логоFacebookTwitterYouTubeeMail

НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ


Истражувањето за Каменот од Розета пред научната елита во Русија


Академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов во Русија, пред светски еминентни лингвисти, ќе бараат научна верификација на тврдењето дека средниот текст од египетскиот артефакт е напишан на јазикот на античките Македонци


Истражувањето на египетскиот артефакт Каменот од Розета на академик Томе Бошевски и професор Аристотел Тентов од 12 до 14 мај ќе биде претставено на престижниот конгрес насловен како "Докирилската словенска писменост и дохристијанската словенска култура", кој ќе се одржува на Државниот универзитет во Санкт Петербург во Русија.

Македонските истражувачи во Русија одат на директна покана на организаторите, а ќе се претстават со труд на тема "Каменот од Розета, споменик на писменоста на древните Македонци и Словените". На конгресот ќе бидат претставени над 80 реферети на светски познати лингвисти, академици, научници, професори. Оваа покана дојде благодарение на академикот во Руската академија на науки и уметности Валериј Чудинов, кој пред две години се запозна со истражувањето на Бошевски и Тентов. Чудинов има свои коментари за нивната работа, а трудот го преведе и на руски јазик.

-Мислам дека имаме што да кажеме. Со самото тоа што добивме директна покана, очигледна е желбата од нивна страна да не чујат, вели професорот на Електротехничкиот факултет, Аристотел Тентов, кој заедно со Бошевски во Русија ќе ја претстават методологијата што ја користеа при истражувањето на средниот текст од египетскиот артефакт Каменот од Розета, чие истражување беше финансирано од МАНУ.

-Нашите сознанија говорат дека се повеќе факти докажуваат дека сме во право кога тврдиме дека јазикот на тие древни Македонци ни е разбирлив, вели Тентов и додава дека истражувањето врз артефактот продолжува.

Тој додава дека првичните оценки што доаѓаат однадвор, а се однесуваат на нивниот труд се позитивни.
-Има и нови моменти во смисла на тоа дека во текстот што го анализираме наоѓаме како треба да биде поставена и аранжирана околината околу Каменот од Розета. Аранжманот кој овде го добиваме како резултат на нашите исчитувања се поклопува со археолошките истражувања, односно со откриените копии на Каменот. Добро опишана е и околината околу Каменот, што содржела, а тоа е добро опишано во средниот текст.

Во делот со древногрчкиот текст тоа го нема, вели Тентов. Тој е оптимист дека истражувањето наскоро ќе добие широка поддршка. Професорот објаснува дека веќе има и приватни фирми кои го помагаат истражувањето. Тентов како куриозитет го објаснува и најновото сознание во кое констатирале дека трите текста, владетелот ги напишал на различен пристап, односно на различен начин им се обраќал на различните народи. Такво демократско право и ден-денеска владетелите, државниците не употребуваат. Владетелот во текстовите се обраќа на начин на кој што секоја заедница би очекувала да им се обрати, почитувајќи ги нивните религиски и социјални обичаи и верувања.

Македонското истражување за Каменот од Розета е претставено и на интернет и во последниве три месеци Тентов вели дека имале над 16.000 посети од сите делови на светот.

Што е Каменот од Розета?
Двајцата научници излегоа со тврдење дека средниот текст од прочуениот артефакт, датиран во 196. година пред Христа, декрет на Птоломеј Петти, тогашен владетел на Египет, е напишан на јазикот на античките Македонци. Во МАНУ, по презентирањето на истражувањето, речиси и да немаше релевантни реакции. На Каменот од Розета кој има импонзантни димензии и е изработен од гранит, напишани се текстови на три различни јазици: хиероглифски, демотски и античкогрчки.

Анита ЈОВАНОСКА -Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 235
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 684
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 902
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »