логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Свети Климент, архиепископ Охридски

Vovedenie.Presveta Глас четврти:

Со зборови си ги упатил народите во верата Божја; со делата си се издигнал, преблажени; кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветлил оние што пристапуваат верно кон тебе, со знаменија си ја осветлил темнината. Поради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.  Повеќе...

 

„Живот возвишен, блажен, поживеа, и ја украси твојата нарав, на словото благо сопатнику, стана правило на свештениците, ти најблескава ѕвездо на Мизија, но, спомни си сега Константине, за твоето стдао и добри пастири за него испроси“ (тропар на свети Константин Кавасила).

 

Свети Константин Кавасила  живеел и пастирствувал во Охридската Црква во тринаесеттиот век, и заради богољубивиот труд и неговите дела и подвизи, Бог го прославил, свртувајќи го во хорот на светителите. Култот на овој светител, заради разните политички и националистички констелации, карактеристични за овие простори а во тој контекст и негирањето на местото и значењето на Охридската Архиепископија, бил потиснуван до мера на заборавање.

За значењето и величината на ликот и делото на овој светител ни сведочи и неговото претставување на фрески во Охридските Цркви: Света Богородица Перивлепта, Свети Јован Канео како и Црквата Мали Свети Врачи, каде што се претставува веднаш до Свети Климент Охридски – патронот на Охридската Архиепископија. Овој верен продолжувач на делото на Свети Климент бил почитуван и славен не само во рамките на Охридската Архиепископија туку неговиот култ се пренел дури и до Света Гора Атонска.
Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија, во организација на Дебарско-кичевската епархија,  организираше прослава за возобновување на споменот на овој нам близок охридски светител, достоен продолжувач на делото на свети Климент Охридски.(инсерт од Публицитет.мк)

+++

Неизброен е бројот на светиите, запишани во диптихот, но и незапишани, кои светата Црква, научена од Светиот Дух, ги прославува, а преку нив Го велича и Троичниот Бог. Многумина останале и по долго време непрославени, но, никогаш не биле заборавени од светата Црква Христова, а и Самиот Бог ги воздигнувал и возвеличувал  на разни начини.

 

svkonkavas2015 21


И денешниот ден (31.10.2015 година) е еден од тие денови кои се потврда на горенапишаното, зашто денеска за првпат на толку свечен и торжествен начин беше прославен прочуениот Охридски архиепископ, светиот Константин Кавасила, кој никогаш не бил заборавен, но и никогаш не бил толку прославен. Имено, денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, го прославивме споменот на свети Константин, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритите Нектариј и Партениј, протоерите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, еромонахот Макариј, свештениците Васко Голабоски, Љупчо Симиџиоски, Ромео Петрески, Димче Азески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Влатко Стојменов и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски.

zivkonstkav

† ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА СВЕТИ КОНСТАНТИН КАВАСИЛА
Виктор Недески

 
zivkonstkav 1


 

Ликот и делото на свети Константин Кавасила
                                           Архиепископ Охридски

 

Великиот меѓу архиепископите на славната Охридска Aрхиепископија - светиот Константин Кавасила е вистинска пофалба и украс, не само на градот крај белото езеро, туку и на Православната Црква ширум вселената. Неговиот животен пат е специфичен по многу нешта. Живеејќи во една вистински бурна епоха на постојани војни и борби за превласт помеѓу христијанските владетели на распарчената Источна империја, овој свет архипастир грижливо бдеел над повереното стадо. Раководен единствено од мерката Христова и никогаш не штедејќи се себеси како добар пастир на Црквата, многупати покажал дека е подготвен да ја положи и душата своја за своите овци . Притискан, уценуван и затворан, свети Константин мажествено трпел сè, непрестајно славејќи Го Бога, и плетејќи ги своите молитвени приноси кон Господа и кон светите Божји угодници, на кои се уподобувал.


За жал историските прилики се причина, до нас да стигнат мал број податоци за животот и делото на овој славен и значаен архипастир на Охридската Архиепископија. Неговиот, пак, култ бил потиснуван од различните политички струења кои следувале кратко по неговото блажено скончание . Меѓутоа, по зборовите на псалмопевецот: праведникот останува во вечен спомен , па така и овој, можеби навидум, малку подзаборавен охридски светител, никогаш не избледел целосно од сеќавањето на Црквата Христова. Денес, пак, со споредување и добро поврзување на познатите фрагментални податоци за него, се добива солидна слика за неговиот живот и дело.


Свети Константин се родил во градот Драч во областа Илирик, во познатото семејство Кавасила. Од благородничкиот ромејски род Кавасила произлегле истакнати мажи, кои одиграле значајна улога во империјата, како на политички така и на црковен план. Меѓу нив среќаваме воени управници, образовани аристократи и научници, епископи, монаси и црковни писатели. Подоцна, по свети Константин, ова семејство ќе даде и други истакнати пастири на Црквата Христова, меѓу кои во градот Солун особено заблескале архиепископот Солунски Нил Кавасила и неговиот внук Никола Кавасила Хамаетос кој исто така се овенчал со светителски венец.


Како припадник на благороднички род, свети Константин уште од младоста се стекнал со солидно високо образование, како во областа на световните науки така и во сферата на духовните знаења. Околу 1220 година, го прифаќа високиот призив на Црквата Христова и е хиротонисан за Струмички епископ . Времето на Константиновото епископствување во Струмица, било период во кој се возобновувал и континуирано растел култот на славните Петнаесет Тивериополски маченици, па затоа и самиот свети Константин Квасила напишал два молебни канона за мачениците, кои се негови први химнографски творби. Благодарение на неговата посветеност во служењето на народот Божји во Струмичката епархија, бил забележан духовен процут на епархијата, за што епискпот Константин бил пофален од самиот архиепископ Охридски Димитриј Хоматијан . Во периодот на Константиновото епископствување во Струмица активно започнуваат негови преписки со архиепископот Хоматијан, кој останува негов духовен раководител и во премрежјата кои следат понатака во неговиот живот.


Како ревносен пастир, свети Константин набрзо бил унапреден со митрополитско достоинство во градот Драч. Како погранична област и значајно пристаниште, во градот Драч било природно присуството на луѓе од различни вероисповеди и народности, што барало особена внимателност и посветеност во пастирската работа. Таму, латинското влијание било големо, а соживотот на православните со латини и ерменци, повлекувал извесни прашања, кои смирениот и свет архиереј не задоцнил да му ги постави на искусниот архиепископ Хоматијан, како и на мудриот митрополит на Китрус - Јован.


Свети Константин Кавасила останал на митрополитската катедра во својот роден град сè до неговиот избор за Охридски архиепископ, малку пред 1250 година . Така, издигнат од средината на домородното свештенство, бил добро запознат со приликите во Охридската црква, имајќи предвид дека повеќе години служел како епископ и митрополит во две нејзини епархии. Трудољубиво служејќи, сега веќе како архиепископ, свети Константин целосно се посветил на Охридската Архиепископија, градејќи цврста градба на основите поставени од страна на неговите славни претходници – светите Климент, Наум, Теофилакт и другите. Бивајќи чедољубив отец на сираци, подадена рака на оние во болки, а на старците поткрепа – како што е опеан во богослужбата, свети Константин ја исполнувал волјата Божја, а проповедта ја сметал за должност кон доверениот народ . Како архиепископ на најсветата Охридска Архиепископија, тој составил еден молебен канон за свети Климент Охридски и два во чест на свети Наум Охридски .


Но, Божјата промисла допуштила архиепископството на свети Константин да биде трнливо и проследено со многу искушенија, та преку нив тој да се истакне како навистина верен Христов војник. Како што споменавме и погоре, свети Константин Кавасила архиепископствувал во мошне бурен период, првенствено на политички, а следствено и на црковен план. Така, со четвртата крстоносна војна и падот на Константинопол под власта на Латините, на териториите кои биле под јуриздикција на Охридската Архиепископија се создале нови држави. Позицијата на Охридската Архиепископија во тој период била мошне специфична имајќи предвид дека најголем дел од борбите за превласт помеѓу Никејското царство и Епирскиот деспотат, како и завојувањата на Српските владетели и Бугарската држава, се одвивале токму на територии кои влегувале во состав на охридската дијацеза . Во неприликите секако, најмногу страдало паството на Архиепископијата, а честа мета бил и локалниот клир, кон кого многупати се гледало со сомнеж.


Охридскиот престол уште во времето на архиепископот Хоматијан одржувал блиски врски со Епирскиот двор . Така, никејскиот император Теодор Ласкарис, почнал да гледа со недоверба кон свети Константин Кавасила, сомневајќи се дека тој е соучесник и подражател на епирскиот деспот Михаил II, кој бил негов најголем противник. Една од главните причини за тоа била и активната соработка на семејството Кавасила со Епирскиот деспотат. Браќата на архиепископот - Јован и Теодор, биле посебно почитувани во дворскиот круг на Михаил II. Поради ова, како и поради тесната соработка на свети Константин Кавасила со славниот негов претходник Димитриј Хоматијан, сè повеќе растела недовербата на Ласкарис кон него. Политичката определба на Архиепископијата која ја наследил, како и семејната позадина на светиот архипастир, довеле до тоа, во 1257 година архиепископот Константин Кавасила да биде заробен од Ласкарис и заточен во Никејскиот затвор, под обвинение дека соработува со Деспотатот .


Оставајќи го своето паство, кое вистински го возљубил, овој племенит и достоен за почит архиепископ, украсен со смирение и кротост, трпеливо го поднел ова искушение, не полагајќи ја својата надеж во земните господари, туку единствено во Христа. Страдањата, пак, и тешката положба на свети Константин Охридски во Никејскиот затвор, достојно ги опишува необјавената Дохијарска богослужба посветена нему, а напишана од еден од неговите посветени ученици и подражаватели.


Заточеништвото на архиепископот во никејската зандана, завршило со походот на севастократорот Јован Палеолог, кој убедувајќи се во невиноста на архиепископот Кавасила, свечено го вратил на Охридскиот престол. Така со одлука на императорот, свети Константин Кавасила се вратил на Охридскиот трон и продолжил бескомпромисно со грижата за црковниот живот на Јужните Словени . И покрај очекувањата на императорот Михаил VIII дека ќе ја добие поддршката на Охридскиот трон за склучување на Лионската унија со Латините, сепак, богопросветената личност на архиепископот Константин Кавасила не гледала со симпатии кон ваквиот обид за обединување со западното христијанство, без претходно да бидат решени клучните догматски прашања. Особено го вознемирувало римокатоличкато учење за исходењето на Светиот Дух и од Синот (filioque), што претставува суштинска разлика и главна причина за расколот со Латините. Оваа проблематика му била добро позната што се гледа од претходно споменатите преписки со Хоматијан и Јован . Кавасила на секој начин се трудел да го заштити вистинското учење на источната православна Црква. Дури и иконографската програма во повеќе храмови градени во негово време, содржи композиции, кои уште повеќе го потврдуваат неговиот став против обединувањето .


Приближувајќи се кон блаженото скончание, вредниот и многусрадален архиепископот Константин Кавасила подарил една велелепна Христова икона на соборниот архиепископски храм Света Софија во Охрид, која ја нарачал во Цариград во 1263/64 година, кога тој веќе бил во длабока старост. Не дочекувајќи го склучувањето на неуспешната Лионска унија во 1274 година, свети Константин се упокоил во Охрид на 18 октомври по стар, или 31 октомври по нов стил, предавајќи ја својата душа во рацете Христови, и бивајќи воспеан од устите на неговите духовни сираци со зборовите: Како сребро вжарено во печка и како злато испитан многупати во многу искушенија победа си понел; храбро си се борел, не против плотта и крвта, туку за противник имајќи го началникот на мракот; така како достоен награди си примил, богомудри Константине, кога заспа со блажен сон.


Бил погребан во архиепископската гробница, овде, во Света Софија, која подоцна била уништена од Османлиите. Неговото, пак, прославување започнало непосредно по неговото упокојување. Така, неговиот осветен лик наскоро бил насликан во Богородичниот храм - Перивлепта и тоа веднаш до свети Климент, како достоен продолжувач на неговото архипастирско дело. Насликан е и во олтарите на свети Јован Богослов во Канео и во храмот „Мали свети врачи" во Охрид . Но, неговото прославување не завршува тука. Неговиот лик е изобразен и во фрескоживописот во Старо Нагоричане, а култот се проширил и до Света Гора Атонска каде што во параклисот посветен на Претечата Господов во Протатонот на Кареа е насликан заедно со свети Еразмо, свети Климент и Теофилакт – великите Охридски архипастири. На Света Гора во манатирот Дохијар е сочувана и богослужбата посветена на свети Константин Кавасила, која токму денес беше отслужена за прв пат во превод на македонски.


Такви биле ликот и делото на свети Константин Кавасила – Архиепископот Охридски, а неговиот култ иако потиснуван во минатото поради страв од споменување на сѐ што потсетувало на славната Охридска Архиепископија, денес се возобновува по неискажливата божествена промисла. Нека оваа прослава биде само почеток на богоугодното дело на повторно заживување на споменот на овој охридски светител, кој некогаш силно заблескал на нашиве простори. Просејќи го, пак, неговото молитвено застапништво, да повикаме заедно со вештиот химнограф: Живот возвишен, блажен, поживеа, и ја украси твојата нарав, на словото благо сопатнику, стана правило на свештениците, ти, најблескава ѕвездо на Мизија; но, спомни си сега, Константине, за твоето стадо и испроси за него добри пастири.

zivkonstkav 2

02.11.2015. год.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 824
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

« »