логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот
Христов странопримец
Евлогиј
27 април / 10 мај

О отворени врати небесни,
за тебе свети Евлогие, кој Авраам го поддржуваше
и од Самарјанинот се поучуваше.
Радувај се свети подвижнику,
кој богатството на пеколот го избегна
и за нас моли се ти кој сиромаштвото
на вечниот рај го наследи.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Јован Исповедник
27 април / 10 мај

Непоколеблив војник против лагата
на овој свет, Јоване преподобен оче наш,
непомирлив остана до крај на животот земен,
исповедувајќи го Христа и Иконата,
пред зловерието на цареви и отпадници црковни.
Спасителот благодат дарувајќи ти во подвигот храбар,
молитвите твои при мачењата ги прими
за целиот род човечки,
кој денес чествување и поклонение ти принесува.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар
на светиот Христов Апостол
Симеон
роднина Господов
27 април / 10 мај

Блажен си ти Симеоне свети,
кој од лоза благословена
достоен израсток се покажа,
па калем прими од Живиот чокот,
за да пастир Божји постанеш,
и евангелско учење рашириш.
Со венец маченички се закити
во Слава на Оној Кој светлината
ти ја покажа, за да и сега за нас се молиш,
пред Домосторителот во вечни векови.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Тропар на преподобниот
Христов епископ
Стефан
Владимиро - Волински
27 април / 10 мај

Поучувајќи се од Пастироначалникот
ти блажен епископе, не даде на челадта
наместо леб – камен, наместо риба – змија;
туку трпеливо чекаше секој блуден син да се врати
при Твојот и нашиот Бог пред Кого о Стефане,
постојано се молеше за спасение на заблудените.
Затоа и сега за нас пред Него застапи се,
ти кој венец невенлив носиш на небесата.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Од Верскиот календар на МПЦ (10.05.2020)
Hristos.adam.jpg

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

Од Верскиот календар:

Светиот апостол Симеон  

sv.Simeon.bratGospodov.jpgЕден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град со голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква до длабока старост. Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина - на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите. Свети Симеон претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ Кому верно Му послужи на земјата.

Преподобен Јован Исповедник 

Игуменот на обителта на Чистите (Катари). Оваа обител беше устроена близу Никеја во времето на царот Јустин, во 6 век. Свети Јован многу пострада од царевите Лав и Теофил во одбрана на иконопочитувањето и заврши во прогонство околу 832 година.

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1007
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 970
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.Некои прашања прво...

« »