логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


† СТЕФАН
ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,

 

ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ -

ХРИСТОС ВОСКРЕСE!

 


Воскресението Твое, Христе Спасителу,
ангелите го воспеваат на небесата,
а нас, кои сме на земјата,
удостој нè со чисто срце да Те славиме

(Воскресна литијна стихира)


Возљубени празникољупци,

Христовото воскресение е круната на Божјиот домострој за човекот и светот! Според тој Божји спасоносен план, Синот Божји ја зеде на Себе човечката природа за да ја воскресне и да ја ослободи од распадливоста и смртта, кои влегоа во човековата реалност по гревопадот на прародителите. Воскресението Господово претставува обнова на човечката природа, оживување, повторно создавање и враќање во бесмртниот живот на првиот Адам, кој беше умртвен преку гревот, вели свети Григориј Палама. Богочовекот Христос, како нов Адам, соединувајќи ги Божјата и човечката природа во Себе, нè ослободи од оковите на смртта и ни го отвори патот кон воскресение и вечен живот. Христовото воскресение не е само историски факт, туку и перспектива на целото човештво, зашто ако само во овој живот се надеваме на Христа, тогаш сме ние најнесреќни од сите луѓе (I Кор 15: 19). Со Своето воскресение Христос ни даде гаранција и за нашето, со тоа што од нас зависи дали ќе воскреснеме во слава и неизмерна радост или во бесконечна тага.

Возљубени,

Крстот и воскресението Христови се меѓусебно и нераскинливо поврзани. Вочовечениот Син Божји требаше да мине низ страдања до смрт за да ја победи власта на ѓаволот и гревот. Но, Христос не даде едноставно откуп за нашите гревови, зашто Бог не сака спасение на човекот без човекот. Поради тоа, нашето учество во Крстот и Воскресението е целта на доаѓањето на земјата на Синот Божји. Во Крстот учествуваме кога во борба со нашите страсти ги распнуваме нашите гревови, водени од чистата и обестрастена љубов кон Бога и ближните. Од друга страна, егоизмот и себељубието се показатели за духовната смрт на човекот. Поради тоа неопходно е да ја распнеме и погребеме нашата суетност и алчност, та очистувајќи се, да се здобиеме со духовно воскресение. Тоа е возможно само преку литургискиот и светотаински живот во Црквата, проследен со постојано покајание, како средство преку кое ќе го победиме злото, односно гревот. Тоа значи секојдневна борба за преобразување на своето себељубие во искрена, несебична и нелицемерна љубов кон ближните, поткрепена со благодатта Божја преку учествуво во животот на Црквата, а пред сè во Светата Литургија. Без копнеж за соединување со Бога, невозможно е умртвување на гревот и духовно воскресение, бидејќи сè што правиме треба да правиме во содејство со Божјата волја. Бог ништо не ни дава на сила, туку ја чека согласноста на нашата слободна волја за да може да ни го дарува очистувањето на срцето и просветлувањето на умот, коешто претставува воскресение пред воскресението.

Возљубени чеда во Господа,

Христовото воскресение е најзасведочениот историски настан, иако се случил во тајност. Всушност, и нема историски настан кој бил толку многу оспоруван колку што е Хриството воскресение. Но, Воскреснатиот Христос можат да Го видат и да сведочат за Него само оние кои се духовно подготвени. Па, зар апостолите со неспоредливите аргументи на внатрешното духовно воскресение не ги побиле сите приговори на противниците на Христа?! Впрочем, тие, како најдиректни сведоци на воскресението, поттикнати од љубовта кон Воскреснатиот и кон сите народи, тргнале храбро по целиот свет да ја благовестат најрадосната вест – дека Христос воскресна и врз темелите на тој факт ги организирале првите помесни црковни заедници. Така, радосната вест за Христовото воскресение на нашиве македонски простори стигнала уште во апостолско време, а древната и славна Охридска архиепископија со векови била во Македонија и сведок и чувар на вистината за воскресението на Синот Божји. Неправедно укината, таа духовна светилка со надеж го чекаше своето воскресение, и го дочека: нашата Охридска архиепископија, по неизмерната милост Божја, пред 45 години воскресна во лицето на Македонската православна црква преку одлуката на нашите богољубиви предци, донесена на Третиот црковно-народен собор во Охрид, во 1967 година. Затоа, имаме особена радост, во светлината на Празникот над празниците, да објавиме дека оваа година ќе одбележиме значаен настан од нашето самостојно црковно живеење – четири и пол децении возобновена автокефалност на Охридската архиепископија.

Со овој историски чин нашиот благочестив народ повторно го доби она што со векови пред тоа го имаше, она што светите апостоли ни го втемелија, а нашите претходници се залагаа и трудеа да опстои и духовно да напредува – доби своја Духовна Мајка – Црква, со свои домородни пастири кои ќе го раководат од Бога доверениот им народ.

Возљубени чеда на нашата Света Црква,

Во изминативе децении, како плод на самостојниот црковен живот беше организирањето и уредувањето на Македонската православна црква според принципите и во духот на православното црковно устројство. Така, во овој период на самостојно црковно живеење беа основани, најпрво Средното богословско училиште, истата 1967 година, а потоа и Богословскиот факултет во 1977 година. Во тие обновителски години, голема грижа и љубов беа пројавени и кон нашите иселени Македонци во прекуокеанските земји, особено преку организирањето на епархии на Македонската православна црква во САД, Канада, Австралија и Европа, со што беше потврдено вистинското духовно преображение насекаде меѓу македонскиот народ.

Исто така, денес можеме да кажеме дека дар од вистински втемелениот духовен препород на православниот македонски народ е и обновувањето на монаштвото во Македонија. Низ историјата на Црквата, воопшто, како и низ историјата на нашата помесна Црква, монасите секогаш биле будни чувари и продолжители на изворното предание на Светата православна вера и отсекогаш биле и ќе бидат автентични сведоци на Христовото воскресение. Фактот за воскресението на нашата древна Црква се потврди и со обновата на стари и со изградбата на нови храмови, манастири и конаци. Затоа, одбележувањето на 45 годишнината од автокефалниот живот претставува и треба да биде сенароден духовен празник на македонскиот народ.

Возљубени во Христа воскреснатиот,

Христовото воскресение беше и е оспорувано и негирано од многумина, за кои апостолот вели: очи имаат и не гледаат, уши имаат и не слушаат (Мк 8: 18). И воскресението на нашата помесна Македонска православна црква, кое се случи во далечната 1967 година, за некои е сè уште „реалност која не постои“. Но, вистинската реалност е и видлива и богоугодна! Делата и плодовите постигнати и принесени од нашата Црква во текот на самостојното живеење во црковна и национална слобода, не би биле возможни без штедрото делување на Божјата благодат во неа. Затоа, сите оспорувачи и негатори на воскресението и на нашето дело, нека се сетат на мудриот совет што еврејскиот учител Гамалиил го упатил до Синедрионот во времето кога апостолите ја започнале христијанската мисија: Оставете ги овие луѓе на мир, затоа што ако тоа дело е од луѓе, ќе се разруши, а ако е од Бога, вие не можете да го разрушите. Внимавајте да не станете борци против Бога (Дела 5, 38-39). Затоа, братски и во љубов им порачуваме на сите кои на кој било начин и во кој било поглед нè негираат, да разберат дека Македонската православна црква во целост го исповеда учењето на Православната црква, ги следи и исполнува одлуките и каноните на светите собори и исповеданијата на светите отци. Бидејќи е Ден на Воскресение, да се просветлиме со торжеството, и еден со друг да се прегрнеме!...И на оние што нè мразат да им речеме: Браќа, да простиме сè со Воскресението... Зашто, простувањето не само што не го исклучува, туку му дава единствена и најголема вредност на достоинството на секој народ. Единственото успешно оружје за борба против искушенијата од ѓаволот и непријателите е простувањето, кое извира од љубовта и раѓа нова и зголемена љубов!

Благочестиви чеда на нашата Света Црква,

И во оваа прилика сакаме да ја упатиме нашата архипастирска порака до вас, дека со помош на Божјата благодат, по молитвите на светите Климент и Наум и сите светии и борци за наша духовна слобода, треба да растеме во верата и љубовта, за на тој начин да Му принесеме на Бога соодветни духовни дарови.

Испраќајќи ви го нашиот архипастирски благослов по повод Воскресението Христово, ви ја пренесуваме Христовата порака за мир и љубов. Му се молиме на Воскреснатиот Христос да нè дарува богато со Својата благодат и да нè поткрепува во нашиот живот, та со чисто срце, единодушно и цврсто стоејќи во нашата православна вера да ја објавиме на сите најрадосната вест, дека -

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† СТЕФАН

со членовите на Светиот архиерејски синод
на Македонската православна црква

†КИРИЛ, Митрополит Полошко-кумановски;
† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски;
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски;
† НАУМ, Митрополит Струмички;
†АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски;
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски;
† ПИМЕН, Митрополит Европски;
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички;
† ГОРАЗД, поранешен Митрополит Европски;
† КЛИМЕНТ, Епископ Хераклејски.

Велигден, 2012 лето Господово.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

26/07/2024 - петок

+Св. Архангел Гавриил; Св. Јулијан, епископ Кеномански во Галија; Преп. Стефан Саваит; Преподобна Сара Мисирска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная