логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во просториите на Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам  на ден 10.12.2015 год. (четврток) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Жанета Гелевска Велјаноска. Изложбата ќе содржи 50-тина дела комбинирана техника на платно. Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година.

 Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа, САД, а зела учество и во различни уметнички проекти. Нејзините дела се присутни во многу приватни и јавни колекции низ целиот свет. Во 1999 година е поканета да учествува на изложбата на престижната галерија „Blains“, во Мејфер, Лондон, за веднаш потоа да се пресели во Англија, каде што работи како слободен уметник.

,,Конекција,,, e насловот на изложбата, кој сам по себе, сугерира симбиоза на најважните вредности во животот како и во уметноста. Жанета Гелевска Вељаноска  ги повикува гледачите на нов поглед на поимот ,,заедништво,,. Со своите дела како и во животот Жанета комуницира, Продуховеност, Промисленост и Доследност овојпат во комбинирана техниката на платно,со вметнување на колажи, стари фотографии од минатото заедно со модерните форми од сегашноста. При тоа авторката емитува ,, уметност на радоста на животот,, и создава дела кои приближени на човечкиот амбиент  создаваат потреба за дружење со него,,.Сепак посебно би ја издвоила ,, конекцијата со детето,, на секое човечко битие, како нешто најдлабоко во секој од нас. Систематизираќи ги внатрешни пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување.Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така, таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на чулата и чуствата со емотивни изливи на внатрешната енергија и психички вибрации.

Преку палетата на своите платна Гелевска не води низ инзворедна композициска решеност на површината, воедно остваруварувајќи една комплексна изведба, споена со познавањето, пред се, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Во својот појдовен импулс, пристапот на авторката веќе е лишен од декларативно-утилитарна тенденциозност, нејзините мотиви се предизвикани од сфери што им припаѓаат , пред се, на творечките индивидуално-психолоските и хуманистички разбирања. Делата се весели и полни со оптимизам, потхранети со страст за животот и интерес за едноставноста на секојдневниот живот, со мотиви што изразууваат животна радост, неагресивност, и сремеж кон еуфорична емоотивнoст.Светот на Жанета Гелевска е полн со немири, сликарски ансамбли, енергични акценти, исцрпно истражување, збиен сензибилен набој, хармонизирани градации, ритмично избалансирани.Гелевска се докажува како автор со висока колористичка сензибилност и како вешт познавач на психологијата на бојата и нејзиното влијание врз гледачот. Во бојата, нанесувана во извиени потези и во коси и кружни сегменти е содржан цртежот, формата и светлината. Овие изразни средства се поврзуваат со некои апстрактни, како и со фигуративни значења како и со ритамот на сликарски доловената игра.

Физичките и метафизичките аспекти на бојата, непрекинато испреплетени и

вткаени во делата на оваа интуитивна авторка, со силниот колорит и

страствено-истражувачкиот нерв, создаваат вистински ``колористички огномети``.

Составните елементи во нејзините сликарски остварувања на Жанета Гелевска

Вељаноска  успешно оддаваат знаци на траење, како и на постојана потрага во

внатрешноста на битието и меморијата, а токму таквите аспекти се суштински

за човековото творечко опстојување.

Уметникот ги искажува своите чуства , немири и неспокој за да ја потикне

емотивната реакција на гледачот, далеку од реалниот свет.

Куратор на изложбата е Татјана Бундалевска и ке трае до 21.12.2015 година.

 ====

Жанета Гелевска-Велјаноска - Жани
Жани дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1989 година. Член е на ДЛУМ од 1989 година. Учествувала на многубројни изложби во својата родна Македонија, во Европа, САД, а зела учество и во различни уметнички проекти. Нејзините дела се присутни во многу приватни и јавни колекции низ целиот свет. Во 1999 година е поканета да учествува на изложбата на престижната галерија „Blains“, во Мејфер, Лондон, за веднаш потоа да се пресели во Англија, каде што работи како слободен уметник.

САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ
2015 Скопје(МК),Национална Галерија на Македонија,Скопје
2015 Pariz,(ФР), Gallery Carre d Artistes, Pariz
2015 Софија(БГ), КИЦ, Софија
2014 Скопје (МК) Тутунска банка
2013 Париз (ФР) Care D` Artistes
2013 Nagykanizsa (H) Kanizsai Kulturalis Kozpont
2012 Париз (ФР) Care D` Artistes
2012 Сегедин (У) Grand, Caffe 2012
2012 Лондон, Europe House (ГБ),12 Star Gallery
2011 Скопје (МК) Галерија ОКО
2011 Скопје (МК) Галерија ДМЦ
2010 Лондон (ГБ) GX Gallery
2009 Акс ен Прованс (ФР) Carre D` Artistes
2009 Бат (УК) Rostra and Rooksmoor Galleries
2008 Лондон (ГБ) Opal Gallery
2008 Скопје (МК) КИЦ (Културен Информативен Центар)
2007 Лондон (ГБ) GX Gallery
2007 Бат (УК) Rostra and Rooksmoor Galleries
2006 Лондон (ГБ) GX Gallery
2006 Лондон (ГБ) Macedonian Embassy
2005 Лондон (ГБ) Croydon Clocktower
2004 Лондон (ГБ) Sun Lounge, Fairfield Halls
2000 Битола (МК) The Art Gallery
1996 Скопје (МК) Skopje City Museum
1992 Скопје (МК) Даут Пашин амам
1992 Охрид (МК) The Urania House Gallery
1991 Куманово (МК) Art Gallery of  Modern Arts
1990 Мостар (БиХ) The Theatre Club Gallery
1990 Сисак (CRO) The Glass Gallery
1989 Скопје (МК) Галерија Компас

УМЕТНИЧКИ САЕМИ

2014 Лурмарин, Франција, Art E` xpo
2010, 2007, 2006, 2005, 2004
Лондон, Battersea Contemporary Art Fair
2007 Бристол, AAF (The Affordable Art Fair)
2007 Глазгов, Glasgow Art Fair
2007 Лондон, AAF (The Affordable Art Fair)
2006 Лондон, Alexander Palace Art Fair
2006 Лондон, The Great Art Fair
2005 Лондон, Business First, Fairfield

Групни изложби: Македонија, Франција, В.Британија, САД, Шпанија, Бугарија, Австралија, Унгарија, БиХ, Хрватска...

web: www.zani.com.mk
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 



Со почит,

Национална галерија на Македонија



--
Nacionalna galerija na Makedonija
Odnosi so javnost i marketing
tel. +389 2 3126 856
fax. +389 2 3109 566
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная