Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
После Входот, алавастрите со новото миро беа поставени на светиот престол. Потем, по завршетокот на канонот на Евхаристијата, Архиепископот го освети нововареното миро, а светото миро осветено во 1996 година, беше долиено во новото миро, со што се покажува непрекинатото дејство на Божјата благодат. Тоа ќе биде чувано во Соборниот храм и по потреба предавано на епархиите на нашата Света помесна Црква.“
Друго:
1.- Македонската православна црква по четврти пат во својата автокефална историја вареше Свето Миро.
Варењето Свето Миро е еден од суштинските елеменити на црковниот жиовт. Тоа се прави на посебен начин и постапка која трае цели три дена.
Годинешново варење на миро почна на 18 април во Соборниот храм во присуство на архиепископот г.г. Стефан и други владици. Откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла и по што новосвареното миро беше излеано во алавастери. Потоа, тоа беше пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, кадешто денеска, за време на Великочетврточната Василиева Литургија, архиепископот во сослужение на останатите архијереи, го освети новото миро.
По повеќе од дваесетина години ова е ново варење на миро и вкупно четврто откако македонската црква е возобновена како автокефална во 1967 година.
Првото Свето Миро МПЦ го добила од Бугарската православна црква од Патријархот Кирил кој по прогласувањето на автокефалноста и подарил на МПЦ-ОА, 3 литри Свето Миро во 1967 година.
Осветеното миро е посебно масло со кое во црковните храмови се извршува светата тајна миропомазание по крштевањето и се осветуваат цркви и антиминси. Варењето ба свето миро е одлика на автокефални цркви иако тоа може да се добива и од други православни цркви.-religija.mk
3.-https://www.novamakedonija.com.mk/tag/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BE/