логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше, според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на животот и после смртта.

Преподобен Нил Сорски

Еден од големите отци на Руската Црква. Основач на скитскиот монашки живот во Русија. Се упокои мирно во 1508 година. Моштите му почиваат во Сорскиот манастир. Неговиот Устав на скитскиот живот претставува првокласно духовно и практично дело.

Светиот маченик Калиопиј

Единец син, измолен од Бога, на некој сенатор од Перга Памфилиска. Неговата благочестива мајка Теоклија го научи на богопочитување и на благочестив живот уште во раната младост. Кога Калиопиј беше уште момче, настана страшно гонење на христијаните под царот Максимијан. За да го спаси од смртта мајка му го качи на кораб, му даде доволно пари и го испрати во Помпеопол. Но Божјата Промисла устрои поинаку. Кога се симна во Помпеопол Калиопиј западна сред една бурна незнабожечка свеченост. Кога на навалувањето на залудената толпа не сакаше да земе учество во незнабожечкиот празник, го истуркаа пред војводата Максим, на кого тој му исповеда дека е христијанин. Војводата нареди и го биеја со оловни стапови и го печеа на оган, па најпосле ранет го фрлија во затвор. Кога слушна за мачењето на нејзиниот син, мајка му Теоклија им го раздаде имотот на сиромашните и со малку пари побрза во затворот кај него. Најпосле војводата ја изрече конечната пресуда за Калиопиј да биде распнат на крст. Кога го поведоа син ѝ на губилиште, Теоклија им дотури на џелатите пет златници за да го распнат нејзиниот син не како Господ туку наопаку. Ова го направи од смирение пред Господ. Калиопиј беше распнат на Велики Четврток, а мајка му стоеше под крстот благодарејќи Му на Бога. Кога другиот ден мртов го симнаа од крстот, таа падна врз него и издивна и самата. Така излегоа обајцата пред престолот на Царот на славата. Чесно пострадаа во 304 година.

Преподобен Данило Перејаславски

Имаше посебен подвиг на грижа за мртвите. Кога и да слушнеше дека некој смрзнал или умрел на некој друг начин, веднаш брзаше за пристојно да го погреба и да Му се помоли за починатиот на Бога. Се упокои мирно во 1540 година. Неговите мошти почиваат цели.

Евангелие и поука за 20/04/2019
Почеток
 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 11:1-45

1.     Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од местото на Марија и нејзината сестра Марта.
2.     А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа, која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.
3.     Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.”
4.     Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.”
5.     А Исус ја сакаше Марта, и сестрата нејзина, и Лазара.
6.     А кога чу дека е болен, тогаш остана два дена во местото, каде што се наоѓаше.
7.     Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!”
8.     Учениците Му рекоа: „Рави, сега сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?”
9.     Исус одговори: „Нели дванаесет часови има во денот? Кој оди дење, не се сопиња, зашто ја гледа светлината на овој свет;
10.     а кој оди ноќе, се сопиња, оти нема светлина во него.”
11.     Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.”
12.     Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.”
13.     Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.
14.     Тогаш рече Исус отворено: „Лазар умре.
15.     Но се радувам заради вас, зашто не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме при него.”
16.     Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.”
17.     Кога дојде Исус, најде, дека тој веќе четири дена е во гроб.
18.     А Витанија беше близу до Ерусалим, околу петнаесет стадии;
19.     и мнозина Јудејци беа дошле при Марта и Марија да ги утешат за брата им.
20.     Кога чу Марта дека иде Исус, излезе пред Него; а Марија седеше дома.
21.     Тогаш Марта Му рече на Исуса: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми.
22.     Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.”
23.     Исус ? рече: „Твојот брат ќе воскресне.”
24.     Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.”
25.     А Исус ? рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.
26.     И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?”
27.     Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светов.”
28.     Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.”
29.     Таа кога чу, стана бргу и отиде при Него;
30.     оти Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше, каде што Го беше дочекала Марта.
31.     Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи оти ќе оди на гробот да плаче.
32.     А Марија, штом пристигна таму, каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше Ти овде, немаше да умре брат ми.”
33.     Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се возмути,
34.     па рече: „Каде сте го положиле?” Му рекоа: „Господи, дојди и види!”
35.     Исус просолзи.
36.     Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го милувал.”
37.     Некои од нив, пак, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?”
38.     А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа.
39.     И рече Исус: „Кренете го каменот!” Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; оти четири дена има откако е умрен.”
40.     Исус ? рече: „Не ли ти реков, дека, ако поверуваш, ќе ја видиш славата Божја?”
41.     Тогаш го дигнаа каменот, каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам, оти Ме послуша.
42.     А Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.”
43.     Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!”
44.     И излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и возете, а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!”
45.     Тогаш мнозина од Јудејците, што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 12:28-29;13:1-8

28.     И така, примајќи го царството непоколебливо, да ја пазиме благодатта, со која ќе Му служиме на Бога благоугодно со почит и во страв,
29.     бидејќи нашиот Бог е оган, што изгорува.
1.     Братољубие нека пребива меѓу вас!
2.     Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
3.     Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, оти и сами сте во тело.
4.     Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
5.     Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она, што го имате. Зашто Сам Он рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам”;
6.     така што слободно да велиме: „Господ ми е помошник, и нема да се уплашам: што може да ми направи човек?”
7.     Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.
8.     Исус Христос е ист вчера, и денес, и во веки.

Поука на денот: Свети Ефрем Сирин
Ако забележиш дека брат ти греши, кога ќе се сретнеш со него немој да го презираш и во своите мисли да го сметаш за грешен, зашто не знаеш, можеби откако си се оддалечил од него, тој после својот пад направил нешто добро и со воздишки и солзи Го смилостивил Господ.

 

Старец Софрониј

Постојано да се молиме да имаме љубов едни за други...


Saint George the Confessor


Because of his great virtues, which he attained through a long and difficult mortification, George was chosen and invested as Metropolitan of Mitylene. This saint governed his spiritual flock prudently and zealously to a ripe old age. When a persecution began under Leo V, the Armenian, who, in destroying holy icons, summoned this saintly elder to Constantinople to an assembly of bishops convened by him and, whose intention it was to discontinue the veneration of icons, George not only refused to carry out the wish of the wicked emperor but with other courageous bishops stood up in defense of holy icons. Not only was he ridiculed for that but he was also banished into exile by the emperor to the region of Cherson. Here he endured all sorts of physical afflictions and deprivations for the remaining years of his life. He died and was translated to eternal life about the year 816 A.D. Because of his great sanctity and love for the Lord Jesus, George was a great miracle-worker, both during his life and after his death.


Venerable Nil Sorsky


Nil is one of the great Fathers of the Russian Church. He was the founder of the Scete way of monastic life in Russia. He died peacefully in the year 1508 A.D. His relics repose in the Sorsky Monastery. His "Rule of Life" for the "Scete" way of monastic living represents a first-class work on the spiritual and practical life of a monk.


Holy Martyr Calliopius


Calliopius was an only son granted by God to a senator from Perga in Pamphylia after the senator had shed many tears in prayer. From his early youth his devout mother, Theoclea, taught him to respect God and to live a chaste life. Calliopius was still a youngster when a terrible persecution began during the reign of Emperor Maximian. To spare him from death, his mother placed him in a boat, gave him an ample amount of money and saw him off to the city of Pompeiopolis. However, God in His Divine Providence, planned it otherwise. Landing in Pompeiopolis he fell into the midst of a tumultuous polytheistic celebration. When Calliopius refused to participate in this ridiculous feast, at the insistence of the crazed mob, he was pushed toward Maximus the commander, before whom Calliopius confessed that he was a Christian. The commander ordered that Calliopius be beaten with lead canes and burned by fire. Wounded throughout, they cast him into prison. Learning about the tortures of her son, Theoclea distributed her entire estate to the poor and needy and with a paltry sum of money hurried to her son in prison. Upon entering the prison, Theoclea bowed down before her son and dressed his wounds. Finally, the commander pronounced the ultimate sentence. Calliopius was to be crucified on a cross. Joy and pain intermingled in the heart of his mother. When they brought her son to the place of execution, she slipped five pieces of gold to the executioners to have her son crucified, not as the Lord was, but rather upside down. Theoclea did this out of humility before the Lord. Calliopius was crucified upside down on Holy Thursday. His mother stood beneath the cross-giving praise to God. One the second day when they removed his lifeless body from the cross, she fell upon her son and she, herself, died. Thus, these two went before the Throne of the King of Glory together. They honorably suffered in the year 304 A.D.


Venerable Daniel of Pereyaslavl


Daniel had, as a unique form of mortification, that of caring for the dead. Whenever he heard that someone was found frozen to death or that had died in some other manner, Daniel would hasten to bury him decently and to offer prayers to God for him. He died peacefully in the year 1540 A.D. His relics remain intact.


Venerable Gregory Sinaites


A great saint and ascetic of Mt. Sinai and Mt. Athos. Gregory is called Sinaite because he received the monastic tonsure on Mount Sinai. During the reign of Emperor Andronicus Palaeologus, about the year 1330 A.D., he arrived at Mt. Athos to visit the monasteries and to inquire about the practice of mental prayer and contemplation. However, these two forms of spiritual works (exercises), at that time, were almost unknown among the holy Athonites. The only one who knew this and practiced it to perfection was St. Maximus of Kapsokalyvia. Gregory spread his teaching about mental prayer throughout all the cells and monasteries on Mt. Athos. His distinguished disciple was Kallistos, the Patriarch of Constantinople, who wrote the biography of St. Gregory. After that, Gregory crossed over to Macedonia and to the other regions of the Balkans and established communities in which the monks practiced mental prayer. Thus, he assisted many to be immersed in prayer and to be saved. His writings about mental prayer and asceticism can be found in the book "Dobrotoljubije, The Philokalia." Among other things, he wrote the refrains to the Holy Trinity, "It is meet and right", which is sung at the Midnight Service of the Resurrection. Gregory ranks among the most eminent ascetics and spiritual teachers of the Balkans. He died peacefully after a long and laborious life and took up habitation in the Kingdom of God.


Elder Sophrony

The measure of grace conferred at the beginning to attract and instruct may be no less than the accorded to the perfect. However, this does not at all mean that the fearful blessing is assimilated by those who have received it. The adoption of God’s gift requires long probation and hard striving. Altogether, there are three stages to the rebirth of fallen man and the putting on of the new. The first, the initial stage, is the summons and the inspiration to embark on the ascetic struggle; the second happens when the feeling of grace is replaced by a sense of being abandoned by God, the point of which is to afford the ascetic striver the possibility of volunteering fidelity to God. The third and final stage is the acquisition, for the second time, and preservation of ‘perceptible’ grace, linked now with intelligent cognition of God.

 

 Ilust.zadete2.jpg

 Извор: Бигорски манастир

 

 Преп. Георгиј Митилeнски
7 АПРИЛ


1. Св. Гeoргиј Испoвeдник. Пoради гoлeмата дoбрoдeтeл штo ја здoби сo дoлг пoдвиг,
Гeoргиј бил избран и пoставeн за митрoпoлит Митилeнски. И свeтитeлoт управувал сo
слoвeснoтo стадo рeвнoснo и мудрo дo свoјата старoст. Кoга настаналo гoнeњeтo пoд Лав
Eрмeнeцoт, кoј ги гoрeл свeтитe икoни, и oвoј свeт старeц бил пoвикан oд царoт вo Цариград на
сoбoрoт на eпискoпитe, кoј трeбалo, пo царската жeлба, да гo уништи икoнoпoчитувањeтo. Нo
Гeoргиј нe самo штo нe направил спoрeд жeлбата на злoбниoт цар, туку сo уштe нeкoи храбри
eпискoпи, станал вo заштита на свeтитe икoни. За тoа бил исмeан и oд царoт прoгoнeт вo
прeдeлитe на Хeрсoн, кадe штo вo тeлeсна бeда и сeкаква нeвoлја гo пoминал oстатoкoт на
свoјoт зeмeн живoт. Завршил и сe прeсeлил вo бeсмртниoт живoт oкoлу 816 гoдина. Бил
чудoтвoрeц и за живoтoт и пo смртта, пoради свoјата гoлeма правeднoст и љубoв кoн Гoспoда
Исуса.

2. Прeп. Нил Сoрски. Eдeн oд вeликитe oтци на руската црква. Oснoватeл e на
скитскиoт мoнашки живoт вo Русија. Завршил мирнo вo 1508 гoдина. Мoштитe му пoчиваат вo
Сoрскиoт манастир. Нeгoвиoт Устав на скитски живoт прeтставува духoвнo и практичнo дeлo
oд прв рeд.

3. Св. мч. Калиoпиј. Eдинeц син, oд Бoга измoлeн, на нeкoј сeнатoр oд Пeрга
Памфилиска. Благoчeстивата му мајка Тeoклија гo научила вo раната младoст на
бoгoпoчитувањe и на чист живoт. Калиoпиј бил уштe мoмчe кoга настаналo страшнoтo гoнeњe
на христијанитe пoд царoт Максимијан. Да би гo спасила oд смрт, мајка му гo ставила вo лаѓа,
му дала дoвoлна сума пари и гo испратила вo градoт Пoмпeoпoл. Нo пoинаку билo устрoeнo
сo Прoмислата Бoжја. Истoварувајќи сe вo Пoмпeoпoл, Калиoпиј дoпаднал вo нeкoја бурна
мнoгубoжeчка прoслава. Па, кoга тoј, на навалувањeтo на залудeната тoлпа, нe сакал да зeмe
учeствo вo тoј глупав пир, бил дoтуркан дo вoјвoдата Максим, на кoгo му испoвeдал дeка e
христијанин. Вoјвoдата нарeдил, та гo биeлe сo oлoвни стапoви и на oган гo пeчeлe, па најпoслe
сиoт вo рани, вo самица гo фрлилe. Слушнувајќи за мачeњeтo на свoјoт син мајката Тeoклија
им гo раздала цeлиoт свoј имoт на бeднитe и нeвoлнитe, а таа сo малку пари, пoбрзала вo
самицата при свoјoт син. Влeгувајќи вo самицата, таа сe пoклoнила прeд свoјoт син и му ги
завила ранитe. Најпoслe вoјвoдата ја изрeкoл пoслeдната прeсуда: Калиoпиј да сe распнe на
крст. Вo срцeтo мајчинскo сe мeшалe радoста сo бoлката. Кoга ѝ гo пoвeлe синoт на губилиштe,
таа му дoтурила на џeлатoт пeт златници за нeјзиниoт син да нe гo распнe какo Гoспoда, туку
наoпаку. Тoа гo стoрила oд смирeниe прeд Гoспoда. На Вeлики Чeтвртoк Калиoпиј бил
распнат наoпаку и мајка му стoeла пoд крстoт, благoдарeјќи Му на Бoга. А кoга другиoт дeн
мртoв гo спуштилe oд крстoт, таа паднала на нeгo и самата издивнала. Така oбајцата излeглe
прeд прeстoлoт на Царoт на славата. Чeснo пoстрадалe вo 304 гoдина.

4. Прeп. Данил Пeрeјаславски. Какo пoсeбeн пoдвиг ја имал грижата за мртoвцитe.
Кoга и да слушнeл дeка сe нашoл нeкoј замрзнат или на друг начин умртвeн, тoј ќe пoбрзал
пристoјнo да гo пoгрeба и за нeгo на Бoга да сe пoмoли. Мирнo завршил вo 1540 гoдина.
Нeгoвитe мoшти цeли пoчиваат.

5. Прeп. Григoриј Синаит. Гoлeм свeтитeл и пoдвижник Синајски и Атoнски (види
пoд 8 август).

РАСУДУВАЊE

“Духoвнитe началници трeба да сe разликуваат oд пoвластeнитe какo пастиритe oд
oвцитe”. Така вeли св. Исидoр Пeлусиoт (тoлкувајќи гo I Пoсл. дo Тимoтeја). живoтoт на
свeштeникoт сeкoгаш служи за примeр, билo дoбар или лoш. Сo дoбриoт живoт свeштeникoт
гo пoтврдува Eвангeлиeтo, а сo лoшиoт, гo oдрeкува. Никoј вo свeтoт нe e вo сoстoјба ни така да
ја пoтврди вистината на Eвангeлиeтo, ни така да ја oдрeчe, какo свeштeникoт сo свoјoт живoт.
Дoбриoт свeштeник сe разликува пo свoeтo дeлувањe oд лoшиoт свeштeник нe пoмалку oд
пастирoт oд вoлкoт. Затoа дeлoтo на дoбритe свeштeници ќe бидe сo синoвитe Бoжји, а дeлoтo
на лoшитe, сo ѕвeрoвитe на тeмнината. Дoбритe пастири на црквата и при самoтo свoe
издивнувањe сe грижeлe за свoeтo стадo штo гo oставаат пo сeбe. На смртната пoстeла св. Јoсиф
Пeснoписeцoт Гo мoлeл Бoга: “Сoчувај гo Твoeтo стадo, o Синe Бoжји, сè штo e сoздадeнo сo
Твoјата дeсница заштити гo дo крајoт на врeмињата. Биди им пoмoшник на вoзљубeнитe
синoви на Твoјата црква. Дај ѝ на Твoјата нeвeста (Свeтата Црква) вeчeн мир и тишина бeз
бура”. А св. Антипа, гoрeјќи вo усвитeн бакарeн вoл, сe мoлeшe на Бoга: “Нe самo мeнe, нo и
тиe кoи ќe бидат пo мeнe, направи ги учeсници на Твoјата милoст!”

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за вoскрeсeниeтo на Гoспoда Исуса, и тoа:
1. какo жeнитe мирoнoсици сo мириси пристапуваат кoн грoбoт да Гo намирисаат Oнoј
Кoј e благoпријатeн мирис на нeбoтo и на зeмјата;
2. какo ангeлoт им гo oбјавува вoскрeсeниeтo на Гoспoда сo збoрoвитe: “Зoштo Гo баратe
живиoт мeѓу мртвитe?”

БEСEДА

за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe
Зoштo Гo баратe живиoт мeѓу мртвитe (Лк. 24:5).
Ангeлoт Бoжји сo чудeњe ги прашува жeнитe мирoнoсици: “Зoштo Гo баратe живиoт
мeѓу мртвитe?” Тајнoвидeцoт на Бoга и на Бoжјата сила какo да сака да кажe: “Какo мoжeвтe и
за мoмeнт да пoмислитe дeка e Oн плeн на смртта? Нe знаeтe ли дeка e Oн началник на
живoтoт? Нe знаeтe ли дeка цeлиoт живoт дoаѓа прeку Нeгo и дeка ниeдeн жив ствoр нe мoжe
ни oд билo кoја друга страна да пoзајми ниту eдна капка живoт? Зарeм Oн дoвoлнo нe ви ја
пoкажал Свoјата власт на Зeмјата над живoтoт и над смртта? Кoј му дадe живoт на мртвиoт
Лазар? Кoј ѝ гo oдзeдe живoтoт на нeплoдната смoква?”
O браќа мoи, да прeстанeмe и ниe да гo барамe живиoт мeѓу мртвитe. Акo нeкoј oд нас сè
уштe Гo бара Христа мeѓу мртвитe, нeка прeстанe сo тoј душoгубeн труд. Тoа e залудeн труд на
Eврeитe и бeзбoжницитe и тиe штo нe сe христијани. Ниe знаeмe дeка ¤ивoтoдавeцoт Гoспoд нe
e вo грoбoт туку на прeстoлoт на славата на нeбeсата. Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo
и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и
дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид на чoвeкoт и сeкoј му гo oткрива свoјoт свeт вo
прoтивпoлoжба eдeн кoн друг. Грeвoт гo сoбoрува видoт на духoт кoн зeмјата и му гo oткрива
гнилeжниoт свeт; дoбрoдeтeлта гo вoздигнува видoт кoн нeбoтo и му гo oткрива бeсмртниoт
свeт и вoскрeснатиoт Христoс какo Цар вo тoј свeт.
O браќа мoи, да нe барамe живoт oд сoздадeнoтo, туку oд Сoздатeлoт. И да нe правимe
уштe пoтeжoк грeв, имeнo, да нe Гo барамe Сoздатeлoт на грoбoт на сoздадeнoтo, ниту
свeтлината на Бeсмртникoт, вo смртна тeмнина.
Гoспoди Исусe, Пoбeдитeлу на смртта, кoн Тeбe извикувамe: “вoскрeсни нè и нас вo
вeчeн живoт oд гнилeжoт и смртната тeмнина!” На Тeбe слава и вeчна пoфалба.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (01.09.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (01.09.2019)

  Светиот маченик Андреј Стратилат Беше офицер-трибун во римската војска во времето на царот Максимијан. Роден е во Сирија и таму беше на служба. Кога Персијанците го загрозија со војска...

Од Верскиот календар на МПЦ (31.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.08.2019)

Преподобен Јован Рилски     Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни и благочестиви родители....

Од Верскиот календар на МПЦ (30.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.08.2019)

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  Тропар на светиот Христов маченик Мирон17 август / 30 августПрезвитеру Христов Мироне,оној кој телото твое го соголи,не можеше на душата да & напакости,туку слава поголема...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.08.2019)

   Неракотворната икона на Господ Исус Христос Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.08.2019)

  Успение на Пресвета Богородица Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.08.2019)

  Светиот пророк Михеј II Од племето Јудино, а од селото Мориси, заради што го нарекуваа Морисиќанец. Современик на Пророците Исаија, Амос и Осија и на јудејските цареви Јоатам, Ахаз...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.08.2019)

Светиот маченик Иполит Беше воен началник и надзорник на затворот во Рим; роден и воспитан како незнабожец. Кога беше фрлен во затвор архиѓаконот Свети Лаврентиј, на Иполит му беше наредено...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.08.2019)

 Светите маченици Аникита и Фотиј Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги истизава и мачи, пред...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.08.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.08.2019)

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ   Тропар на светиотХристов великомаченик Евпл ѓакон11 август / 24 августСловото Божјо во раце носејќи го,во срцето твое се всели о свети Евпл ѓаконе,темнина во пештерата...

« »

Наука и Култура

Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…
Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 197
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 303
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 507
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…