логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

gruziski

Кој вели дека денес не постојат маченици и исповедници за верата во денешно време? Кој вели дека денес не постојат луѓе кои од се’ срце Го сакаат Господа и критериумите на овој свет ништо не им значат? Кој вели дека не постојат храбри луѓе, христијани, кои не се плашат и душата своја да си ја положат за Бога и ближниот?

Меѓу Божјите слуги на современа Грузија е и јеромонахот Гаврил (крштелно име: Ургебадзе Годердзи Василиевич), духовен отец, жив печат на историјата на Грузиската Црква и сведок Божји во денешното време.

Роден е на 26 август 1929 година вo Тбилиси, во семејтво на убеден комунист. Татко му умира рано, а мајка му подоцна станува монахиња Ана (+2000) и денес е погребена близу нејзиниот син.

Има луѓе за кои Бог знае дека ќе Му бидат Негови верни служители и си ги бира уште од самата мајчина утроба. Таков бил и о.Гаврил. За него се вели дека уште додека бил дете, со денови знаел да не зема храна и да си ја игра својата омилена игра, да реди ќибритчиња и гради цркви. Татко му ги рушел црквите, а малиот Ургебадзе Годердзи ги градел.

И покрај големите застрашуања и гонења од страна на комунистичката СССР, тој сакал да размислува и учи во спознавањето на природните и Божји убавини. Уште на 12 годишна возраст многу добро го познавал Евангелието. По отслужувањето на воената обврска во Црвената Армија, во почетокот на педесетите години од минатиот век, о.Гаврил во својот дом устроил четири-куполна црква. Тоа бил многу храбар потег, покажувајќи ја својата неустрашивост во служењето на Бога. Таа црква комунистите не успеале да ја разрушат и ден денес постои. Целата Црква е укарсена со разни икони, некои со рамки, а некои и само исечоци од дореволуционерните весници, кои биле и измачкани, изгужвани и подгорени. Тој ги наоѓал и ги „спасувал“. Поради тоа, уште од тогаш го сметале за душевно болен.

Во 1955 година Ургебадзе Годердзи прима монашки потсриг под името Гаврил.

Од еден настан од 1956 г. на младиот јеромонах Гаврил понатаму му се променува сиот живот и добива друг тек. Неговото безмалку четириесетогодишно страдање е слика на страдањето на целата Грузиска Црква, кое како во него самиот да е збиено. Неговиот смирен Јововски повик не обвинува никого за своите тешкотии и не осудува. Имено, во 1956 г. на главниот плоштад во Тбилиси била поставена бина сo говорница заради прославување на празникот на работничката класа. Се одржувал митинг, на кој говореле врховните челници на властта. Над нив, според вообичаената комунистичка пракса, биле истакнати две огроми платна, во голмина од два ката, на партиските лидери Ленин и Сталин. Јеромонах Гаврил размислил: „Јас сум пастир и Бог ми ја довери грижата за Неговото стадо. Комунистите направија идол и сакаат да ги натераат луѓето да му се поклонат. Тоа е тип на Антихристот, човечки лик или подобро речено – лик на ѕверот, и тие сакаат да му оддадат почитување, какво што му приличи само на Бога. Не можам да дозволам тоа да продолжи.”

Во екот на прославата, кога целиот плоштад бил преполн со луѓе, а претставник на владата држел говор, одеднаш гигантските портрети на Ленин и Сталин почнале да горат од долниот раб. Додека тие полека исчезнувале во пламенот, го откривале на прозорецот на вториот спрат младиот јеромонах Гаврил, кој викал: „Господ рекол… Не прави за себе идол, ниту каква било слика… Не им се поклонувај и не им служи, зашто Јас Сум Господ твојот Бог… Немој да имаш други богови (2.Мој. 20,3-5). Луѓе! Вразумете се! Грузијците од секогаш биле христијани. Зошто се поклонувате на идоли? Исус Христос умре и на третиот ден воскресна. А вашите земни идоли никогаш не ќе воскреснат. Дури и за време на животот тие биле мртви!” Говорел уште. Набргу го извлекле од таму – дошло противпожарно возило и поставиле скали. А тогаш, масата се стрчала кон него, пробивајќи ги сите барикади. Го тепале, го удирале со кундаци, дури и со пожарникарските цевки. Врескале: „Да завршиме со оваа гнида!” Секој се трудел токму тој да го згази „непријателот на народот”, да ја покаже својата ревност и лојалност. Главната причина што не го убиле на лице место е тоа што мислеле дека е мртов. Лицето му било облеано сето во крв и повредено до непрепознатливост. Воопшто не можело да му се распознае – тоа веќе била една голема крвава дамка. Имал фрактура на черепот и седумнаесет скршеници.

Бил уапсен од КГБ. Лежел без свест околу цел месец. Го лечеле многу внимателно, за да може да се изврши испрашување. Подготвувале величествено судење, но обвинетиот не можеле да го донесат ниту на носилка. Можеме само да претпоставиме на какви маки бил подложен во темните комунистички полициски подруми човекот, кој во тоа време се осмелил јавно да ги изгори портеретот на Ленин, еден од тогашните „богови“ на земјата, и во распрашувањата од полицијата мирно и спокојно на сите нивни прашања одговарал: „Затоа што не бива човекот да се обоготворува“. ’’На тоа платно’’, – велел тој, – ’’требало да го има Распетието Христово. Вие му оддавате слава на Ленин, а јас ви велам дека треба да напишете – Слава на Господ Исус Христос“. Во психијатриската клиника му дале дијагноза “психопат со склоност кон шизофренија“.

Постојано бил на прагот на смртта. Но, не умрел. Со постепеното оздравување станал неподнослив за безбожните власти, од една страна заради своето проповедање во затворската болница и подоцна во затворот, од друга, заради тоа што за настанот слушнале на Запад и во Америка, така што по неколку години на робија, бил пуштен од затворот со медицинско уверение дека е луд и отишол кај својата мајка, каде живеел неколку години. И дури тогаш започнало неговото страдање.

Таа дијагноза го спасила о.Гаврил од стрелање. Господ го зачувал својот избраник, за да не остане Грузискиот народ без патеводител и пастир.


гацц

Јавно го прогласиле за лудак. Никој не сакал да му даде работа, ниту дозволувале да им влезе во домот и да заработи нешто за живот. Сите го знаеле и се плашеле од него. Ни тој ни неговата мајка, не смееле денски да се појават на улица, зашто знаеле по нив да ги предизвикаат и пуштат нивните кучиња да ги лаат. Со години го гледале како седи на скалите од црквата и проси за живот.

Отец Гаврил многу години поминал така, отфрлен, напуштен и омрзнат од сите, но никогаш не ја намалувал својата вера, не ја губел својата надеж и не оладувала неговата љубов кон Бога. Често се повлекувал во една дупка, која што сам ја издлабил во една карпа. Ако ова не го правел заради Бога и ако Бог не постоеше и не ги сакаше сите неизмерно, тогаш тој најверојатно од сите искушенија и маки и ќе полудел. Но, Господ е Тој што ја испраќа својата Божествена благодат, како и на св.ап. Павле, и ги чува, храни, стоплува и утешува своите.

Па, дури бил отфлен и од Црковниот клир. Тие, со цел да им се додоворуваат на власта, го ставиле под забрана на свештенослужење. Под таа забрана останал триесет и пет години. За себе го раскажувал ова: „Кога бев млад, слушнав за свештеник кој се опивал. Не го познавав, но реков: Тој е недостоен да претстои пред Господовиот олтар. Самиот живеев како незнабожец, а се осмелив да осудувам човек во свештен чин! И Господ ми покажа кој е недостоен. Отстранет сум од Него веќе триесет и пет години. Често во сон се гледам себеси како принесувам Свети Дарови, но можеби и ќе умрам, а никогаш повеќе да не отслужам ни една Литургија.” Ова го зборувал со насолзени очи. А потоа ги повторил зборовите на Јов: „Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Името Господово!”

Не само во Црквата, туку никаде не сакале да го примат да работи – цели десет години. Среќа што имал куќа и мајка. Бидејќи бил прогласен за луд, од државата примал седумнаест рубљи месечно, од кои тој и мајка му живееле. Во почетокот одел по околните села и се најмил да чува лозја. Тогаш неговата мајка од силните трауми се парализирала и тој не можел веќе никаде да оди. Неколку години бил гледан пред црквите како седи крај портата со испружена рака. Дури и свештениците го исфрлале. Само луѓе што не го познавале, ќе му дале нешто. Во неговите записи од тоа време се гледа колку личел на старозаветниот Јов.

Долго време гладувал. И тој како Јов, знаел за „Храната во неволја” (Јов 6, 7). Ноќе одел на напуштен имот зад фабриката за колачи, каде што стоеле кутиите за отпад. Понекогаш тие отпадоци би му ги фрлале низ прозорчето од горе. Тој ќе ги однел дома тие зашеќерени помии со розов и жолт прелив, ќе ги ставел на сад и велел: „Несомнено, ова некогаш било убав колач!” Ќе го благословел, а потоа јадел и Му благодарел на Бога, а трошките им ги давал на птиците. Отец Антониј, кој тогаш бил момче, за кратко време му се придружил и со него го делел овој скромен оброк, за кој се сомневал дека и птиците ќе сакаат тоа да го јадат.

Подоцна јеромонахот Гаврил станал чувар на колхозна фарма. Живеел во мала колиба. Дење заминувал во шумата, каде што во карпа ископал пештера во која се молел. Отец Антониј го затекнувал како плаче на молитва. А нему, кој тогаш бил ученик, тогаш му прорекол дека ќе биде монах. Отец Антониј го гледал како седи под дрвото како да се наоѓа среде рајот и ги храни птиците. Една птица стоела на неговата рака, а тој ѝ зборувал, особено за свети Исаак Сириски, зашто добро ги познавал учењата на Светите Отци. Свети Исаак вели дека ако некој на својот пат наоѓа непрекинат мир, значи дека е далеку од духовноста. Колку што човек повеќе напредува духовно, сè повеќе неволји сретнува. Кога доаѓаат големи неволји, значи душата неосетно се искачила на повисоко ниво. Господ не дава големи дарови без големи искушенија и за соодветни искушенија дава соодветна благодат. Затоа се вели дека треба да се радуваме во неволјите и да Му благодариме на Бога за нив.

Отец Гаврил претпел многу маки од своите мачители, но никогаш никого не осудил. Тој строго им забранувал на своите духовни чеда да судат било кој и вака ги поучувал: ’’Ако видеш убиец, или блудница, коишто се валкаат во калта, никогаш не ги осудувај, зашто Самиот Бог им ја отпуштил уздата, а твојата ја држи во рака. Ако реши да ја отпушти и твојата, ти ќе се најдеш дури и во полоша состојба и ќе паднеш во уште поголем грев од на оној што го судиш, и ќе загинеш… Треба да ги сакаме сите, но ако не можеме, тогаш барем да им посакуваме добро. Сè она што е лошо во човекот е небитно. И вие, младите, не презирајте никогаш никого, дури и кога ќе видите луѓе какви што денес има сè повеќе – луѓе за очи страшни, нечисти, пијани и навредувачи. Божјиот лик е зачуван дури и во нив, на едно подлабоко ниво, за кое можеби ниту самите тие не се свесни. Едноставно, непријателот го извлакал овој лик и го покрил со нечистотија, како што и иконата може да биде извалкана. Но, ако дојде во добри раце, ќе биде исчистена и ќе почне да сјае и зрачи. Ако мразиш макар само еден човек, во неговото лице го мразиш и самиот Христос и далеку си од Божјото Царство… Во последните времиња љубовта, смирението и добрината ќе ги спасуваат луѓето. Добрината ги отвора вратите на Рајот, смирението воведува во Рајот, а љубовта ќе ни го покаже Бога. Тешко е да се види Божјиот лик во луѓе што ве понижуваат, кои се појавуваат во ѕверски лик. Но, нив мора уште повеќе да ги жалиме, зашто душите им се осакатени, можеби непоправливо – за вечно мачење. Колку е тешко тоа – да се љубат своите непријатели; о, колку е тешко! За да се научи тоа – треба целиот живот да се освети. Но, во таквата љубов, човек се уподобува на Распнатиот Бог.”

Отец Гаврил бил и голем родољуб со силно чуство и љубов кон својот народ. Не се плашел јавно да го разобличува и упатува на вистинскиот пат. Со високо подигнати раце и со силен глас повикувал: ’’Грузијци, сепнете се и разбудете се! Грузија загинува! Гробот на свети Шушаник е во запуштение! Метехскиот храм е претворен во театар!’’ Старецот силно плачел и тажел за својот народ. Минувачите заинтересирано го гледале, некои го слушале, а други скептично се потсмевале.

Еднаш, кај Отецот дошол гостин од Света Гора. Старецот без да го познава, му подарил икона на неговиот Ангел Пазител. Гостинот се поклонил и го замолил: ’’Дојди кај нас, зашто таму ќе немаш потреба од ништо’’. Овој му одговорил: ’’Јас мојата Грузија за Атон не ја менувам’’. Гостинот бил игумен на еден од Светогорските манастири.

За крајните времиња, старецот Гаврил велел дека борбата на светите пророци Енох и Илија со антихристот ќе ја предаваат на телевизија. Кога иконата на Иверската Света Богородица ќе го напушти Атон, ќе заѕвонат камбаните и црквите ќе и’ се поклонат, за да ја испратат. Сето тоа ќе се предава на телевизија. Тоа е милоста Божја, да видат и тие што сакаат да се спасат, ќе дојдат во Грузија… најголемо страдание ќе биде за христијаните , така што тие самите ќе избегаат во горите, но нивните блиски ќе го примат печатот на антихристот. Продуктите, на кои ќе биде ставен печатот на антихристот, не можат да им наштетат на верните. Тоа уште не е самиот печат. Треба да ја кажуваме молитвата „Оче наш“, да се прекрстуваме, исто и храната што ќе ја јадеме и да ја попрскувате со светена вода, за да се освети.

За да ја скрие својата светост, преподобниот отец Гаврил знаел да покажува и знаци на јуродиство. На пример, често знаел да пие вотка пред народот, но заради благодатта што ја зрачел од неговата преобразена света личност, луѓето сепак го распознавале и не се соблазнувале и не го суделе.

Го имал дарот на прозорливост и да поттикне покајно распложение кај другиот. Во една прилика, некој монах го прашал што означува постот. Отец Гаврил смирено му рекол: ’’сега ќе ти објаснам’’,  и му ги открил сите гревови. Од срам, монахот не знаел што да прави. Паднал на колена и почнал да плаче, а о. Гаврил му рекол: ’’Сакаш да јадеш?’’ – ’’Не, оче, благодарам, не ми се јаде’’ – одговорил монахот. ’’Е, тоа е постот, нели сакаше да знаеш: кога си спомнуваш за своите гревови, ти се каеш и дури не ти текнува и за храна.’’

Еднаш во ќелијата на о.Гаврил дошла некоја мажена девојка. Жената била бремена. Старецот и’ кажал дека детето разбира се’ и тоа треба уште од утробата на мајка си да се поучува во Словото Божјо. Мажот се зачудиле дека рекол така, бидејќи тој не можел да слушне што се зборува во соседната соба, та како детето ќе може да слуша во утробата на мајка си? Тогаш Старецот, викнал кон жената: ’’Детенце, ти ме слушаш ли?’’, а плодот во бремената толку силно се размрдал, така што и’ се смачило и имала потреба да седне.

На крајот од неговиот живот, Отецот бил тешко болен. Дванаесет пати му била вадена течност од стомакот. Докторот правел се’ што може во многу примитивни услови во неговата келија. Според специјалистите, нормален човек, можел да издржи 2-3 такви процедури. Но, се’ било според Божјиот план.

Старец Гаврил, мирно се упоколил во Бога на 2-ри ноември 1995 година.

„Во рани, во затвори, во буни, во трудови, во бдеења, во пости. Во чистота, во знаење, во долготрпение, во благост, во Светиот Дух, во нелицемерна љубов. Во зборови на вистината, во Божја сила, со оружје на праведноста десно и лево. Во слава и срам, во укори и пофалби, како измамници и вистинити; како непознати и познати, како оние што умираат, а еве живееме, како казнувани, но не убивани. Како нажалени, а секогаш радосни, како сиромашни, а многумина збогатувајќи, како оние што ништо немаат, а сè поседуваат” (2.Кор. 5-10).

Тој сеуште не е официјално канонизиран од Грузиската црква, покрај многубројните свидетелства за неговата светост за време и после неговата смрт. За себеси, на шега, тој велел вака: „Прво треба да го канонизират отец Георги (Мхеидзе). Тој е голем светител. Неодамна, во 2003 година, Грузиската Црква го канонизира духовниот учител на старец Гаврил, отец Георги. Првиот дел од неговото пророштво се изплнил…

Старец Гаврил многу страдал за Христијанската вера, како редок пример на савремен Христијанин, кој истрајува на патот на Божјата вистина, без обзир на цената на тој негов подвиг.

Денес, недалеку од Тбилиси, во древната грузиска престолнина Мцхет, се наоѓа величествениот храм Светицховели (Животворен, Живоносен столб) во манастирот Самтавро. Во неговиот двор се забележуваат неколку гроба. Едниот од нив е на о.Гаврил. Тој никогаш не останува осамен. Постојано има народ кој го посетуваат и му се поклонуваат, земаат малку земја од него за благослов и му се молат на предопобниоит новомаченик и исповедник на верата Христова.

По молитвите на старец Гаврил, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’.

Извор: Прохор блог



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5832
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6644
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6438
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5629
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная