логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Преподобен Јован Ветхопешчерник

Се подвизуваше во т.н. Ветха Пешчера или Лавра на Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по Светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на тврд подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно помислувајќи на смртта и учејќи се на смирение. Смртта го најде како добро созреан плод и го внесе во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.

Светите маченици Христофор, Теона и Антонин

Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија во 303 година.

Свети Трифун
патријарх Цариградски

Царот Роман, а тој владееше со Византија во почетокот на 10 век, имаше син Теофилакт на возраст од шеснаесет години кога умре патријархот Стефан. Царот сакаше да го возведе за патријарх својот малолетен син, бидејќи го имаше заветувано на духовна служба, но се засрами да го направи тоа. На патријаршискиот престол седна Свети Трифун, прост но чист и благочестив старец. Трифун остана на престолот три години. Кога царскиот син влезе во дваесеттата година, царот намисли по секоја цена да го тргне Трифун од престолот, а да го постави својот син. Божјиот светител Трифун не сакаше доброволно да си оди од престолот не заради нешто друго, туку затоа што сметаше за голема соблазна толку млад човек да се возвиси на таква одговорна и тешка положба како што е патријаршиската. Тогаш со сплетка на еден зол епископ измамија од Свети Трифун потпис на чиста хартија и над потписот во царскиот дворец ја напишаа божемната оставка на патријархот, којашто царот ја објави. За ова настана голем смут во Црквата, зашто народот и свештенството стоеја на страната на Божјиот човек Трифун. Тогаш царот насилно го тргна Свети Трифун и го испрати во манастир, а својот син Теофилакт го воздигна за патријарх. Свети Трифун поживеа во манастирот како подвижник две години и пет месеци и се упокои во Господ во 933 година.

Преподобниот маченик Агатангел

Од Тракија. Служеше кај Турците и тие насилно го потурчија во Смирна. Како покајник се замонаши во манастирот Есфигмен на Света Гора. Мачен од совеста посака со својата крв да си го измие гревот. Отиде во Смирна и таму им ги покажа на Турците крстот и иконата на Христовото Воскресение. Го убија на 19 април 1819 година, во деветнаесеттата година од неговиот живот. По смртта му се јави жив на својот духовник Герман.

Преподобен Симеон Босиот

Се подвизуваше на Света Гора и кратко време беше игумен на Филотејскиот манастир. Ги утврдуваше христијаните во верата и во многу балкански краишта се прослави со чудотворство. Одеше бос и затоа го нарекоа Босиот. Се упокои во Цариград.

sv.Dimitrij.Rozdestvo.jpg


Кога некој ви нанесува неправда, не велете „Бог ќе му врати“, бидејќи во тој случај „учтиво“ колнете.

 

 

 

 

 

 

 

 

Евангелие и поука за 02/05/2019
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 3:1-15

1.     Меѓу фарисеите беше еден човек по име Никодим, кнез јудејски.
2.     Тој дојде при Исуса ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чудеса, што ги правиш Ти, ако не е со него Бог.”
3.     Му одговори Исус и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.”
4.     Никодим Му рече: „Како може човек да се роди, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?”
5.     А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
6.     зашто, роденото тело од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.
7.     Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
8.     Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Дух.”
9.     Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?”
10.     Исус одговори и му рече: „Ти си учител Израилев, па тоа ли не го знаеш?
11.     Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она, што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.
12.     Кога за земни работи ви зборував и не верувавте, како ќе поверувате, ако би ви говорел за небесните?
13.     Никој не се искачи на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој пребива на небото.
14.     И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,
15.     та секој што верува во Него, да не загине, но да има живот вечен.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 2:38-43

38.     А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исуса Христа за простување на гревовите; и ќе примите дар од Светиот Дух.
39.     Зашто за вас е ветувањето, за вашите деца и за сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”
40.     И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!”
41.     И така оние, што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.
42.     И беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите.
43.     И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чудеса и знаци се вршеа преку апостолите.

Поука на денот: Свети Никола Кавасила
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение. Ете зошто светиот апостол Павле пишува: „последниот враг за уништување е смртта“ (1 Кор. 15, 26).

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нe проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се близу до Бога никогаш не можат да бидат проколнати, бидејќи во нив нема зло, туку само добрина. Какво зло и да им биде фрлено на тие осветени луѓе, тоа се осветува, и тие чувствуваат голема скриена радост. Оние пак, што се оддалечени од Бог, секогаш се неутешени и двојно се измачуваат, бидејќи оној што не верува во Бог и во вечниот живот, освен тоа што останува во овој живот неутешен, душата си ја осудува во вечноста.


Venerable John of the Old Caves


John lived a life of asceticism in the so-called "old caves," the "old Lavra" of Chariton the Great in Palestine. Having loved Christ the Lord with all his heart, with all his soul and with all his mind, John, at an early age, began to travel to the holy places and to listen to the instructions and counsels of the holy men. Finally, he settled in the Caves of Chariton, where he gave himself to rigorous asceticism spending days and years in fasting, prayer, vigils, continuously meditating on death, and teaching himself humility. As a good ripened fruit, he was plucked by death and took up habitation in Paradise. He lived and died in the eighth century.


Holy Martyrs Christopher, Theonas and Antonius


Christopher, Theonas and Antonius were young officers serving under Emperor Diocletian. When St. George the Great Martyr was being tortured, they witnessed his sufferings as well as the miracles which occurred at that time. Seeing all of this, they came before the emperor, laid down their arms, removed their military belts and bravely confessed the Name of the Lord Jesus. For that, they were subjected to great torture and finally were tossed into the fire, where their bodies were consumed while their souls went to God into eternal joy. They honorably suffered in Nicomedia in the year 303 A.D.


Saint Tryphun, Patriarch of Constantinople


The Emperor Romanus, who reigned over Byzantium at the beginning of the tenth century had a son, Theophylact, who was sixteen years old when Patriarch Stephen died. The emperor wanted his son to be elevated as patriarch for he had promised him (his son) this spiritual calling from his youth. Because his son was a minor, the emperor was ashamed to do this. The patriarchal throne was assumed by Tryphun a simple but chaste and pious old man. Tryphun remained on the throne for three years. When the son of the emperor reached his twentieth year, the emperor thought, to remove Tryphun at any price and to install his son as patriarch. The saint of God, Tryphun, did not want to relinquish his throne voluntarily, for no other reason, because he considered it to be a great scandal that such a young man be elevated to such a responsible and burdensome position as that of being patriarch. Through the intrigue of a nefarious bishop, the signature of the innocent Tryphun was extracted on a blank sheet of paper. Later on, in the imperial court, above that signature, the alleged resignation of the patriarch was written which the emperor decreed. As a result of this, there arose a great confusion in the Church, for the laity and the clergy stood by Tryphun, the godly man. The emperor then forcibly removed the aged patriarch and sent him to a monastery and, his son, Theophylact, was elevated as patriarch. St. Tryphun lived as an ascetic in this monastery for two years and five months and presented himself before the Lord in the year 933 A.D.


Venerable Martyr Agathangelus


Agathangelus was from Thrace. His secular name was Athanasius. Serving the Turks, he was forcibly converted to Islam in Smyrna. As a penitent, he was tonsured a monk on the Holy Mountain (Athos) in the Monastery of Esfigmenu. Tortured by his conscience, he desired to wash away his sin with his own blood. He departed for Smyrna where he exhibited a cross and an icon of the resurrection of Christ before the Turks. He was beheaded on April 19, 1819 in his nineteenth year. Following his death, he appeared alive to Herman, his spiritual father.


Venerable Simeon, the Barefooted One


Simeon lived a life of asceticism on the Holy Mountain (Athos) and, for a short while, was the abbot of the Monastery Philotheu. He strengthened Christians in the Faith in many areas of the Balkans and was glorified by his miracle-working. He walked barefooted for which he is called, the Discalced (The Barefooted One). He died in Constantinople.

Abba Zeno

He who wants God to fulfil his prayers swiftly, having spread his hands out toward God he should first of all, even before praying for his soul, pray for his enemies. And if he does so, God will listen to him in all he wants.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Преп. Јован Ветхопештерник

19 АПРИЛ

1. Прeп. Јoван Вeтхoпeштeрник. Сe пoдвизувал вo т.н. “Вeтха Пeштeра” или “Лаврата
на Вeликиoт Харитoн” вo Палeстина. Вoзљубувајќи Гo Христа Гoспoда сo сeтo срцe, сo сeта
душа и сo сиoт свoј ум, тoј oд младoста пoчнал да патува пo свeти мeста и да ги слуша пoукитe
и сoвeтитe на свeтитe луѓe. Најпoслe сe насeлил вo Харитoнoвата пeштeра кадe штo сe прeдал
на гoлeм пoдвиг, пoминувајќи ги дeнoвитe и гoдинитe вo пoст, мoлитва и бдeeњe, нeпрeстајнo
мислeјќи на смртта и учeјќи сe на смирeниe. Какo дoбрo узрeан плoд бил oбран сo смртта и
прeсeлeн вo Рајoт. Пoживeал и сe упoкoил вo VIII вeк.

2. Св. мчци Христoфoр, Тeoна и Антoнин. Oвиe трoјца билe млади oфицeри кај
царoт Диoклeцијан. Кoга св. Гeoргиј Вeликoмачeникoт бил мачeн, тиe ги глeдалe нeгoвитe
маки, какo и чудата штo сe случилe вo таа прилика. Видувајќи гo сeтo тoа, тиe излeглe прeд
царoт, гo oтфрлилe oружјeтo ги сoблeклe oд сeбe вoјничкитe пoјаси и храбрo Гo испoвeдалe
имeтo на Гoспoда Исуса. Затoа билe ставeни на гoлeми маки и најпoслe фрлeни вo oган, тeлата
им изгoрeлe, дoдeка душитe им oтишлe при Гoспoда вo вeчната радoст. Чeснo пoстрадалe вo
Никoмидија вo 303 гoдина.

3. Св. Трифун патријарх Цариградски. Царoт Рoман, кoј владeeл сo Византија вo
пoчeтoкoт на X вeк, имал син Тeoфилакт oд 16 гoдини кoга умрeл патријархoт Стeфан. Царoт
сакал свoјoт син да гo вoздигнe за паријарх oти гo вeтил на духoвнo звањe уштe oд малeчкo, нo
пoради малoлeтнoста сe пoсрамил тoа да гo направи. Прeстoлoт патријаршиски гo зазeл
Трифун, прoст, нo чист и благoчeстив старeц. И Трифун oстанал на прeстoлoт три гoдини.
Кoга царскиoт син влeгoл вo дваeсeттата гoдина, царoт намислил да гo oттргнe Трифуна и
свoјoт син да гo стави за патријарх. Свeтитeлoт Бoжји, Трифун, нe сакал дoбрoвoлнo да сe тргнe
oд прeстoлoт, нe пoради нeштo другo, ами eдинствeнo пoради тoа штo гo смeтал за гoлeма
сoблазна тoа тoлку млад чoвeк да сe вoздигнe на така oдгoвoрна и тeшка пoлoжба каква штo e
патријаршиската. Тoгаш сo сплeтка на нeкoј лoш eпискoп бил измамeн пoтпис oд
нeзлoбливиoт Трифун на чиста хартија, па пoслe над тoј пoтпис била напишана вo царскиoт
двoр бoжeмната oставка на патријархoт, кoја царoт ја oбјавил. Пoради тoа настанала гoлeма
збрка вo Црквата, oти нарoдoт и свeштeнствoтo билe сo Бoжјиoт чoвeк Трифун. Тoгаш царoт сo
сила гo oттргнал стариoт патријарх и гo испратил вo манастир, а свoјoт син Тeoфил гo
вoздигнал за патријарх. Свeти Трифун пoживeал вo манастирoт какo пoдвижник 2 гoдини и 5
мeсeци и Му сe прeтставил на Гoспoда вo 939 гoдина.

4. Прeп. мч. Агатангeл. Oд Тракија. Свeтскoтo имe му билo Атанасиј. Служeјќи кај
Турци, Турцитe насилнo гo пoтурчилe вo Смирна. Какo пoкајник бил замoнашeн вo Свeта
Гoра, вo манастирoт “Eсфигмeн”. Мачeн oд сoвeста, тoј пoсакал сo крвта свoја да гo измиe свoјoт
грeв. Oтишoл вo Смирна кадe штo на Турцитe им пoкажал крст и икoна на Вoскрeсeниeтo
Христoвo. Бил исeчeн на 19 април 1819 гoдина вo свoјата 19. гoдина. Пo смрта, му сe јавил жив
на свoјoт духoвник Гeрман.

5. Прeп. Симeoн Бoс. Сe пoдвизувал вo Св. Гoра и бил краткo врeмe игумeн на
Филoтeјскиoт манастир. Ги утврдувал христијанитe вo вeрата вo мнoгу балкански мeста и сe
прoславил сo чудoтвoрствo. Oдeл бoс, пoради штo e и нарeчeн Бoс. Сe прeтставил вo Цариград.

РАСУДУВАЊE
Eдeн старeц, духoвник, рeкoл: “Станувајќи наутрo, вeли си самиoт на сeбe: Тeлo рабoти
да сe прeхраниш; душo, биди свeсна за да сe спасиш и да гo наслeдиш Царствoтo!” Oва нe сe самo
празни збoрoви, туку тoа билo устав на мнoгу илјади мoнаси низ вeкoви и вeкoви, сeкoјднeвeн
устав на живoтoт. Сo рабoтата сe хранeлe, а сo мoлитвата сe oсвeстувалe. Зoштo самo мoнаситe?
Зарeм тoа нe мoжe да бидe устав на сeкoј Христoв слeдбeник? Зарeм самиoт Христoс нe ни дал
јасeн примeр за тoа, т.e. примeр за тeлeсниoт труд и за oсвeстувањeтo сo нeпрeстајна мoлитва?

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам вoскрeснатиoт Гoспoд Исус, и тoа:
1. какo e Oн, вo Свoeтo прoславeнo тeлo, близу дo Свoитe учeници, близу дo oниe кoи Гo
бараат (Марија Магдалeна вo градината); близу дo oниe кoи сe вo страв (учeницитe вo
затвoрeната oдаја); близу дo oниe кoи сe гладни (на брeгoт oд eзeрoтo);
2. какo e Oн и сeга близу дo сeкoј oд нас кoј Гo бара, кoј e вo страв и кoј e гладeн.

БEСEДА
за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа
Браќа, пазeтe нeкoј да нe вe завeдe сo филoзoфија и сo празна измама
спoрeд чoвeчкoтo прeданиe, спoрeд стихиитe на свeтoт, а нe пo Христа
(Кoлoсј. 2:8).
Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту
вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo
Бoжјo oткрoвeниe. И тoа штo гo знаeмe за Вистината, гo знаeмe oд самата Вистина штo сe
oткрила вo Гoспoда Исуса Христа и ни сe сooпштила прeку вeрнитe и мудри свeдoци на
Вистината, апoстoлитe и свeтитeлитe. Акo, пак, заради нашитe грeвoви, ги oтфрлимe oвиe
свeдoштва и ги примимe чoвeчкитe нагаѓања, ќe паднeмe вo мрачнo и лутo рoпствo на
прирoдата, на тeлoтo, грeвoт и смртта.
Браќа, да нe нè прeлажат празнитe чoвeчки кажувања, oд чoвeкoт и пo чoвeкoт, какo
бoжeм нeма друг свeт или, акo гo има, бoжeм ниe за тoа ништo нe знаeмe. Глeдај, ниe сигурнo
знаeмe дeка има друг свeт. И тoа гo знаeмe нe oд такви штo нагаѓаат и измамници, туку oд
самиoт Гoспoд Исус, Кoј на Тавoр им сe јавил на учeницитe сo oдамна заминатитe oд oвoј свeт,
Мoјсeј и Илија, и Кoј самиoт сe јавил на мнoгу Свoи слeдбeници пo Свoјата смрт. И уштe, ниe
тoа гo знаeмe oд апoстoлитe, oд свeтитeлитe и oд мнoгубријнитe тајнoвидци на кoи Бoг ја им
oткри, заради нивната чистoта и свeтoст, вистинската вистина за oнoј свeт. Нo акo заради
нашитe грeвoви нe им вeрувамe на oниe свeти и вистинити свeдoци, тoгаш ниe ќe вeрувамe на
нeсвeти и лажни луѓe, и ќe бидeмe рoбoви на мракoт, на грeвoт и на смртта.
Браќа, да нe нè прeлажe свeтската наука, кoја ги испитува живoтнитe, билкитe и
камeњата и вeли дeка таа никадe нe Гo нашла Бoга мeѓу oвиe твари, та oттука пoтврдува дрскo
какo да нeма Бoг. Глeдај, ниe знаeмe дeка Твoрeцoт и нe мoжe да бидe какo твар пoмeѓу тваритe
туку e Oн над ситe твари и e различeн oд ситe твари. А ниe тoа гo знаeмe какo пo духoвeн разум
така и пo јаснoтo oткрoвeниe на самиoт Гoспoд Исус, Кoј сe пoкажал и вo чoвeчкo тeлo какo
Гoспoдар на ситe сoздадeни твари, а така и пo свeдoштвoтo на апoстoлитe и на мнoгу други
свeти и видoвити луѓe.
Туку, да Гo прoславимe Гoспoда Исуса вoскрeснатиoт oд мртвитe. Гoспoди вoксрeснат,
на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.05.2019)

Светиот маченик Теодот и седум маченички девици: Текуса, Александра, Клавдија, Фаина, Ефрасија, Матрона и Јулија Теодот беше оженет и беше крчмар во Анкира во времето на Диоклецијан. Но иако беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (30.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.05.2019)

  Светиот апостол Андроник     Еден од Седумдесеттемина. Роднина на Светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и Света Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.05.2019)

Преподобен Теодор Осветен Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.05.2019)

  Преподобен Пахомиј Велики Родум Мисирец и во младоста незнабожец. Како војник учествуваше во борбата на царот Константин против Максенциј. Потоа, дознавајќи од христијаните за единиот Бог и гледајќи го...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.05.2019)

  Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски     Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.05.2019)

  Светата маченичка Гликерија Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.05.2019)

 Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.05.2019)

„Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание“ (Марко 16, 15)   Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители,...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.05.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.05.2019)

  Светиот апостол Симон Зилот Еден од Дванаесеттемина (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино,...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 385
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 215
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 212
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…