логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Скопје, 2 август 2010 (МИА) - Со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце денеска во државата се одбележуваат Двата историски Илиндена - 107 години од Илинденското востание и 66 години од Првото заседание на АСНОМ. 

Претседателот на Владата Никола Груевски има обраќање на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево каде се одржува голем народен собир. Во делегацијата се и министрите за правда, за животна средина и просторно планирање и за информатичко општество, Михајло Маневски, Неџати Јакупи и Иво Ивановски.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен. 

На народниот собир во кумановско Пелинце  се обрати претседателот на државата Ѓорге Иванов. Цвеќе во меморијалниот центар АСНОМ положија и владина делегација во која се министрите за надворешни работи и за економија Антонио Милошоски и Фатмир Бесими, и министерот без ресор Неждет Мустафа. Годинава не беше испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, во центарот на Скопје. На споменикот на Ченто цвеќе положија и владина делегација во која се министерот за одбрана Зоран Коњановски, заменик-министерот за внатрешни работи Џевад Бучи и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Марјан Тодоровски.

Во битолското село Трново денеска се одржа традиционалната 39. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Сојузот на Македонците со исламска религија.

Во Крушево синоќа свечено беше отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Таму стигнаа и коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела 10 дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. хс/ва/12:59 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 212
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 421
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 568
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »