логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Семеен православен молитвеник

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, излезе од печат „Семеен православен молитвеник“, кој го подготвија и уредија протопрезвитер Боро Милчев и протопрезвитера Богдина Милчева.

За дистрибуција на книгите (Житијата и Семеен православен молитвеник) можете да се информирате на:

e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com
или: о. Боро Милчев, тел. 071 213 000

Повеќе...

Светски ден на културното наследство

 



Скопје, 18 април (МИА)
- Светскиот ден на културното наследство денеска се одбележува на тема „Културните предели и спомениците на природата“, на иницијатива на Меѓународниот комитет на споменици и локалитети (ИКОМОС), а Македонскиот комитет се вклучува во одбележувањето на 18 Април со свечена седница и форум-предавања во Центарот за култура во Битола.

Културен предел или пејзаж е нов термин во светската категоризација на материјално културно наследство, но поради ревалоризацијата на законите во Република Македонија, кај нас се уште нема дефинирано културни предели. Тоа може да бидат и археолошки локалитети, а меѓу критериумите по кои тие ќе се избираат се нивната исклучителна важност и природниот амбиент.

Македонија има респективна традиција, со наталожени повеќе цивилизациски слоеви, културни, етнички и конфесионални влијанија, многубројни и со векови стари артефакти и музејски експонати. Но, од земјата каде што секоја педа е археолошко наоѓалиште и секој камен - историја, на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО Охрид е единствен македонски примерок, прогласен во 1980 година. Од пред четири години на тентативната листа на УНЕСКО се Слатински Извор и Маркови Кули, кои за да бидат заштитени од УНЕСКО треба да имаат досие со обемна фактографија и хеликоптерско снимање. Министерството за животна средина и просторно планирање го почна досието за Марковите Кули. Според Лидија Топузовска, генерален секретар на Националната комисија за УНЕСКО, организацијата на ОН сега има построги стандарди и критериуми отколку пред 27 години кога на листата беше регистриран Охрид.

Но, УНЕСКО помага преку соработка и донации за истражување, заштита и афирмација на македонското културно наследство. Во моментов тече проектот за објавување на четиритомна публикација „Културното наследство на Македонија“, која треба да биде отпечатена до крајот на годинава. УНЕСКО донираше 50.000 евра за овој проект, чиј носител е Управата за заштита на културното наследство. Првиот дел од публикацијата е посветен на македонските цркви, вториот на спомениците од отоманскиот период, третиот дел се однесува на археолошките локалитети во земјава, а четвртиот раскажува за Охрид како град на УНЕСКО. На Венециската конференција во 2005 година е основан фонд за заштита и промоција на културното наследство, во кој главен донатор е Италија. Со средства на италијанската Влада се истражуваат локалитетите Хераклеа, Скупи и Стоби.

На Скопско кале минатиот месец почна систематското археолошко истражување од кое се очекуваат наоди што ќе сведочат за постоењето на различни културни периоди на овој локалитет во главниот град. Тоа е крупен проект од областа на културата што го финансира Владата, која намени 2.250.000 евра за 2007 и за 2008 година. Археолошкиот материјал е наслоен во десет метри длабочина и содржи остатоци од праисторија, од првата населба во четвртиот милениум п.н.е., времето на античките Македонци, Илирите, железното време, од периодот на Јустинијан (5 и 6 век), од среден век и турскиот период (14 век).

Раководителот на проектот проф. д-р Драги Митревски смета дека за македонската наука е значајно ако се успее просторот на Калето од излетничко место да биде преобразен во она што заслужува. - Зашто овој простор е концентрација на се што значи живот, историја и културна вредност во Скопје и тој мора да биде археолошки простор. Ресторанот да биде во служба на Калето, а не обратно, вели Митревски.

Актуелизацијата на националното богатство ги развива културните индустрии - од културното добро прави економски профит, а од културниот локалитет - туристичка атракција. Вложувањето во културното наследство има повратен ефект на општиот развој, земјите со најголем број споменици на културата се и често посетувани дестинации и се економски развиени. хс/дма/9:26

 

 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО

Чествување на спомениците на природата
 
Националниот комитет на ИКОМОС треба да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините, вели Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС

 

„Културни предели и споменици на природата“ е темата со која светот денеска ќе го одбележи 18 Април - Меѓународниот ден на културното наследство. Кај нас свеченоста ќе ја организира Македонскиот национален комитет на ИКОМОС, Меѓународен совет на споменици и места, организација при УНЕСКО. 
Свечената седница ќе се одржи денеска во Центарот за култура во Битола. Ќе се одржи и форум на кој експертите ќе дебатираат на тема „Опстанокот на недвижното културно наследство во услови на современите предизвици од 21 век“.

Светскиот ден на културното наследство во земји од светот различно се прославува. Најчесто, секоја институција со своја програма го чествува културното наследство. Се организираат посети на споменици и локалитети, на јавните места се поставуваат билборди со повици за заштита на културното наследство, експерти за културното наследство одржуваат прес-конференции, се организираат дискусии, изложби, се одржуваат промоции на книги, списанија, научни трудови за културното наследство, се пуштаат во употреба реставрирани објекти.

Според Лазар Шуманов, секретар на Националниот комитет на ИКОМОС, овој специјален ден дава можност да се подигне јавната свест и грижата за културниот диверзите, напорите да се заштити и конзервира наследството и да се нагласи неговата ранливост. Шуманов на вчерашната прес-конференција објасни дека културен предел или пејзаж е категорија на материјално културно наследство која пред три години е воведена во светската наука, но не е вградена во нашиот Закон за заштитата на културното наследство.

- Тоа значи дека Република Македонија нема дефинирано културни предели. Од ревалоризација на законите зависи и донесувањето на предлог-листата на културни предели. Нивната исклучителна важност и природниот амбиент се критериумите според кои тие треба да се избираат - рече Шуманов.

Тој потенцира дека е значајно Националниот комитет на ИКОМОС да изгради партнерски однос со локалната самоуправа за да се зачуваат спомениците на културата во општините.

Меѓународниот комитет на ИКОМОС годинава по 25 пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на културното наследство. На 18 април 1982 година, на одржувањето на симпозиумот на ИКОМОС во Тунис, било нагласено дека Денот на културното наследство треба да се прославува секоја година во целиот свет. Извршниот комитет на ИКОМОС го усвоил предлогот, а УНЕСКО го одобрил на генерална конференција.

Годинава ќе биде одбележан уште еден јубилеј - 35 години од донесувањето на Конвенцијата на УНЕСКО за светското наследство.

Шуманов нагласи дека е значајно Меѓународниот ден на културното наследство да се одбележи како меѓународна солидарност за да се зајакне и спаси наследството на целиот свет.
 
Весна Ивановска



Comments   

0 #1 дасдаса 2015-04-02 15:58
Нема ништо за тоа што е светски ден на културата :-|
Quote

Add comment

Security code
Refresh


Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (15.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.01.2017)

Свети Силвестер, eпископ Римски Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.01.2017)

 Кондак на празникот, глас 3. Подобен: Дева денес: Господарот на вселената трпи обрезание и, како добар, ги отстранува човечките прегрешенија: денес на светот му дава спасение, а во висините се...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.01.2017)

Преподобна Меланија Римјанка Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан. Кога го роди второто...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.01.2017)

    Светата маченичка Анисија Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.01.2017)

Светите четиринаест илјади младенци во Витлеем Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.01.2017)

  Светите Дваесет илјади никомидиски маченици Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.01.2017)

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.01.2017)

    Собор на Пресвета Богородица На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Сапсителот наш Исус Христос. Ова празнување...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.01.2017)

   Тропар глас 6. Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.01.2017)

7  Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и...

Од Верскиот календар на МПЦ (05.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (05.01.2017)

Тропар, глас 4. Откако се соедини  со  Христа, си го оставил телото, Науме  преблажени; духовно живеејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придоби неизбројното...

Од Верскиот календар на МПЦ (04.01.2017)

Од Верскиот календар на МПЦ (04.01.2017)

  Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка....

« »

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Беседи

Богојавление и слободната волја

Богојавление и слободната волја

Нашата внатрешна усмереност – нашата способност да видиме и разбереме – мора да се развие за да Го видиме Господа Каков што е. Фарисеите, садукеите и книжниците постојано гледале што...

БEСEДА - за грижата за спасeниeтo на нашитe ближни

БEСEДА - за грижата за спасeниeтo на нашитe ближни

Тoа e начeлoтo на Бoжјитe свeтитeли, сeга и нeкoгаш, oтсeкoгаш и вeчнo. Тoа e тeмeлнo и oпштeствeнo начeлo. На тoа начeлo мoжe да сe заснoва најсoвршeнoтo, најбoгoугoднoтo и најсрeќнoтo чoвeчкo...

Митрополит Струмички Наум - Христијанство на дело (14.01.2017)

Митрополит Струмички Наум - Христијанство на дело (14.01.2017)

Или, ако речеме: никој не ни побарал помош, Евангелието нѐ разобличува – Самиот Господ Исус Христос постојано ни ја бара. Најбитно за нас, т.н. христијани, е сознанието дека Господ се...

О. Стефан Фриман - Божик е. Со нас е Бог

О. Стефан Фриман - Божик е. Со нас е Бог

„На земјата мир, и меѓу луѓето добра волја“, тоа не е слоган, ниту пак мерило на успехот на сезоната. Попрво, се работи за опис на реалноста која навлезе во светот...

Митрополит Струмички Наум - Потсетник (05.01.2017)

Митрополит Струмички Наум - Потсетник (05.01.2017)

Она што сигурно е грев – етички и еколошки, и што треба веднаш да го промениме, е  оставањето на многу семејства во Р. Македонија без огрев и храна преку зима,...

35 години духовно пастирствување на Митрополит Петар – Слово на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

35 години духовно пастирствување на Митрополит Петар – Слово на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

Нема поголем дар од дарот на служењето на својот Бог, Нашиот Господ Исус Христос, на својата заедница, на својот народ. Синот човечки не дојде да биде послужен, туку да служи,...

„Да се богатиме во Господа на Неговата царска вечера“

„Да се богатиме во Господа на Неговата царска вечера“

Да го чуеме Неговиот благ глас кој нè кани на Неговата прекрасна трпеза. Да се храниме со Неговите пресвети зборови и живоносни поуки, и најважно - со Неговите пречисти Тело...

Образование без вера: Причина за груб егоизам и пад на моралот

Образование без вера: Причина за груб егоизам и пад на моралот

Според тоа, со таква просветеност на умот не може да се создаде благосостојба на земјата. Точно е дека образованието, науката воопшто, е нешто неопходно. Но за таа наука да биде...

НА СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ - манастир Архангел Михаил, Берово (19.12.2016)

НА СВЕТИ НИКОЛАЈ ЧУДОТВОРЕЦ - манастир Архангел Михаил, Берово (19.12.2016)

Со прсти, дење и ноќе, монахињите допираат камен: студен е, како што е студен и манастирскиот двор, додека низ него одекнуваат грубите удари на чеканот што го дроби студенилото камено,...

Протојереј Зоран Стаменковиќ - КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ДЕПРЕСИЈА

Протојереј Зоран Стаменковиќ - КАКО ДА СЕ ПОБЕДИ ДЕПРЕСИЈА

Страдаме или поради очистување на гревови, или да не би се повеќе вдлабиле во грев и опасност. Понекогаш дури после многу години гледаме дека искушенијата не биле пратени случајно. Тие...

Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )

Митрополит Струмички Наум - Избор (11.12.2016 )

Богочовекот Исус Христос ги победи ѓаволот, гревот и смртта – и тоа ги победи за нас, и наместо нас, и го обезбеди нашето вечно благобитие. Ѓаволот, неговите демони, неговиот слуга...

Слово на Свечената академија по повод црковно-државниот празник „Свети Климент Охридски“ (12.12.2016 )

Слово на Свечената академија по повод црковно-државниот празник „Свети Климент Охридски“ (12.12.2016 )

Нам, пак, како народ, Бог ни го испрати апостолот Павле, преку повикот на Македонецот – да дојде во Македонија и да ни помогне.[3] Како што Исус Навин го презеде водството...

« »

Потешкотии во молитвата

Унинието е духовна зачмаеност, а мрзливоста е нешто што се однесува и на душата и на телото. Но најдобро е кога го нема ни едното ни другото. Унинието и мрзливоста понекогаш се лепат и за души кои имаат многу предиспозиции за духовен живот, кои се чувствителни, ревносни.

Ѓаволот не му прави толку зло на рамнодушниот човек, додека, пак, чувствителниот човек, ако поради нешто се нажали, потоа веднаш го обзема униние.

Повеќе...

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Во продажба е нов број на Премин (115/116)

Православен календар

20/01/2017 -  петок

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител

пост на риба

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

 

Добредојде Православие.мк

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Времето на овој гнил свет

Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема… Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа. . Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Личноста на Исус Христос

А тука, на Земјата, Тој станува Некој Кој не само што може да се именува, туку може да се именува со човечко име, да се нарекува Оној Кој со нас ги носи тежините на животот... Во тој центар е поставена оската на христијанството. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana