логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот Христов
Свештеномаченик
Григориј Ерменски
30 септември / 13 октомври



Верен слуга на Бога Живиот,
во малку послужи, во многу Он те постави
и преку тебе земјата Ерменска се просветли,
о, велики Григорие, во тело плод донесе,
од Духот плодот безброен стана,
силата Христова во тебе се покажа
кога паднатата природа со благодат се подигна.
Моли се светителе, моли се мачениче,
моли се велики Божји угодниче
од верата вистинска да не отстапиме.
 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
отец Григориј Вологодски
30 септември / 13 октомври


Со љубовта Христова си се просветлил,
со добродетели си заблескал,
секое насладување телесно си го презрел
и во пустината си се вселил,
во неа добро си се подвизувал,
во овој привремен живот во псалми, бдеење и пост.
Поради тоа и Христос со дарот на чудотворство те збогати.
Но, спомни си за нас кои го почитуваме твојот пресветол спомен,
и моли Го Христа Бога да се спасат нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светиот
епископ Христов
Михаил Киевски
30 септември / 13 октомври

глас 4
Денес се исполни пророштвото на Првоповиканиот меѓу апостолите,
 зашто на овие гори засветли благодатта, верата се умножи,
и оние кои со неверие беа закоравени, со Божествена бања се преродија,
станувајќи луѓе обновени, царско свештенство, народ свет, Христово стадо,
кому ти како прв пастир му се јави, како оној кој на првото Крштение послужи.
И сега стоејќи пред Владиката Христос Бог,
моли се да се спасат сите души човечки зашто имаш смелост,
како свештенослужител и ерарх Божји.


 
Извор МПЦ – ОА

 

 Тропар на светите
Христови маченички
Гајанија, Рипсимија и со нив
триесет и две девственомаченички
30 септември / 13 октомври


Ја посрамивте злобата на овој свет,
дар добивајќи од Господа да се исцелуваат оние,
кои кон покајание ќе прибегнат,
о свети девственички Христови,
мажественоста на душите ваши ја победи
силата телесна на неверните мачители,
затоа сега молете се благодатта Господова
да ги покрие нашите прегрешенија.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 13/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 

Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две царски семејства завојуваа меѓу себе, Григориј се оддалечи во Кесарија Кападокиска, каде што прво ја запозна верата Христова, се крсти и се ожени. Од тој брак имаше два сина, Ортан и Аростан. И обајцата ги посвети на служба на Црквата. По смртта на својата жена Григориј се врати во Ерменија и се стави во служба на царот Тиридат. И Григориј му служеше верно на својот цар, а царот го сакаше Григориј. Но кога царот дозна дека Григориј е христијанин, се налути многу и почна да го советува да се одрече од верата Христова и да им се поклони на идолите. Кога не успеа во тоа, Тиридат го подложи Григориј на маки и после многу измачување го фрли во една длабока јама исполнета со секакви отровни гадинки за така да го умре сосема. Но Бог го сочува жив Свети Григориј во таа јама полни четиринаесет години. Потоа Тиридат го продолжи гонењето на христијаните во своето царство и удри на еден женски манастир во којшто имаше триесет и седум сестри со игуманијата Гајанија. Откако ги уби сите во страшни маки, Тиридат полуде и беше како дива свиња. На царевата сестра пак, ѝ се јави во сон некој пресветол маж и ѝ рече дека нејзиниот полуден брат нема да оздрави додека Григориј не биде изваден од јамата. Кога го избавија, Свети Григориј го исцели и го крсти Тиридат. Потоа според желбата на Тиридат Григориј стана епископ на Ерменија и со помошта на царот, а најнапред со Божјата, ја просвети цела Ерменија и околните страни со верата Христова. Својот многутруден живот Свети Григориј го заврши на длабока старост, во 335 година. На неговото место беше посветен за епископ неговиот син Аростан, којшто го продолжи делото на татко му. Аростан беше еден од 318 отци на I Вселенски Собор.

Светите маченички Гајанија, Рипсимија
и останатите триесет и пет монахињи

Заради верата во Христа ги погуби царот Тиридат. Света Рипсимија беше необично убава, заради што царот Диоклецијан сакаше да ја земе за жена. Оттука и почна страдањето на сите триесет и седум монахињи. Рипсимија одрече да појде за царот, зашто Му се имаше посветено на својот Женик Христос. Тогаш Тиридат ја мореше да појде за него, зашто беше како опиен од нејзината убавина. Но Св. Рипсимија со сета своја сила го одбиваше царот. И оној којшто кнезовите Готски ги победи и Персијците ги порази, не можеше да совлада една девица Христова. Јаросен царот ја предаде на лути маки (ѝ го отсекоа јазикот, ѝ го расекоа стомакот, ѝ ја истурија утробата), при што Рипсимија Му ја предаде својата света душа на Бога. Потоа ги фатија и останатите монахињи и ги убија со меч. Над моштите на овие маченички беше подигнат прочуениот Ечмијадзински манастир, близу Ериван, главен духовен центар во Ерменија низ многу векови.

 vozdvizenie.jpg

Свети Михаил, прв митрополит Киевски

На молба на великиот кнез Владимир беше испратен во Русија од цариградскиот патријарх за да го крштева незнабожечкиот народ и да ја утврдува и устројува Црквата. Св. Михаил го крсти народот во Киев, Новгород, Ростов и по многу други градови и села; ја устрои Црквата, постави епископи и презвитери, положи темел на Михаиловскиот манастир во Киев, испрати мисионери меѓу Бугарите и Татарите и мнозина од нив ги придоби за Христа. И тоа и многу друго корисно овој светител изврши за само четири години. Се упокои мирно во 992 година. Неговите мошти почиваат во Печерската лавра.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 645
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Поука на Вознесение на Господ наш Исус Христос

Поука на Вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »