логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 01.jpg

Монашење на празникот на св. Григориј Палама

02.jpg
Украсот на монасите, богопросветлениот учител за догматите, великиот во свештениот собор на монасите, св. Григориј Палама целиот свој живот го посветил за запазување на чистотата на нашата вера и вистинската суштина на подвижничкиот живот. Токму затоа монасите го чувствуваат толку близок на своето срце, усрдно му ги упатуваат своите молитви и со љубов и почит го чествуваат неговиот свет спомен. Така, братството и сестринството од нашите две обители, со посебно торжество ја слават Втората недела од Великиот пост, која светите отци ја посветиле нему. И не само тоа. Оваа година сестрите од манастирот во Рајчица му ги предадоа на молитвена грижа и застапништво и своите две нови рожби, Драгана и Јасмина, кои под неговата силна закрила Му пристапија на Женихот Христос и од Него примија благослов за рамноангелски живот.

03.jpg
 
 

  А радоста на сестринството заради овој свечен и свет чин ја сподели и големото мнозинство верници и гости кои притекнаа во толкав број, што манастирот беше претесен за сите нив. Беше навистина чудесно да се види како со големо умиление и страв Божји молитвено стојат во преполнетиот храм, благодарејќи Му на Бога за Неговиот неизмерен дар и благодатна посета. Вознесени во молитвен восхит заради прекрасните ангелски гласови и умилно пеење на од Бога надарените псалти, нашите студенти кои го изучуваат византиското црковно пеење во Солун, византискиот хор „Хармосини“ и младите богослови, тие со солзи во очите го очекуваа мигот кога новата сестричка Драгана ќе пристапи да прими монашки потстриг. Не мало беше изненадувањето, кога искушеничката Јасмина со длабока метанија пред нашиот архијереј, г. Тимотеј, доби апостолник, припремајќи го своето срце за нови искушенички подвизи Христа ради.

 Најпосле, во храмот одекнаа познатите звуци на чудесната стихира: „Побрзај да ми ги отвориш татковските прегратки...“ Трепетниот глас на нашиот старец Партениј, кој како грижлив и пожртвуван татко Му го принесуваше на Господа своето сакано чедо, што со љубов го одгледа како млада фиданка, ги разгоре сите срца, слевајќи ги во една огнена молитва за новопотстрижената монахиња Касијана. Храмот на св. Георгиј просто одекнуваше од едногласниот молитвен повик, додека сестра Касијана, облечена во ангелски образ со крст и запалена свеќа во рацете, стоеше пред иконата на Спасителот, предавајќи Му се себеси како жива жртва, и примајќи го на себе Неговиот благ јарем. А Он, пак, по Својата голема милост веќе го запишуваше нејзиното ново име во книгата на живите, отварајќи ги за неа Своите украсени одаи како за невеста Христова.

04.jpg   05.jpg

06.jpg

07.jpg

 08.jpg

09.jpg

12.jpg 

14.jpg

17.jpg

 Нашиот возљубен митрополит, кој со видлива радост го изврши чинот на потстрижувањето, сподели со присутните едно боговдахновено слово, не пропуштајќи во него да ја изрази својата пастирска грижа кон монашкото братство и сестринство, и обраќајќи се со посебна љубов и поука кон новопричислената кон рамноангелскиот ред, сестра Касијана:
 „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
 Драги браќа и сестри!
 Големиот апостол на народите, светиот Павле во своето Второ послание до Коринтјаните упатува една порака со вечна и непреодна вредност, која се однесува на секое човечко суштество, а укажува на патот на луѓето во нивниот овоземен живот: „И така, возљубени, да се очистиме од секаква скверност на телото и духот, па да твориме дела свети и со страв Божји“ (2 Кор. 7, 1). Овде се собрани сите заповеди Христови, она на што е повикан сиот човечки род, а претставува и предуслов за во него да се всели силата Божја, животворецот – Светиот Дух. Бидејќи само во чисто срце, како чист сад, може да се всели силата Божја и Духот Свети. Па и ние како луѓе не би се вселиле во нечисто живеалиште, доколку претходно не го очистиме, избелиме. Кога тоа важи за нас, луѓето, тогаш колку повеќе за нашиот Господ, Кој е создател на небото и земјата? Негово живеалиште е срцето на луѓето. Не случајно Господ Исус Христос во светото Евангелие има речено: „И птиците небесни имаат свои гнезда и лисиците свои легла, а Синот Човечки нема каде глава да потслони“ (Мт. 8, 20).
 Зошто Синот Човечки нема каде глава да приклони? Затоа што малку се чистите срца каде Бог би можел да пребива. Бидејќи само таму каде што е чисто Бог ја приклонува Својата глава, само во чистото Свое создание се вселува. Секое создание, особено човекот, е создадено чисто и со раката Божја обликувано. Но човекот, паѓајќи во грев, го осквернува образот Божји, иконата Божја која во себе ја носи, валкајќи го садот на Божјата благодат, домот на своето срце. Затоа преку устата на св. ап. Павле Господ нe повикува да ја очистиме секоја нечистотија и да твориме дела свети во страв Божји, во страв кој е почеток на секоја мудрост (Сп. Псал. 111, 10). Така правеле сите свети луѓе, светите пророци, така направил и светиот боговидец Мојсеј, па дури потоа се искачил на гората Синај за да го види лицето Божјо и да ги прими Божјите заповеди.
 На овој пат биле повикани и апостолите Христови, подготвувајќи се така да станат садови на благодатта Божја. Секој од нив ја чистел својата нечистотија за да приготви достојно место за Господа во неговата душа.
 Како секоја добра мајка што се труди своите деца да ги упати на вистинскиот и спасоносниот пат, така и светата Црква, како наша духовна Мајка, нe учи како да го избереме патот кој води во вечен живот. Најпогоден период за тоа е токму Велигденскиот пост. Најпрвин преку подготвителните недели таа нe учеше како да го започнеме постот, потоа во текот на Големиот пост секоја недела ни дава по еден пример на кого треба да се угледаме и уподобиме. Целиот нејзин повик и учење е да се измениме, покаеме, облагородиме и соединиме со нашиот Спасител, Господ Исус Христос.
 Еве и денес светата Црква ни го изнесува примерот на св. Григориј Палама. Овој, пак, голем учител на верата, догматиката, мистиката и монаштвото се удостои да стане столб и тврдина на Црквата Христова. Затоа и ние денес собрани во овој манастир посветен на св. вмч. Георгиј, во којшто има и параклис посветен на св. Григориј Палама, да се поучиме од неговиот живот и неговата непоколеблива вера, па да се очистиме од сите телесни и духовни нечистотии и да подготвиме достојно место во нашето срце и разум, за таму да се всели семилостиовиот и себлагиот Бог.

 А сега би сакал да упатам неколку зборови и кон сестра Касијана, која вечерва ги даде монашките завети. Сето кажано досега се однесува на секој православен христијанин, крстен во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Но сепак, во поголема мера овие зборови се однесуваат на монаштвото, бидејќи тоа е повикано кон англеско служење на земјата. За тоа служење да биде подостоинствено и пореално, потребен е посебен труд и подвиг за очистување на душата и телото, па Божјата благодат да најде достојно место за престојување. Затоа поукиве нека ти послужат за постојана подготовка и очистување во монашкиот живот, бидејќи, како што се вели, нема човек кој живеел, а да не згреши.  Но нема грев што Бог со Неговата милост и човекољубие не би го простил. А за тоа, пак, потребна е храброст и подготвеност да се побара прошка, пролее покајни солзи, кои го чистат умот и срцето и душата од секаква скверност. Затоа ние, собраниве во овој манастир, да се помолиме за с. Касијана, за св. Григориј Палама и нејзината духовна покровителка, св. Касијана, позната црковна поетеса од IX век, да ? бидат молитвеници, помошници, закрилници, та да може монашкиот подвиг достоинствено да го носи и сите искушенија со пост и молитва да ги надминува. Нејзиниот живот и труд нека бидат за прослава на Троичниот Бог, за просперитет и афирмација на оваа света обител, а за спасение на нејзината душа. По молитвите на св. Григориј Палама, св. Агатангел Битолски, чиј спомен денес го славиме, Бог нека ги услиши нашите молитви и така нека биде. Амин!“

18.jpg19.jpg

20.jpg

22.jpg

23.jpg
 

 Како најубав украс на празничното торжество од минатата вечер, следниот ден се отслужи небесна божествена Литургија, која силно ги вознесе молитвените восклици на присутните, со неизмерна љубов и благодат ги нахрани нивните души, поткрепувајќи ги со благодатната сила на животворните тајни на нашиот пресладок Спасител, Исус Христос.

 24.jpg

25.jpg  26.jpg

27.jpg

28.jpg  29.jpg

 30.jpg

 

 

Повеќе:

http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=sluzhbi_bdenija&action=details&record_id=789#

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

19/07/2025 - сабота

+Преп. Сисој Велики; Св.маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други; Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Св. маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули  2025

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 19 јули/8 јули 2025

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 18 јули/ 5 јули 2025

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная