логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Акатист на светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец


Кондак 1
Просветлен од благодатта Христова,сотрудник на Ангелите,озарено чедо на Божјата мајка,застапник на оние кои Он Ти ги дал,те прославуваме свети оче Гавриле и радосно ти воскликнуваме:
Радувај се преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!
Икос 1
Ангелски својот живот на земјата го помина блажен,засакувајќи го Бога од раната младост,со сето срце му се предаде и од љубов кон Него необични подвизи на себе зеде.А ние,слушајќи за твоето натприродно живеење,Го прославуваме Бога,КОј те прослави и со трепет ти воскликнуваме:
Радувај се,миомирисен темјан на Исусовата молитва!
Радувај се,силен застапник на својата татковина!
Радувај се,во постот се уподоби на големиот Илија!
Радувај се,служител на Небесната Скинија!
Радувај се,голема поука на монасите им остави!
Радувај се,над својот манастир непрестајно бдееш!
Радувај се,во срцата на верните тивка духовна радост вееш!
Радувај се,на непријателите свои им опрости!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 2
Кога ја виде жедта на твоето срце за неговата Божествена љубов,преподобен оче Гавриле,Срцепознавачот Господ,Го устрои твојот животен пат ,чувајќи те како зеница во своето око,неосквернет од пороците на овој свет,да можеш со чисти усни и срце да му пееш Нему:Алилуја!
Икос 2
Се радува градот Штип,што изнедри од своите пазуви таква плодна фиданка,тебе,голем Божји угоднику Гавриле,Со својот праведен живот Христовиот мир низ својот народ си го излевал,православното учење пак,во своите дела си го преточувал.Се радуваме и ние што стекнавме таков силен молитвеник пред Бога,и иако невешти,сепак се осмеливме да ти ги вознесеме овие искрени пофалби:
Радувај се,благословен пород на твоите побожни родители!
Радувај се,од нивниот добродетелен живот на благочестие се научи!
Радувај се,уште како млад разум на старец си пројавил!
Радувај се,со Христовите начела мудроста на светот си ја мерел!
Радувај се,со мечот на стравот Божји пијавиците на световните наслади ги отстрани!
Радувај се,од високите воени почести на светот се откажа!
Радувај се,во воена служба на Христос,Твојот Бог,премина!
Радувај се,големината на човековото достоинство ја покажа!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 3
Силата на Севишниот во тебе прекрасно се пројави,преподобен оче Гавриле.Зашто иако слабо човечко тело на себе носејќи,ти со силите демонски храбро се соочи.Вооружан со постојан пост и молитва,со твоето смирение тешки рани си им нанел,воспевајќи Му на Оној,Кој во тебе нив ги победува:Aлилуја
Икос  3
Малку се зборовите човечки да ја искажеме восхитувачката радост,како ти оче,непрестајно стражарејќи над својот ум,дремка на своите очи не си им давал и од земен војник,војник на Небесниот цар си постанал.Знаејќи за твојата совесна служба во одбрана на твојот народ и за просветлувањето на младината во вистински православен дух,ние уште повеќе го пофалуваме твоето ревносно одење по Христа и со радосни срца ти извикуваме:
Радувај се,земен ангелу и небесен човеку!
Радувај се,за нас немоќните непрестаен молитвенику!
Радувај се,самиот посведочи дека демоскиот род со пост и молитва се истерува!
Радувај се,ракавица фрли в лице на оној кој никогаш не спие!
Радувај се,Христа пред се друго го стави,копнеејќи со сета душа,за Него неа да ја овенчаш!
Радувај се,земната уметност препознавајќи ја како сенка,кон вишната за спасение на својата душа поита!
Радувај се,побожниот порив на твојата душа во песни го излеа!
Радувај се,оставајќи го својот скулпторски занает,својата душа во рацете на Небесниот Скулптор ја положи!
Радувај се,од изобилието што светот ти го понуди,единственото потребно го избра!
Радувај се,наш многусакан наставнику!
Радувај се,на воскреснатата радост вешт благовеснику!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофабо!


Кондак 4
Бура на недоумици ни го смутува умот,како со пофалби да ги искажеме твоите неуморни подвизи и ревноста по Бога,која во тебе од ден на ден се разгоруваше;претопувајќи се целиот во љубовта Божја,во самозаборав си Му пеел на Возљубениот:Aлилуја!
Икос 4
Се радуваме на Божјата милост која врз тебе изобилно се излеа,преподобен оче Гавриле,и на Божјата промисла,која чувајќи те од стапиците на духовниот пркосник,те доведе до Света Гора Атонска.Овде на чудесен начин те пречека Игуманијата,Пресвета Богородица,и со умиление го благослови твоето доаѓање.Разбирајќи ја таквата благонаклоност на Богомајката кон тебе,Божји угоднику,со стравопочит ти воскликнуваме:
Радувај се,го остави светот и се што е во него и на Света Гора се насели!
Радувај се,ревносен учесник во црковните богослужби!
Радувај се,светогорските монаси како свои браќа искрено ги возљуби!
Радувај се,со смирение украсен,богатите плодови на послушанието ги вкуси!
Радувај се,како туѓинец на земјата,ништо свое не си имал!
Радувај се,славо на монасите и украс на испосниците!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 5
Како невидлив меѓу браќатаси престојувал,свети оче Гавриле,секогаш во молитва пребивајќи,штедлив на зборови,а богат во дела,во скришната одаја на твоето срце Му воспеваше на Совршениот Бог:Алилуја!
Икос  5
Бура на непријателство од земните власти кон тебеподигна мрзителот на секое добро,кога го виде твоето добродетелно живеење,поттикнувајќи ги од Светата Гора Атонска поради нивната острастеност да те истераат,но Оној,Кој за сите промислува,на чудесен начин те заштити и за гонитеите невидлив те направи.Затоа смирено ти воспеваме:
Радувај се,на земјата прогонуван,а на небесата од ангелите прославуван!
Радувај се,криејќи се во пештера од непријателите,пајакот заштитничка мрежа околу тебе исплете и на тој начин чудесно те заштити!
Радувај се,по заповед Божја,во твоја заштита и змиите отровници застанаа!
Радувај се,искрен љубител на избраниот удел на Мајката Божја!
Радувај се,твоето “Иже Херувими”уште во гората одекнува!
Радувај се,неуморно си ја прославувал Твојата Сина Помошничка!
Радувај се,зашто во Христа нема ни елини,ни евреи,ни роб ни слободен,но сите сме едно во Христа Исуса!
Радувај се,виша пресметка во животот направи;јас и мојот брат едно сме!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 6
Како што пилињата итаат под крилјата на својата мајка,барајќи топлина,така и ти,преподобен оче Гавриле,си поитал под духовната закрила на старецот Татјан,за во неговото духовно гнездо да Му воспеваш на Неписливиот Бог:Aлилуја!
Икос 6
Сакајќи во се да Му угодиш на Бога,строго си се подвизувал,преподобен оче Гавриле,и на твојот старец послушен до смртта си му бил,со трпение отсекувајќи ја својата волја,поучувајќи не и нас тврдокорните по срце,кои денес на твојот спомен со љубов се сеќаваме и пофалби ти принесуваме:
Радувај се,верен послушнику на старецот Татјан!
Радувај се,послушанието како почеток на преобразување си го сфатил!
Радувај се,со смирение и кротост Божјата волја си ја прифатил!
Радувај се,овде благодатта Ликот Божји ти го долови!
Радувај се,со постојана Исусова молитва беснилото на умот си го стишувал!
Радувај се,со воздржание од телесна храна,страстите на телото си ги смирил!
Радувај се,со псалми,молитви и деноноќни славословија,благодатно душата својата си ја хранел!
Радувај се,по смртта на твојот старец за наследник на неговиот скит назначен!
Радувај се,во пештерата на скитот “Камена” топли солзи пред Бога си пролевал!
Радувај се,вивнат во висините на богомислието,за она што е во светот не си се грижел!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 7
Преселувајќи се од место во место,манастирот Свети Павле,како птица која долета те пречека,преподобен оче Гавриле,каде што облечен во монашка риза,срцето го отвораше и воспеваше кон Троичниот Бог :Алилуја!
Икос 7
Не врзувајќи се за ништо на земјата,премудар оче Гавриле,со искрена вера и детско незлобливо срце целосно се предаде на волјата Божја,и носен од Светиот Дух,се врати во твојата Македонија,каде што последното место на твоето земно туѓинување,за нас прво место постана за наше поклонување пред Бога-Лесновската света обител,која Господ со тебе богато ја украси.Приоѓајќи кон Твоите свети мошти,со солзи радосници силно шепотиме :
Радувај се,духовен светилнику на земјата Македонска!
Радувај се,со светлината на твојот живот,многу души кон Изворот на жива вода приведе!
Радувај се,строг кон себе подвижнику,а кон ближните полн со милосрдие!
Радувај се,добар чувару на стадото Христово!
Радувај се,со оружјето на постот и молитвата,духовниот волк од него далеку си го истерувал!
Радувај се,многу загубени овци во трлото Христово си вратил!
Радувај се,сострадален помошнику на неволните!
Радувај се,благодатен лекару на болните!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 8
Не се сокрива град што стои на врв планина,неговата светлина свети надалеку,ниту пак се сокри твоето богоугодно престојување во Лесновскиот манастир.Во се угледувајќи се на твојот претходник,светиот пустиножител Гаврил,деноноќно на молитва си стоел и милост за својот народ од Бога си просел,гледајќи умилно кон Бога,со подигнати раце повикувајќи :Алилуја!
Икос 8
Дознавме за чудесното исцелување на глувонемото дете Георгиј,кое по твоите усрдни молитви пред Бога,по завршувањето на Светата Литургија прозборе,како и за чудесното исцеление на детето кое пострада во несреќата,зашто ти,светителу,имајќи срце исполнето со љубов и сострадалност кон ближните,си го смилостивувал Лекарот на душите и телата,да погледне кон немоќите свои чеда и да им подари време за покајание.Затоа,наш голем добротвору,слушни ги овие восклици од недостојните усти :
Радувај се,додека уште беше на земјата,Бог со чудеса те прослави!
Радувај се,лекарите од овој свет на вера во Живиот Бог ги научи !
Радувај се,бегајќи од човечката слава и суета,ризницата на своето срце со молчание и нестекнување си ја збогатил!
Радувај се,многумина од калта на гревот кон чистиот извор на Црквата Божја си ги привел!
Радувај се,по твоите молитви Бог неочекувано испрати дожд на земјата и жителите на Лесново од сиромаштија ги сочува!
Радувај се,зашто просветлен одозгора,сплетките на непријателот бргу си ги препознавал!
Радувај се,мудар раководителу на духовната паства!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 9
Страшен знак во вид на огнен столб од небесата се јави,на местото во храмот кадешто ти на колена ја молеше Богомајката за целиот свет,Христов тајнику Гавриле.И до ден-денес,трагата од остатокот на невесниот пламен му сведочи на секој,кој со страв Божји влегува во Лесновското светилиште и на Бога му воспева:Aлилуја!
Икос 9
Гледајќи ја посветеноста на твојата душа во Божјата служба,Светиот Дух во вишна служба те приведе,епископски омофор на рамена ти постави,огнен меч во рака ти подаде,Милостивата во одбрана на народот те приведе,а Ангелот пред тебе книга отвори-самиот ти,со од Бога дадената ти власт,нас по име да не призиваш.Така тогаш,епископе велички Гавриле,со една рака човекот го прифаќаш, а со друга неговата тегоба кон Бога ја испраќаш.Радувај се и послушај :
Радувај се,верен слуго на Христос Седржителот!
Радувај се,со смирение епископскиот чин си го прифатил!
Радувај се,верен следбенику на светиклиментовата грижа за паствата!
Радувај се,подражавателу на Свети Наума во молитвеноста!
Радувај се,од свети Прохора на странствување се научи!
Радувај се,свети Кирило-Методиевото слово го ширеше!
Радувај се,Игуманијата Атонска во срце ја носеше!
Радувај се,подвижнику меѓу епископите!
Радувај се,скриен наставнику на монасите!
Радувај се,застапнику и покрову на бездомните!
Радувај се,брз помошнику во неволјите!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 10
Голема благодат на Светиот Дух се изли врз твојата глава,блажен оче Гавриле,зашто преку тебе болни се исцелуваа,ожалостени се зарадуваа,осакатени од гревот на телесната патека која води кон живот се враќаа,учејќи ги да Му пеат на Оној,Кој тајно делува во своите слуги,на Добротворот Бог:Алилуја!
Икос  10
Разбирајќи го духот на времето,паднатоста човекова и отклонувањето од учењето и напомените на Светиот Дух-не потсети како треба христијанската душа пред Бога да се претстави.Веќе умрен за светот,а сеуште присутен на земјата,преминот твој во вечноста ти беше објавен.Кочијата за душата поита да ја подготвиш,а твоите духовни чеда ги утеши,ветувајќи им дека, иако заминуваш во Горниот Ерусалим,пак со нив остануваш.Благодарејќи на оваа примерна поука,ние не можеме,а да не ти воскликнеме:
Радувај се,имајќи ја за сопатничка помислата за смртта,ти од нејзиното осило не си се уплашил!
Радувај се,како за долгоочекувана средба со неа навреме си се подготвил!
Радувај се,ангелите на небесата го прособија твоето претставување пред Бога!
Радувај се,жителите на Лесново чудесен огнен столб над твојот гроб видоа,во знак на твоето блажено упокојување!
Радувај се,по твојата смрт на твоето духовно чедо видот на очите му го врати!
Радувај се,притеснувајќи го своето тело со воздржание,на душата своја рајско насладување во вечните живеалишта и подготви!
Радувај се,твојата душа чиста како невеста,подготвена за Женикот на украси!
Радувај се,на невесните жители радост,а на демоните жалост им донесе!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 11
Река на исцеленија извира од твојот кивот,свети оче Гавриле,во слава на нашиот Бог,и мноштво народ притекнува во Лесновската обител на поклонение на твоите свети мошти,воспевајќи Му на Оној,Кој таков застапник ни подари,пофална песна:Aлилуја!
Икос  11
На сите страни се расчу веста за новиот лесновски чудотворец,епископот Велички Гаврил Светогорец,Оној кој целиот живот,во тишината на молитвената осаменост како невидлив за светот престојуваше,денес ги собира верните на дуговна гозба во местото на својот подвиг,и сите оние кои за помош притекнуваат,исцеление на душевните и телесните слабости добиваат,воспевајќи му на преподобниот:
Радувај се,ново светило на Црквата Охридска и Македонска,кое во мракот на соблазните од овој свет,патот на исправање ни го покажуваш!
Радувај се,звездо исткаена на облеката Христова,која благоизволи Неговите премрежја да ги носиш!
Радувај се,ние во тие премрежја препознаваме гонења,шлаканици,плукања и понижувања на најмалиот Негов ученик!
Радувај се,вистинската Православна вера и по смртта со прекрасни чудеса ја исповедаш!
Радувај се,со благопријатниот мирис од твоите мошти силата на воскресението ни ја покажуваш!
Радувај се,на монасите од твојот манастир благодатна утеха им носиш!
Радувај се,учителу на заблудените и благ вразумителу на во грев паднатите!
Радувај се,каменот на нашите срца со пламенот на твоите молитви за нас го топиш!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!


Кондак 12
Со умиление гледаме како покрај присуството на твоите мошти,стои гробот со натписот на твојот родител,монахот Кирил.Зашто ти,оставајќи го него заради Христа,ја придоби неговата душа,да му угодува на Бога во монашки чин и да му пее непрестајно:Aлилуја!
Икос 12
Божји слуго на земјата,пријателу Христов на небесата,ти стекна слобода да се застапуваш и за нас грешните,кои го почитуваме твојот свет спомен и со радост и љубов ти воспеваме:
Радувај се,преку твоите духовни списи на добродетели се поттикнуваме!
Рдувај се,не учиш старите навики зад себе да ги оставиме и добар почеток на покајание да поставиме!
Радувај се,во денови на искушенија и болести кои не снаоѓаат поради нашите гревови,со топли молитви пред Бога за нас се застапуваш!
Радувај се,по твојот пример многу боготражители во монашки чин на Бога му послужија!
Радувај се,угледувајќи се на свети Наума,возобновител на монажкиот дух во земјата Македонска постана!
Радувај се,нов Лесновски прозорлив  чудотворче!
Радувај се,преподобен оче Гавриле,нова Лесновска пофалбо!
Кондак 13
О,голем Божји угоднику,редок испоснику и молитвенику за својот род,преподобен оче Гавриле,прими го нашето пофално пеење,кое иако свесни за својата недостојност,со љубов ти го принесовме.Помоли се за нас,твоите чеда,пред Владиката Христос,да не избави од соблазните на овој век,да не паѓаме во гревови кои не оддалечуваат од Него,Изворот на љубовта,но обратени во покајание,со чисти облеки да го сретнеме на Небесата со ангелската песна:Алилуја!

(Овој кондак се чита 3 пати,а потоа повторно Икос 1 и Кондак 1)

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6744
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6567
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5748
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/05/2024 - недела

Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 29 април / 12 мај 2024

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Тропар на светите Христови апостоли Јасон, Сосипатар, маченицата Керкира девица и други 28 април / 11 мај 2024

Велик си Ти Господи во срцата на Твоите апостоли,Јасон и Сосипатар, кои Тебе Жив имајќи Те, чудеса твореа, ѕверови скротуваа,...

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

Тропар на светиот Христов странопримец Евлогиј 27 април / 10 мај 2024

О отворени врати небесни,за тебе свети Евлогие, кој Авраам го поддржуваше и од Самарјанинот се поучуваше. Радувај се свети подвижнику,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная