логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 vozdvizenie.jpg

Свети Григориј, епископ Ниски

Брат на Св. Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено наострено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивен едномисленик, успеаа да го симнат Свети Григориј од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство тој помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост, на крајот од 4 век, и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.

bogorodica.k.dol.jpg

 Свети Теофан Затворник     23/01/2011

Со својот живот Епископот Теофан потсетува на многумина велики Отци и учители на древната христијанска Црква. Таков суд неодолливо наметнува неговиот морален и аскетски живот, неговата длабока и силна богословска мисла, искажана во пишаните - објавените дела. Роден е во 1815 година во село Чарновскоје (Орловска губернија) во Русија, од татко Василиј Тимотиевич Говоров, свештеник, и мајка Татјана Ивановна која била од свештеничка фамилија. На крштението го доби името Георгиј. Големата благочестивост на родителите на Георгиј беше прва и најважна „школа“ за неговото основно христијанско образование и насочување. Во осмата година (1823) тргна во Ливенската духовна школа. Шест години подоцна (1829) одеше во Орловската семинарија, на чие чело беше архимандрит Исидор, подоцна познат архиереј на Руската Црква. Семинаријата ја заврши во 1827 година со одличен успех. Потоа се запиша на Киевската духовна академија, којашто ја заврши во 1841 година со научен степен магистер, и тоа веќе со јеромонашко име Теофан. Монашкиот завет го положи истата година, значи, пред да ја заврши Духовната академија. Веќе во август 1841 година, јермонахот Теофан е поставен за ректор на Киево-софиската духовна школа. Набргу (1842) е одреден за инспектор на Новгородската семинарија, во која се истакна како извонреден предавач по психологија и логика. Благодарение на умните и духовните способности коишто го красеа, Теофан во 1844 година во Петербуршката духовна семинарија е поставен за предавач по морално и пастирско богословие. Своите предавања ги темелеше на психологијата (оплеменета со личен аскетски живот и осмислена со учењето на Светото Писмо) и житијата на великите богоугодници. Богат со богословие, отец Теофан во 1845 година заслужено е одреден за помошник на инспекторот на академијата, а во 1846 година ги врши должностите на инспектор. Наредната година (1847), по сопствена желба, станува член на Духовната мисија во Ерусалим, којашто ја предводеше архимандрит Порфириј (Успенски), голем познавач на Истокот и истакнат црковен археолог. За време на шестгодишниот престој на Исток јеромонахот Теофан ги посетуваше древните монашки обители и читаше стари ракописи во кои се содржани житијата на светителите и уставите на монашко живеење. Притоа, непосредно разговараше со подвижниците, особено на Света Гора. Сето ова ја загреа неговата љубов и наколнетост кон пустинското подвизување. Поради Кримската војна (1853) Руската духовна академија е повлечена во 1854 година од Ерусалим во Русија. Трудот на јеромонахот Теофан во Мисијата не можеше да остане незабележан. Тоа беше една од причините што во 1855 година го добива достоинството архимандрит и е поставен во Петербуршката духовна академија на катедрата за канонско право, а набргу и на должност ректор на Олонецката духовна семинарија. Истата таа 1855 година архимандритот Теофан стана член на Олонецкиот духовен конзисториј. Во тоа време особено се истакнува со проповедите и мерките коишто ги презема за сузбивање на расколништвото. Познавањето на приликите на Истокот како и познавањето на грчкиот јазик беа пресудни Руската Црква да го постави архимандритот Теофан во 1856 година за старешина на црквата при Руската амбасада во Цариград. Од тоа место одблиску ја прати ситуацијата и го известува Синодот на Руската Православна Црква за расправиите помеѓу Цариградската и Бугарската Црква во врска со расколот во Бугарија. Кога набргу (1857) се покажа потреба архимандрит Теофан со своето служење и искуство на Руската Православна Црква да ѝ пружи нови услуги, Светиот Синод со указ го поставува за ректор на Петербуршката духовна академија. Од тоа место своите трудови главно ги објавува во списанието Христијанско четиво, коешто изгледува под негов надзор. Основна задача му беше, меѓутоа, да бдее над духовниот, воспитен и образовен лик на студентите, па за таа цел присуствува на многу предавања на професорите и на испитите на богословите. Додека беше ректор се погоди Академијата 1859 година да прославува 50 години од своето основање. За трудот и предаденоста на службата во Академијата, Синодот на Руската Црква го награди со орден на свети кнез Владимир од трет степен. Истата таа година избран е за Епископ Тамбовски и Шацки, каде што четири години неуморно ја поучува паствата со необично едноставни и силни проповеди кои се објавени во три тома. За тоа време, Епископот Теофан отвора многу црковно-парохиски и други школи, и го започнува издавањето на епархиското списание. Од особена важност е неговиот богословски труд Писма за христијанскиот живот. Од себе го излева токму она со што е исполнет: духовноста, благоста, татковската љубов кон сите, особено кон ожалостените. Кога во една прилика ги посетува црквите и манастирите во својата епархија, Епископот Теофан ја посети и Вишинската пустина, којашто необично му се допадна по својата положба и монашки устав. Праќајќи го за настојател на пустината игуменот Аркадиј, пророчки изговори: „Појдете, отец игумен, таму, а Бог ќе даде и јас да дојдам при вас“. Кога 1863 година се упокои Владимирскиот Епископ Јустин, Синодот на Руската Црква одлучи на неговата епископија да го постави Тамбовскиот Епископ Теофан, со образложение дека е способен да управува со „поголема паства“. Епископот Теофан, како и во претходната, така и во новата, Владимирската епархија, непрестајно мисионери, отвора училишта, започнува со издавање на епархиски весник и др. После дваесетипетгодишното служење на Црквата на разни начини, Епископот Теофан одлучува да го оствари својот монашки идеал така што се повлекува во пустина и потполно се откажува од овој свет и обврските во него. Таа највозвишена монашка одлука е круна на духовните доживувања и небесните повици коишто Епископот Теофан ги собираше во срцето. Откако се посоветува со својот духовен раководител, Митрополитот Исидор, Епископот Теофан одлучи да упати молба до Светиот Синод, да го разреши од епископските обврски во Тамбовската епархија и да му дозволи постојано да пребива во Вишинската пустина. Одобрението го доби во 1866 година, кога е поставен за настојател на Вишинската пустина, во која до крајот го помина овоземниот живот, иако не како настојател. Набргу повторно испрати писмо до Светиот Синод, да го разреши од обврските на настојател, со цел да оди подлабоко во пустинските карпи, каде што попредадено, во мир, ќе Му служи на Бог. Сакаше, значи, нешто повозвишено од општожителниот пустински манастир и неговиот строг устав. Се повлече во тихување и постојано општење со Бог, какво што само пустината може да овозможи на вистински и искусен духовник. Вдлабочувајќи се сѐ повеќе во смислата на пустинското подвижништво, Епископот Теофан во 1872 година започна да живее затворнички живот. Ги прекина допирите со луѓето и престана да оди во манастирскиот храм на богослуженија, затворајќи се во посебно катче на пустинските престојувалишта, поради што е и наречен Затворник. Оттогаш ги прима само настојателот на пустината, духовникот игумен Тихон, и келијникот, отец Евлампиј. Во своето престојувалиште направи мала црква, посветена на Крштението Господово, во која последните единаесет години секојдневно служеше Света Литургија. Така тој својот затворнички живот го помина во општење со Бог преку молитвата, читање и пишување. Оттаму напиша многу писма - одговори на оние кои му пишуваа барајќи духовна помош, во што виде посебен начин на служење на Црквата Божја. Дневно му стигнуваа 20-40 писма од разни краеви на Русија. Затоа со право еден биограф го нарекува „голем мудрец на христијанската философија, кој е плодотворен до степенот кој го достигнале светите Отци од четвртиот век“. Богословската наука е многу збогатена со трудовите на Епископот Теофан, бидејќи своите мисли низ поуки и толкувања ги изложува едноставно и јасно, така што на сите да им станат разбирливи основните вистини на христијанската вера. Најдобар доказ за тоа е неговиот превод на Добротољубието. Искреноста, скромноста, љубовта кон човекот се основните одлики на светата душа на Теофан Затворник. „Еве, - говорел тој - јас читам и пишувам книги, а во мене нема ништо слично на она што го правеле угодниците Божји.“ Таквиот негов внатрешен свет го правеше благ кон сите. Тој беше наклонет кон тоа сите луѓе да ги смета за свети. Големиот праведник Бог го пресели на оној свет во 1894 година, на денот на Крштението Господово - ден на празникот на храмот којшто го основа во својата келија. Се пресели, но не престана да живее на земјата, во свеста на живите членови на Црквата Христова. Во едно од многуте напишани дела на овој Светител може да се прочита: „Умрените продолжуваат и на земјата да живеат, во сеќавањето на живите, со своите добри дела“. Во 1988 година, скоро сто години по смртта, Црквата го канонизира овој голем подвижник за Светител.

 

Преподобен Амон

Подвижник Мисирски. Четиринаесет години се трудеше и Го молеше Бога да го победи гневот во себе. Достигна толкаво совршенство во добрината што повеќе не беше ни свесен дека постои злото во светот. Извонреден познавач на Светото Писмо. Се упокои во почетокот на 5 век.

Свети Маркијан

Роден е во Рим, но како презвитер до крајот на својот век го проживеа животот во Цариград, поголемиот дел за време на царувањето на Маркијан и Пулхерија. Откако наследи големо богатство од родителите, тој целото го потроши за обновување и изградба на храмови и милостињи на сиромасите. Изгради две нови цркви во Цариград, прочуени по убавината и светоста: на Св. Анастасија и на Св. Ирина. Кога го прашаа зошто толку многу троши за црквите, одговори: „Кога би имал ќерка и би сакал да ја омажам за некој благородник, зарем не би потрошил многу злато за да ја украсам како достојна невеста? А овде ја украсувам Црквата, невестата Христова“. Колку пак овој прекрасен маж беше милостив кон црквите и кон сиромасите толку беше тврд и многу тврд кон самиот себеси, следејќи го советот апостолски: А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни (1 Тимотеј 6, 8). За него пишува: „Сиот беше во Бога и Бог беше во него и се престави кај Господа исполнет со години и добри дела“, во 471 година.

Евангелие и поука за 23/01/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 10:17-27

17.     А кога излегуваше на пат, притрча некој, падна на колена пред Него и Го праша: „Учителе добар, што треба да направам, за да наследам живот вечен?”
18.     Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог!
19.     Заповедите ги знаеш: не прељубодејствувај; не кради; не сведочи лажно; не навредувај; почитувај ги татка си и мајка си.”
20.     А тој Му одговори и рече: „Учителе, сето тоа сум го запазил од младини.”
21.     Кога го погледна Исус, му омиле, па рече: „Едно не ти достига: оди и продај сe што имаш, и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; дојди и врви по Мене, кога ќе го земеш крстот.”
22.     Тој, пак, кога се смути од тие зборови, си отиде нажален, зашто имаше големо богатство.
23.     И кога погледна Исус, им рече на учениците Свои: „Колку е тешко за богатите да влезат во царството Божјо!”
24.     А учениците се уплашија од зборовите Негови. Но Исус пак им одговори и рече: „Чеда, колку им е тешко на оние, што се надеваат на богатството, да влезат во царството Божјо!
25.     Полесно ? е на камила да влезе низ иглени уши, отколку на богат – да влезе во царството Божјо.”
26.     А тие се чудеа многу и си велеа помеѓу себе: „Тогаш кој може да се спаси?”
27.     Кога ги погледна Исус, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; зашто за Бога сe е можно!”

Апостол на денот: Соборно послание на светиот апостол Јаков 4:7-17;5:1-9

7.     Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!
8.     Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
9.     Бидете нажалени и плачете и ридајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10.     Понизете се пред Господа, и ќе ве подигне!
11.     Не напаѓајте се еден со друг, браќа: оти, кој го напаѓа братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
12.     Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си, што осудуваш друг?
13.     Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме”,
14.     вие, кои не знаете што ќе стане утре: оти, што е вашиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува.
15.     Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа”.
16.     А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е лукава.
17.     И така, грев е за оној, кој знае да прави добро, а не го прави.
1.     Елате сега вие, богатите: плачете и ридајте за страшните маки, што идат на вас.
2.     Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.
3.     Златото ваше и среброто ви за’рѓа и ‘рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган: сте собрале богатство за последните дни.
4.     Ете, платата, што сте ја задржале од работниците, кои работеа на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господа Саваот.
5.     Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги потхранивте срцата ваши како за ден на клање.
6.     Осудивте, убивте праведник; и тој не се бранеше.
7.     Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.
8.     Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, оти доаѓањето на Господа се приближи.
9.     Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Судијата стои пред вратата.

Поука на денот: Свети Григориј Палама
Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Којшто Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бога. Тихувањето е значи брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бога, особено за оние коишто во сe и потполно го практикуваат.

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари. Добро е што милостивиот Бог дозволува да бидеме искушани, бидејќи ќе имавме скриени страсти и бесмислени побарувања на Судниот ден.

Saint Gregory, Bishop of Nyssa


Gregory was the brother of Basil the Great. At first, he was only a presbyter since he was married; but when his wife Blessed Theosevia died, Gregory was chosen and consecrated as bishop of Nyssa. He was distinguished by his great secular learning and spiritual experience. He participated at the Second Ecumenical Council (Constantinople, 381 A.D.). It is thought that he composed the second half of the Symbol of Faith (The Creed). He was a great orator, an exegete of Holy Scripture and a theologian. Because of their defeat, the Arians especially attacked him as their worst enemy, so that, during the reign of Emperor Valens, their ally of the same mind, succeeded in ousting Gregory from the episcopal throne and banished him into exile. This Holy Father spent eight years in exile, patiently enduring all miseries and all humiliations. He finally died in old age toward the end of the fourth century and was translated into the Kingdom of God remaining on earth throughout the ages as a great beacon of the Church.


Venerable Ammon, Epyptian Ascetic


For fourteen years, Ammon prayed to God and struggled to conquer anger within himself. He attained such perfection of goodness, that he was not even conscious that evil existed in the world. He was particularly knowledgeable in Holy Scripture. He died at the beginning of the fifth century.


Saint Marcian


Marcian was born in Rome. As a presbyter, he lived the remainder of his life in Constantinople during the greater part of the reign of Emperor Marcian and Empress Pulcheria. Inheriting enormous wealth from his parents, Marcian generally spent it on two goals: either on building or restoring churches or on charity for the poor. He built two new churches in Constantinople, St. Anastasia and St. Irene, both famous for their beauty and sacredness. When he was asked, "Why do you spend so much on churches?" He replied, "If I had a daughter and wanted to marry her to a nobleman, would I not spend much gold in order to adorn her as a worthy bride? And, here I am adorning the Church, the Bride of Christ." As much as this wonderful man was generous toward the churches and the indigent; so much was he austere, very austere toward himself following the apostolic exhortation: "If we have food and clothing, we shall be content with that"(I Timothy 6:8). It is written about him: "He was totally in God and God in him, and presented himself to God in fullness of years and good works," in the year 471 A.D.


 Saint Symeon the New Theologian

The more man plunges into the depth of humility and despises himself as one unworthy of salvation, the more he mourns and gives way to streams of tears. To the extent of these tears, in the heart spiritual joy awakens and together with it pours out and grows hope, that fortifies the complete confidence in the very salvation.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Св. Григoриј eп. Ниски, Св. Теофан Затворник


10 ЈАНУАРИ


1. Св. Григoриј, eп. Ниски e брат на св. Василиј Вeлики. Најпрвo бил самo прeзвитeр
затoа штo бил oжeнeт, а кoга му пoчинала жeната, блажeна Тeoзва, гo избралe и гo пoсвeтилe
за eпискoп вo Ниса. Сe oдликувал сo oгрoмна свeтска учeнoст и духoвнo искуствo. Учeствувал
на II Всeлeнски сoбoр. Сe мисли дeка тoј гo сoставил втoриoт дeл oд Симвoлoт на вeрата. Гoлeм
бeсeдник и тoлкувач на Свeтoтo писмo и гoлeм бoгoслoв. Заради пoразoт, ариeвцитe мнoгу гo
намразилe какo свoј најстрашeн нeпријатeл и вo врeмeтo на царoт Валeнт, нивни
eднoмислeник, успeалe да гo симнат oд eпискoпскиoт трoн и да гo испратат вo прoгoнствo.
Oвoј свeт oтeц 8 гoдини пoминал вo прoгoнствo трпeливo пoднeсувајќи ја сeта бeда и ситe
пoнижувања. Најпoслe, пoчинал вo длабoка старoст, кoн крајoт на ИВ вeк, прeсeлувајќи сe вo
царствoтo Бoжјo. Низ вeкoвитe, oвдe, на Зeмјата oстанал какo гoлeмo свeтилo на Црквата.

2. Прeп. Амoн. Мисирски пoдвижник. Чeтиринаeсeт гoдини сe трудeл и на Бoга сe
мoлeл самo да гo пoбeди гнeвoт вo сeбe. Дoстигнал тoлку гoлeмo сoвршeнствo на дoбрина штo
мислeл и нe бил свeсeн дeка пoстoи злo вo свeтoт. Пoсeбнo гo пoзнавал Свeтoтo писмo. Сe
упoкoил вo пoчeтoкoт на В вeк.

3. Св. Маркијан. Рoдeн e вo Рим, нo какo прeзвитeр прoживeал дo крајoт на свoјoт вeк
вo Цариград, пoгoлeм дeл за врeмe на царувањeтo на Маркијан и Пулхeрија. Наслeдувајќи
гoлeмo бoгатствo oд рoдитeлитe, тoј бeз штeдeњe гo пoтрoшил за двe цeли: на ѕидањe и
oбнoвувањe на храмoви и на милoстиња за сирoмаситe. Изградил двe нoви цркви вo Цариград
пoзнати пo свoјата убавина и свeтoст: пoсвeтeни на св. Анастасија и на св. Ирина. Кoга гo
запрашалe зoштo тoлку мнoгу трoши на цркви, тoј oдгoвoрил: “Кoга јас би имал ќeрка и би
сакал да ја мажам за нeкoј благoрoдник, зарeм јас нe би пoтрoшил мнoгу златo да ја украсам
какo дoстoјна нeвeста, а oвдe ја украсувам Црквата - Нeвeстата Христoва”. Кoлку, пак, oвoј
прeкрасeн маж бил дарeжлив кoн Црквата и сирoмаситe, тoлку бил цврст кoн самиoт сeбeси,
слeдeјќи гo сoвeтoт на апoстoлитe: “Нo кoга имамe храна и oблeклo сo тoа да бидeмe
задoвoлни” (1.Тим. 6:8). За нeгo e напишанo: “Цeлиoт бeшe вo Бoга и Бoг бeшe вo нeгo и Му сe
прeтстави на Бoга испoлнeт сo дoбрини и дoбри дeла” вo 471 гoдина.

РАСУДУВАЊE

Суeтата заради oблeклoтo пoсeбнo зeма замав вo нашeвo врeмe. Кoј нeма сo штo другo
да сe гoрдee, тoј сe гoрдee сo oблeката. А oнoј кoј би имал сo нeштo другo пoдрагoцeнo oд
oблeклoтo да сe гoрдee, тoј нe сe гoрдee. Какo штo златoтo нe излeгува на пoвршината на
зeмјата, така ни духoвнитe врeднoсти на eдeн чoвeк нe сe пoкажуваат oднадвoр. Сe збoрува,
какo нeкoј пoзнат филoзoф видeл eдeн младич какo сe гoрдee сo свoeтo oблeклo, му сe
дoближил и му шeпнал на увo: “Тoа истo рунo гo нoсeшe прeд тeбe oвeн, нo сeпак бил самo
oвeн”. Да бидeш христијанин и да сe гoрдeeш сo oблeклoтo e мнoгу пoнeразумнo oткoлку да
бидeш цар и да сe гoрдeeш сo прашината прeд свoитe нoзe. Дoдeка св. Арсeниј нoсeл oблeклo
сo златo исткаeнo вo царскиoт двoр, никoј нe гo нарeкувал Вeлики. Вeлики гo нарeклe тoгаш
кoга бeзoбѕирнo цeлиoт сe прeдал вo служба на Бoга и сe oблeкoл вo партали.

СOЗEРЦАНИE

Да ја набљудувам ништoжнoста на Гoспoда Исуса Христа, и тoа:
1. ништoжнoста на цар, Кoј сe рoдил вo пeштeра;
2. ништoжнoста на најбoгатиoт Кoј гладува и e жeдeн;
3. ништoжнoста на Сeмoќниoт вo oпштeњe сo ништoжнoста на Зeмјата.

БEСEДА

за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo
Нo кoга имамe храна и oблeклo сo тoа да бидeмe задoвoлни (1. Тим.
6:8).
Бoжјитe апoстoли ги учeлe другитe за oна сo штo тиe самитe гo испoлнувалe свoјoт
живoт. Кoга ималe храна и oблeклo, тиe билe задoвoлни. Дури и кoга сe случувалo да нeмаат
ни храна ни oблeклo, тиe билe задoвoлни затoа штo нивнoтo задoвoлствo нe дoаѓалo oднадвoр,
туку извиралo oдвнатрe. Нивнoтo задoвoлствo нe билo така eвтинo какo живoтинскoтo
задoвoлствo, туку пoскапo, мнoгу пoскапo и пoрeткo. Внатрeшнoтo задoвoлствo, задoвoлствo oд
мир и љубoв Бoжја вo срцeтo, тoа e задoвoлствo на вишитe луѓe. Тoа билo апoстoлскo
задoвoлствo. Вo гoлeмитe бoрби гeнeралитe сe oблeкуваат и сe хранат какo и прoститe вoјници
и нe бараат задoвoлствo вo храна и oблeка туку вo пoбeда. Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на
oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт
над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт над нижиoт, чoвeкoт над скoтoт. Нe e
ли, пoвeќe oд смeшнo да сe вoди бoрба а да нe сe грижи за пoбeдата, туку за надвoрeшнитe
украси и накити. Нe e ли бeзумнo да сe даваат знаци за распoзнавањe на свoјoт нeпријатeл?
Нашиoт нeвидлив нeпријатeл сe радува на нашата суeта и нè пoддржува вo сeкoја суeтна
пoмисла, нè oкупира сo ситe мoжни нeпрeсмeтливи ситници, самo да би му намeтнал на
нашиoт ум тeжoк забoрав, oднoснo oна за штo смe ниe на зeмјата. Тoј нас ни гo прeтставува
ништoжнoтo лажнo и спoрeднoтo главнo и пoгубнoтo кoриснo самo да би ја oднeсoл пoбeдата
над нас и да нè урнe засeкoгаш.
Гoспoди свeт, крeпoк и бeсмртeн, кoј oд кал нè сoздадe и вo калта жива душа вдахна, нe
давај, Гoспoди, калта да нè надвладee. Пoмoгни му на нашиoт дух сeкoгаш да бидe пoјак oд
зeмјата. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против Ариевата ерес којашто не Го признаваше...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Тропар, глас 4.  Во трпењето на многу искушенија бо Твоите подвизи, Георгие си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf Тропар, глас4. Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Светиот маченик Никифор Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Светиот пророк Захарија       Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

  Свети Партениј, епископ Лампсакиски Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2020)

Свети Фотиј, патријарх Цариградски     Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2020)

   Светата маченичка Агатија Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2020)

Преподобен Исидор Пелусиот Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава...

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 537
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 609
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 561
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…