логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светата
Христова подвижничка
Ефросинија
25 септември /8 октомври



Господи, Господи сило незнаена,
го создаде, го возљуби човека и
го постави во љубовта Твоја,
затоа дете кон Тебе прибегна – света Ефросинија,
при чии нозе денес припаѓаме.
Убавината на душата твоја о, преподобна,
ги освои нашите срца, подвигот твој за Христа
да се оневестиш, даде смелост на усните наши
- да те восфалиме и молиме
лишени да не бидеме од милоста на Твојот Жених
во вечни векови.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобната мајка
Ефросинија Суздалска
25 септември / 8 октомври

Мајко преподобна, срце од Христа Бога смирено,
со благодат преисполнето,
од каде молитва и величание кон небеса се устројува.
О, Ефросинијо достојна невесто Господова,
моли се за челадта која по Бога жеднее,
како кошута за воден извор,
и тебе чест денес подава во слава Негова.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
преподобномаченик Христов
Пафнутиј
и со него петстотини четириесет и шест маченици
25 септември / 8 октомври

Силата на верата во тебе Пафнутие
свети оган запали, кој со твоето смирение
се рашири над многу глави и во мноштво срца,
кои кон Христа беа приведени од благодатта
која како миомирис се рашири.
Петстотини четириесет и шест гулаби
полетаа кон слободата, по твоите свети молитви,
о, мачениче непоколеблив, и затоа те молиме
и нас Господ да нѐ удостои да видиме ново Небо
и нова Земја, по твоето свето застапништво.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов исповедник Теофил
епископ Ефески
25 септември / 8 октомври

Твоето Богоугодно живеење со една душа,
срце и ум на Господа Бога да послужиш
те направи исповедник на Ликот Господов
Кој во тебе се зацари, о, Теофиле смирен пастиру.
Иконите свети од палицата ти дадена
беа исповедани, ереста во времето погазена
и мир за патствата донесен.
Затоа праќајќи венец на бесмртноста
прибери нѐ и нас при Христа Кого моли Го
да ги прости нашите прегрешенија.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
Христови маченици
Павле, Татија и нивните деца
Савсинијан, Максим, Руф и Евгенија
од Дамаск
25 септември / 8 октомври

Ја опеваме верата ваша во Господа,
ја величаме ревноста Него да Го добиете
сметајќи го земното за трици и пропадливост
о, достојнославни Павле и Татијо
кои дрво плодоносно благодатно постанавте
и рожбата ваша на Бога ја принесовте,
ослободувајќи ја од оковите на смртта.
Нека честа и надежта наша во вас ни биде
попатнина до вечната Татковина.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на преподобниот
и Богоносен чудотворец Христов
Сергиј Радонешки
25 септември / 8 октомври

Добродетелен подвижниче,
воин вистински на Христа Бога, подвижниче
кој во животот привремен над страстите се воздигна,
пример стана во пеењето, постот и бдението
на твоите ученици. Затоа се всели во тебе Духот Свети
Кој светло те украси. Но бидејќи имаш
смелост пред Пресвета Троица, спомни си за стадото,
што си го собрал и не заборавај по ветувањето да си спасиш
чедата твои, Сергие оче наш преподобен.   

    

 
Извор МПЦ – ОА


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 08/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Преподобна Ефросинија    

Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, коишто со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова. Не сакајќи да стапи во брак младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агипит. Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена. Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка. По десет години подвиг, се упокои во Господ и Свети Пафнутиј.

 vozdvizenie.jpg


Преподобен Сергеј Радоњежски  

Голем подвижник и светлиник на Црквата во Русија. Се роди во 1313 година во Ростов, од побожните родители Кирил и Марија. По смртта на родителите Вартоломеј - така му беше името од Крштението - се замонаши и ја основа обителта на Света Троица во Радоњежските шуми. Овој тивок и кроток слуга Господов знаеше само за труд и молитва. Заради чистотата на неговото срце се удостои со дар на чудотворство, па со името Христово воскреснуваше мртви. Повеќепати му се јави Пресвета Богородица. Кај него доаѓаа кнезови и владици за совет. Тој го благослови кнезот Дмитриј Донски и му ја претскажа победата во војната за ослободување на Русија од Татарите. Гледаше во човечките срца и во настани на далечина. Неговата обител се наполни со монаси уште за време на неговиот живот и со векови и векови служеше како едно од најглавните притекнувалишта на духовниот живот и за сведоштво на Божјите чуда. Свети Сергеј се упокои во 1391 година. По смртта повеќепати им се јави на различни лица.

 Преподобна Ефросинија Суздајска

Крстеното име ѝ е Теодула. Таа е ќерка на Михаил Всеволодович и му беше вереничка на Суздајскиот кнез Мина. Никако не сакаше да се мажи и Го молеше Бога да ја зачува како девојка до смртта. Кога како невеста ја поведоа во Суздај, ненадејно умре кнезот Мина, нејзиниот вереник. Таа не се врати кај родителите, но стапи во манастир, каде што се подвизуваше до смртта. Бог ѝ даде дар на чудотворство. Се упокои во 1250 година.

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 394
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »