логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ФРУ (Факултет за работи што не се учат), ФЕС-Скопје (Фондација Фридрих Еберт) и ЦСУ (Центар за современа уметност) со задоволство Ве покануваат на јавната дискусија „Инвестирање во уметноста/ културата или можности за демаскирање“, која ќе се одржи оваа сабота (17.06.2017), во Кино Култура, со почеток од 13 часот.

 Панелисти во дискусијата се:


- Роберт Алаѓозовски, министер за култура на РМ
- Ивана Васева, кураторка
- Ивана Драгшиќ, социолог и уметничка
- Еди Мука, куратор од Тирана/ Стокхолм

Mодератор е Милан Живковиќ, општествен истражувач.

Идејата на оваа дискусија е значењето на поимот „јавно“ и поимот „инвестиции“ и нивната употреба во последниве години, како и одговорноста на сите органи од јавен карактер за општата ситуација на сцената. Во рамките на оваа дискусија ќе бидат начнати прашањата за улогата на институциите и нивната отвореност за соработка со граѓанскиот сектор, но и за различните формати на настани – од изложби до биеналиња –кои би воделе кон своевиден развој на современата визуелна уметничка сцена. Дискусијата, ќе го потенцира и економскиот аспект и стабилноста на ова поле како и неговата злоупотреба како и злоупотребата на јавните средства наменети за ова поле во креирањето на фиктивни идентитетски политики во земјава. Важни за оваа дискусија ќе бидат и (таканаречените) инвестиции во уметноста/културата а во кои спаѓа и проектот „Скопје 2014“.

Пред дискусијата, со почеток од 12 часот, ќе се одржи и јавно предавање од Еди Мука (изјави за медиумите се планирани од 12:45 до 13:00ч)

Оваа дискусија и јавно предавање е дел од дискурзивно – едукативната програма СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК, курирана од Ивана Васева, која се одвива во четири дводневни модули во периодот од мај до јули 2017 година а моментално се наоѓа на третиот модул насловен „Уметничкиот маркет и последиците од него: како да продолжиме да живееме на овој начин“ (во прилог: повеќе информации за СОВРШЕНИОТ УМЕТНИК и Наградата ДЕНЕС).



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie