логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Во Културно- информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија,на 7 април 2016 година (четврток) во 18.30 часот, ќе се отвори изложбата со наслов (По)трагите на водата –Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Акварелот како составен дел од  Збирката на Националната галерија на Македонија, завзема значајно место, такашто со оваа изложба се презентира избор на дел од уметничките  дела остварени во оваа ликовна техника.

Овој проект беше замислен како изложба со патувачки карактер истата беше поставена во повеќе градови низ Македонија (Велес, Крива Паланка, Штип, Битола, Кавадарци, Куманово). Истата, беше реализирана во соработка со  Дирекцијата за култура и уметност- Скопје, и е во рамките на проектот „Кич, да!?/сте или не/“ поддржан од Министерството за култура.
Љубителите на уметноста добија можност да видат селектирани дела од најстарата генерација автори од македонската современа ликовна уметност, како и од соседството.

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија - Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ - Цицо, како и  одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) - Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг  Милосављевиќ - Пеѓа, Никола Славин.

Регистарот на акварелното сликарство, продолжува со создадени дела од авторите - Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) - Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника - Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

Изложбава е проект подржан од Министерството за култура на Р. Македонија, истата ќе ја отвори директорот на Културно информативниот центар на Р. Македонија во Софија, господинот Васко Шотаров и кураторот на изложбата Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија. Истата ке биде поставена до 20.04.2016 година.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie