логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Зошто беше кренато Илинденското востание? Ова прашање најдобро би се одговорило со Прогласот на Македонскиот комитет до меѓународната заедница во кој ги објаснува причините за кревањето на Востанието.

Меѓународната заедница реагира на Востанието. Според нив ова е дело на Борис Сарафов, кој наводно само сакал да ги испровоцира Турците да направат масакр во Македонија, што би резултирало со меѓународна интервенција. Борис Сарафов е дел од главниот востанички штаб, а покрај него членови се и Даме Груев, претседател, и Анастас Лозанчев, член. Донесен е Востанички дисциплински устав и решено е да се води четничко, а не сенародно востание.

Бостонско издание на 11 август 1903 година објавува дека во македонската жалба стои дека постојат две можности - интервенција или револуција. Од Комитетот порачуваат дека ќе се борат до последен човек се додека не се остварат аспирациите на македонскиот народ.
Систематскиот притисок на муслиманите ги натера христијаните од Македонија да кренат востание. Тие се одлучија за овој чекор откако ги исцрпеа сите мирољубиви средства на интервенција на Европа да го спроведат Берлискиот договор. Во моментов оваа интервенција единствено може да го запре злото и крвопролевањето. Очигледно е дека за да бидат ефикасни реформските мерки мора да предвидат постоење функција што ќе ја извршува христијанин, којќе ги донесува своите одлуки независно од турската влада. Откако му ги изнесовме овие факти на цивилизираниот свет и ги обелоденивме причините што ги натераа Македонците да се кренат, Комитетот бара продолжување на борбите се до постигнување на целта - стои во објавеното писмо.


На 10 август 1903 година "Њујорк тајмс" објавува дека од Комитетот порачуваат дека ќе се борат до последен човек, се додека не се остварат аспирациите на македонскиот народ.
- Ништо не може да ја запре сегашната револуција во Македонија, се додека нашите национални стремежи не бидат задоволени или пак додека не се истребат оние кои се борат да ги остварат тие сремежи. Оваа реченица е дел од дописот на дописникот на АП, кој ја истражува ситуацијата во седиштето на македонско-одринскиот комитет.

 

Бугарското министерство кое одблизу ја посматра ситуацијата во Македонија одлучи да ги зголеми борбените сили. Порачале на границите да се спречи влез на неовластени лица, како и преминување на бунтовничките групи на турската граница... - стои во натписот.

На 9 август 1903 година "Њујорк тајмс" објавува дека турски жандарм го убил рускиот конзул во Битола, зашто конзулот си дозволил да го критикува жандармот што не го отпоздравил. Покрај ова американскиот весник прогнозира дека востаниците имаат добри шанси да го одржат востанието се до зимата, па потоа да го продолжат на пролет.

 


Рускиот конзул во Битола, М. Ростоковски, е ликвидиран од страна на турската жандармерија. Над 10.000 комити поделени во две вооружени групи оперираат на територијата на Битолско. Најверојатно целиот сообраќај кој се одвива низ Македонија ќе биде стопиран. Владата се уште нема веродостојни информации кои се однесуваат на Македонија, но мислењето во доброинформираните кругови е дека последните настани се случуваат пред доаѓањето на зимата, а после следува повлекување на комитите од планинските појаси. Востаниците се во одредена рака во поповолна позиција од претходните времиња. Тие се добро вооружени, а како што велат, имаат доволно пари да се борат до доаѓањето на зимата, а потоа да продолжат со борбите на пролет. Од друга страна турските трупи веќе се пет месеци надвор на отворено и според информациите не примаат плата. Голем број на дезертерства се појавуваат кај Турците. Засилувањето за турската армија веќе е повикано со цел да се згасне востанието пред тоа да добие големи димензии. Исто така, се говори дека позициите на Македонците се крајно засилени по немирите кои се случуваат во Ерменија, каде што што е ангажирана туркста војска" - стои во натписот.

 

Подоцна на 14 август излегува сторија во која се посочува дека е убен атентаторот на рускиот конзул од страна на турските власти.
- Воениот суд вчера го осуди на смрт жандармот Халим поради убиство на рускиот конзул во Битола, Ростоковски. Наредбата веднаш беше извршена. Другиот жандарм беше осуден на 15 години затвор. Царските војници го окупираа Крушево, 28 милји северно од Битола. Местото неодамна беше запалено од страна на бунтовниците. Четири илјади трупи го запоседнаа местото и го бомбардираа со артилерија. Надвор од градот се уште се водат борби со бунтовниците.
...Надомест од 80.000 долари за вдовицата на убиениот руски конзул се чини како прифатливо за Русите... стои во статијата.

 

 

Македонците се обвинувани дека силувале турски жени. Македонскиот Комитет ги отфрла ваквите обвинувањаи потенцираат дека за такво дело следува смртна казна.

- Сарафов, лидерот на Македонскиот комитет, ја предупредува Железничката станица да не издава карти зашто револуционерите ќе ги уништат сите линии. Група револуционери ја минираат Царината во Зибевче. Шеесет бунтовници во крвава престрелка убиваат 100 турски војници, го напаѓаат Кичево, го уништуваат селото Дронгово.

Поради инцидентот со Ростоковски, валијата од Битола и шефот на жандармеријата и полицијата во Солун се отпуштени. Портата е во паника. Изразува длабоко жалење за убиството на на рускиот конзул. Султанот го моли рускиот цар да биде трпелив и му ветува дека виновните ќе бидат најстрого казнети - објавуваат странските весници.

Додека премиерот Балфур зборуваше во Долниот дом на Парламентот, тој нагласи дека побуненичките банди се една од главните пречки за успехот на скромниот австро-руски план кој требаше да биде поддржан од Европа се додека беа убедени дека не е воден од амбициозни идеи. Криминалот повеќе лежи кај револуционерните банди отколку кај турската војска. Велика Британија ќе направи се за да ја наговори Портата да ја држи војската под контрола. Портата беше многу наклонета кон политичката нужност од задушување на армиските ексцеси. Задачата беше тешка зашто револуционерните банди намерно признаваа дека нивната цел, по цена на општиот мир, е состојбата во Македонија да се направи толку неподнослива што ќе мора да има некаква интервенција од страна на Австрија или Русија, или и двете земји. Велика Британија не сакаше да ја поддржи оваа политика. Таа сакаше да им помогне на Русија и Австрија при воведувањето на основните принципи на силна влада како најдобар начин за справување со вкоренетите проблеми во блиска иднина.

 

Според натписите во весниците турската влада дури на 6 август (4-от ден од Републиката) решава во врска со ситуацијата во Македонија, при што прифаќа дека е потребно да се преземат "мерки со екстремна суровост за задушување на револуцијата" и одлучува дека за тоа веројатно најдобро би било да се искористи албанската војска. Статијата која зборува за ова е објавена со наслов Неизбежен масакр".

Доколку албанските трупи влезат во Македонија, се заканува масакр.

Константинопол - Информациите кои пристигаат од Битола говорат дека ситуацијата во Македонија драстично се влошува. На состанокот на министрите е одлучено да се усвојат мерки со екстремни чекори со цел да се згаснат востаниците да се сопре револуцијата. Рапортирано е дека албански трупи ќе бидат ангажирани, а на овој начин масакрите се неизбежни.

.....Телеграма од Константинопол вчера најави дека Портата (се мисли Империјата) ги напушта сите идеи за повлекување од Македонија и прави силни подготовки да ги испрати трупите во проблематичниот регион. До сите европски големи сили официјален Константинопол испрати циркуларно писмо со цел да ги инфомра земјите за своите намери. Во циркуларното писмо е наведено дека ситуацијата е крајно сериозна и иако во писмото не е спомената Бугарија, овој документ е ословен и како порака за бугарската влада.

Британците уште на 8 август ја прогласуваат целата ситуација во Македонија за гола вода. Очекуваат дека Турците кај да е да си средат по дома, а што се однесува до востаниците нив воопшто не ги сметаат за каква било закана, бидејќи немаат пари за да организираат успешна револуција. Бугарскиот дипломат во Лондон изјавува дека "секој Бугар во своето срце во моментот би сакал да биде во Македонија и да помогне, ама не смеат поради Австријците".

 

 

- Лондон, 8 август - Во Министерството за надворешни работи пристигнува доверлив официјален документ што се однесува на Македонија и тој е причина британската влада да усвои свои гледишта на ситуацијата - односно дека истата не е толку сериозна повеќе, иако има недостаток од гаранции за стабилност во регионот. Портата се обидува да ја реобнови стабилноста во регионот, а британскит официјални претставници не веруваат дека Турција ќе ја нападне Бугарија имајќи ги предвид распоредот на воените сили и однесувањето на Русија и Австрија.

Колку што е им е познато на претставниците на балканските држави, Македонскиот комитет не поседува капацитети и фондови за да изведе успешна револуција, но се надеваат дека со поттикнување на постојани немири на крајот ќе успеат да ги вмешаат големите сили кои го потпишаа Берлинскиот мировен договор да интервенираат .

 

 

Јозеф Ангелоти, дипломат на Бугарија во Лондон во Интервју" изјави:

Доколку не беше далекусегашната политика на принцот Фердинанд и неговата челична тупаница која ја има на бугарското министерство со сигурност ќе имаше општо востание во корист на Македонија. Во срцето на секој Бугарин се чуствува потребата да се војува за македонија, но ова нема да се случи. Ќе ги продолжиме разговорите со Портата за реформи во Македонија и подобро владеење во регионот - објавува Њујорк тајмс".

 

 

Меѓу статиите се појавува и едиторијал на Њујорк тајмс".

"На ниту еден начин оние кои себе си се нарекуваат Македонци - потомци на дегенираните Словенски племиња и скитниците кои ги следеа првите христијански крстоносни војни - вредат какво било сожалување".
На ова одговара Владимир Андреев Цанов, Секретар на македонскиот комитет во Америка.
- Во понеделникот пишувавте за македонската револуција, но не сфаќате дека тоа е повторување на настаните од 1776 година, со еден исклучок - револуцијата во Македонија не е како револуцијата во Америка, затоа што не се борат луѓе со различна боја на кожа, туку еднакви Европјани - одговара Андреев Цанов.

 

Извор: Вечер



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 164
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 173
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 249
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

« »