логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Денес, на 2 ноември се празнува споменот на преподобниот Гавриил Ургебадзе (1989-1995), голем старец од нашето време. Архимандрит Гавриил смирено ги сокривал многубројните дарови од Светиот Дух, и со љубов ги приведувал луѓето кон Бога. Често одел во скината облека, бос, со железна дијадема на главата – јуродствувал, криејќи ја својата светост и намерно понижувајќи се.

Старец Гавриил, во светот Годерѕи Василевич Ургебадзе, родум од Тбилиси, од детството ги засакал постот и молитвата во осаменост. Држел строг пост дури и во војска, правејќи се дека стомакот го боли од месо. Во дворот на родниот дом, со свои раце изградил многукуполна црква, за која иконите ги наоѓал на градските ѓубришта, каде во тие години исфрлале со ѓубрето многу светињи.

Ја споделил судбината на многу верници од тоа време: бил гонет, затворен во психијатриска болница. Му било дијагностицирано: „Психопатска личност… Разговара со себеси, нешто тивко шепоти. Верува во Бога, Ангели. Постојано ги повторува зборовите: Сè е од Бога“.

Архимандрит Гавриил (Ургебадзе) бил вистински подвижник, кој имал чудесни духовни дарови: топла вера, дар на духовно расудување, дар да ги погодува тајните на човечките срца, проѕорливост. На гробот на старецот се случуваат многубројни исцеленија. Почитуван е не само од грузискиот народ туку и од целиот православен свет.

На 20 декември, 2012 година, Синодот на Грузиската Православна Црква го вброи архимандритот Гавриил (Ургебадзе) кон соборот на светителите. На 25 декември 2014, Светиот Синод на Руската Православна Црква го вклучи преподобниот Гавриил во календарот и на РПЦ.

Поуки од преподобниот Гавриил (Ургебадзе)

„Верата е талант, даден од Бога“

„Смирението е неугаслива свеќа, угодна на Бога!“

„Секои искушение покрај смирениот ќе помине, и нема да се допре до него“.

„Милоста е злато, а смирението брилијант“.

„Кога почнувам да се сметам за подобар од другите, тогаш ја ставам на глава мојата дијадема и излегувам на улица бос. Луѓето гледаат во мене и се смеат, а јас гледам колку сум ништожен.“

„Туѓите гревови не се твоја работа. Ти седи и плачи за своите гревови.“

„Ако видиш убиец, или блудница, или пијаница, како се прпела на земјата, не осудувај никого, затоа што Бог ги отпуштил неговите узди, а твоите узди ги држи во раце. Ако и твоите ги отпушти, ќе се најдеш во полоша состојба: можеш да паднеш во истиот грев, за кого го осудуваш другиот, и да загинеш.“

„Господ ја помилувал блудницата, го спасил разбојникот. Марија Египетска била блудница, но со Божја помош почнала да се подвизува во пустината, постела, се молела и ги победила страстите, се очистила и станала достојна за Царството Небесно. Господ понижува и возвишува.“

„Само со срце, полно со љубов, може да се изобличуваат гревовите на другиот човек.“

„Ти не осудувај, судија е Самиот Бог. Тој, што осудува, е како празен клас пченица, на кого главата му е секогаш подигната и затоа секогаш на сите гледа одозгора.“

Треба да ги сакаме сите

„Треба да ги сакаме сите. Но, ако не можеш, барем на сите посакувај им добро.“

„Нема на земјата човек, кој би можел потполно да објасни што е тоа љубов. На земјата, и така нема да го дознаеш тоа.“

„Ако мразиш барем еден човек – во неговиот образ го мразиш Самиот Христос и далеку си од Царството Небесно.“

„Живеј така, за не само Бог да те сака, но и луѓето да те сакаат – поголемо од тоа нема ништо.“

„Бог не прима празни зборови, Бог сака дела. Добрите дела – тоа и е љубовта.“

„Ако некој е болен и има потреба од лек, а тој лек треба да се донеси оддалеку, можеби и ноќе, и преку шума да се помине, каде што шетаат волци – и ти, не размислувајќи, тргнуваш на пат заради спасение на ближниот – тоа е љубов.“

„Како ќе биде спокојна душата на човекот, кога ближниот е во опасност? Ако дома имате болен човек, и нема кој да се грижи за него, подоборо не одете во црква, останете дома.“

„Непрестајно стреми се кон Бога. Гледајќи го твојот стремеж, Бог ќе ти даде сè што е неопходно.“

Извор: МПЦ-ОА

Извор: Православие.ру

Преземено од: Преспанско-пелагониска епархија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1011
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 976
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

БEСEДА  за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

БEСEДА за исцeлувањe на чoвeштвoтo сo Христoвитe рани

Сo Христoвитe рани ниe сe излeкувавмe, така прoрeкува Бoжјиoт прoрoк и сeга ниe знаeмe дeка нeгoвoтo прoрoштвo e вистинскo. Сo Христoвoтo страдањe ниe сe спасивмe oд вeчнoтo страдањe; сo Нeгoвата...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

« »