логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Општинската организација на Црвен крст Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2014 година, традиционално по дванаесетти пат организира крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на Армијата на Република Македонија, од 09,00 до 17,00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 11 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.

Во 2003-та година кога за првпат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2013 година 313 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв.

Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 11 години е 2494 крводарувања, или во просек 226 крводарители по акција.

Ги покануваме граганите да ја покажат и овој пат својата хуманост.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie