логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје организира Научниот собир по повод јубилеите - 40 години од основањето на Факултетот и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија на тема „Предание и мисија“. Собирот ќе се одржи во свечената сала на Факултетот на 07.12.2017 (четврток) од 10:00 до 14:30 часот. Во прилог

Ви ја доставуваме програмата на Собирот.

Се надеваме дека ќе го збогатите овој настан со Вашето присуство,

Со почит,

Проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ, продекан за наука и меѓународна соработка

 

Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје Православен богословски факултет „Свети Климент
Охридски“ – Скопје НАУЧЕН СОБИР
по повод 40 години од основањето на Православниот богословски факутет „Свети
Климент Охридски“ – Скопје и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква –
Охридска архиепископија на тема:

ПРЕДАНИЕ И МИСИЈА

Свечена сала на Факултетот, 07.12.2017, 10:00 часот

П Р О Г Р А М А
10:00
Отворање на научниот собир

Прв блок

10:15
Прва работна сесија

Витомир Митевски
„Кирилометодиевското лексичко наследство“

Ѓоко Ѓорѓевски
„Свети Гаврил Светогорец епископ
Велички и Мagnum Iubilaeum“

Ристо Солунчев
„За логосот на црковната музика“

Виктор Недески
„Охридската архиепископија во времето на Лионската унија (1274-1280)“

10:55
Дискусија


11:10
Втора работна сесија

Дејан Борисов
„Охридската архиепископија како наднационална Црква“

Александар Трајановски
„Односите на Охридската архиепископија со Русија и Руската православна црква“

Бобан Петровски
„Јурисдикцијата на Охридската Архиепископија во средновековековен Полог“

Борче Илиевски
„Односите меѓу Македонската и Српската православна црква во седумдесетите

11:50
Дискусија

12:05
Пауза

Втор блок


12:30
Трета работна сесија


Ацо Гиревски, Марија Гиревска
„Вредности во наследство од возобновувањето на Македонската православна црква – Охридска
архиепископија“


Драган Зајковски
„Житијата на свети Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем“


Анета Јовковска
„Посакувани особини и компетенции на наставниците по духовно образование и воспитание според
примерот на свети Климент Охридски и современите сознанија на православната христијанска педагогија
и психологија“


Борче Грамбозов
„Критериумите за толкувањето на Светото Писмо според Свети Григориј Богослов и Свети Григориј
Палама како пример за современа егзегеза“

13:10
Дискусија


13:25
Четврта работна сесија


Цане Мојаноски
„Црквата меѓу власта и цивилното општество“


Ненад Марковиќ
„Улогата на религијата во современото демократско општество - делиберација, партиципација и
дијалог“


Кире Трајанов
„Мисиолошка егзегеза на секуларизираната религиозност“


Милан Ѓорѓевиќ
„Православната мисија во секуларното општество“

14:05
Дискусија

14:20
Затворање на научниот собир

 

5-декември 2017 год.

 

 Друго:

По повод 50 годишнината од прогласувањето на автокефалностана Македонска православна црква- Охридска архиепископија, неодамна беше претставено   изданието на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје - Јубилеен зборник

Промотори на изданието беа:

1. Негово Преосвештенство, епископ Хераклејски г. Климент

2. Проф. д-р Пол Мојзес, главен уредник

 

 

ПреминПортал

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie