логоFacebookTwitterYouTubeeMail


д-р Митко Б. Панов

На прагот на најголемиот успех во современата македонска историја - добивањето на покана за членство во НАТО - Република Македонија континуирано и засилено се соочува со историската негација, манифестирана и преку интензивирањето и заострувањето на притисоците за промена на уставното и непроменливо име - Македонија. Тоа што посебно загрижува е што негацијата зачестено доаѓа и однатре, еднакво во форма на политичка конјуктурност сублимирана во неодамнешната реторика на лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци, како и во историографска форма - рефлектирана со наметната „самопотреба“ за преиспитување на античкото минато на Македонија и на Македонците. Сето тоа доаѓа во време кога македонската влада, за првпат по осамостојувањето, се обидува да ги акцентира реалните културно-историски традиции на Македонците и на Македонија како држава, вклучувајќи ги и Албанците и останатите етнички заедници. Напластот создаден од политиката диктирана на релација Белград - Атина, одразена и во поранешната СФРЈ во целина, го остави длабоко затскриен македонскиот историографски континуитет од античкиот период, со примената на мошне умешно исконструираната вештачка историографска синтагма од 19 век заснована на поимот хеленизам. Во отсуство на сопствена национална држава на Македонија во 19 век, на историјата на античка Македонија и беше „залепена“ хеленистичката историографска етикета, што слепо беше следено од западната историографија, која впрочем и беше креатор на истата. Истоветниот приод беше применет и при оспорувањето на средновековната историја на Македонија, во која беа инволвирани други актери. Ретките македонски историографи во поранешна СФРЈ кои се зафатија со просветлувањето на историските корени на Македонија успеаја да продрат до средниот век, упатувајќи на културно-историските традиции од Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум, како и на средновековната државност во времето на Самуил. Притоа, во малкуте студии беше посочена и неопходноста од расветлување на историјата на античка Македонија, која кадровски и историографски беше тенденциозно занемарена поради добро познатиот политички диктат на ниво на СФРЈ. Осамостојувањето на Република Македонија создаде можност за ослободување од тешкиот политичко-идеолошки напласт од СФРЈ во насока на коригирање на огромната историографска неправда која и беше причинета на Република Македонија, посебно во однос на античкиот период од нејзината историја. Македонија беше исправена пред историска шанса да ја разобличи западната историографија, т.н. либерална школа, која во однос на историјата на Македонија го следеше поимањето од 19 век, со кое се оспоруваше античкиот и средновековниот културно-историски континуитет. Меѓутоа, долгиот транзициски период во кој навлезе Република Македонија беше проследен со маргинализирање на историчарите, посебно на оние со национален предзнак. Политичкиот и личниот критериум беше поставен пред вредносниот и научниот, што се одрази и врз квалитетот на историографската продукција. Воедно, кај дел од историчарите во Македонија, синдромот на инфериорноста од поранешна СФРЈ беше заменет со тренд на настојување на наоѓање поткрепа за историското минато на Македонија кај западните историографи и прифаќањето на демагошкото поимање за историјата од европските бирократи во Брисел. Тоа, како и доскорашната ориентација на политичките елити, кои гледаа на историчарите како на кочничари на внатрешните и надворешно-политичките процеси, генерираше состојба во која македонските историографски трудови, во кои за првпат се акцентираше културно-историскиот континуитет од античка Македонија, останаа потиснати и неафирмирани. Како резултат на тоа пошироката јавност остана дезинформирана и конфузна, што меѓу другото се должеше (и) на продукцијата на квази-историографските трудови, како и на трудовите произлезени од „сомнителните“ проекти, кои на различни начини и со различни мотиви се обидуваа(т) да ја ре-дефинираа(т) историјата на Македонија. Неодамна бевме сведоци на директно вмешување на политиката во историографијата што продуцираше и апсурдно политичко толкување на историјата, втемелено на раскажаната фантастична приказна од лидер на политичка партија за „будалаштината“ на современите и античките Македонци околу нивното историско само-осознавање. Приказната генерално оди во правец на тоа дека „будалестите“ Македонци, всушност се и секогаш биле во голема историска заблуда: современите Македонци не можат да се повикуваат на своето античко минато, бидејќи не се Македонци; Александар Трети Македонски бил во заблуда бидејќи не бил Македонец; античките Македонци биле во заблуда. . . Ваквата историска негација не би требало да биде многу страшна, со оглед на смешниот карактер на фантастичната приказна, во која (како и кај сите приказни) не верува ниту самиот раскажувач. Апсурдот е дотолку поголем што токму антиката може да претставува обединувачки фактор за Македонците и за Албанците. Оттаму, изречената приказна добива многу подлабока политичка димензија, бидејќи коинцидира со засилениот притисок за промена на уставно име на Република Македонија, а со тоа далекосежно продира и во националниот идентитет на државата. Ваквата состојба дополнително ја наметнува неопходноста од просветлување на историјата на Македонија, но која не треба да се сведе на нејзино механичко ре-моделирање во зависност од моменталните состојби и потреби. Просветлувањето треба да се сфати во поширок контекст во насока на конечното отстранување на наталожениот политичко-идеолошки баласт кој за жал се уште ги задушува демократските процеси во земјата; враќањето кон научниот и вредносниот критериум наспроти политичкиот и личниот; темелно преиспитување на самите себеси и на сопствените вредности и капацитети; надминување на длабоката инфериорност од западните историографии и од европските демагошки поимања за националните истории на другите. Единствено вака сфатеното просветлување на историјата на Македонија може да биде во полза на Македонците, како и на Албанците и на сите други заедници кои живеат во Република Македонија, чиешто културно-историско само-осознавање нема да биде засновано на научно-фантастични приказни од типот за „будалаштината“ на другите, туку на реална, научно втемелена и општо прифатена историографска продукција во која ќе бидат интегрирани многувековните културно-историски традиции на Македонија, а кои длабоко продираат до антиката. На овој начин Република Македонија ќе може да се спротивстави на силните притисоци за промена на уставното и историско име, чиешто крајно исходиште би било промена и креирање на нов национален идентитет, преку вештачката замена на културно-историските традиции од антиката со оние од 20-от век. Тоа никако не смееме да го дозволиме, дотолку повеќе што историските аргументи се на наша страна!
Авторот е доктор по историски науки.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 161
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 169
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 247
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »