логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Велик Четврток

Каква духовна веселба, каква голема радост, каква слава за Бога, каква полза за душите во Светиот и Велик Четврток! Да се радуваме денес кога е востановена светата тајна Причест со Телото и Крвта Христова! Денес Господ на Тајната вечера ги причестил своите Ученици и им заповедал и во светата Црква да го востановат истото причестување. „Правете го ова во Мој спомен!“ Божествениот Учител ни ја дарува светата Литургија како продолжување на Неговото спасително дело; Он нѐ научи дека кога присуствуваме на светата Литургија, ние всушност патуваме кон Христовото Царство и истовремено се наоѓаме во него. Христос нѐ вознесува на небото, или поточно Он го спушта небото во Црквата. Ние како дарови Му принесуваме леб и вино. Лебот укрепува и му дава живот на човекот, а виното му дава издржливост и здравје. Следствено, кога Му принесуваме леб и вино на Христос, Му го даваме тоа што нѐ храни, што ни дава живот. Со тоа ние символично Му го принесуваме на Христа својот живот, своето здравје, своето веселие; се принесуваме самите себеси; ги принесуваме своите тешкотии, своите болки, своите страдања, своите ближни; Му принесуваме сѐ што е наше и целиот свет. Добриот Христос на светата Литургија на таинствен начин тој леб и тоа вино ги претвора во Свое Тело и Крв и предложувајќи ни ги нам, Он ни ги дарува преку нив сите Свои блага, нашето спасение, Својата светост, смирение, дарови – Он ни се принесува Себеси. Собрани во молитвено собрание во бигорскиот храм на св. Јован Крстител и поучени од светите и богоносни отци, празнично се потсетивме денес на роденденот на светата Литургија – Тајната Христова вечера. И навистина, убавината и возвишеноста на денешната Литургија, водена од нашиот старец, архимандрит Партениј и нашите браќа свештеномонаси, како да нѐ пренесе за миг во горната одаја, каде Христос ја прославил Пасхата со Своите апостоли. Љубов, благодарност и радост ги облеа нашите срца, што милостивиот Бог нѐ удостои да се причестиме со светите Тајни Христови, на овој ден кога е востановена самата света Тајна. Во продолжение на божествената Литургија, во прузвук на тропарите на повеќе светители, во умиление од прекрасните молитви и седумте апостолски и евангелски четива, се изврши и чинот на елеоосветување, а со осветенииот елеј многубројните верници беа помазани за исцеление на своите души и тела. За сето ова Му вознесуваме благодарност на Отецот и Синот и Светиот Дух. Нему слава и сила, чест и поклонување, сега, секогаш и во веки веков. Амин!

01.jpg 02.jpg
03.jpg 04.jpg
05.jpg 06.jpg
07.jpg 08.jpg
09.jpg 10.jpg
11.jpg 12.jpg
13.jpg 14.jpg
15.jpg 16.jpg
17.jpg 18.jpg

Велик Петок


„Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме.“

(Стихира од 10-от антофон од Утрената на Велики Петок)

Каков е овој настан, како бездна таинствен, како земја тежок, како пекол страшен? Со кој од сите настани во сета вселена, што нашите очи ги гледаат и ушите ги слушаат, да се спореди тој безимен злочин на Голгота? Што се случува денес, во овој најсвет и неопислив Петок, таму горе на Сион, во градот Давидов? Почуј цела Земјо и затрепери! Небеса приклонете го својот слух и заплачете! Христос е на Голгота! Христос е на Крстот! Човекољубецот е убиен од луѓе! Праведникот, најголемиот Праведник, под најголемо, најголемо страдање!
 
Денес доаѓа Крстот Христов и смртта е разорана! Денес се приковани рацете Исусови и се разврзани оковите на мртовците. Денес се осудија да извршат христоубиство и патот на мртвите е отворен. Денес крвав поток се излеа во гробовите и оросениот ад расцвета. Денес, преку целиот ден, беше воден од едно место во друго Исус, Кој го благослови секој час од денот со Своите страдања: беше доведен рано изутрина во преторијата на Пилат, оттаму од јудејската дрскост беше предаден на исмевање, плукање, шлаканици, трнов венец и бесчестие до шестиот час; после три часа претрпи измачувања и на Крстот беше прикован, жолчка и оцет вкуси и железно копје во пречистите Си ребра и со Својата живоносна смрт го прекрати страданието; потоа, пред дванаесеттиот час беше спуштен од Дрвото, како лав што спие и во нов гроб од Јосиф Ариматеецот беше положен.
 
Срцата на многу верни затреперија, душите им се ужаснаа, очите нивни со солзи се преисполнија, кога вчера и денес на богослуженијата во соборниот храм на нашата обител, одново беа преживеани овие најскапоцени и спасоносни собитија од земниот живот на нашиот Спасител, Синот Божји и Синот на Дева. Благословени и преблагословени се отците свети и богоносни, кои, надахнати од Духот Свет, овие небозрачни служби премудро ги сотвориле и нам во свето наследство ни ги предале. А блажени сме ние што сведоци постанавме на крстовоскресната благодат, која преизобилно ни ја испрати во овој Свет и Велик Петок, Распнатиот и Воскреснатиот Христос. На вчерашната Утрена богослужба, читањата на дванаесетте Страдални Евангелија силно ги превозгласија во Бигорската црква светите Страдања на Небесниот Агнец за спасение на грешниот човечки род. Беше трогателно да се види како после петтото евангелско четиво, монасите и монахињите со многубројниот христољубив народ, со запалени свеќи во рацете и светликави солзи во очите, во молитвена литија се упатија кон балдахинот пред манастирската капија, од каде што нашиот старец Партениј, подигнувајќи го големиот крст и положувајќи го на своите рамења, подобно на Симона Киринеецет, повторно се упати кон храмот. „Денес виси на дрво! Денес виси на дрво, Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите “ – одекна во нашите души плачевниот глас на старецот. Чиниш ридот на Голгота се откриваше пред нас! Во средината на храмот, изборазувајќи го распнувањето Спасителово, беше поставено Распетието Христово, пред кое верните со страв и копнеж, тага и љубов, со своите тела и срца Му се поклонуваа на Оној, Кој на Дрвото го искина списокот на нашите прегрешенија.
01.jpg 02.jpg


04.jpg 

06.jpg
07.jpg
08.jpg
10.jpg
   
12.jpg 11.jpg
 
Денешните велипеточни Царски часови и Вечерна Богослужба со Погребението Христово, со своите страдални песнопенија и евангелски раскажувања, продолжија да го хранат чувството на крстната тага и воскресенската радост во нашите души. Денес Владиката на животот и Царот на славата беше спуштен од Крстот, обвиен во чисто платно и положен зад царските двери – тој нов гроб на Ариматеецот. Цветниот Епитаф заблеска во средината на храмот со својата убавина, достојна само за небесниот Цар, а чудесната Плаштаница положена во него, ни Го покажа Христос, Дарителот на животот, положен во гроб, како тридневен Мртовец.
 
Ти се поклонуваме, Владико, Те благословуваме, Благи, Те молиме, Свети, припаѓаме пред Тебе, Човекољупче, и Те прославуваме, Христе, зашто, Ти, Единороден, Владико, Единствен Безгрешен, си предаден заради нас, недостојните грешници, на смрт и тоа смрт на крст, за да ги ослободиш душите на грешниците од оковите на гревот. И што да Ти воздадеме за тоа, Владико? Слава на Тебе, Кој се овоплоти од Дева! Слава на Тебе, Кој претрпе вериги, удари, исмевање и трнов венец! Слава на Тебе, распнатиот! Слава на Тебе, погребениот! Слава на Тебе, воскреснатиот! Слава на Тебе, Кој се вознесе на небесата! Слава на Тебе, Кој седиш во голема слава оддесно на Отца, и Кој пак ќе дојдеш во славата на Твојот Отец со светите ангели, да ја судиш секоја душа, што ги презира светите Твои Страдања! Во тој трепетен и страшен час, кога небесните сили ќе се раздвижат, кога пред Твојата слава со страв и трепет ќе дојдат ангели, архангели, херувими и серафими, кога ќе се растресат основите на земјата и сѐ што дише ќе се ужасне од твојата непоимливо голема слава - во тој час, спомни си за нас, Господи, во Царството Твое, како што си спомнал за благоразумниот разбојник, распнат од Твојата лева страна - тој благословен разбојник, кој ги разбра маките свои на крстот како заслужени маки за своите гревови и ги разбра Твоите маки, невин Спасителу, како незаслужени маки за гревовите на другите луѓе, та се покаја, ја испроси Твојата милост и прв пристигна во рајот на вечниот живот заедно со Тебе. Амин! 

15.jpg 16.jpg
17.jpg 18.jpg
20.jpg
21.jpg
26.jpg 23.jpg
24.jpg
25.jpg
22.jpg 27.jpg

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

21/07/2024 - недела

Светиот великомаченик Прокопиј; Свети Прокопиј Јуродив; Преподобен Теофил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 8 јули / 21 јули 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 8 јули / 21 јули 2024

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 7 јули / 20 јули 2024

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная