логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Еротеј Атински
4 октомври / 17 октомври



О Еротее свет епископе,
Господ подари умиление на срцето твое,
Пресветата придружник на Нејзината свита те постави,
моли се за нас пастиру на овците словесни,
пред твоите страдања да се поклониме
и да не заборавиме дека во Бога едно треба да бидеме,
за да по твоите молитви добиеме спасение.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот
Христов исповедник
Амон Египетски
4 октомври / 17 октомври

Пустината очи ти избистри аво Амоне свети,
а девственоста пат отвори кон Благодатта Христова,
подвиг на подвиг додавајќи, ангели привлече
да послужат на ревноста твоја,
од која плодови делеше со отците пустински, о подвижниче.
Сега за нас моли се Антониев сотрудниче,
ангелов собеседниче, по твоите молитви спасение да најдеме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
маченик Христов
Давикт и неговата ќерка
Калистенија
4 октомври / 17 октомври

Блажена си ти Калистенио, девственичке Христова,
на која Господ и подари татко благоразумен,
да те сочува и на Светлината предаде, а он
Давикт светиот, ја отфрли земната награда
и се приви кон нозете Христови,
добивајќи ја нетленоста на венецот маченички.
Молете се за нас вие кои пребивате во Вечната светлина.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Гај, Фавст, Евсевиј, Хермион
и други
4 октомври / 17 октомври

Го чествуваме споменот ваш свет пред Господа,
о, Гае и Фавсте, Евсевие и Хермионе,
кои учител имајќи во Дионисиј великиот,
во верата не се откажавте да бидете проповедници,
не плашејќи се од оние кои телото го убиваат.
Затоа венци маченички добивте,
и со слава небесна се закитивте,
од каде сега молете се за нашето спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
епископ Христов
Гуриј Казански
4 октомври / 17 октомври

Смирението твое Гурие свети,
те исполни со благодат Господова,
која во маките страдалнички светлина пројави,
надеж и вера во Бога да се засилат,
и тебе пастир Негов да те направи.
Радувај се молитвениче пред Христа Бога,
на оние кои во маките тебе те повикуваат,
радувај се епископе, и моли се мир во Црквата да царува.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на преподобниот
отец Павле припрости
4 октомври / 17 октомври

За цврст столб ја приви душата твоја,
О, Павле велики, а за уште поцврст бедем
срцето го приклони, волјата отсекувајќи ја.
Се оневести за стравот Божји,
и мудроста ја придоби со која Он те обдари,
во простота на верата, од која бесот согорува.
Моли се за нас тврдино несоборлива,
пред Христа Господа со Кого срце свое исполни.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Петар Капетoлијски
4 октомври / 17 октомври

Се искачи по скалилото на преподобието,
поминувајќи од сила во сила,
благодатен оче Петре, за на крај исповедник
Христов на вистината да постанеш.
Добивајќи венец маченички,
за нас спомни си ревносен исповедниче
милост пред Господа да најдеме за нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот праведен
Стефан Штиљанович
4 октомври / 17 октомври

На земјата премудро си стекнал слава,
богатството твое на Господа предавајќи го,
и Он меѓу небесните жители те насели.
Телото твое, светителу, на земјата го сочува нераспадливо,
зашто со целомудреност и чистота праведно си поживеал.
Затоа во твојата слобода, моли Го Господа
да нѐ спаси, свети Стефане.



 
Извор МПЦ – ОА

Тропар на светиот
епископ Христов
Варсануфиј Тверски
4 октомври / 17 октомври

Го запозна ропството човечко,
и го отфрли служењето на гревот,
о, Варсануфие смирен слуго Господов,
благодатно облече риза на покајание,
и приведен беше од Христа за пастир на стадото Негово.
Награда ти станаа солзите, облекло сиромаштијата пред ближниот,
но богатство во Господа, Кој величание покажа на тебе
и Гуриј пастирот Негов. Затоа не престанувај
за нас да се молиш од Небесната висина.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 17/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Esen.manastir1.jpg

Светиот свештеномаченик Еротеј    

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој[to му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.

Преподобен Амон  

Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја, но тој не сакаше да живее со жена му како со жена, туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом, а Амон отиде во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг. Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и проѕорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син за да го излечи со молитва. Но Амон никако не сакаше. По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ѝ го на онаа вдовица (и ѝ го кажа името) волот што ѝ го украдовте и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа проѕорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога и детето оздраве. Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото“.


Преподобен Павле Препрости    

До својата шеесетта година живееше во светот како оженет човек. Кога ја затекна својата жена во грев, остави сѐ и отиде во пустината кај Св. Антониј, па се замонаши кај него. Иако беше прост и некнижевен, достигна такво духовно совршенство што ја гледаше душата на секој човек како што обичните луѓе ги гледаат човечките тела. Беше и голем чудотворец, па во некои случаи и го надмина Св. Антониј. Се упокои во длабока старост, во 340 година и влезе во радоста на ангелите.

  Свети Стефан Штиљановиќ

Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки прилики, борејќи се храбро против Турците и Латините. Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со Св. Александар Невски или со Светиот крал Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина, според која и се пронајдени неговите Свети мошти, кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на Св. кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив, се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 636
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

Митрополит Американско- канадски г.Методиј: ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО

Митрополит Американско- канадски г.Методиј: ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО

Стравот Божји ни дава сила и смелост пред Бога и во Бога. Со  истата таа сила апостолите, бестрашно и со цврста вера чекореа по  разбрануваното море  на  овој  свет и...

« »