логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Кавадарци, 1 октомври 2010 (МИА) - Првите луѓе на „Фени Индустри“ и „Кожувчанка“, Константинос Даскалакис и Митко Јанчев, заедно со кавадаречкиот градоначалник Александар Панов денеска го посетија градилиштето на црквата „Св. Петка“ во Кавадарци каде беше поставен првиот клепан камен со што официјално почнаа ѕидарските работи.

Фасадата на црквата комплетно ќе биде изработена од камен кој рачно ќе се обработува на самото место  од деветмина мајстори од Мала Преспа, Албанија, предводени од Ристо Гриздановски. Каменот, кој е со светла боја и со одличен квалитет, се набавува од Мариово.

„Фени Индустри“ и „Кожувчанка“ се најголеми донатори за изградба, а општина Кавадарци бесплатно и го отстапи на трајно користење градежното земјиште на кое ќе биде изградена црквата на Македонската православна црква.бн/вј/12:32



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport