логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
 
НА 9 АВГУСТ СЕ ОДРЖУВА 24 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА СМК
 
8 август 2014 година, Скопје, Македонија - На 9 август 2014 година (сабота) со почеток во 10.30 часот, во големата сала на Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје ќе се одржи 24. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес.
 
Поканата е отворена за сите македонски организации од сите делови на Македонија и во целиот свет. Сите заинтересирани своето учество на 24. Генерално Собрание на СМК задолжително треба претходно да го пријават со смс-порака на 070255735 или на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со име и презиме, место и држава од каде што доаѓаат и организација која што ја претставуваат, доколку се нечии пратеници.
 
Акредитацијата на учесниците на 24. Генерално Собрание на СМК на 9 август 2014 година се врши од 9.00 часот во фоајето на Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје.
 
24. Генерално Собрание се очекува да донесе повеќе резолуции за: името на државата, правото на македонско државјанство за Македонците во светот, репатријацијата на Македонците во своите родни огништа и обновата на македонското село, семакедонското обединување на Македонците христијани и Македонците муслимани, геноцидот врз Македонците и окупацијата врз Македонија, правата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, прогласување на Охрид за светски сеправославен центар, унапредувањето на положбата и правата на Македонците во соседните држави на Македонија, помирувањето и обединувањето на Македонците во Австралија, за Македонската Црква, реституцијата на македонското културно богатство.
 
24. Генерално Собрание на СМК ќе донесе Одлука за формирање на Фондација за многудетни македонски семејства “Свети Никола“ чиј директор и управен одбор, по правило, ќе бидат Македонци и Македонки со три и повеќе деца.
 
На 10 август во 10.30 часот ќе се одржи панихида за Македонците жртви од Првата Светска Војна на гробот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас до Калето во Скопје.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie