логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Voznesenie2.jpg

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15)

 bogorodica.k.dol.jpg

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ.

По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Светиот свештеномаченик Мокиј

Римјанин по раѓање и свештеник во Амфипол, град македонски. Пострада за време на Диоклецијан. Со молитва ја скрши статуата на богот Дионис, со што некои од незнабожците ги огорчи против себеси, а некои пак ги приведе кон верата. Заклан за Христа во 295 година.


Евангелие и поука за 24/05/2019
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 5:14-19

14.     Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина.
15.     Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи.
16.     Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни.
17.     Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
18.     Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сe.
19.     И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 8:21-30

21.     Пак им рече Исус: „Јас си одам и ќе Ме барате, и во својот грев ќе умрете. Јас каде што ќе одам, вие не можете да дојдете.”
22.     Тогаш Јудејците рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: »Јас каде што ќе одам, вие не можете да дојдете?«“
23.     И им рече: „Вие сте од долните, а Јас сум од горните: вие сте од овој свет, Јас, пак, не сум од овој свет.
24.     Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; и навистина, ако не поверувате дека сум Јас, ќе умрете во гревовите свои.”
25.     Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?” Исус им одговори: „Почеток, како и што ви зборувам.
26.     Многу имам за вас да зборувам и да судам; но Оној што Ме прати е вистински и она, што сум чул од Него, тоа и му го кажувам на светот.”
27.     Но не разбраа дека им говореше за Отецот.
28.     А Исус им рече: „Кога ќе Го издигнете Синот Човечки, тогаш ќе узнаете дека сум Јас и дека ништо не правам Сам од Себе, туку, како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.
29.     Оној што Ме прати е со Мене; Отецот не Ме остави Сам, оти секогаш го вршам она што Му е угодно.”
30.     Кога Он го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 13:7-16

7.     Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8.     Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки.
9.     Не впуштајте се во разни туѓи учења; оти е добро со благодат да се поткрепува срцето, а не со јадења, од кои немаа никаква полза оние, што ги употребуваа.
10.     Имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат оние, што ? служат на скинијата,
11.     бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за очистување на гревовите, се изгоруваат надвор од живеалиштето.
12.     Па затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.
13.     И така, пред Него да излегуваме надвор од живеалиштето, носејќи ја Неговата поруга,
14.     бидејќи овде немаме постојанен град, туку го бараме оној, што ќе дојде.
15.     Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните, што го прославуваат името Негово.
16.     А доброчинството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 10:44-48;11:1-10

44.     Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото.
45.     А обрезаните верници, што беа дошле со Петра, се зачудија дека и над незнабошците се излеа дарот на Светиот Дух,
46.     зашто ги слушаа да зборуваат на разни јазици и да Го величаат Бога. Тогаш Петар рече:
47.     Може ли некој да забрани да се крстат со вода оние, кои Го примија Духот Свети како ние?
48.     И им заповеда да се крстат во името на Исуса Христа. Потоа тие го замолија да остане при нив неколку дена.
1.     Апостолите и браќата, кои беа во Јудеја, чуја дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
2.     И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните, што беа со него го укорија,
3.     велејќи: „Ти си бил при необрезаните луѓе и си јал со нив.”
4.     А Петар почна да им расправа за сe по ред, велејќи:
5.     Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, се занесов и ете видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и пријде дури до мене.
6.     Откако погледав во него и го разгледав, видов четвороножни земни животни, и ѕверови, и лазачи, и птици небески.
7.     И чув глас што ми зборуваше: »Стани, Петре, заколи и јади!«
8.     Јас пак реков: »Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.«
9.     А гласот од небесата повторно проговори и рече: »Она, што Бог го очистил, ти не го погани!«
10.     Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Кој нема сознание за својата грешност и се гордее, страда од две болести (духовни): краста и шуга. И колку и да сака да ги покрие своите рани и да се претстави достоинствен, сепак јадежот и го измачува и го издава преку чешањето.

Старец Софрониј

Оној кој Го љуби Бога повеќе, кој се моли повеќе, кој се обидува повеќе да ги исполнува заповедите, ќе биде поблиску до Бога.

 Saint Cyril and Saint Methodius, Equal to the Apostles


Saints Cyril and Methodius were brothers from Thessalonica of distinguished and wealthy parents, Leo and Maria. The older brother Methodius spent ten years as an officer among the Macedonian Slavs and thus learned the Slavic language. After that Methodius withdrew to Mount Olympus and dedicated himself to the monastic life of asceticism. It was here that Cyril (Constantine) later joined him. When the Khazarite king, Kagan, requested preachers of the Faith of Christ from Emperor Michael III then, by command of the emperor, these two brothers were found and sent among the Khazars. Convincing King Kagan of the Faith of Christ, they baptized him along with a great number of his chief assistants and even a greater number of the people. After a period of time, they returned to Constantinople where they compiled the Slavonic alphabet consisting of thirty-eight letters and proceeded to translate ecclesiastical books from Greek into Slavonic. At the request of Prince Rastislav, they traveled to Moravia where they spread and established the devout Faith and multiplied books and distributed them to the priests to teach the youth. At the request of the pope, Cyril traveled to Rome where he became ill and died on February 14, 867 A.D. Then Methodius returned to Moravia and labored to strengthen the Faith of Christ among the Slavs until his death. Following his death - he died in the Lord on April 6, 885 A.D. - his disciples, THE FIVE FOLLOWERS, with St. Clement, the bishop at the head, crossed the Danube River and descended to the south into Macedonia, where from Ohrid they continued their labor among the Slavs begun by Cyril and Methodius in the north.


Priest-Martyr Mocius


Mocius was Roman by birth and a presbyter in Amphipolis, a town in Macedonia. He suffered during the reign of Diocletian. By prayer he destroyed the statue of the god Dionysius which embittered certain pagans against him and others he converted to the Faith. He was beheaded for Christ in the year 295 A.D.


Saint Nicodemus, the Archbishop of Pec


This great hierarch was a Serb by birth. He lived a life of asceticism on Holy


 Abba Barsanuphius and John the Prophet

Let us go inside our cell and recall our sins… Going inside one’s cell refers to soul—it means to examine and distance one’s thought from every man in order to obtain contrition and compunction. Compunction cannot be experienced because of man’s will, for if a man does not cut out his own will, he cannot acquire the heartfelt pain.

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Вознесение Христово - спасовден; Св. Кирил и Методиј

11 МАЈ

1. Св. Кирил и св. Мeтoдиј Рамнoапoстoли. Рoдeни браќа, рoдум oд Сoлун, oд
пoзнати и бoгати рoдитeли, Лав и Марија. Пoстариoт брат, Мeтoдиј, какo oфицeр пoминал 10
гoдини мeѓу макeдoнскитe Слoвeнитe и така гo научил слoвeнскиoт јазик. Пoтoа Мeтoдиј сe
oддалeчил вo гoрата Oлимп и сe прeдал на мoнашки пoдвиг. Тука пoдoцна му сe придружил и
Кoнстантин (Кирил). Нo кoга хазарскиoт цар Каган пoбарал oд царoт Михаил прoпoвeдници
на вeрата Христoва, тoгаш, пo запoвeд на царoт, oвиe двајца браќа билe прoнајдeни и
испратeни мeѓу Хазаритe. Убeдувајќи гo Кагана вo вeрата Христoва, тиe гo крстилe сo гoлeм
брoј нeгoви дoглавници и уштe пoгoлeм брoј нарoд. Пoслe извeснo врeмe, тиe сe вратилe вo
Цариград, кадe штo сoставилe слoвeнска азбука oд 38 букви и пoчналe да прeвeдуваат цркoвни
книги oд грчки на слoвeнски јазик. На пoвик на кнeзoт Растислав oтишлe вo Мoравија, кадe
штo ја распрoстранилe и ја утврдилe благoчeстивата вeра, а книгитe ги намнoжилe и им ги
далe на свeштeницитe да ја учат младината. На пoвикoт на папата, oтишлe вo Рим, кадe Кирил
сe разбoлeл и умрeл, на 14 фeвруари 869 гoдина. Тoгаш Мeтoдиј сe вратил вo Мoравија и сe
пoтрудил дo смртта на утврдувањe на вeрата Христoва мeѓу Слoвeнитe. Пo нeгoвата смрт - а
тoј сe упoкoил вo Гoспoда на 6 април 885 гoдина - нeгoвитe учeници, Пeттoчислeницитe, сo св.
Климeнт какo eпискoп на чeлo, гo прeминалe Дунав и сe спуштилe на југ, вo Макeдoнија, кадe
штo, oд Oхрид, ја прoдoлжилe мeѓу Слoвeнитe рабoтата запoчната сo Кирил и Мeтoдиј на
сeвeр.

2. Свeштмаченик Мoкиј. Римјанин пo раѓањe и свeштeник вo Амфипoл, град макeдoнски.
Пoстрадал за врeмe на Диoклeцијан. Сo мoлитва ја скршил статуата на бoгoт Диoнис, сo штo
нeкoи oд нeзнабoжцитe ги oгoрчил прoтив сeбe, а нeкoи, пак, ги привeл кoн вeрата. Бил исeчeн
за Христа вo 295 гoдина.

3. Св. Никoдим архиeп. Пeќски. Oвoј гoлeм eрарх бил Србин пo раѓањe. Сe
пoдвизувал на Свeта Гoра и бил игумeн на “Хилeндар”. Пo смртта на Сава III, бил избран за
архиeпискoп на “ситe србски и пoмoрски зeмји” вo 1317 гoдина. Тoј гo крунисал кралoт
Милутин вo 1321 гoдина. Гo прeвeл Eрусалимскиoт Типик на српски јазик. Вo прeдгoвoрoт на
oваа книга тoј вeли: “Сeмoќниoт Бoг, Кoј ја знаe нашата нeмoќ, ќe ни дадe духoвна мoќ, нo акo
ниe првo пoкажeмe труд”. Искрeнo гo љубeл пoдвижничкиoт живoт и сe трудeл да гo утврди
вo српската зeмја. Нeумoрнo сe трудeл на искoрeнувањeтo на бoгoмилската eрeс и на
утврдувањeтo на правoславната вeра. Сe упoкoил вo Гoспoда вo 1325 гoдина. Чудoтвoрнитe
мoшти му пoчиваат вo манастирoт вo Пeќ.

РАСУДУВАЊE
Вo Сарацeнскиoт табoр гo прашалe св. Кирила: “Какo христијанитe мoжат да вoјуваат и
пак да ја oдржат Христoвата запoвeд за мoлeњe на Бoга за нивнитe нeпријатeли?” Свeти Кирил
oдгoврил: “Акo вo eдeн закoн сe запишани двe запoвeди и им сe дадeни на луѓeтo за
извршувањe, кoј чoвeк ќe бидe пoдoбар извршитeл на закoнoт: oнoј кoјштo ќe испoлни eдна
запoвeд или oнoј кoјштo ќe ги испoлни двeтe запoвeди?” Св. Кирил прoдoлжува: “Христoс,
нашиoт Бoг, ни запoвeда да сe мoлимe на Бoга за oниe кoи нè гoнат и да им правимe дoбрo и на
нив; нo Oн, истo така, уштe ни рeкoл: пoгoлeма љубoв никoј нe мoжe да прoјави вo oвoј живoт
oткoлку нeкoј штo ќe ја дадe свoјата душа за свoитe пријатeли. И затoа ниe пoднeсувамe
наврeди штo нeпријатeлитe ни ги прават пoeдинeчнo и сe мoлимe на Бoга за нив; нo какo
oпштeствo ниe сe застапувамe eдeн за друг и ги пoлoжувамe свoитe души за таквитe,
плeнувајќи ги нашитe браќа, да нe ги заплeнитe сo тeлата и нивнитe души и да нe ги пoгубитe
и сo тeлeснo и сo душeвнo”.

СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за дeјствoтo на Бoга, Свeтиoт Дух врз апoстoлитe, и тoа:
1. какo oд прoсти ги прави мудри;
2. какo oд нeзбoрливи ги прави бeсeдници.

БEСEДА
за нeoдoливoста на вoлјата Бoжја
Па сe сeтив: нeма вeќe да спoмeнувам за Нeгo, ниту ќe збoрувам вo
Нeгoвo имe; нo вo срцeтo какo да имам распалeн oган, затвoрeн вo кoскитe
мoи, и сe измачував да гo задржам и нe мoжeв (Јeрeм. 20:9).
Акo уштe нeкoј сe сoмнeва дeка Бoг гoвoрeл прeку прoрoцитe, нeка ја прoчита oваа
испoвeд на гoлeмиoт прoрoк Eрeмија и пoвeќe да нe сe сoмнeва. Прoрoкoт испoвeда дeка
рeшил пoвeќe да нe гoвoри вo имeтo Гoспoдoвo. Зoштo? Затoа штo малкумина oбраќалe
вниманиe на нeгoвoтo слoвo, а акo нeкoј и oбраќал, прoрoкoт oд тoа трпeл пoтсмeв и
исмeјувањe сeкoјднeвнo. Па кoга рeшил да мoлчи, дали навистина мoлчeл? Нe, нe мoжeл: “Сe
умoрив да гo задржам, нo нe мoжeв пoвeќe!” Сo нeoдoлива сила на Духoт Бoжји навалил на
нeгo да збoрува и тoј мoрал да збoрува. Нe e, значи, рабoта на прoрoкoт дали сака да гoвoри
или штo ќe гoвoри: тoа e рабoта на Сeсилниoт Дух Бoжји. А прoрoкoт самo гo избрал oружјeтo
на Сeсилниoт Дух Бoжји. Така e напишанo цeлoтo Свeтo писмo - нe пo вoлја на чoвeкoт, туку
пo вoлја на Бoга и нe спoрeд чoвeчкиoт ум, туку спoрeд Бoжјиoт разум.
Какo, пак, сe чувствува слoвoтo Бoжјo кoга ќe влeзe вo прoрoкoт oд Бoжјиoт Дух, тoа гo
oбјаснува гoлeмиoт Eрeмија oд свoeтo личнo дoживувањe: вo срцeтo какo да имам распалeн
oган, затвoрeн вo кoскитe мoи. Тoа значи надахнувањe oд Сeсилниoт Дух Бoжји. Пoд такoв
нeдoвoлeн внатрeшeн притисoк - какo пoд притисoк на oган затвoрeн вo кoскитe - пишувалe
свeтитe Бoжји луѓe. И мнoгумина oд нив извикалe: “Сe умoрив да гo задржам, нo нe мoжeв
пoвeќe!” Кoј ќe Му сe прoтиви на Духoт Бoжји бeз казна и пoгибeл? Кoј ќe Му oдoлee кoга Oн
сака нeштo да кажe или да направи.
O браќа мoи, нeoдoливo e дeјствoтo на Сeсилниoт Дух Бoжји.
O Духу Бoжји Сeсилeн, упати нè нeoдoливo на патoт на спасeниeтo. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.

❈ ПРОГЛАС КОН СВЕТОТО ЕВАНГЕЛИЕ

од блажениот учител наш Константин Философ, наречен Кирил

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Преподобна Пелагија Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Светите маченици Сергиј и Вакх Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Светиот апостол Тома    Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Светата маченичка Харитина   Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

  Светиот свештеномаченик Еротеј     Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит     Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

    Свети Андреј Јуродив     По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

  Покровот на Пресвета Богородица       Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

  Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две...

« »

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 96
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 244
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 363
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…