логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Викендов во Скопје ќе се одржи еден од најзначајните книжевни настани во регионот - жирирање и свечено доделување на меѓународната книжевна награда Балканика за најдобра книга за 2015 и 2016 година. Денес пристигаат номинираните автори, книжевни критичари и издавачи од сите 7 земји-членки на Фондацијата Балканика. Меѓународното жири, составено од 7 реномирани книжевни критичари од секоја држава, на чело со претседателот на жири комисијата, професорот Ендрју Вахтел од САД, ќе имаат тешка задача да одберат по една  најдобра книга за 2015 и 2016 година, од исклучително квалитетните номинирани книги годинава.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во кино Фросина, МКЦ, во недела (03.12.2017), со почеток од 18 часот.


Фондацијата Балканика е основана во 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од 7 држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика се наоѓа во Софија, Р. Бугарија, на чело со претседателот, господинот Николај Стојанов. Во Балканика членуваат по една реномирана издавачка куќа од секоја од седумте држави-членки на фондацијата. Одржувањето на книжевната манифестација ротира кај секоја од државите членки. Значајно е да се истакне дека секој добитник на наградата се стекнува со голем публицитет и вон балканските држави, и неретко е значајна за пробивањето на авторот во меѓународни рамки, а со самото тоа и афирмацијата на книжевноста на државата од која доаѓа.


Прилог: покана за настанот, и брошура со сите застапени книги во конкуренција, за двете години - 2015 и 2016.


Срдечен поздрав,
Горјан Лазаревски

Член на УО на Балканика
***
Издавачка куќа Магор



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie