логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Во беседата посветена на Македонската Православна Црква, истакнати македонски интелекти ќе речат дека МПЦ денес слави 40 години независнот - афтокефалност, иако можеше да прослави 400 години, колку што прославува на пример црквата Св. Богородица во Сливница, Преспа. Би можела да прослави уште еден век повеќе или помалку, од одисејата на македонските браќа, светите Кирил и Методија.

Сепак по 4 децинии самостојнот. Македонската црква со право го носи епитетот дека е еден од стожерите на македонското национално и духовно опстојување, еден од главните чувари на македонскиот национален идентитет, бранител на националното духовно и културно богатство.

Во далечната 1967 година во храмот на црковно-народните собори во Св. Софија во Охрид беше донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква каде беше прогласена и автокефалијата.

40 години подоцна МПЦ е одликувана со највисокото државно признание “Орден на Република Македонија”. Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан тогаш изјави дека овој чин “Го прима и разбира како скапоцен прилог во одбележувањето на годишнината, но и како признание за местото и дејноста на нашата света црква и воопшто за нејзината улога во животот на македонскиот православен народ низ вековите и денес”. Според него по четири децениското слободно дејствување на Македонската православна црква оправдани се надежите и вербата на учесниците на Соборот дека МПЦ создава нова епоха во својот летопис, покажувајки дека е вистинска и незаменлива мајка на своите чеда.

На денот на одбележувањето на 40 години афтокефалоност МПЦ испрати јасна порака дека ке издржиме на патот што сме го одбрале и Македонската Православна Црква ќе ја признаат другите православни цркви во светот.

 

Пред 40 години во храмот на црковно-народните собори во Св. Софија во Охрид беше донесена одлука за возобновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Беше прогласена автокефалијата. 4 децинии подоцна по историскиот  чин од 17 јули 1967 година што се одржа во црквата Свети Климент Охридски, со свечена академија и повторно во катедралниот храм на охридските архиепископи Света Софија, кој важи за жив сведок на многу несреќни и трагични, но и на радосни мигови МПЦ го добива  највисокото државно признание “Орден на Република Македонија”.

Ова е прв пат по своето осамостојување МПЦ да биде одликувана со едно државно признание. Пред 40 години Македонија беше дел од југословенската федерација. Односите на МПЦ И СПЦ беа на високо ниво на соработка. Поделбите на државите донесоа и делби на црквите.

Олдикувањето доаѓа само како потврда на  местото и дејноста на нашата света црква и воопшто за нејзината улога во животот на македонскиот православен народ низ вековите и денес”.

По 40 години  слободно дејствување на Македонската православна црква оправдани се надежите и вербата на учесниците на Соборот дека МПЦ создава нова епоха во својот летопис. На денот на одбележувањето на 40 години афтокефалоност МПЦ испрати јасна порака дека Македонските верници ќе издржат на патот што сме го одбрале и Македонската Православна Црква ќе ја признаат другите православни цркви во светот.

Поглавараот на МПЦ г.г Стефан, ќе рече дека Македонската Православна Црква прогласила самостојност како што тоа претходно го направиле скоро сите православни цркви. По две столетија, на македонскиот народ му се врати тоа што некои се обидуваа да го присвојат, си го вративме тоа што ни беше дадено од Бога - Црквата наша Павлова и Климентова, Охридска и Македонска. ( цитат ).
Во беседата посветена на МПЦ, на 40-годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, сведоците на тој историски чин ќе речат:

- Слободата никој на никого не му ја дава на послужавник, таа треба со големи саможртви да се спечали.Чувствуваме дека гласот народен е и глас на Бога. Затоа и го послушавме. Од историските настани не' делат полни 40 години. Тогаш во црквата „Свети Климент” пред Бога, свети Климент и свети Наум и сите македонски светии, Светиот синод на обновената самостојна МПЦ, на чело со архиепископот Доситеј и другите македонски архипастири: Климент, Наум и Методиј и нашата смерност, ја донесовме историската Одлука за обнова на целосната автокефалност на наша света МПЦ. Веднаш потоа се упативме во катедралната црква “Света Софија” каде што не очекуваа членовите на највисокото законодавно тело - Архиепископскиот црковно-народен собор. Таму, Одлуката беше поздравена со овации и голем восхит и радост и едногласно прифатена од сите членови. Овој настан претставуваше повик до целиот македонски народ за цврсто и целосно национално измирување и обединување.

Под уставното име Република Макеоднија ја призна еден од најголемите уметници на сите времиња - Винсент ван Гог, кој немал никаква директна врска со Македонија, но секогаш се радувал на делот од Библијата во кој се спомнува Светиот апостол Павле, кој пак во црковната историја е запишан како првиот што го проповедал Христијанството во Македонија, па и пошироко на Балканот.

На своите мисионерски патувања на балканот , за што сведочат и Делата Апостолски, го придружуваат и апостолите Лука, Тимотеј, Сила и Тихик кои и самите независно од Светиот апостол Павле работат на христијанизација на овие простори. Историјата нотирала и други апостоли кои црковно твотреле на овие простори,.

Во В век на просторот низ цела територија на Македонија постојат повеќе митрополии и епископии, од кои попознати биле Солун, Скопје, Хераклеа, Баргала и Стоби. Во тој пероиод и низ цела територија на Македонија никнуваат многу ранохристијански базилики. Делото на светиот апостол Павле и светиот цар Јустинијан го продолжуваат светите браќа Методиј и Кирил и нивните ученици светите Климент и Наум Охридски. Во втората половина на Џ век, во рамките на Самуиловата држава е организирана Охридската автокефална Архиепископија, врз темели на Јустинијана Прима, во достоинство на патријаршија. Подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, се до 1767 година кога е укината од страна на турскиот султан Мустафа ИИИ, а нејзините епархии се присоединети кон Цариградската патријаршија.  

Пред самиот крај на војната, во 1944 г. во селото Врановци е создаден Иницијативен Одбор за организирање на Македонската Православна Црква. Во месец март 1945 година во Скопје е одржан првиот Црковно-народен собор, на кој е донесена Резолуција за обновување на Охридската Архиепископија, како Македонска Православна Црква. Оваа одлука е доставена и до Архиерејскиот собор на СПЦ, бидејќи пред војната епархиите во делот на Вардарска Македонија беа во составот на Обединетата Православна Црква на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна - Српска Православна Црква. Архиерејскиот собор на СПЦ не ја прифаќа оваа одлука, заради што во своите понатамошни барања Иницијативниот одбор истапува со одредени редукции: наместо како автокефална, бара да биде признаена како самостојна Црква. Но, повторно не наидува на одобрување. Во 1958 година во Охрид е одржан Вториот македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.

Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. Во 1966 година односите со СПЦ повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот Синод на МПЦ на 17 јули 1967 година во Охрид го свикува Третиот црковно-народен собор, и на свечената седница во охридската црква на Свети Климент Охридски ја прогласува Македонската Православна Црква за АВТОКЕФАЛНА. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква е извршен на Светата Архиерејска Литургија, отслужена во црквата на Свети Климент Охридски на 19 јули 1967 година, од страна на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Точно 200 години по нејзиното укинувањето од страна на турскиот султан.. Диецезата на Македонската Православна Црква не се протега само на подрачјето на Македонската држава, туку и во црковните општини надвор од границите на Републиката.

Македонската Православна Црква денес има 13 епархии, од кои 7 се во Република Македонија и 6 во дијаспората. Со епархиите управуваат 10 епископи на кои им помагаат над 500 активни свештеници. Со осамостојувањето, Македонската Православна Црква има основано Средно Богословско Училиште и Православен Богословски Факултет во Скопје. Библијата е издадена на македонски јазик, како и многу други богословски книги. МПЦ има околу 500 парохии, со повеќе од 2000 цркви и манастири. Пред десет години се возобновија околу дваесетина манастири во кои денес живеат повеќе од 100 монаси и монахињи.

Повеќето од македонските манастири, градени во различни периоди, посебно оние градени од ЏИ до ЏВ-ЏВИ век, во целост се сочувани и денес. Освен вредниот живопис, по кои Македонската школа е позната во светот, тие во своите древни ризници кријат невидливи записи за духовниот код на монашкиот подвиг што се одвивал во нив. Градени на високи непристапни места, во близина на испосници, далеку од човечките населби, изолирани во тишина и затскриени со бујна вегетација.

Богаството на Македонските цркви го чинат фрескопсиот и иконостасот. Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, се одсликува духовната состојба на човекот. Македонската збирка на икони, особено Охридската е една од највредните во светот, денес. После Синајската и Московската збирка икони, таа е трета по значење во Православието. Од византолошки апект, е единствена.

Сликањето со земјени бои растворени во вода врз влажен малтер направен од ситен речен песок, гасена вар и насечена слама, коноп или козји влакна, е познато под името „фреско” техника. Таа е една од најстарите и најтрајните сликарски техники, најотпорна на временската ерозија. Македонија спаѓа меѓу земјите со најубав сочуван византијски фрескопис, воглавно од периодот од ЏИ до ЏВИ век. Сочувани се повеќе илјадници квадратни метри фреско-живопис, од кои поголемиот дел се во многу добра состојба, и претставуваат ремек дела на Македонската живописна школа. Фреските во Света Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, во Охрид претставуваат најдобро сочуван живопис од сите постоечки фрескописни програми во една катедрална црква во Византија во ЏИ век. Се смета за еден од клучните артефакти во општата историја на Византија. Од овој период, во истиот фреско-опус, спаѓаат и делумно сочуваните фрески во Водочкиот и Велјушкиот манастир, во близина на Струмица. Фреските во Нрези Скопски, Св. Ѓорѓи, во Курбиново, на бреговите на Преспанското езеро, црквите Св. Георгиј во Старо Нагоричане кај Куманово и Св. Никита во с. Бањани кај Скопје, Св. Никола, Варош, во Прилеп, Фрескописот во манастирската црква посветена на Архангел Михаил, во Лесновскиот манастир, оние во црквата Св. Андреј, Матка, Нивното творештво е своевидно зографско и богословско ремек-дело, единствено по својот израз и високите живописни и духовни квалитети.

Даниела Михајловска Василевска

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 203
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 412
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 560
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »