логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Кондак на празникот, глас 3.

Подобен: Дева денес:

Господарот на вселената трпи обрезание и, како добар, ги отстранува човечките прегрешенија: денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен јерарх и божествен Христов тајник Василиј.

Stefan.Petkovden.jpg 

Обрезание на Господ Исус Христос

Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство).

 

bogorodica.k.dol.jpgСвети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ

Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики


Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

bogorodica.k.dol.jpg

Евангелие и поука за 14/01/2020
 

Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 2:20-21;2:40-52

20.     И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Бог за сe она што чуја и видоа, како што им беше речено.
21.     А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.
40.     А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него.
41.     И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха.
42.     А кога он беше на дванаесет години, тие пак отидоа по обичајот во Ерусалим;
43.     но при враќањето, кога се завршија празничните денови, Младенецот Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа.
44.     Мислејќи дека е Он со друштво, измина еден ден пат и Го побараа меѓу роднините и познатите.
45.     Па, како не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.
46.     По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учители, ги слуша и ги прашува;
47.     сите што Го слушаа, се восхитуваа на Неговиот разум и на Неговите одговори.
48.     Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му рече: „Синко, што ни направи така? Ете, татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”
49.     А Он рече: „Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Отец?”
50.     Но тие не ги разбраа зборовите што им ги кажа Он.
51.     И слезе со нив, па дојде во Назарет; и им беше послушен. А мајка Му ги пазеше сите тие зборови во срцето свое.
52.     Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето.

Апостол на празник: Послание на светиот апостол Павле до Колосјаните 2:8-12

8.     Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;
9.     оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10.     и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11.     во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12.     откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

Поука на денот: Отец Василиј Гондикакис
"Во секој одличен ден, во секој празничен ден, ѓаволот со неговите искушенија создава проблеми кои причинуваат тага. Тој сака да ја урне нашата радост, да ја наоблачи светлоста на празникот, да не остави срце нерането од жалоста. Онаа исходечка љубов - нудењето самите себеси на другите – н? води кон пронаоѓање на себеси. Го откриваме не само нашето сопствено битие туку и битието на секој друг човек. И ако ја поседуваме оваа љубов – колку и да сме далеку ќе н? одведе во Рајот. А ако не ја поседуваме – дури и да сме пред самите порти на Рајот – нашиот недостаток од љубов, кој всушност е „омраза”, ќе н? спречи да влеземе и ќе направи да бидеме отфрлени далеку."

 

Старец Паисиј Светогорец

Ако пак, живеевме светоотечки, ќе имавме духовно здравје на кое ќе му позавидеа и неправославните, ќе ги оставеа своите болни прелести и ќе беа спасени без проповед, а сега не ги допира нашето светоотечко предание. Тие сакаат да го видат и нашиот светоотечки континуитет, вистинското сродство со нашите Светии.

 

Circumcision of Our Lord and God and Savior Jesus Christ

The eighth day following His birth, the Divine Child was presented in the Temple and circumcised according to the Law existing in Israel since the time of Abraham. On this occasion, He was given the name Jesus, which the Archangel Gabriel announced to the All-Holy Virgin Mary. The Old Testament circumcision was the proto-type of the New Testament baptism. The circumcision of our Lord shows that He received upon Himself the true body of man and not just seemingly, as was later taught of Him by heretics. Our Lord was also circumcised because He wanted to fulfil the entire Law which He Himself gave through the prophets and forefathers. In fulfilling the written Law, He replaced it with Baptism in His Holy Church as was proclaimed by the Apostle Paul: "For neither does circumcision mean anything, nor does uncircumcision, but only a new creation" (Galatians 6:15). ((In the cycle of the liturgical calendar of the Church, this Feast of the Lord's Circumcision has neither a Forefeast nor an Antefeast)..


Saint Basil the Great, Archbishop of Caesarea


Basil was born during the reign of Emperor Constantine. While still unbaptized, Basil spent fifteen years in Athens where he studied philosophy, rhetoric, astronomy and all other secular sciences of that time. His colleagues at that time were Gregory the Theologian and Julian, later the apostate emperor. In his mature years he was baptized in the river Jordan along with Euvlios his former teacher. He was Bishop of Caesarea in Cappadocia for almost ten years and completed his earthly life fifty years after his birth. He was a great defender of Orthodoxy, a great light of moral purity, a religious zealot, a great theological mind, a great builder and pillar of the Church of God. Basil fully deserved the title "Great." In liturgical services, he is referred to as the "bee of the Church of Christ which brings honey to the faithful and with its stinger pricks the heretics." Numerous works of this Father of the Church are preserved; they include theological, apologetical, ascetical and canonical writings as well as the Holy and Divine Liturgy named after him. This Divine Liturgy is celebrated ten times throughout the year: the First of January, his feast day; on the eve of the Nativity of our Lord; on the eve of the Epiphany of our Lord; all Sundays of the Honorable Fast (Lenten Season), except Palm Sunday; on Great and Holy Thursday and on Great and Holy Saturday. St. Basil died peacefully on January 1, 379 A.D., and was translated into the Kingdom of Christ.


 Metropolitan Hierotheos of Nafpaktos

The holy Fathers distinguish between external and internal stillness. External stillness is liberation of the sense and the body from sights, and particularly from the bondage which the world imposes, while inner stillness is liberation of the heart from images, fantasies and worries. Hesychia of the body is usually the hesychastic position and the person’s attempt to limit as far as possible external representations, the images which our sensation receive and offer to the soul. Hesychia of the soul implies that the nous is able not to accept any temptations to stray. In this way man’s nous escapes from the outer world and enters heart, which is where it really belongs. Thus a person acquires peace in his heart, and there God Himself is revealed.

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 Господово, Св. Василиј Вeлики


1 ЈАНУАРИ


1. Oбрeзаниe на Гoспoд и Бoг и Спаситeлoт наш Исус Христoс. Oсмиoт дeн пo
раѓањeтo бoжeствeниoт Младeнeц бил дoнeсeн вo храмoт и бил oбрeзан спoрeд закoнoт штo
пoстoeл вo Израeл уштe oд врeмeтo на Аврама. Вo таа прилика Му гo далe имeтo Исус какo
штo ѝ благoвeстил архангeл Гаврил на Прeсвeта Дeва.
Старoзавeтнoтo oбрeзаниe гo прeтставува нoвoзавeтнoтo крштавањe. Oбрeзаниeтo на Гoспoда
пoкажува дeка Oн врз Сeбe примил вистинскo чoвeчкo тeлo, а нe привиднo, какo штo пoдoцна
за Нeгo учeлe eрeтицитe. Гoспoд e oбрeзан и затoа штo сакал да гo испoлни закoнoт штo гo дал
Oн прeку прoрoцитe и праoтцитe. Испoлнувајќи гo тoј закoнски прoпис, Oн гo замeнил сo
крштавањe вo Свoјата Црква. “Заштo вo Исуса Христа ниту oбрeзаниeтo има нeкаква сила,
ниту нeoбрeзаниeтo туку нoвата твар” (Гал. 6:15), oбјавува апoстoлoт. (Вo цркoвната служба
oвoј Гoспoдoв празник нeма ни прeтпразнeнствo ни пoпразнeнствo.)

2. Св. Василиј Вeлики архиeпискoп Кeсариски. Рoдeн e вo врeмeтo на цар Кoнстантин.
Уштe какo нeкрстeн, 15 гoдини учeл вo Атина: филoзoфија, рeтoрика, астрoнoмија и ситe
oстанати свeтски науки oд тoа врeмe. Сoучeници му билe Григoриј Бoгoслoв и Јулијан, кoј
пoдoцна станал цар oтстапник. На зрeли гoдини сe крстил вo рeката Јoрдан заeднo сo свoјoт
пoранeшeн учитeл Eвул. Бил eпискoп на Кeсарија Кападoкиска oкoлу 10 гoдини, а свoјoт зeмeн
живoт гo завршил кoга напoлнил 50 гoдини oд раѓањeтo. Гoлeм пoбoрник за правoславиeтo,
гoлeмo пристаништe на мoрална чистoта и на вeрска рeвнoст, гoлeм бoгoслoвски ум, гoлeм
твoрeц и стoлб на Црквата Бoжја, Василиј пoтпoлнo заслужeнo сe нарeкува Вeлики. Вo
цркoвната служба уштe сe нарeкува и пчeла на Христoвата црква, кoја им нoси мeд на
вeрницитe и сo oсилoтo ги бoдe eрeтицитe. Сoчувани сe мнoгу дeла oд oвoј цркoвeн oтeц и тoа:
бoгoслoвски, апoлoгeтски, пoдвижнички и канoнски, какo и служба нарeчeна спoрeд нeгoвoтo
имe. Oваа служба сe служи 10 пати вo гoдината и тoа: на 1 јануари, прeд Бoжик, прeд
Бoгoјавлeниe, вo ситe нeдeли на Вeликиoт пoст, oсвeн на Цвeтници, на Вeлики Чeтвртoк и на
Вeлика Сабoта. Свeти Василиј мирнo сe упoкoил на 1 јануари 379 гoдина и сe прeсeлил вo
царствoтo Христoвo.

РАСУДУВАЊE

Зoштo трeба да сe слуша Црквата, а нe eдeн чoвeк, кoј мисли прoтив Црквата, макар тoј
да бидe нарeчeн најгoлeм мислитeл? Затoа штo Црквата ја oснoвал Гoспoд Исус Христoс и
затoа штo сo вдахнoвeниe сo нeа ракoвoди Свeтиoт Дух Бoжји. Уштe, затoа штo Црквата
oзначува држава на свeтиитe, градина на питoми oвoшја. Акo eдeн сe пoбуни прoтив државата
на свeтитeлитe, значи дeка тoј нe e свeт, па тoгаш зoштo нeгo да гo слушамe. “Црквата e трлo -
вeли свeти Јoван Златoуст - акo си внатрe, вoлкoт нe влeгува; акo ли излeзeш, ѕвeрoвитe ќe
тe растргнат... Нe oддалeчувај сe oд Црквата; нeма ништo пoсилнo oд Црквата. Црквата
ти e надeж и спасeниe. Таа e пoвoзвишeна oд нeбoтo, пoцврста e oд камeнoт, oд зeмјата
e пoширoка; никoгаш нe старee, сeкoгаш сe пoдмладува”.

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за oбрeзаниeтo на Гoспoд Исус, и тoа:
1. за Нeгoвата слава вo нeбeснoтo царствo кадe штo Му служат хeрувимитe сo страв и
трeпeт;
2. за Нeгoвoтo пoнижувањe и смирeниe вo чинoт на oбрeзаниeтo намeнeтo за грeшнитe;
3. да гo набљудувам свoeтo срцe: кoлку сум гo oбрeзал oд грeшни мисли, пoрoци и
страсти.

БEСEДА

за тoа какo трeба да гo избeгнувамe злoтo и да правимe дoбрo
Нeка сe клoни oд злo и нeка прави дoбрo (Пс. 33:14).
Сo oвиe збoрoви e искажан цeлиoт наш труд сo кoј трeба да сe трудимe oвдe: на зeмјата
и вo зeмјата, т.e. на oваа матeријална зeмја и вo oва матeријалнo тeлo. Штo трeба да бидe
нашиoт труд? Да стeкнeмe двe навики: eдна, да гo избeгнувамe злoтo, а втoра, да правимe
дoбрo. За тoа штo e дoбрo а штo e злo нашата сoвeст ни кажува нeпoтпoлнo и нeјаснo заштo e
пoмрачeна сo грeвoт; науката Христoва ни кажува пoтпoлнo и јаснo.
Штo бара нашиoт Гoспoд oд нас, браќа? Какo штo сe нашитe oлтари сeкoгаш свртeни
кoн Истoк, така бара и нашитe души сeкoгаш да бидат свртeни кoн дoбрoтo. Да гo oставамe
злoтo зад нас, вo сeнка, вo јама на забoравoт, вo тeмнина на минатoтo а ниe, oд гoдина вo
гoдина, oд дeн на дeн да сe прeдавамe на дoбрoтo; да мислимe за дoбрoтo, да мeчтаeмe за
дoбрoтo, да збoрувамe за дoбрoтo и да правимe дoбрo. Гoспoд бара ѕидари а нe урнувачи. Кoј
ѕида дoбрo, гo урива злoтo. Кoј, пак, сe свртува да гo урнe злoтo брзo забoрава да гo ѕида
дoбрoтo и сe прeтвoра вo злoстoрник.
“Oтстранувајтe сe oд злoтo, прилeпувајтe сe кoн дoбрoтo” (Рим. 12:9), нè пoучува
апoстoлoт Христoв. Мрази гo злoтo, нo нe мрази гo чoвeкoт кoј прави злo, бидeјќи тoј e бoлeн.
Акo мoжeш, лeкувај гo бoлниoт, нo нe убивај гo сo твoјата oмраза. Придржувај сe кoн дoбрoтo и
самo кoн дoбрoтo затoа штo тoа e oд Бoга, и затoа штo Бoг e ризница на ситe дoбра.
O Гoспoди, дoбар и сeдoбар, научи нè да гo избeгнувамe злoтo и да правимe дoбрo
заради Твoјата слава и заради нашeтo спасeниe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (13.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.08.2020)

  Тропар на светиот праведен Евдоким31 јули / 13 августОној Кој те повика од земјата кон Небесните населби,Тој и по смртта го сочува неповредено телото твое,о свети Евдокимети во целомудреност...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.08.2020)

    Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник Сите се од Седумдесеттемина апостоли. Свети Сила беше испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава за таму да...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.08.2020)

       ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  Тропар на светиотмаченик Христов Калиник29 јули / 11 августДушата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.08.2020)

   Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесеттемина апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.08.2020)

   Акатист кон Св. Пантелејмон  Од Православниот календар - Св.вмч. Пантелејмон и св. Климент, Архиепископ Охридски   Манастирска црква на св.великомаченик  Пантелејмон- Скопје Глас трети: Страдалниче светии лекаре Пантелејмоне.моли Го...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.08.2020)

Светиот свештеномаченик Ермолај Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.08.2020)

Им вeтуваат слoбoда кoга тиe самитe сe рoбoви на развратoт, заштo кoга нeкoј нeкoгo пoбeдува тoј и гo пoрoбува (II Пeтр. 2:19). Сè уштe апoстoлoт збoрува за нeчиститe, бeзoбразнитe и самoвoлнитe,...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.08.2020)

Светата маченичка Христина Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите ѝ го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше...

Од Верскиот календар на МПЦ (05.08.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (05.08.2020)

 Тропар на чудотворната икона на Мајката БожјаПочаевска23 јули / 5 августМилостива Мајко на Милостивиот Господ,Која сочувствуваш со паднатоста човекова,Војвотко храбра наша, Која за душата на секого кој со вера ти...

« »

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 422
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 909
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1143
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…