логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Тихомир Јанчовски – поет, колумнист и преведувач

11 Март 2016



Тихомир Јанчовски, поет, колумнист и преведувач. Роден 1967 година, во Скопје. Досега има објавено седум поетски книги: „Обични зборови", „Два", „Последно време", „Осама", „0, ти", „Староста може, а и не мора да се дочека" и „Одзбор до збор".
Повод за интервјуто со него е неговата осма поетска книга „Игла и конец" која деновиве излезе од печат.



Деновиве излезе од печат вашата нова книга „Иглa и конец". Кога ќе се случи промоцијата?
Промоцијата ќе се случи на 12 март во „Кино Култура", со почеток во 20 часот. Нема да биде класична промоција. Предвиден е поетско-музички-ликовен настан (зборот„перформанс" не го сакам). Поезијата ќе биде главна и со тоа се почнува. Ќе има и изложба на илустрации. Повеќето се на Владимир Лукаш, некои се и мои. На промоцијата ќе учествува и сликарката Цветанка Јованова-Хермес. Таа на лице место ќе наслика неколку слики со акрил. Ќе има и музика. Во официјалниот дел ќе настапи групата ПЕРИЈА. Тоа се оние девојчиња што свират во ГТЦ. Со учеството на промоцијата сакам на некој начин да ги поддржам. Да се слуша што повеќе нивното име. Мислам дека заслужуваат. Мислам дека малку им треба за да постигнат убав успех. По официјалниот дел на промоцијата следи џем-сејшн, со џезери и секакви музичари. Музичари со тапија, нема да свири кој стигне.

Зошто стихозоирката ја насловивте „Игла и конец"?
Насловот дојде спонтано. Обично чекам да ми дојде вистинскиот наслов. Оваа книга требаше да се вика „Не е до мене". Имам таква песна која ми се чинеше многу убава и сакав да биде насловена според неа. Меѓутоа, како одминуваше времето дојдоа и други песни и спонтано се наметна насловот„Игла и конец", оти имам циклус песни кои се поврзани со мотивот на конците. Книгата е пишувана од есента 2013 година па се до оваа зима. Завршена е некаде во јануари.

Во истоимената песна изразувате надеж дека на старост ќе подетините. Како го замислувате подетинувлњето?


Староста најчесто сите ја сфаќаат како нешто лошо, тешко и мачно. Меѓутоа, сметам дека сето тоа се ментални категории. Човек може со годините, како што старее, да станува се подобар. Да се ослободува од лошото во себе. Да се ослободува од страсти и лоши навики и конечно да се врати во таа состојба на чистота, на радосно живеење што ја имал во детството. Во таа смисла, се надевам дека на старост, ако ја дочекам, во умот ќе бидам како дете. Не заостанат или сенилен, туку со таа широчина, чистота, ослободен од секакви грижи, желби и амбиции. Едноставно човек да може да живее во моментот и да го сака секој миг од животот. Во таа смисла. се надевам дека ќе подетинам.

Дали дојде време моралот да го ставиме во музеј, како што велите во песната „Новопролетеријат"?

Тоа е прашање за некој социолог. Да сум сакал да го кажам тоа на подруг начин, би го кажал. А, песната е асоцијативна, така што секој човек што ја чита може да си одговори на прашањето што го поставивте. Ми пречат некои работи во денешно време. Ми пречеле и во минатото. На секого нешто му пречи. Но, не може да го правиме светот според нас, каков што ние би сакале да биде. Може да го менуваме својот внатрешен свет, не и оној на другите. Меѓутоа, сметам дека во денешно време, овој современ начин на живеење и ова современо отсуство на каква било филозофија, идеологија на живеење, или на некаква верска етика, мислам дека сето тоа ги става луѓето во позиција на спонтано делување без компас и гледање еден од друг. Традиционалниот морал е нешто загубено. Луѓето веќе не се водат од никакви правила и заповеди, туку просто гледаат едни од други, ги води стихија, и се останува само на судот на нивната совест.

Зошто ви се гади од амбасади?
Искрено, зашто на еден настан каде бев повикан како почесен гостин ме станаа за таму да седнеле „луѓе од амбасадата". Така се погоди што од 500 столчиња јас одбрав да седнам на едно од десетината што биле резервирани за нив. А не беа прв ред, ниту некој убав ред... просто - баксуз. Се подналутив и излегов од салата. Вечерта ми дојде песната. Начинот на службеничкото живеење го сметам за промашен. За мене е така. Во таа песна, кажувам дека веројатно и ним им се гади од таквите како мене. Значи, ние сме различни, не велам дека јас сум како што треба а тие не. Едноставно, таквиот начин на живот, таквиот тип на однесување... со протоколи, покондиреност, контролирани насмевки и празна учтивост... од негативната страна на тој службенички живот по амбасади, мене ми се гади.



Дали Македонците читаат поезија?


Мислам дека читаат пропорционално како што чита секој друг народ. Но, кај нас има огромна количина на нешто што и не е поезија, а сепак е одамна ставено во некакви програми, и тоа кај луѓето созадава одбивност кон читањето на таков вид литература што претенциозно се нарекува „поезија". Знам голем број здрави луѓе кои велат дека не разбираат поезија, не ја читаат, и им се чини дека тоа е нешто глупаво или неразбирливо. Меѓутоа, ако се во допир со вистинска поезија, таквата одбивност веднаш изчезнува. Мислам дека поезијата е национален феномен и не е работа на признание, на награди, на добри или лоши критики за некого, дали некој е „објавуван во странство" или не. Поезијата едноставно е таква уметност во која со малкузборови се кажуваат многу нешта. Човек, откако ќе прочита некоја добра песна има потреба да зборува за неа, може да запомни некој стих... или целата песна. Му се чини дека со тие зборови убаво е кажано и пренесено она што и самиот го мисли или чувствува. Ако тоа не се случи, тогаш може да се работи за добар (или за никаков) текст.



Јас ја запомнив вашата песна „Лесно е“. Велите лесно е да  си вулгарен и лош. да  си себичен и гад, да си без трпение. да си нервозен и раздразлив... А што е тешко?

Убаво што го поставивте ова прашање. Има и песна што се вика „Тешко е". Таа е во „Обични зборови", може да ја прочитате таму. Значи постои „Лесно е", и постои „Тешко е". Оваа песна, по многу години, е еден вид дијалог со песната објавена во првата збирка.



Од неодамна почнавте да организирате хуманитарни акции. Што ве мотивираше?


Ништо посебно. Така бев расположен. И кога слушнав за тоа, веднаш реков дека ќе го направиме. Првиот пат го направивме за болниците низ Македонија, па решивме да продолжиме. Сега оди секоја последна сабота во месецот. И додека не држи ентузијазмот ќе одиме со таа акција. Ова го правиме на доброволна основа, како волонтери, не заработуваме ништо одтоа. Има многулуѓе кои сакаат акциите за собирање книги да продолжат, кои секогаш доаѓаат и даваат колку што можат - оти е убаво да се дава. Па дури и јас да престанам тоа да го правам ако имам други обврски, ќе се најде друг да продолжи. Не се битни имињата на организаторите, туку добрата волја и дарувањето книги за потребитите. Ние сме отворени за идеи. Кога не знаеме за која институција или за која група луѓе да собираме, кога ќе не изнервира некоја институција и ќе ни кажат дека не им требаат книги туку „доместос“ или пари, примаме сугестии. Луѓето ни кажуваат за каде треба помош. Обично така и се случуваат акциите.

Од ова кратко ваше искуство со хуманитарни акции. можете ли да ни кажете дали луѓето во Македонија се хумани?


Кога почнавме со акцијата „Биди човек, подари книга", мене ми се врати вербата во Македонците. Навистина, сега ми е многу поголема отколку што ми беше претходно. Луѓето не се толку лоши како што некогаш ни се чини.



Кои се вашите идни планови?
Немам планови. Никогаш не сум ни имал... за иднина. Имам краткорочни. Еве во мај ќе одам во Сараево. Некаков писателски престој, цел месец. Во јуни ќе одам во Јута. Таму ќе бидам околу 10 дена, по работа. Потоа, ќе видиме.


Што ќе им порачате на читателите?
Да се живи и здрави. Да читаат само нешто што ги допира, што ги прави поарни луѓе. Инаку, и книжевноста може да биде отровна работа. Не е птица се што лета и не е добра книга се што е отпечатено и има корици. Не треба да се чита нешто што го прави човека несреќен или што го збунува. Литературата треба да лекува.

 



 

Ирена Рздовановиќ_MIA

Фотографии од промоцијата: Преминпортал



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1251
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1575
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная