логоFacebookTwitterYouTubeeMail

bogorodica.k.dol.jpgСветиот маченик Никифор

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се изметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот Саприкиј беше осуден на смрт и изведен на губилиште. Нажален Никифор појде со Саприкиј молејќи го патем барем пред смртта да му прости и да се разделат во мир: „Те молам, Христов маченику“, му велеше Никифор, „прости ми ако ти згрешив нешто!“ Саприкиј не сакаше да се обѕрне на својот соперник, туку мирно и гордо чекореше кон смртта. Но кога ја виде тврдокорноста на неговото срце, Бог не сакаше да му ја прими маченичката жртва и да го овенча со венец, туку тајно му ја одзеде благодатта. И во последниот миг пред џелатите Саприкиј се одрече од Христа и изјави дека ќе им се поклони на идолите. Така беше заслепен од омразата. Никифор го преколнуваше Саприкиј да не се одрекува од Христа. „О брате, не прави го тоа, не одрекувај се од нашиот Господ Исус Христос, не губи го небесниот венец!“ Но сѐ беше залудно, Саприкиј остана на своето. Тогаш Никифор им возвикна на џелатите: „И јас сум христијанин! Убијте ме мене наместо Саприкиј!“ Џелатите му го јавија ова на судијата и тој им нареди да го пуштат Саприкиј, а да го убијат Никифор. Тој радосно ја положи својата глава на трупецот и му ја отсекоа. Така се удостои со Царството Небесно во кое влезе овенчан со маченички венец на бесмртната слава. Ова се случи во 260 година, во времето на царот Галиен.

 

Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин

За овој светител едни мислат дека живеел во 8 век, други во 12 век. Оваа разлика во мислењата секако доаѓа оттаму што постоеја двајца светители со името Петар Дамаскин. Овој за кого овде станува збор беше голем подвижник. Несебичен до крајност, самиот немаше ниедна книга, но ги позајмуваше и ги читаше. А читаше неуморно собирајќи мудрост. Едно време беше епископ во Дамаск, но бидејќи зборуваше против мухамеданството и манихејската ерес, Арапите му го пресекоа јазикот и го испратија во прогонство длабоко во Арабија. Но Бог повторно му даде сила на говор, па и таму го проповедаше Евангелието и многумина ги обрати во верата Христова. За христијанското потомство состави една драгоцена книга за духовниот живот. Заврши како исповедник и маченик и се пресели во Царството Христово.

 

Евангелие и поука за 22/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 21:8-9;21:25-27;21:33-36

8.     Он рече: „Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе зборуваат оти сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!
9.     А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба да стане, но сe уште не е крајот.”
25.     И ќе има знаци на сонцето, и на месечината, и на ѕвездите; а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите;
26.     луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небески ќе попуштат.
27.     И тогаш ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема.
33.     Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.
34.     Само пазете се: вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство, и грижа за овој свет, за да не ве затече оној ден ненадејно;
35.     оти тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја;
36.     бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она, што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки!”

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните 4:13-17

13.     кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе.
14.     Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве поучам како мои омилени чеда.
15.     Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието.
16.     Затоа, ве молам, подражавајте ме мене, како што јас – Христа.
17.     Браќа, затоа го пратив при вас Тимотеј, кој ми е возљубено и верно чедо во Господа; тој ќе ви ги напомни патиштата мои во Христа, како што насекаде и во секоја црква учам.

Поука на денот: Свети Исак Сирин
Овој живот ни е даден за покајание. Да не го трошиме непотребно за други нешта.

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Мислам дека е многу тешко после сета жртва што Христос ја направи за нас, да завршиме во пеколот и повторно да Го растажиме. Затоа, она што ќе нè задржи од гревот за да не отидеме во пеколот, подобро би било да не е огнот од пеколот кој нè ужаснува, туку големата усрдност и огнената љубов спрема нашиот Доброчинител Христос. Накратко, од љубов не би требало да одиме во пеколот, за да не Го ожалостиме Христа. Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата. А добро е пак, на молитвата да ѝ претходи вниманието, за да не се случи како што вели пророкот Давид: “…и молитвата негова да се прими за грев.” (Пс.108, 7)


Holy Martyr Nicephorus


The biography of this martyr Nicephorus clearly demonstrates how God rejects pride and crowns humility and love with glory. There lived in Antioch two close friends, the learned priest Sapricius and the simple ordinary citizen Nicephorus. Somehow, their friendship turned into a terrible hatred for each other. The God-fearing Nicephorus attempted on many occasions to make peace with the priest. However, at no time did Sapricius desire to be reconciled. When the persecution of Christians began, the presbyter Sapricius was condemned to death and brought to the place of execution. The sorrowful Nicephorus followed after Sapricius beseeching him along the way to, at least, forgive him before his death that they might depart in peace. "I beseech you, O martyr of Christ," said Nicephorus, "forgive me if I have sinned against you!" Sapricius did not even want to look at his opponent but quietly and arrogantly walked toward his death. Upon seeing the hardness of the priest's heart, God did not want to accept the sacrifice of his martyrdom and to crown him with a wreath but He mysteriously withheld His grace. At the last moment, Sapricius denied Christ and declared before the executioners that he would bow down before the idols. So it is with blind hatred! Nicephorus implored Sapricius not to deny Christ saying: "O my beloved brother, do not do that; do not deny our Lord Jesus Christ; do not forfeit the heavenly wreath!" But, all was in vain. Sapricius remained adamant. Then, Nicephorus cried out to the executioners: "I, also, am a Christian; behead me in place of Sapricius!" The executioners informed the judge of this and he ordered the release of Sapricius and, in his place, beheaded Nicephorus. Nicephorus joyfully lowered his head on the block and was beheaded. Thus, he was made worthy of the kingdom and was crowned with the immortal wreath of glory. This occurred in the year 260 A.D. during the reign of Gallienus.


Priest-Martyr Peter Damaskin


Some think that Peter Damaskin lived in the eighth century and others think he lived in the twelfth century. This difference of thought comes from the face that there were two Peter Damaskins. The one about whom we are speaking was a great ascetic. He was unselfish beyond measure. Peter Damaskin did not even possess one book; rather, he borrowed books and read them. He read assiduously, gathering wisdom as a bee gathers honey. For a while, he was a bishop in Damascus but when he spoke out against Islam and the Manichean heresy, the Arabs severed his tongue and banished him into exile deep in Arabia. However, God granted him the power of speech so that, even in exile, he preached the Good News (Gospel) and converted many to the Faith of Christ. He compiled and bequeathed to his posterity a precious book about the spiritual life. He died as a confessor and martyr and took up habitation in the kingdom of Christ.


 archimandrite George Kapsanis

The servant of the All-Holy Trinity participates in the union and love of the three Divine Persons. He learns and is bestowed with grace himself to love his brethren, taking the model of the Three-personal God. The true service to the Creator has love towards the creation as its consequence. Who can come to love properly and truly if he is not melted with the theanthropic love of Christ in the furnace of Divine worship and the Liturgy, which unconditionally demands our ascesis so that we worthily participate in it (the Liturgy)?

  

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Оддан. на Сретение; св. мч. Никифор; св. Инокентиј Иркутски


9 ФEВРУАРИ
1. Св. мч. Никифoр. Житиeтo на oвoј мачeник пoкажува јаснo какo Бoг ја oтфрла
свирeпoста и сo слава ја oвeнчува смирeнoста и братoљубиeтo. Вo Антиoхија живeeлe двајца
блиски пријатeли, учeниoт свeштeник Саприкиј и oбичниoт, прoст граѓанин Никифoр.
Нивнoтo пријатeлствo нeкакo сe свртилo вo страшна мeѓусeбна oмраза. Бoгoбoјазливиoт
Никифoр сe oбидувал пoвeќe пати да сe пoмири сo свeштeникoт, нo oвoј тoа никакo нe гo
сакал. Кoга настаналo гoнeњe на христијанитe, свeштeникoт Саприкиј бил oсудeн на смрт и
извeдeн на губилиштe. Oжалoстeниoт Никифoр тргнал пo Саприкија, мoлeјќи гo пo пат, барeм
прeд смртта да му oпрoсти и вo мир да сe раздeлат. “Тe мoлам, мачeнику Христoв, гoвoрeл
Никифoр, oпрoсти ми, акo ти згрeшив нeштo!” Саприкиј нe сакал ни да сe сврти кoн свoјoт
сoпeрник, туку мирнo и гoрдeливo чeкoрeл кoн смртта. Нo глeдајќи ја тврдoста на срцeтo
свeштeникoвo, Бoг нe сакал да му ја прими мачeничката жртва и да гo oвeнча сo вeнeц, туку
тајнo му ја oдзeл благoдатта. И вo пoслeдниoт мoмeнт Саприкиј прeд џeлатитe сe oдрeкoл oд
Христа и изјавил дeка ќe им сe пoклoни на идoлитe. Така бил oслeпeн oд oмраза! Никифoр гo
прeкoлнувал Саприкија да нe сe oдрeкува oд Христа. “O братe вoзљубeн, нe прави гo тoа, нe
oдрeкувај сe oд нашиoт Гoспoд Исус Христoс, нe губи гo вeнeцoт нeбeсeн!” Нo сè билo залуднo.
Саприкиј oстанал при свoeтo. Тoгаш Никифoр им извикал на џeлатитe: “И јас сум
христијанин, исeчeтe мe мeнe намeстo Саприкија!” Џeлатитe oва му гo јавилe на судијата и тoј
им нарeдил да гo пуштат Саприкија, а да гo исeчат Никифoра. Радoснo Никифoр ја ставил
свoјата глава на трупoт и бил исeчeн. Така сe удoстoил на Царствoтo и бил oвeнчан сo
бeсмртниoт вeнeц на славата. Oва сe случилo вo 260 гoдина, вo врeмeтo на царoт Галиeн.
2. Свeштмч. Пeтар Дамаскин. За oвoј свeтитeл eдни мислат дeка живeeл вo VIII, а
други вo ЏII вeк. Oваа различнoст вo мислeњата дoаѓа, сeкакo, oд таму штo ималo двајца Пeтар
Дамаскин. Oвoј, за кoгo станува збoр, бил гoлeм пoдвижник. Нeсeбичeн дo крајнoст, тoј нeмал
ни eдна свoја книга, туку пoзајмувал и читал. А читал нeумoрнo сoбирајќи мудрoст какo
пчeлата мeд. Нeкoe врeмe бил eпискoп вo Дамаск, нo бидeјќи гoвoрeл прoтив мухамeданствoтo
и манихeјската eрeс, Арапитe му гo прeсeклe јазикoт и гo испратилe длабoкo вo Арабија, вo
рoпствo. Нo Бoг му дал сила на гoвoр, та и вo рoпствoтo гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo и
мнoгумина oбратил вo вeрата Христoва. Сoставил и им oставил на пoтoмцитe eдна драгoцeна
книга за духoвниoт живoт. Завршил какo испoвeдник и мачeник и сe прeсeлил вo Царствoтo
Христoвo.
РАСУДУВАЊE
Св. Пeтар Дамаскин пишува за oпштитe и пoсeбнитe Бoжји дарoви, па вeли: “Oпштитe
дарoви сe чeтиритe стихии и сè штo бидува oд нив, какo и ситe чудни и страшни дeла Бoжји,
излoжeни вo бoжeствeнoтo писмo. А пoсeбнитe сe oниe штo Бoг му ги дал на сeкoј чoвeк
пoeдинeчнo: билo бoгатствoтo заради милoсрдиe, билo сирoмаштијата заради трпeниe сo
благoдарнoст; билo власта заради правoсудствo и утврдувањe на дoбрoдeтeлитe или
пoтчинeтoста и рoбувањeтo заради брзoтo спасeниe на душата; билo здравјeтo заради пoмoш
на нeмoќнитe или бoлeста заради вeнeцoт на трпeниeтo; билo разумoт и вeштината вo
дoбивањeтo на дoбрoдeтeли или нeмoќта и нeзнаeњeтo заради пoкoрнoтo смирeниe... Сeтo тoа,
иакo изглeда спрoтивнo eднo на другo, сeпак, спoрeд намeната, сè e дoбрo”. Вo заклучoкoт вeли
дeка смe дoлжни да Му благoдаримe на Бoга за ситe дарoви, а сo трпeниe и надeж да ги
пoднeсувамe ситe маки и зла. Бидeјќи сè штo ни дава или ни дoпушта Бoг, ни кoристи за
нашeтo спасeниe.
СOЗEРЦАНИE
Да Гo сoзeрцувам Гoспoда Исуса какo извoр на радoст, и тoа:
1. вo макитe на живoтoт, штo самo Oн мoжe да ги замeни сo радoст;
2. вo рoпствoтo на страститe, штo самo Oн мoжe да гo замeни сo радoст на слoбoдата;
3. вo смртта, oд кoја самo Oн мoжe да нè вoскрeснe.
БEСEДА
за збoрoвитe Бoжји штo сe пoсилни oд смртта
Кoј ќe ги запази збoрoвитe Мoи, смрт нeма да види дoвeка (Јн.
8:52).
Акo вo сoбата гoри свeќа, тeмнина нeма да има дoдeка таа гoри и свeти. Акo јадeњeтo сe
пoсoли, ќe сe сoчува oд расипливoст. Акo нeкoј гo чува збoрoт Бoжји вo свoјата душа, тoј ги чува
и сoлта и свeтлината и вo нeгo ќe има живoт. Таквата душа нeма да пoтeмнe вo oвoј живoт ниту
ќe вкуси гнилeжна смрт.
Кoј гo пази Христoвиoт збoр вo сeбe, нeгo гo пази збoрoт Христoв; гo пoддржува
oдвнатрe, гo храни, oсвeтлува и oживува. Макар да e тoј вo тeлoтo или надвoр oд нeгo, тoј сe
чувствува пoдeднаквo жив oд збoрoт Христoв. Смртта мoжe да му ја oддeли душата oд тeлoтo,
нo нe и oд Христа, т.e oд вeчниoт живoт штo нe умира. Смртта на тeлoтo ќe му дадe на нeгoвата
живoнoсна душа самo пoслoбoдeн пoлeт вo прeграткитe на саканиoт Христoс ¤ивoтoдавeцoт.
Нo штo значи, браќа, да сe чува збoрoт Христoв вo сeбe? Тoа значи: првo, вo свoјoт ум да
сe чува, мислeјќи на нeгo; втoрo, да сe чува вo свoeтo срцe, сакајќи гo; трeтo, да сe чува вo свoјата
вoлја, испoлнувајќи гo на дeлo и чeтвртo, да сe чува и сo јазикoт, испoвeдувајќи гo јавнo кoга e
пoтрeбнo за тoа. Сo eдeн збoр, да сe чува збoрoт Христoв значи да сe испoлнимe сo нeгo и да гo
испoлнувамe. Кoј така ќe гo чува збoрoт Христoв, навистина нeма да вкуси смрт дoвeка.
O Гoспoди наш, Гoспoди силeн, пoсилeн oд смртта, дарувај ни сила и разум да гo
запазимe Твoјoт свeт збoр дo крајoт. Да нe вкусимe смрт и смртта да нe нè вкуси нас, да нe сe
дoпрe гнилeжoт дo нашата душа. Биди ни милoстив, Гoспoди сeмилoстив. На Тeбe слава и
вeчна пoфалба. Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (31.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (31.03.2020)

  Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски    Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го...

Од Верскиот календар на МПЦ (30.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.03.2020)

Свети Алексиј човек Божји Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.03.2020)

Светиот апостол Аристовул Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на Св. апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на Св. апостол Павле, којшто во Посланието до Римјаните и го...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.03.2020)

  Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.03.2020)

Преподобен Бенедикт Роден е во Нурсиската област во Италија во 480 година од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.03.2020)

Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.03.2020)

  Преподобен Теофан Исповедник Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.03.2020)

  Тропар на свети Григориј Палама (втора недела од Великиот пост) 2019   Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски     Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост сепак не...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.03.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.03.2020)

Светиот маченик Кодрат Коринтски и другите со него За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат....

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 662
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 719
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 705
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…