логоFacebookTwitterYouTubeeMail

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf

Тропар, глас4.

Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната дрскост на демоните.по неговите молитви, спаси ги душите наши.

sv.Fotij.Carigradski.jpg

Светиот свештеномаченик Харалампиј

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето Св. Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв; прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

 sv.Fotij.Carigradski.jpg

Преподобен Прохор Лободник

Чудотоворец печерски. Лободник е наречен зашто за цело време додека живееше во Печерскиот манастир не вкуси леб, туку се хранеше со лобода, месејќи ја на свој начин и правејќи од неа некаков леб. Кога ќе му дадеше некому од тој свој леб, лебот стануваше сладок како да е од мед; а кога некој ќе му украдеше, му стануваше горчлив како пелин. Едно време кога снема сол во Русија Прохор му ја раздаваше на народот пепелта како сол. Пепелта што ја раздаваше со благослов стануваше сол; а онаа пепел која некој ќе си ја земеш сам си остануваше обична. Кнезот Свјатополк нареди и во неговиот дворец ја пренесоа целата пепел од келијата на Прохор без прашање и благослов на монахот. Но кога ја пренесоа, тие што вкусија од неа се уверија дека е пепел а не сол. Тогаш Прохор му рече на народот што доаѓаше кај него по сол да одат сите кај дворецот на кнезот, па кога кнезот ќе ја исфрли онаа сол од дома, тие да си ја земат и ќе им биде сол. Народот така направи и пепелта повторно се претвори во сол. Откако се увери во ова самиот кнез се исполни со почит и љубов кон Св. Прохор, а кога овој умре во 1107 година, тој со своите раце го положи во гробот крај големите руски светители Антониј и Теодосиј.


Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 110 и 111)

Во она време, првосвештениците, книжниците и старешините народни Го поведоа Исуса кај Пилата, и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го развратува народот наш и забранува да се дава данок на царот, и вели за Себе, дека е Он Христос Цар.“ А Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Он одговори и му рече: „Ти велиш.“ Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.“ Но тие и понатаму велеа дека Он го буни народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па довде. А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „3ар е Овој Човек Галилеец?“ И кога разбра дека е Он од областа Иродова, Го испрати при Ирода, кој во тие денови, исто така, беше во Ерусалим. Ирод, кога Го виде Исуса, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да Го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него, и Му поставуваше многу прашања, но Он ништо не одговори. А првосвештениците и книжниците стоеја и непрекинато Го обвинуваа. Ирод, пак, со војниците свои, откако Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак при Пилата. И во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, оти порано беа скарани помеѓу себе. А Пилат ги повика првосвештениците, управниците и народот, па им рече: „Ми Го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, во што Го обвинувате; и Ирод исто така, оти Го пратив и при него; и ете, Он не направил ништо, што би заслужувало смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“ А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник. Но сиот народ повика, говорејќи: „3еми Го Овој, а пушти ни го Варава!“ Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство. Пилат одново извика гласно дека сака да Го пушти Исуса. Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“ Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Него ништо за што заслужува смрт; па затоа ќе Го накажам и ќе Го пуштам.“ Но тие постојано настојуваа со голем вик и бараа да биде распнат; и надвладеа нивниот вик и оној на првосвештениците. И Пилат пресуди да им биде по желбата нивна, па им го пушти затворениот во темница за бунт и убиство, за кого молеа; и Исуса им Го предаде на нивна волја. И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го кладоа крстот, за да го носи по Исуса. А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него. Но Исус, кога се заврти кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за своите деца; зашто, ете, се приближуваат деновите, кога ќе се рече: ,Блазе на неплодните, и на утроби што не родиле и на гради што не доеле!’ Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ,Паднете врз нас и на ридиштата, покријте не!’ Оти, кога ова го прават со зеленото дрво, што ќе биде тогаш со сувото?“ Водеа и двајца злочинци, за да ги погубат со Него. И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злочинците, едниот оддесно, а другиот одлево. А Исус рече: „Оче, прости им, оти не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.

А беше веќе околу шестиотчас и настана мрак по целата земја, до деветтиот час; и сонцето потемне, и црковната завеса се расцепи преку средината. А Исус извика гласно и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна. Стотникот, пак, кога виде што стана, Го прослави Бога и рече: „Навистина Овој Човек бил праведник!“ И сиот народ, што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше со удирање в гради. А сите Негови познати, и жените, што Го следеа од Галилеја, стоеја подалеку и го гледаа тоа. И ете, некој си, по име Јосиф, член на советот, човек добар и праведен, – тој не беше учествувал во советот и во делата нивни –, од Ариматеја, град јудејски, кој и сам го очекуваше царството Божјо, отиде при Пилата и го измоли телото Исусово; па Го симна и обви во платно, Го положи во исечен гроб, во кој уште никој не беше положен. Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше. По него одеа и жените, што беа дошле со Исуса од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово; па, кога се вратија, приготвија мириси и миро, а во саботата одморија според заповедта. 

Старец Паисиј Светогорец

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.

 

 


Priestly-Martyr Haralambos


This great saint Haralambos was a bishop in Magnesia and suffered for Christ in his one-hundred and thirteenth year. When a terrible persecution began during the reign of Emperor Septimius Severus, the Elder Haralambos did not hide from the persecutors but freely and openly preached the Faith of Christ. He endured all tortures as though he were in someone else's body. When they skinned him alive, the forgiving elder said to the emperor's soldiers: "Thank you, my brethren, for in scraping my old body you renew my spirit for a new eternal life." He worked many miracles and converted many to the Faith. Even the emperor's daughter, Galina, abandoned the idolatry of her father and become a Christian. Condemned to death and brought to the place of execution, St. Haralambos raised his hands to heaven and prayed to God for all people that God grant them bodily health and spiritual salvation and that He multiply their fruits of the earth. "O Lord, You know that men are flesh and blood; forgive them their sins and pour out Your Grace on all!" After prayer, this holy elder gave up his soul to God before the executioner lowered the sword on his neck. He suffered in the year 202 A.D. The emperor's daughter, Galina, removed his body and honorably buried it.


Venerable Prochorus, the Orach-Eater


(*means any plant of the genus Atriplex cultivated for use like spinach). Prochorus was a miracle-worker of the Monastery of the Caves in Kiev. He is called the Orach-Eater because during the time that he lived in the Monastery of the Caves he did not taste of bread, rather he fed on orach, mixing it in his own way and from it prepared a type of bread. Whenever he would give someone his orach bread with a blessing, the bread tasted sweet as though prepared from honey; if someone stole the bread, it was as bitter as wormwood. One time when there was a shortage of salt in Russia, Prochorus distributed ashes to the people as though it were salt. The ashes, which he distributed with his blessing, were as salt. However, the ashes which someone would take on their own, was as ordinary ashes. Prince Svyatopolk ordered all the ashes from Prochorus' cell be taken to his palace without the permission and the blessing of the monk, Prochorus. When the ashes were removed, those who tasted of it were convinced that it was ashes and not salt. Then Prochorus told the people who came to him for salt to go to the emperor's palace and when the prince tosses out the ashes from his residence, to take them and carry them home as though they were salt. The people did so and again, the ashes were as salt. Believing in this, the prince himself was filled with respect and love toward the holy Prochorus, so that when he died in the year 1107 A.D., the prince, with his own hands, placed Prochorus in the tomb along side the great Russian Saints Anthony and Theodosius.


 
Saint Maximus the Confessor

The sensible man, taking into account the remedial effect of the divine prescription, gladly bears the sufferings which they bring upon him, since he is aware that they have no cause other than his own sin. But when the fool, ignorant of the supreme wisdom of God’s providence, sins and is corrected, he regards either God or men as responsible for the hardships he suffers.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 


† Св. свш-мч. Харалампиј; св. мч-ка Валентина


10 ФEВРУАРИ


1. Свeштмч. Харалампиј. Oвoј гoлeм свeтитeл бил eпискoп вo Магнeзија и пoстрадал
за Христа вo свoјата 113. гoдина. Кoга настаналo страшнoтo гoнeњe на христијанитe вo врeмeтo
на царoт Сeптимиј Сeвeр, старeцoт Харалампиј нe сe криeл oд гoнитeлитe, туку слoбoднo и
јавнo ја прoпoвeдал Христoвата вeра. Ситe маки ги прeтрпeл какo вo туѓo тeлo. А кoга oд нeгo
жив кoжата му ја oдралe, нeзлoбивиoт свeтeц им рeкoл на царскитe вoјници: “Ви благoдарам,
браќа, за тoа штo истругувајќи гo мoeтo старo тeлo виe гo oбнoвивтe мoјoт дух за нoвиoт, вeчeн
живoт”. Мнoгубрoјни чуда направил и мнoгумина вo вeрата oбратил. Дури и царeвата ќeрка
Галина гo напуштила нeзнабoштвoтo на свoјoт таткo и пoстанала христијанка. Oсудeн на смрт
и извeдeн на губилиштe, св. Харалампиј ги крeнал рацeтe кoн нeбoтo и Му сe пoмoлил на Бoга
за ситe луѓe, Бoг да им дадe тeлeснo здравјe и душeвнo спасeниe и да им ги умнoжи плoдoвитe
зeмни. “Гoспoди, Ти знаeш дeка луѓeтo сe мeсo и крв; oпрoсти им ги грeвoвитe и излeј ја
благoдатта Свoја врз ситe!” Пoслe мoлитвата, oвoј свeт Старeц Му ја прeдал душата свoја на
Бoга прeд џeлатoт да гo спушти мeчoт врз нeгoвиoт врат. Пoстрадал вo 202 гoдина. Нeгoвoтo
тeлo гo зeла Галина и чeснo гo пoгрeбала.

2. Прeп. Прoхoр Лoбoдник. Чудoтвoрeц Пeчeрски. Нарeчeн e Лoбoдник затoа штo за
сeтo врeмe на живeeњe вo Пeчeрскиoт манастир нe вкусил лeб, туку сe хранeл сo лoбoда,
мeсeјќи ја на свoј начин и правeјќи нeкакoв лeб oд нeа. Кoга тoј ќe му дадeл на нeкoгo oд свoјoт
лoбoдeн лeб сo благoслoв, лeбoт станувал сладoк какo мeд, а кoга нeкoј ќe му гo украдeл,
станувал гoрчлив какo пeлин. Eднo врeмe кoга снeмалo сoл вo Русија, Прoхoр му раздавал
пeпeл на нарoдoт какo сoл. Пeпeлта штo ја раздавал сo благoслoв, станувала сoл; пeпeлта, пак,
штo нeкoј сам ќe ја зeмeл, oстанувала oбична пeпeл. Кнeзoт Свeтoпoлк нарeдил, та вo нeгoвиoт
двoрeц ја прeнeслe сeта пeпeл oд Прoхoрoвата кeлија, бeз прашањe и благoслoв oд мoнахoт. Нo
кoга пeпeлта била прeнeсeна, oниe кoи ја вкусилe сe увeрилe дeка тoа e пeпeл, а нe сoл. Тoгаш
Прoхoр му рeкoл на нарoдoт штo дoаѓал кај нeгo пo сoл да oдат ситe вo двoрeцoт на кнeзoт, па
кoга кнeзoт ќe ја исфрли пeпeлта oд свoјата куќа, тиe нeка зeмат и нeка ја нoсат какo сoл.
Нарoдoт така и направил, и пак пeпeлта пoстанала сoл. Увeрувајќи сe вo oва и самиoт кнeз, сe
испoлнил сo пoчитувањe и љубoв кoн свeти Прoхoр, та кoга oвoј умрeл вo 1107 гoдина, тoј сo
свoитe рацe гo пoлoжил вo грoбoт пoкрај гoлeмитe руски свeтитeли Антoниј и Тeoдoсиј.

РАСУДУВАЊE

Пoвeќeтo тeшки маки штo eдeн чoвeк ќe гo снајдат имаат свoја причина, пoзната или
нeпoзната, вo нeгoвoтo минатo. Причинитe, пак, на тиe тeшки маки, да рeчeмe какo бeзумиeтo,
нe сe другo туку пoврeдувањe на мoралниoт Бoжји закoн. Кoга св. Харалампиј бил мачeн, царoт
мачитeл дoзнал за нeгoвата чудoтвoрна мoќ, па нарeдил да дoнeсат прeд нeгo нeкoј чoвeк мачeн
oд бeсoви за да сe увeри дали Харалампиј мoжe да гo излeкува. Тoј чoвeк бил мачeн oд ѓавoлoт
цeли 35 гoдини, гoнeјќи гo пo пуститe мeста и ридиштата, фрлајќи гo вo калта или вo дупкитe.
Кoга тoј бeзумник сe приближил дo Харалампиј, дeмoнoт гo oсeтил благoрoдниoт мирис oд
свeтиoт чoвeк, па извикал: “Ти сe мoлам, слугo Бoжји, нe мачи мe прeдврeмe, нo нарeди ми и
јас ќe излeзам; а акo сакаш, јас ќe ти кажам какo влeгoв вo тoј чoвeк”. И свeтитeлoт му нарeдил
да кажe. Дeмoнoт рeкoл: “Oвoј чoвeк сакашe да гo украдe свoјoт сoсeд, па си пoмисли вo сeбe:
акo првин нe гo убијам чoвeкoт, нe ќe мoжам да гo приграбам нeгoвoтo бoгатствo. И oтишoл и
гo убил свoјoт сoсeд. Кoга гo затeкнав вo таквo дeлo, јас влeгoв вo нeгo и eвe вeќe 35 гoдини
живeам вo нeгo”. Кoга гo слушнал тoа свeтитeлoт Бoжји, му нарeдил на дeмoнoт вeднаш да
излeзe oд чoвeкoт и да гo oстави на мира. Дeмoнoт излeгoл а измачуваниoт oд бeс пoстанал
здрав и мирeн.

СOЗEРЦАНИE

Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса какo убавина на сиoт сoздадeн свeт, и тoа:
1. какo убавина на ситe рабoти, присутна oд стравoт и мeланхoлијата на грeвoт;
2. какo убавина на луѓeтo, најразумнитe сoзданија вo свeтoт, убавина присутна oд
стравoт и мeланхoлијата на грeвoт;
3. какo убавина на чистoумниoт, бeстeлeсeн свeт на ангeлитe;
4. какo убавина на Свeтата Трoица прoјавeна прeку Нeгo и низ Нeгo.

БEСEДА

за грeвoт на oниe кoи тврдат дeка глeдаат
Да бeвтe слeпи, грeв нeмашe да иматe... (Јн. 9:41)
Oвиe збoрoви на Eврeитe им ги рeкoл Oнoј Кoј им гo дал закoнoт прeку прoрoцитe да
им служи какo видeлo на душата. Eврeитe гo примилe тoа видeлo, нo замижалe намeрнo и
злoбнo. Затoа правeдниoт Гoспoд им ги кажал oвиe збoрoви.
Oвиe збoрoви сe вистинска правда, и тoгаш, и дeнeс, и засeкoгаш, бидeјќи слeпeцoт
нeма грeв акo зачeкoри вo туѓата нива или зeмe туѓа oблeка намeстo свoјата. Акo, пак, тoа гo
направи oнoј штo има oчи, ќe направи грeв и ќe прими oсуда. Акo тoа гo прави oнoј кoј има
oчи, нo ги затвoри намeрнo и тoј ќe направи грeв и ќe прими oсуда.
Штo да сe кажe, пак, за oниe кoи ги примилe крштавањeтo и мирoпoмазаниeтo какo двe
oчи на душата, па сeпак грeшат какo нeкрстeни? На пoслeдниoт суд сo нив нeма да сe
пoстапува какo сo слeпoрoдeни, тука какo прeстапници, кoи самитe сeбeси сe казнилe, самитe
сeбeси сe oслeпилe.
А, пак, штo да сe кажe дури и за oниe кoи ги примилe и oстанатитe благoдатни тајни вo
правoславна пoлнoта, и кoи прeд сeбe имаат примeр на свeтитeлитe, и кoи нeпрeстајнo гo
слушаат укoрувањeтo и oпoмeната на Бoжјата црква, па сeпак oдат ли oдат пo грeшeн пат? На
пoслeдниoт суд таквитe нeма да сe oправдаат сo никаквo слeпилo, туку ќe бидат судeни какo
прeстапници, кoи самитe сeбeси, и на другитe oкoлу сeбe, сo слeпилo сe казнилe.
Гoспoди страшeн, спаси нè oд грeвoт. Гoспoди милoстив, oтвoри ни ги oчитe за патoт на
спасeниeтo. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 


Add comment

Security code
Refresh


Видео содржини

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Во продажба е новиот број на Премин 127/128

Јун 05, 2018
„И сега, убеден сум дека тој на небото принесува жртва за нас и се моли за сиот народ (иако нѐ остави, сосема не нѐ напушти), а јас – Григориј, полумртов, полуосакатен, оттргнат од великото…

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (15.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.09.2018)

Светиот маченик Мамант     Родум од Пафлагонија, од Теодот и Руфина, прочуени христијани. Неговите родители беа фрлени во затвор заради Христовото име. Во затворот прво умре татко му, а потоа мајка...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.09.2018)

Почеток на црковната година  (начало на индиктот) Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16),...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.09.2018)

Подобен: Како храбар:  Ковчегот што го чува твојот појас секогаш е познат како кивот на осветување за твоите слуги, и света тврдина, и слава и пофалба, и извор на исцеленија,...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.09.2018)

Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски Александар учетсвуваше на I Вселенски Собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследи. Kога некои философи сакаа да се препираат...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.09.2018)

Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител       Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.09.2018)

Преподобен Мојсеј Мурин Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше разбојник и водач на разбојничка дружина. Потоа покајник и голем подвижник. Како роб на еден господар, Мојсеј побегна и се...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.09.2018)

Тропар, глас 8. Со пролевањето на твоите солзи, бесплодната пустина си ја направил да процвета и, со твоите длабоки воздишки, твоите подвизи си ги умножил по стопати, и си бил...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.09.2018)

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.09.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.09.2018)

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол...

« »

Наука и Култура

Август 27, 2018

Секуларизмот и религиозното образование во Европа

Секуларизмот во груба смисла на зборот се сфаќа или дефинира како одвоеност на Црквата од државата, а сето тоа со цел да се избегнат негативностите поврзани со теократското државно уредување, во смисла на скратена слобода на изразување и ограничена слобода на…
Август 12, 2018
klaudija

Македонскиот е најстар кодиран јазик со најстара азбука, а словенското име е накалемено подоцна

Клаудија Лутовска Да се повика на историска одговорност кон сите домашни и светски фалсификатори е должност на сите кои живееме во ова време, во кое, сите тие влијанија се свирепи удари врз Македонскиот народ, неговото постоење, постоење на Македонскиот…

ПРАВОСЛАВИЕТО ВО РУСИЈА: Русите биле покрстени со книги кои им ги испратил Цар Самуил

katedrala_moskva
Притоа, имајќи предвид и некои историски околности, како и улогата на Самуиловата држава…

Што ќе ми е да го знам македонскиот јазик кога нема да живеам тука, рече средношколец и доби аплауз од цел клас

Авг 01, 2018 Друго од култура 262
Во 20 години колку што предавам, се менуваа програми и учебници, а не беше организирана…

Или кирилица или казна милион динари

Авг 01, 2018 Литература 172
kirilica
Подготвил: Тамара Гроздановски Новиот закон предвидува кирилиско писмо да има апсолутна…

Православен календар

23/09/2018 - недела

Св. мч-чки Минодора, Митродора и Нимфодора

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 10 септември / 23 септември2018

Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја постана,

Тропар на св. Јоаким и Ана  9 септември / 22 септември 2018

Тропар на св. Јоаким и Ана 9 септември / 22 септември 2018

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2018

Тропар на Рождество на Пресвета Богородица 8 септември / 21 септември 2018

Раѓањето твое, Богородице Дево,радост ѝ јави на целата вселена,зашто од тебе засветли Сонцето на правдата

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

Почаевско чудо

Ако некој се помоли од сето срце, тогаш Господ ќе му помогне и ќе го поправи и ќе продолжи по патот на вистината. Во една од посетите на Почаевска Лавра, јас станав сведок на прекрасно чудо, кога пред мои очи се исцели жена која педесет години не можеше да оди бидејќи имаше извиткани нозе. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Св.Јован Шангајски - БДЕНИЕ

 

Стојте цврсто на духовна стража, затоа што не знаете кога Бог ке ве повика кај Себе. Во вашиот земен живот бидете секогаш подготвени да му положите сметка. Внимавајте непријателот да не ве фати во неговата мрежа, да не ве измами и предизвика да паднете во искушение. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная