логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На 14 април 2016 година (четврток),со почеток во 12,00 часот во Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Златко Крамариќ, избран за член на МАНУ надвор од работниот состав ќе одржи пристапно предавање на тема: „ШТРОСМАЕР И МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ“.
За научниот придонес на проф. д-р Златко Крамариќ ќе зборува академик Влада Урошевиќ.


Златко Крамариќ е роден на 5 февруари 1956 година во Осиек, Република Хрватска. Дипломирал во 1978 год. на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб на групата предмети: славистика и филозофија. Магистрирал на истиот факултет во 1982 год, а докторирал во 1985 год., на Филолошкиот факултет во Нови Сад. Во 1979 год. избран е за асистент на Педагошкиот факултет во Осиек, потоа, 1985 год., за доцент при Катедрата за македонска книжевност и јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот “Јосип Јурај Штросмајер” во Осиек. Во 1989 год. избран е за вонреден професор при Катедрата за македонска книжевност и јазик, а во 2007 год. за редовен професор.

Бил на стручни усовршувања на универзитетите во Ванкувер и Вашингтон. Како визитинг-професор држел предавања на универзитетите во Манхајм, Прага, Скопје, Торонто, Париз, Осло, Москва, Нови Сад, Белград.

Од 1990 до 1992 год. Златко Крамариќ бил претседател на Собра­нието на градот Осиек, а од 1992 до 2005 год., градоначалник на Осиек. Од 1992 до 2008 год. бил пратеник во Хрватскиот сабор. Од 2009 до 2011 год. Златко Крамариќ бил амасадор на Република Хрватска во Република Косово, а од 2011 год. до 2015 год. беше амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.

Книгите на Златко Крамариќ се потврда за трајното и сериозно посветување на македонските прашања на нивниот автор. Крамариќ пи­шува, главно, за македонските творци од дваесеттиот век, но притоа по­кажува големо познавање на македонската книжевна и културна ситуација и во претходните векови. Применувајќи ги пристапите и постапките на модерната книжевна наука, тој успешно навлегува и во домените на антропологијата, културологијата и политико­логијата, и притоа дава научно поткрепени анализи на историските состојби низ кои минувала македон­ската нација. Разработката на некои од клучните прашања на македонскиот идентитет, што во своите книги ја прави овој автор, го претставува Крамариќ како научник кој се стреми да им даде ново осветлување на мно­гупати поставуваните дилеми. Компаративното третирање на проблемите, проследено со извонредната информираност на авторот, дава можност за согледување на некои прашања од повеќе агли и ново формулирање на можните одговори. Неговите приоди кон оваа материја се оригинални и полни со студиозна аналитичност, а притоа е особено видлива и неговата емотивна посветеност на македонската нација и неговата желба да помогне во решавањето на тешките искушенија низ кои таа минувала и сè уште минува.

Студиите на професорот Крамариќ одат во длабочина на проблемите, а заклучоците што произлегуваат од неговите анализи имаат во себе цврста и убедлива аргументација. Согледувањата изнесени во нив фундирани се врз студиозно проучување на релевантната материја, при што овој автор секогаш наоѓа начин разгледуваното прашање од македонската историја или македонската книжевност да го доведе во врска со примери кои го изнесуваат тоа прашање од потесните балкански рамки и го поставуваат во светлината на европската и светската визура. Големата ерудиција со која тие прашања се разгледувани, како и научната апаратура која притоа Крамариќ ја применува, прават од неговите студии една мошне продла­бочено четиво кое е оддалечено од секоја пригодна и ефемерна актуелност и кое останува како траен залог на одбраната на македонскиот идентитет.

За книгата „Идентитет, текст, нација“ во 2012 год. Крамариќ ја доби наградата „Кочо Рацин“ за унапредување на хрватско-македон­ски­те книжевни и културни врски. За целокупната своја досегашна активност во 2014 год. тој го има добиено и меѓународното признание „Блаже Конески“ што го доделува Македонската академија на науките и уметностите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

15/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная