замоли Светите да му ги покажат книгите што ги преведоа. Штом му ги донесоа, тој ги провери со целата своја строгост, срамнувајќи го грчкиот со словенскиот текст, ги прогласи за веродостојни, ги одобри како погодни во секој поглед за евангелизација на словенскиот народ, и рече: „Господ е благословен! Овие книги се вистински принесувања жртви на Бога, Нему угодни!“ Потоа тие отслужија Божествена Литургија и папата го потстрижа во голема схима Константин и го нарече Кирил, а Методиј го назначи за Архиепископ на Моравија и цела Панонија, со седиште во древната епископска столица Сирмиум (Сремска Митровица), со јурисдикција над словенските земји на Панонија, Моравија, Словачка и дел од Хрватска. Потоа ги ракоположи светите Климент и Наум заедно со другите свештеници и ѓакони и благослови да се служи Литургија на словенски јазик во градските цркви.

 sv.Naumohridski.jpg

Откако Светите го исполнија доброчестивото дело, тие сакаа да се вратат назад, секој во своето место. Тогаш ги пресретна целиот народ од градот со големи почести и љубов. А и тие се трудеа секаде каде што имаше тешкотии и болести да исцелуваат. А начинот на кој лекуваше свети Наум беше чудесен и достоен да се прикаже: од неговите очи се излеваше исцелителска сила, која ги лекуваше болестите кај они кои со вера ќе погледнеа во очите на овој свет угодник Божји. Со сила беа одделени оние кои ги следеа, со многу солзи и со тажни лица, и на крајот, кога се простуваа еден од друг со целиви и духовна љубов, благословувајќи ги, Светителите тргнаа по патот. По кратко време, на 14 февруари 869 г., во манастир во Рим се упокои богоносниот Кирил и неговото сефално тело беше положено во храмот на свети Климент Римски. А свети Методиј, пак, ја остави жалоста по својот роден брат Кирил, и откако доби разрешување од блажениот папа Адријан, отиде со сите свои ученици во Панонија. И таму сè добро уреди и поучи. Свети Методиј 24 години носеше архиерејски чин во Моравија и Панонија и, покрај другата дејност, раководеше во Велеград словенско пастирско училиште, каде што учеа многу ученици и каде што беше центарот на словенското богослужење и образование за тие држави. Кога умре во 885 г., тој остави голем број ученици (свештеници, ѓакони, ипоѓакони), до 200 на број, кои беа воспитаници на тоа училиште, во чие подготвување секако учествуваше и презвитерот Наум, меѓу другите избрани ученици, кои ревносно проповедаа во својата околина, пишуваа и преведуваа црковни книги. Првенството меѓу учениците го држеше Горазд, кого самиот свети Методиј го прогласи за Моравски Архиепископ кога доби известие од Господ за своето упокојување. Но дрската толпа од еретици не престана да се бори против него дури и по неговата смрт. Така тие го лишија Горазд од епископска власт и архиерејството го презеде некој Латин, наречен Вихинг, кој беше опијанет од беснотијата на ереста. Тој со својата група почна да го напаѓа православното мнозинство на учениците на свети Методиј. Исполнет со еретичкото учење на Македониј и Аполинариј, тој го преврти целото светоотечко учење на свети Методиј и бараше од верните да исповедаат дека Синот е роден од Отецот, а дека Духот излегува од Синот. Тогаш Светите почнаа да се борат против тие соблазнувања и силно да го проповедаат правилното учење за Светиот Дух, преобраќајќи мнозина во Православието и гласно исповедаа: „Ние веруваме дека Духот произлегува од Отецот и дека Отецот е причина на раѓањето на Синот, но дека е присутен во Синот и секогаш преку Него се раздава на достојните. Меѓутоа, едно е излегување, а друго е раздавање. Првото го објаснува начинот на постоењето на Духот, зашто, како што е Синот од Отецот по раѓање, така е Духот по произлегување од Него. Давањето не го објаснува начинот на постоењето, но покажува обогатување и раздавање... Светиот евангелист Јован ни Го претставува Синот, Кој зборува за Духот на вистината, Којшто излегува од Отецот. Затоа престанете да го острите страшниот меч против себеси. Престанете да се спротивставувате на Божјиот Син, Големиот Благовестител, од Кого, преку и за Кого е целото Евангелие, и без Духот да учите за Духот, или подобро да речеме да зборувате во противниот дух!“ Вихинговците (Франко-Германите) видоа дека не можат со логика и со Откровение Божјо да ја бранат својата теза, па прибегнаа кон лукавство: прво се заколнаа пред Светополк – кнезот на Моравија, дека право веруваат, а тој затоа им ја предаде Црквата во тие места, и тогаш тие го започнаа страшното гонење на Методиевите ученици и следбеници. Ги присилуваа да ја примат нечестивата догма, ги мачеа бесчовечно, им ги разграбуваа домовите, ги влечкаа голи низ трње. Презвитерите и ѓаконите што беа помлади ги продаваа на Евреите како робови. Светите Горазд, Климент, Наум, Лаврентиј и Ангелариј и многу други знаменити мажи ги оковаа во пранги и ги затворија во темница, каде што им беше забранета секаква утеха, бидејќи по никаков начин при нив не смееја да пристапат ни роднини ни познати. Но, што промислува Бог, Кој не дозволува да се навредуваат и обесчестуваат Неговите луѓе? Кога се наоѓаа Светите во затворот и пееја од целата душа и срце едногласно „Господи, Пресветиот Твој Дух...“, о чудо, голем земјотрес се случи, целото место се затресе, и паднаа многу ѕидови и куќи на тираните, па паднаа синџирите и јажињата од рацете и нозете на Светите. Свети Наум ја покажа силата на својата молитва кога чудотворејќи ја отвори затворската капија. И сите заедно излегоа и тргнаа по патот, радувајќи се како некогаш апостолите, зашто се удостоија да страдаат поради Светиот Дух, како оние поради името на Распнатиот Владика. И сите се зачудија пред тоа чудо и ги нарекоа Светите големи. Но јазикот на еретиците повторно се обиде да го изопачи чудото, припишувајќи го тоа на Велзевул, како што направија Јудејците пред Христос. Потоа, бидејќи безумниот кнез не можеше да го разбере ова чудо – Светите повторно беа ставени во окови, потешки од првите и со затворски маки побезуспешни од поранешните. Изминаа три дена. И кога ја завршуваа молитвата на Третиот час, повторно стана истото што и порано: земјотрес и шум од небото и раскршување на прангите. И без да му соопштат за тоа нешто на кнезот, богоборците повторно ги подложија Светите на истите мачења. Откако изминаа десет дена, пак, по третпат Бог ги посети подвижниците, но бесчувствителните еретици повторно си останаа така заслепени. И така врз болките од раните им се наложија на Светителите уште поголеми страдања. Бидејќи имаа од кнезот дозвола да се однесуваат со нив како им е угодно, тие ги извлекоа од затворот и ги измачуваа со бесчовечни удари. По таквите удари, не им дозволија дури ни да се нахранат, бидејќи никому не му дозволуваа да им подаде дури ни парче леб на Христовите слуги. Прогласени за бунтовници против државниот поредок, беа предадени на војниците за да ги одведат пооделно на разни места покрај Дунав, осудувајќи ги небесните граѓани на изгонување од градот. И војниците – луѓе варвари, ги грабнаа Светителите, ги изведоа надвор од градот и откако ги соблекоа, ги протераа голи. Свети Климент ги зеде со себе светите Наум и Ангелариј и се упати со нив кон Дунав на југ, раководејќи се од Евангелието: „Кога ќе ве изгонат од еден град, одете во друг“ (Матеј 10, 23). И ете тие пристигнаа во едно село, во кое решија да ги поткрепат своите тела истоштени од недостаток на храна и покрив. Се распрашаа кој во селото е богољубив, гостољубив и прочуен со благочестивиот свој живот и, откако најдоа таков, отидоа на гости кај него. Тој човек имаше единец син. Но штом влегоа туѓинците во куќата, синот умре. Таткото, целиот скршен, ги проколнуваше и им се закануваше, сметајќи ги за маѓесници и демони. Но и Светите сами страдаа не помалку од таткото. Тогаш тие се оддадоа на молитва, успокојувајќи го со кротост силниот гнев на таткото. И навистина, штом се помолија за детето – о ново чудо!, о, Твојата вечно светла благодат, Спасителу Христе! – на ожалостениот татко жив му го предадоа синот. Таткото, пак, надвор од себеси од радост викаше: „Простете, простете ми преподобни Отци. Јас ништо не знаев за вас и затоа сум повиновен. Но еве ви сè што имам, па и самиот ќе ви бидам слуга!“ Задоволни од верата на човекот, тие смирено зедоа само она што им беше најпотребно за патувањето што им претстоеше и тргнаа по патот што водеше кон Дунав. Кога стигнаа на дунавскиот брег и го видоа силното и поради тоа непреодно течение, откако заврзаа три дрва со лоза, со молитви и Божјо чудо ја преминаа реката на другата страна и стигнаа до Белград. Тамошниот воен намесник убаво ги пречека и ги прати кај владетелот по име Михаил-Борис2, кој со почести и велелепно ги поздрави, благодарејќи Му на Бог бидејќи доби такви учители, не обични луѓе, туку исповедници и маченици. Тој некое време ги задржа во Преслав, а потоа според желбата ги распореди во местата наоколу, за да го проповедаат името Христово. Им нареди на граѓаните да ги слушаат Светите и да им се потчинуваат на наредбите, како да се негови, и да им помагаат во градењето на светите храмови кои тие ќе сакаат да ги градат, за да се множи благочестието. Во Преслав свети Наум работеше седум години (886-893) развивајќи учителска дејност. Таму го продолжуваше делото на своите учители, поткрепен од Духот. Ја ширеше писменоста, подготвуваше свештеници, го објаснуваше и толкуваше Светото Писмо и делата на светите Отци, а понадарените свештеници ги поттикнуваше да препишуваат и да создаваат свои дела. Тој исто така имаше и улога на дворски советник, прво кај кнезот Михаил-Борис, а потоа и кај неговиот наследник царот Симеон. А свети Климент беше испратен за учител во областа Кутмичевица во Македонија, каде што доби многу поволни услови за работа. Тој во манастирот за свој помошник подоцна го зеде свети Наум за да му помага во учителствувањето и другите дела. Кога кнезот Михаил-Борис се повлече заминувајќи во манастир и на престолот дојде неговиот благочестив син Симеон (893-927), тој го предложи свети Климент за епископ на Дремвица и Белица (се смета дека е ова Тивериополската епархија – денешна Струмица). Така во 893 година свети Климент стана прв словенски епископ на Балканот меѓу ромејските епископи. На своето место на Охридскиот универзитет тој тогаш го постави свети Наум, како најдостоен наследник, да ја продолжи неговата учителска дејност. Светите Климент и Наум го поткрепија делото на своите учители Кирил и Методиј поставувајќи цврст темел на православната словенска Црква и на православната словенска култура во Македонија, како и во другите православни земји: Бугарија, Србија, Русија и др. Со христијанското словенско училиште и просвета, со подготвувањето на свештеници и други клирици образовани на словенски јазик, со воведувањето и ширењето на словенскиот јазик во сите богослужби и во целата просвета, од црквите во Македонија го отстранија паганството како и грчкото и латинското влијание. Во секоја парохија дејствуваа по 300 одбрани ученици (учители, проповедници, клирици), а нивниот вкупен број изнесуваше 3500, од кои половината, ако не и повеќе непосредно се беа напоиле од благодатното слово на свети Наум. Во Охридскиот книжевен центар свети Наум работеше седум години. Ова училиште имаше карактер на универзитетска установа и со право денес се смета за прв универзитет во Европа. Сиот овој труд даваше обилни плодови уште во тоа време. Во 900 година свети Наум на брегот на Охридското Езеро основа манастир посветен на светиот архангел Михаил и сите свети небесни и бестелесни сили, којшто го освети Епископот Климент. Со повлекувањето во манастирот, свети Наум се вгради во темелите на монаштвото во Македонија, и околу него се собраа мноштво монаси од целиот Балкан. И откако направи сè што Му е благоугодно на Бог, почина таму блажениот Наум во длабока старост и Му ја предаде својата душа на Бог на 23 декември 910 година. А чесното тело негово беше положено во гробот, во десното крило на храмот, од Христовиот архиереј Климент Охридски, кој се упокои шест години подоцна. Уште на крајот на десеттиот век светите Наум и Климент се канонизирани за светители. Свети Наум е почитуван уште за време на животот, а особено по повлекувањето во манастирот и за време на отшелништвото во крајезерските пештери, како добродетелен и свет подвижник и како чудотворец. Свети Наум беше мудар учител, боговдахновен раководител на монасите, строг подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Правеше многу чуда за време на животот и по смртта. Од неговите чудотворни мошти и денес се случуваат многубројни чуда, исцеленија од тешки болести, особено лудило и демоноопседнатост. Многумина болни доаѓаат на неговиот гроб и тоа не само православни туку и луѓе од друга вера. Во 1926 година еден муслиман од Ресен донесува камбана за да ја приложи на манастирот од благодарност што Светителот му го беше излекувал братот и од смртна постела го подигнал повторно во живот. Името на приложникот е Џемаил Зизо, а на неговиот брат Сулејман Зизо, и двајцата угледни граѓани на тогашен Ресен. Затоа, браќа, и ние да му последуваме на добриот живот на овој блажен Отец, кој се зачува наполно девствен и чист и кој претрпе многу беди и напасти поради вистинската Божја вера, па со него да ги достигнеме вечните богатства на нашиот Господ Исус Христос, во слава на Отецот, на Синот и на Светиот Дух, секогаш и во сите векови. Амин.

Свети Калист I, патријарх Цариградски

Како ученик на Свети Григориј Синаит се подвизуваше на Атон во скитот Магула кај Филотејскиот манастир полни дваесет и осум години. Овде подоцна ја подигна Светата обител на Свети Мамант. Во 1350 година беше избран за патријарх Цариградски. По четири години се оддалечи од патријаршискиот престол и дојде повторно на Света Гора. Но во времето на царот Јован Палеолог беше вратен пак на престолот на којшто како патријарх остана до смртта. Се упокои во 1368 година на пат за Серез, одејќи накај српската царица Елена за да бара помош против Турците. Заедно со Игнатиј состави одлично раководење за подвижници. Освен тоа ги напиша и житијата на Св. Григориј Синаит, Св. Теодосиј Трновски, но и многубројни беседи. Интресно е да се спомне дека Св. Максим Капсокаливит му ја прорече смртта на Свети Калист. На патот кон Србија патријархот наврати на Света Гора. Кога го виде, Свети Максим рече: „Овој Старец нема веќе да го види своето стадо, зашто зад него оди надгробно пение: „Блажени се оние што непорочно одат.“

Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија

Роден е во Александрија и рано стапи во манастир. Се удостои со големи откровенија и голема благодат, така што и мртви воскреснуваше и ги изгонуваше демоните од демоноопседнатите. Прво беше епископ во Александрија, но на заповед од небото прејде во Италија, во незнабожечкиот град Врунтисиопол, којшто сиот го покрсти и во кој Ѝ изгради храм на Богородица. После голем и успешен подвиг се пресели во вечноста, во времето на царот Теодосиј II, во 5 век.

Блажениот Студиј

Прочуен патрициј и конзул во Цариград. Ги основа црквата и манастирот на Свети Јован Предвесник близу Златните Порти. Манастирот по него е наречен Студитски, а стана славен заради многубројните тамошни славни мажи, духовници, страдалници, од коишто најпознат е Свети Теодор Студит. Латинските крстоносци ја разорија оваа обител во 1204 година, но царот Константин Палеолог Порфиророден ја обнови во 1293 година. На нејзиното место денес се наоѓа турска џамија.

sv.Naumohridski.jpg

Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски

На подвиг се посвети уште од младоста и како град на врв планина го видоа и го повикаа за епископ во градот Патара Ликиска. Учен и благоглаголлив архиереј, пишуваше против ереста на Ориген. Неговите „боговдахновени зборови како молња заблеснаа во светот“. Се кренаа на него незнабожците, го мачеа и го заклаа во Халкида Сириска, во 311 година.

Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј

Аристокл беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Но му се придружија ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристокл го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Bogorodica.Modenska.jpg

 Евангелие и поука за 03/07/2019
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 6:17-23

17.     Па како слезе заедно со нив, Он се задржа на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско,
18.     кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекува.
19.     И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите.
20.     А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо!
21.     Блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете!
22.     Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки!
23.     Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 10:16-22

16.     Ете, Јас ве праќам како овци меѓу волци: бидете мудри како змии и незлобни како гулаби.
17.     Пазете се од луѓето, зашто тие ќе ве предадат на судовите, и по синагогите нивни ќе ве бијат.
18.     И ќе ве одведат пред управници и цареви заради Мене, за да сведочите пред нив и пред незнабошците.
19.     Кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да кажете;
20.     бидејќи не сте вие што ќе говорите, а Духот на вашиот Отец ќе говори во вас.
21.     И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат;
22.     и ќе бидете намразени од сите заради Моето име, но, кој претрпи до крај, ќе биде спасен.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Галатјаните 5:22-26;6:1-2

22.     А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата,
23.     кротоста, воздржливоста. Против такви нема закон.
24.     Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
25.     Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.
26.     Да не бараме лажна слава, еден друг да не предизвикуваме, еден на друг да не завидуваме.
1.     Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.
2.     Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 8:1-13

1.     И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото, а по Духот,
2.     бидејќи Законот на Духот, кој дава живот во Христа Исуса, ме ослободи од законот на гревот и на смртта.
3.     Она, што Законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, слично на телото од гревот, и поради гревот Он го осуди гревот во телото,
4.     за да се оправда Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
5.     Оти оние, кои живеат по тело, мислат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното.
6.     Телесното мудрување е смрт, а духовното мудрување – живот и мир;
7.     бидејќи телесното мудрување е непријателство против Бога; на законот Божји тоа не му се покорува, ниту, пак, може.
8.     А оние, кои живеат по телото, не можат да Му угодат на Бога.
9.     Вие живеете не по тело, туку по дух, само тогаш ако Духот Божји живее во вас. Ако, пак, некој нема Дух Христов, тој не е Негов.
10.     Ако е, пак, Христос во вас, телото е мртво за грев, а духот живее поради правдата.
11.     Но ако Духот на Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исуса, живее во вас, тоа Оној, Кој Го воскресна Христа од мртвите, ќе ги оживотвори и вашите смртни тела преку Својот Дух, Кој живее во вас.
12.     И така, браќа, ние не сме му должни на телото, та да живееме по телото;
13.     бидејќи, ако живеете по телото, ќе умрете; но, ако преку Духот ги умртвувате работите на телото, ќе бидете живи.

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски
За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и смирение.

Старец Ефрем Филотејски

Секој од нас е способен да се здобие со внатрешна молитва, односно да направи од неа свој начин на општење со Бог.

 

Holy Martyr Methodius, Bishop of Patara


From his youth, Methodius dedicated himself to asceticism and, as a city on a hill, was seen and summoned to the episcopacy in the city of Patara in Lycia. As a learned and eloquent hierarch, Methodius wrote against the heresy of Origen. His "God-inspired words shown throughout the entire world as lightning." The pagans rose up against him, tortured him and beheaded him in Chalcis in Syria in the year 311 A.D.


Holy Martyrs Aristocles, Dimitrianus and Athanasius


Aristocles was a priest of the cathedral church in the town of Tamasus on Cyprus and lived a God-pleasing life. Because of his great zeal for the Faith, Aristocles was made worthy of a voice from heaven instructing him to go to Salamis in Cyprus and to receive the wreath of martyrdom. Dimitrianus the deacon and Athanasius the reader accompanied him. Arriving at Salamis, these men of God began to preach Christ. The pagans seized them and after torturing them, Aristocles was beheaded and Dimitrianus and Athanasius were burned alive in the year 306 A.D.


Venerable Nahum of Ohrid


Nahum's principle feast is celebrated on December 23 and June 20 is his summer feast (Life of St. Nahum December 23). During the summer feast there is a great assembly of people at the monastery of St. Nahum. Many sick people come or are brought to beseech healing through faith and prayer over the relics of the saint. Not only Orthodox people but also those from other faiths come to seek favor from St. Nahum. In 1926, a Muslim from Resen brought and donated a bell to the monastery out of thanksgiving because St. Nahum healed his brother from his deathbed and restored him to life. The donor was Jemail Zizo and his brother, who was healed, was called Suleiman Zizo. Both were prominent citizens of Resen.


Saint Kallistos I, Patriarch of Constantinople


As a disciple of Gregory Sinaite, Kallistos lived a life of asceticism for twenty-eight years on Mt. Athos in the Scete of Magoula at the monastery Philotheou. He later founded the monastery of St. Mamas. He was elected patriarch of Constantinople in the year 1350 A.D. After four years he withdrew from the patriarchal throne and again returned to Mt. Athos. During the reign of John Paleologus, he was again returned to the throne where, as patriarch, he remained until his death. He died in the year 1368 A.D. enroute to Serres where he traveled to meet the Servian Empress Helena who came to seek help against the Turks. In the company of Ignatius, he compiled a beautiful guide (manual) for ascetics. In addition to this, he wrote the hagiography of St. Gregory Sinaite and St. Theodosius of Trnovo as well as numerous homilies. It is interesting to note how St. Maximus of Kapsokalyvia prophesied the death of Patriarch Kallistos. On his way to Serbia, Kallistos traveled through the Holy Mountain. Seeing him, St. Maximus said: "This elder will never see his flock again for behind him is heard the funeral chant: "Blessed are the undefiled in the way".


Saint Leucius, Bishop of Brindisi


Leucius was born in Alexandria and, at the early age, entered a monastery. He was made worthy of great revelations and powerful grace so that he resurrected the dead and drove out demons from men. At first, he was a bishop of Alexandria and, by command from heaven, Leucius crossed over to Italy to the pagan town of Brindisi, which he completely baptized and built a church to the Mother of God. After many and successful labors he took up habitation in eternity during the reign of Emperor Theodosius II, in the fifth century.

Blessed Studios


Studios was a prominent patrician and consul in Constantinople. He founded the church of St. John the Forerunner near the Golden Gates and a monastery named Studion after him. This monastery became famous for the many glorious men, spiritual fathers, ascetics and many who suffered for the Faith (martyrs), the most famous of which was St. Theodore the Studite. The Latin Crusaders destroyed this monastery in 1204 A.D. but Emperor Constantine Paleologue Porphyrogenitus rebuilt it in the year 1293 A.D. A Turkish mosque stands on that place today.

Holy Elder Silouan the Athonite

When we love someone, we like to think about that person, talk about him, be with him. Now the soul loves the Lord, as her Father and Creator, and stands before Him in awe and love; in awe because He is the Lord; in love because the soul knows Him for her Father – He is all mercy, and His grace sweeter than aught else.

 


 

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

† Преп. Наум Охридски – Чудотворец; св. свш-мч. Методиј Пата.

20 ЈУНИ

1. Свeшт.мч. Мeтoдиј eп. Патарски. Oд младини сe пoсвeтил на пoдвиг и какo град на
планина бил видeн и пoвикан на eпискoпствo вo градoт Патара Ликијска. Учeн архијeрeј и сo
дoбар гoвoр, Мeтoдиј пишувал прoтив Oригeнoвата eрeс. Нeгoвитe “бoгoвдахнoвeни збoрoви
какo мoлња заблeскалe пo цeлиoт свeт”. Нeзнабoжцитe сe крeналe прoтив нeгo, гo мачeлe и гo
oбeзглавилe вo Халкида Сириска вo 11 гoдина.

2. Св. маченици Аристoкл, Димитријан и Атанасиј. Аристoкл бил свeштeник на
сoбoрната црква вo градoт Тамас на Кипар и пoминувал бoгoугoдeн живoт. Пoради нeгoвата
гoлeма рeвнoст вo вeрата, сe удoстoил сo глас oд нeбoтo да oди вo Саламина Кипарска и да
прими вeнeц на мачeништвo. Нeму му сe придружилe ѓакoнoт Димитријан и чтeцoт Атанасиј.
Стигнувајќи вo Саламина, oвиe Бoжји луѓe пoчналe да Гo прoпoвeдаат Христа. Нeзнабoжцитe
ги фатилe и пoслe измачувањeтo, Аристoкл сo мeч гo oбeзглавилe, а Димитријан и Атанасиј вo
oган ги изгoрeлe вo 306 гoдина.

3. Прeп. Наум Oхридски. Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври, а на 20 јуни му e
лeтeн празник (види житиe на 23 дeкeмври). На oвoј лeтeн празник има гoлeм нарoдeн сoбoр
вo манастирoт на св. Наум. Мнoгу бoлни дoаѓаат или сe дoнeсувани за тука над мoштитe на
свeтитeлoт прeку вeра и мoлитва да дoбијат исцeлeниe. Нe самo правoславни, туку и луѓe oд
друга вeра дoаѓаат да пoбараат пoмoш oд св. Наум. Вo 1926 гoдина eдeн муслиман oд Рeсeн
дoнeсoл и му прилoжил на манастирoт ѕвoнo oд благoдарнoст затoа штo свeтитeлoт му гo
исцeлил братoт и oд прeдсмртната пoстeла пoвтoрнo гo вратил вo живoт. Даритeлoт сe викал
Џeмаил Зизo, а нeгoвиoт исцeлeн брат Сулeјман Зизo. Двајцата билe углeдни граѓани вo Рeсeн.

4. Св. Калист I, патријарх Цариградски. Какo учeник на св. Григoриј Синаит сe
пoдвизувал на Атoн, вo скитoт Магула кај филoтeјскиoт манастир пoлни 28 гoдини. Пoдoцна
тoј тука гo изградил манастирoт на св. Мамант. Бил избран за патријарх Цариградски вo 1350
гoдина. Пoслe чeтири гoдини, сe oддалeчил oд патријаршискиoт прeстoл пoвтoрнo вo Свeта
Гoра. Нo вo врeмeтo на царoт Јoван Палeoлoг пoвтoрнo бил вратeн на прeстoлoт и какo
патријарх oстанал дo смртта. Сe упoкoил вo 1368 гoдина на патoт за Сeрeс, oдeјќи кај српската
царица Eлeна да бара пoмoш прoтив Турцитe. Заeднo сo Игнатиј сoставил прeкраснo
ракoвoдствo за пoдвижницитe. Oсвeн тoа, ги напишал житијата на св. Григoриј Синаит и св.
Тeoдoсиј Трнoвски, какo и мнoгубрoјни бeсeди. Интeрeснo e да сe спoмнe какo св. Максим
Капсoкаливит му ја прoрeкoл смртта на патријархoт Калист. На патoт за Србија, Калист
наминал вo Свeта Гoра. Видувајќи гo св. Максим, рeкoл: “Oвoј старeц пoвeќe нeма да гo види
свoeтo паствo заштo зад нeгo сe слуша надгрoбнo пeeњe: блажeни сe нeпoрoчнитe на свoјoт
пат”.

5. Св. Лeвкиј eп. Врунтисиoпoлски, вo Италија. Рoдeн e вo Алeксандрија и ранo
стапил вo манастир. Сe удoстoил сo гoлeми oткрoвeнија и мoќ на благoдат, така штo и мртви
вoскрeснувал и дeмoни oд луѓeтo изгoнувал. Најпрвo бил eпискoп вo Алeксандрија, па пo
запoвeд oд нeбoтo прeминал вo Италија вo нeзнабoжeчкиoт град Врунтисиoпoл, кoј цeлиoт гo
пoкрстил и изградил храм на Бoгoмајката. Пo гoлeмиoт и успeшeн труд сe прeсeлил вo
вeчнoста вo врeмeтo на царoт Тeoдoсиј ““, вo V вeк.

6. Блажeн Студиј. Бeлeжит двoрјанин и кoнзул вo Цариград. Близу дo Златнитe Пoрти
oснoвал црква пoсвeтeна на св. Јoван Прeтeча и манастир, пo нeгo нарeчeн “Студијски”. Oвoј
манастир станал пoзнат пo мнoгутe славни мажи, духoвници, пoдвижници и за вeрата
страдалници, oд кoи најпoзнат e св. Тeoдoр Студит. Латинскитe крстoнoсци ја разoрилe oваа
oбитeл вo 1204 гoдина, нo била oбнoвeна oд царoт Кoнстантин Палeoлoг Пoрфирoрoдeн вo
1293 гoдина. На тoа мeстo сeга сe наoѓа турска џамија.

РАСУДУВАЊE
Свeти Кипријан за бeсмртнoста пишува: “Кoга нeкoј пoзнат чoвeк ќe ти вeти нeштo, ти
би пoвeрувал на нeгoвoтo вeтувањe и нe би ни пoмислил дeка ќe тe измами oнoј кoј e пoстoјанo
вeрeн на свoјoт збoр. Нo, глeдај вeрoлoмнику, тeбe ти збoрува самиoт Бoг и ти сo сoмнeвањe сe
кoлeбаш! Бoг ти вeтил бeсмртнoст пo излeгувањeтo oд oвoј свeт, а ти дрскo сe сoмнeваш вo тoа
вeтувањe? Тoа значи: дeка сoсeма нe Гo пoзнаваш Бoга, дeка сo нeвeрувањeтo Гo наврeдуваш
Христа Гoспoда и Учитeлoт”. O кoлку e силна вeрата на Бoжјитe свeтитeли! И кoлку e јасна и
разбирлива, и e дoбрo oбразлoжeна сo прoсти, нo силни примeри! Oниe кoи нe сe свeти, нe сe
сoмнeваат нe затoа штo сe пoразумни, туку затoа штo нe сe свeти. Свeтиoт чoвeк e сeкoгаш
пoразумeн, бидeјќи вo чистoтo oглeдалo на свoeтo срцe ја глeда вистината.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo исушувањe на нeплoдната смoква (Мт. 21:19), и тoа:
1. какo Гoспoд ја прoкoлнал смoквата сo мнoгу лисја а бeз плoд и смoквата сe исушила;
2. какo e и мoјoт живoт сo мнoгу листoви - на тeлeсни грижи, жeлби и мисли - а бeз
духoвeн плoд, та мoжe да дoјдe дo истoтo прoклeтствo, акo нe сe пoправам.

БEСEДА
за тoа какo нашeтo спасeниe e вo Бoжји рацe
Кoњoт гo пoдгoтвуваат за дeнoт на битката, нo пoбeдата e oд
Гoспoда (Изрeки, 21:31).
Ниe смe дoлжни да сe пoдгoтвувамe, нo oд Бoга зависи нашиoт успeх. Сeта наша
пoдгoтoвка e самo какo прeдлoг на Бoга, нo пoдгoтoвката нe рeшава туку Бoг. Затoа нарoдoт,
спoрeд свoeтo искуствo, мудрo вeли: “Чoвeкoт прeдлага а Бoг распoлага”.
Христoв вoјнику, oпрeмувај гo свoјoт ум какo дoбриoт кoњ; наoружувај гo свoeтo срцe сo
дoбрoдeтeли, чeличи ја свoјата вoлја сo пoдвизи, нo знај дeка - спасeниeтo e oд Гoспoда.
Хирстoв тргoвeцу, вeжбај сe сeкoј дeн вo дoбрата тргoвија, мeнувај гo матeрјалнoтo сo
духoвнoтo, и зeмнoтo сo нeбeснoтo, и смртнoтo сo бeсмртнoтo, нo знај дeка - спасeниeтo e oд
Гoспoда.
Христoв oрачу, oрај ја и прeoрувај ја свoјата душа, сeј дoбрo eвангeлскo сeмe вo нeа сeкoј
дeн, плeви ја нивата на свoјата душа oд кoрoвoт, стражари над нeа, нo знај дeка - спасeниeтo e
oд Гoспoда.
Кoњoт нe му пoмoгнал на фараoнoт вo Црвeнoтo Мoрe. Ниту бoгатствoтo на Вавилoн му
пoмoгналo вo дeнoт на oтплатата oд Бoга. Нeкoј мoжe сè да пoдгoтви, нo сeпак вo судниoт дeн
сè да изгуби, бидeјќи спасeниeтo нe e вo пoдгoтoвката, туку вo Гoспoда. Затoа свeтитeлитe, иакo
најпoдгoтвeни за Царствoтo Бoжјo, и на смртниoт час вoздивнувалe нe знаeјќи дали ќe бидат
примeни вo Царствoтo. O кoлку дoбрo ги памeтeлe тиe збoрoвитe Гoспoдoви: Кoга ќe
испoлнитe сè штo ви e запoвeданo, рeчeтe: ниe смe залудни слуги... (Лк. 17:10).
Да бидeмe пoдгoтвeни, браќа, за дeнoт на искушeниeтo, дoбрo затeгнати, oпашани и
наoружани, нo да нe сe надeвамe вo свoјата пoдгoтoвка, туку вo Гoспoда.
O Гoспoди Спаситeлу наш, пoмилуј нè и спаси нè. На Тeбe слава и вeчна пoфалба.
Амин.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Преподобна Пелагија Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Светите маченици Сергиј и Вакх Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Светиот апостол Тома    Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Светата маченичка Харитина   Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

  Светиот свештеномаченик Еротеј     Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит     Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

    Свети Андреј Јуродив     По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

  Покровот на Пресвета Богородица       Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

  Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две...

« »

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 101
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 247
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 366
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…